3Апсења во Србија на членови на група осомничена за предизвикување на нереди во Белград на денот на изборите
Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
1Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
3Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
ЖивотНа денешен ден21 декември 20241118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас Бекет, кој во 1170 година бил погубен поради противењето на политиката на англискиот крал Хенри Втори. Претходно бил близок пријател на кралот и негов канцелар до изборот за надбискуп во 1162 година. Противејќи се на ограничувањата на црковната власт, посебно на судството, во 1164 година емигрирал во Франција. По враќањето со одлука на Хенри Втори бил погубен во Кентербериската катедрала. Бил прогласен за светец во 1173 година и неговиот гроб во катедралата станал едно од попривлечните места за верниците во средновековна Европа. 1375.- Умрел Џовани Бокачо, славен италијански писател и хуманист. Пишувал песни, романи и новели. Најпознато дело му е „Декамерон“. Во ова дело на најдобар начин е регистриран ренесансниот дух кој ја отфрлил средновековната строгост, алегоричноста и опседнатоста со вонземски живот. 1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и драмски писател од епохата на класицизмот. Негови познати дела се „Андромаха“, „Британикус“, „Федра“, „Парничари“ и други. Умрел на 21 април 1699 година. 1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработил австрискиот цар Јосиф Втори, ги изедначил сите вероисповеди во монархијата. Тогаш било овозможено вработување и на друговерците во државната служба, што дотогаш било привилегија исклучиво на римокатолиците. 1804.- Роден е англискиот државник и писател Бенџамин Дизраели, основач и водач на конзервативците. Двапати бил премиер, првпат во 1869, и вторпат од 1874 до 1880 година. Дизраели бил еден од главните протагонисти на експанзионистичката политика на Велика Британија во втората половина на 19. век. Почнал освојувачка војна против Бурите во 1877 година, војувал против Авганистан и го ставил под британски протекторат, а во 1878 година го освоил и Кипар. Бил противник на Русија и Франција, а ги поддржувал Австроунгарија и Турција. 1817.- Гувернерот Лаклан Меквори формално го прифатил името „Австралија“ за таа британска колонија. 1842.- Роден е рускиот револуционер Петар Алексеевич Кропоткин, анархистички теоретичар и противник на марксизмот. Дела: „Взаемна помош“, „Големата Француска револуција“, „Записи на револуционерите“. 1892.- Родена е англиската писателка Ребека Вест. Нејзиното изворно име е Сесилија Изабела Ферфилд. По престојот во Кралството Југославија во 1937 и во 1941 година го напишала опсежното патеписно-историско дело „Црното јагне и сивиот сокол“. Останати дела: романите „Војниковото враќање“, „Судија“, „Харијет Хјум“, студиите за велепредавството „Значењето на предавството“, „Воз со барут“. 1900.- Американскиот лекар Волтер Рид со експеримент врз еден доброволец успеал да докаже дека жолтата треска ја пренесуваат еден вид комарци. Неговото откритие довело до изолирање и отстранување на оваа болест. 1901.- Италијанскиот научник Гуљелмо Маркони, од градот Полди во Корнвол, Англија, со помош на антена испратил еден единствен сигнал, буквата С од Морзеовата азбука, преку Атлантикот, на оддалеченост од 3.000 километри. Приемот стигнал во Њуфаундленд, во САД. 1917.- Роден е германскиот писател Хајнрих Теодор Бел, добитник на Нобеловата награда за литература во 1972 година, мајстор на краткиот расказ, доловувајќи ја атмосферата на ликовите и ситуациите во неколку реченици. Дела: „И не кажувај ни збор“, „Куќа без чувар“, „Мислењето на еден кловн“, „Групна слика со дамата“, „Возот беше точен“, „На крајот од службениот пат“. 1918.