Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
1Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
2Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
3Демократска сенаторка на 82 годишна возраст раководела со мрежа на трговци со дрога, се огласи и ФБИ
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
3Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
ЖивотНа денешен ден23 октомври 2024.42. п.н.е.- Римскиот политичар Марко Јуниј Брут извршил самоубиство. 1596.- Турската војска на султанот Мухамед III кај Ерлау, во Унгарија, ги поразила австриските трупи на Максимилијан. 1764.- Во Париз умрел Жан Мари Леклер, француски виолинист и композитор, во почетокот балетски играч. Компонирал повеќе дела меѓу кои особено се истакнуваат виолинските композиции. Роден бил во 1697 година. 1817.- Роден е францускиот лексикограф и енциклопедист Пјер Атаназ Ларус, издавач на големиот светски енциклопедиски речник на 19. век во 17 томови. Издавачката куќа „Ларус“ по неговата смрт во 1875 година продолжила со издавање енциклопедиски речници. 1844.- Во Париз е родена Сара (Вистинското име и е Розин) Бернар, француска актерка, со исклучително убав глас и дарба. Нејзината глума обележа цела една епоха. Нејзини главни улоги се Корделија („Крал Лир“), Кралица („Руј Блаз“), во „Федра“, „Дамата со камелии“, „Хамлет“, „Тоска“, „Теодора“ и други. Умрела во Париз, на 2 март 1923 година. 1844.- Родена е француската актерка Анријета Розина Бернар, позната како Сара Бернар, која ја одбележала театарската епоха како најголема трагичарка во своето време. Уживала исклучителна популарност и современиците ја нарекле „божјата Сара“. Нејзини главни улоги се Корделија („Крал Лир“), Кралица („Руј Блаз“), во „Федра“, „Дамата со камелии“, „Хамлет“, „Тоска“, „Теодора“ и други. Била професор на Конзерваториумот во Париз. Ја напишала книгата „Мемоари“. Умрела во Париз, на 2 март 1923 година. 1872.- Умрел Теофил Готје, француски писател. Пишувал поезија, романи, патописи и критики. Роден бил во 1811 година. 1893.- Во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел за извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Врвна точка на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија. Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври - според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево - Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила - Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово - Солунско и Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџа, Ениџе Вардарско. Основачите почнуваат да ги шират овие револуционерни идеи меѓу прогресивната младина во Солунската бугарска машка гимназија. Набргу учениците во гимназијата создаваат кружоци, конспиративни групи и др. По завршувањето одат по своите родни места и таму почнуваат да агитираат. Младите студенти и нивните професори стануваат стожерот, односно движечката сила на македонската револуција. Емисарите вршат обиколки по селата во Македонија и Одринска Тракија и формираат месни комитети. Откако на овој начин се формирала структурата на организацијата, се започнало со процесот на создавање вооружени чети и почнале набавки на оружје по илегални канали од Бугарија и Грција. 1917.- Кај местото Луневил, во Франција, американските сили ги почнале првите борбени акции во Првата светска војна. 1917.- На седница на Централниот комитет на руската Социјалистичка работничка партија (болшевичка) донесена била одлука за покренување организирано востание. Со подготовките и изведувањето на Октомвриската револуција раководел Владимир Илич Ленин. 1944.- Во Филипинскиот Архипелаг се одиграла најголемата поморско-воздушна битка во Втората светска војна. Во неа учествувала целата јапонска флота и три четвртини од флотата на САД. Битката траеле до 25 октомври, кога поразените Јапонци го напуштиле боиштето, со обострани големи загуби. 1954.- САД, СССР, Велика Британија и Франција се спогодиле да ја окончаат окупацијата на Германија. 1958.- Рускиот писател Борис Пастернак ја добил Нобеловата награда за литература. 1961.- На поранешниот генералeн секретар на Обединетите нации Швеѓанецот Халмар Агне Даг Хамаршелд, кој под сомнителни околности загинал со авион во време на конгоанската криза, постхумно му била доделена Нобеловата награда за мир. 1973.- Израелската воена команда соопштила дека Израел и Египет се согласиле да ги прекинат вооружените напријателства на Блискиот Исток. 1973.- Главниот северновиетнамски преговарач со Американците во Виетнамската војна Ле Дук То ја добил Нобеловата награда за мир. 1983.- Во самоубиствениот напад на исламски терористи, во камиони наполнети со експлозив, во штабот на американската морнарица во Бејрут