- Роден е австрискиот политичар Курт Валдхајм. Од 1972 до 1981 година бил генерален секретар на ОН. Како офицер во германската војска во текот на Втората светска војна се наоѓал на територијата на Југославија и на Грција, за што постојат сериозни индиции дека тогаш сторил воени злосторства. Од 1985 до 1992 година бил претседател на Австрија. 1937.- Родена е американската филмска актерка Џејн Фонда, ќерка на филмската ѕвезда Хенри Фонда. Била општествено ангажирана, посебно против учеството на САД во Виетнамската војна, но и на други полиња, против расизмот и се борела за правата на жената. 1922.- Во Кавадарци е роден Мито Хаџивасилев - Јасмин, македонски револуционер, мислител, државник, новинар и публицист. Умрел на 1 август 1968 година. 1937.- Во Холивуд била одржана премиерата на филмот „Снежана и седумте џуџиња“ на Волт Дизни, првиот целовечерен цртан филм во филмската историја. 1940.- Умрел американскиот писател Френсис Скот Фицџералд, претставник на „изгубената генерација“ и „времето на џезот“ по Првата светска војна. Дела: романите „Големиот Гетсби“, „Блага е ноќта“, збирката песни, есеи и белешки „Прскање“, збирката раскази „Приказни од времето на џезот“. 1945.- Умрел американскиот генерал Џорџ Смит Патон, од последици во сообраќајна несреќа во Германија. Во Втората светска војна се истакнал како енергичен и вешт командант на оклопните единици. Дела: „Војната како што јас ја гледав“. 1945.- Грчката жандармерија ги уапсила секретарот на реонскиот комитет на КПГ, Таки Белчев и офицерот на ЕЛАС, Понто Влахов од селото Пилкади, Костурско. Идниот ден во селото Калевишта, Костурско на ѕверски начин биле убиени. 1958.- Гернералот Шарл де Гол бил избран за прв претседател на Петтата француска република. Со новиот устав тој се здобил со овластувања какви што до тогаш немал ниеден претседател на Франција. 1967.- Во Кејптаун, во Јужноафриканската Република, умрел Луис Ваткански, првиот човек на кого му било трансплатнирано срце. Новото срце работело во неговите гради 18 дена по пресадувањето. 1968.- Соединетите Американски Држави го лансирале кон Месечината космичкиот брод „Аполо – 8“ со човечки екипаж (Френк Бормен, Џемс Ловел и Вилијам Андерс). Бродот десет пати ја обиколил Месечината и на 27 декември 1968 година успешно се спуштил на Земјата. 1989.- Претседателот на Романија Николае Чаушеску прогласил вонредна состојба во жупанијата Тимиш, во која два дена претходно избувнале масовни демонстрации против неговиот режим. Немирите набрзо се прошириле и во Букурешт, а по неколкудневните демонстрации и судири, поради тоа што војската застанала на страната на побунетите, неговиот режим бил урнат. По судењето, за многу кратко време заедно со Елена, неговата сопруга, бил стрелан во дворот на касарната во Трговиштe. 1993.- Јапонија ја признала Република Македонија. 1993.- Претседателот на Русија Борис Елцин го распуштил Министерството за безбедност, наследник на моќната тајна полиција КГБ, кажувајќи дека тоа го сторил затоа што Министерството пропуштило благовремено да го предупреди на опасниот развој на случувањата и затоа што тие сили кои со децении ги застрашувале граѓаните не е можно да се реформираат. 1994.- Русија успешно ја тестирала новата интерконтинентална ракета на полигонот во Плесец, во северниот регион Архангелск. Ракетата "Топол - М", претставува прва целосно направена во Русија, која ги заменува седумте поранешни видови ракети што биле произведени во Украина. 1994.- Група селани во Перу, откриле 30 добро сочувани мумии од периодот пред Инките, во една пештера, во југоисточниот дел на земјата. Археолозите верувале дека откриените мумии се стари 800 години. 1994.- Република Македонија и Ватикан воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасадори. 1999.- Во Скопје умрел Војкан Јовановиќ, првенец на Операта на Македонскиот народен театар. Роден бил во Ниш, во 1964 година. 2004.- Во нападот на бомбашите-самоубијци врз американската база во ирачкиот град Мосул загинале 24 лица, од кои 20 американски војници, а биле ранети 66 лица, од кои 42 американски војници и 10 американски цивили. 2015.- Почина Блаже Алексоски - Глумецот, актер во пензија од театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Блаже Алексоски - Глумецот целиот свој живот му го подари на театарот. Бил еден од основачите на театарот, во кој се вработил во 1953 година и го дал својот придонес се до неговото пензионирање. Одиграл голем број улоги - Луков во Чашулевата „Црнила“, Омер во „Робот и Агата“ од Чернодрински, Ристе во „Мангите пијат чај“... Остана запаметен по улогата „Татко“ од Стринберг. Оствари и завиден број режии на театарски претстави, пред се на битови драми, меѓу кои на „Бегалка“, „Печалбари“, „Антица“... За своите актерски реализации Алексоски се здоби и со признанија на МТФ „Војдан Чернодрински“, како и со наградата за животно дело на овој фестивал. Тој беше првиот лауреат на ова угледно фестивалско признание од Прилепскиот театар. За неговиот придонес за театарот признание му оддаде и Општина Прилеп. Во последните години Алексоски стана вистински хроничар на Прилеп. Како драматичар дебитираше со пиесата „Итроман Пејо“, а напиша уште десетина драмски текстови, меѓу кои и „Колобан“, по кој се играше и истоимената претстава во театарот. Ги напиша и делата „Аџи Христо Логотет“, „Тале Мелезот“, романот „Ах“, „Прилепските прекари“, а остави зад себе и необјавени творби. 2020.- На 75-годишна возраст почина доајенот на македонскиот театар, Љупчо Петрушевски. Актерот Љупчо Петрушевски дипломира на отсекот за актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје, како дел од првата генерација на дипломирани актери. Целиот работен век од 1966 година до пензионирањето го поминува во МНТ. Во периодот од 1983 до 1988 година ја извршува функцијата директор на Драмата на МНТ, а потоа 1988 до 1999 година е директор на МНТ. Повторно е директор на Драмата на МНТ во периодот од 2004 до 2006 година. Петрушевски беше неразделен дел од театарот и по пензионирање беше верен поддржувач и гледач на претставите на своите колеги. Секогаш ќе остане запомнет по маркантниот став и секогаш кога ќе се појавеше привлекуваше со внимание и посветеност. Беше неизмерно посветен на театарот. На сцената го имаше релативно кратко, од 1967 до 1984 година, но во голем број на главни и споредни улоги. Во аналите на МНТ ќе остане како директор кој постојано се бореше театарот и преставите да стигнат што подалеку од матичната сцена и да го пронајдат својот пат до сите. Петрушевски ќе остане запомнет и препознатлив и по филмските и телевизиски улоги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе нижат сведоштвата на семејствата измамени со лажните кубански вакциниКафен плик со број од код на наводната вакцината и шифра под која пациентите биле регистирани во Белград, како доказ дека неговиот третман е веродостоен, им приложувал Велешанецот.Кафен плик со број од код на наводната вакцината и шифра под која пациентите биле регистирани во Белград, како доказ дека неговиот третман е веродостоен, им приложувал Велешанецот на дел од семејствата кои сега тврдат дека биле жртва на измама од негова страна. Се нижат сведоштвата на семејства кои се охрабрија да говорат за нивната, како што велат, средба со М.А. од Велес кој им нудел лек против канцер, за кој една доза наплаќал по 3200 евра. Наводно, ќерка на заболен од канцер успеала да сними и дел од конвезрацијата, за која тврди дека била со велешанецот, во неговиот автомобил. После четвртата недела, значи, кај 5тата недела веќе ќе провериме крвни слики на него, комплет. ЦРП, АСТ, АЛТ, протеини, сето тоа, ќе провериме се, ќе видиме до кај сме, оти таа знае да реагира после четвратата недела, најчесто реагира, помеѓу четвртата и шестата(недела) почнува.. - Наводно снимка од М.А (Извор: Слободен Печат) Постои црн пазар за лекови и вакцини во земјава, и постојат лица кои не поминуваат само со финансиска измама, туку и со последици по здравјето, порача министерот за здравство Сашо Клековски. Тој апелира до граѓаните да не посегнуваат по лекови кои не се лиценцирани, и по лекување надвор од здравствени установи. -Јас знам дека кога се соочувате со тешка болест ги барате сите можни начини да стигнете до оздравување, меѓутоа тоа отвора простор за многу хохштаплери и криминалци. Така што, колку повеќе проверуваме од каде е потеклото, зошто е потеклото и да го користиме законска устанува, мислам дека е најдобра заштита од ваков тип на изјави,- - Сашо Клековски – Министер за здравство. Велешанецот е добро познат на полицијата, и тоа ширум земјава, а покрај кривичната пријава која ја добил од жител на Кавадарци, има и кривична пријава од СВР Охрид за „Измама“ и „Злоупотреба на службената положба и овластувања“ како претседател на здружението „Мобилност“ – Велес, кое е за лица со телесен инвалидитет. На 20.03.2023 година, се стекнал со противправна корист од 600.000 денари на штета на М.Г од Охрид, доведувајќи го претходно во заблуда да аплицира во европски фондови за грант и проект Адреналински парк и дека доделените парични средства би се префрлиле на фирмата на М.Г. за да се изгради паркот во неговиот авто-камп во Охрид. Канал 5 упати прашања и до обвинителството за тоа дали постои правен механизам по сведоштвата да се отвори истрага по допрен глас, или сепак жртвите ќе треба сами да пријават. Дополнително, откако излегоа бројни сведоштва, прашавме дали стравуваат од евентуално негово бегство. До подготовка на прилогот, одговорот не добивме, но од таму најавија дека се подготвува. Во домот на велешанецот по пријавата на Димитров бил извршен претрес, по што му бил одземен мобилен телефон. Канал 5 стапи вчера во контакт и со 47 годишниот со иницјали М.А. кој ги аплицирал вакцините, кој тврди дека ги набавувал од Белград, дека вакцината била автентична, и дека не вбризгувал физиолошки раствор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи Министерот за здравство Сашо Клековски по пријава како лице со хронично заболување денеска прими вакцина со порака „само вакцината штити од грип“. Почна вакцинацијата против сезонски грип. Министерот за здравство Сашо Клековски по пријава како лице со хронично заболување денеска прими вакцина со порака „само вакцината штити од грип“. Тој апелира здравствените работници да се вакцинираат. Вчера биле испратени пет илјади пораки до граѓани за вакцина. Оваа недела имало 65 пациенти со сипмотими на грип пријавени, кај двајца грипот бил и потврден. Пулмолозите апелираат на вакцина, бидејќи грипот ќе помине, но последиците од него остануваат и по прележувањето. Од „Мој термин“ за еден ден испратиле пет илјади пораки за повик за вакцина. На 15 ноември ќе пристигнат нови 26 илјади дози вакцини. Првата вакцина против грип ја примил жител од Виница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Реакција на прес-конференција, Андреј Жерновски Дипломатската способност на СДС и Филипче ја паметиме по домат дипломатијата, руските пранкери и лажниот принц со кој Заев имаше средба.Се јавија од партијата чиј поранешен претседател и духовен гуру на Филипче, Заев, имаше средба со Стефан Чернетиќ од Торонто, кој лажно се претставувал како принц на Македонија и Црна Гора. Толку од дипломатската способност на Заев и Филипче. А за тоа кој ноторни аналфабети се говори фактот што Зоран Заев во телефонски разговор со руски пранкери им го издиктира бројот на тогашниот заменик државен секретар на САД, Вес Мичел. Уште фрапира фактот кога СДС зборат за дипломатија, а нивниот сегашен експозе Фрчкоски, крадеше пари од Амбасадата. Да не ја заборави и домат дипломатијата на СДС и тоа дека Заев ја нудеше ќерката да ја даде за остров. И да секако, прес-конференцијата на оваа тема ја држи Андреј Жерновски, неакредитираниот амбасадор, кој не знае што значи кратенката НАТО. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook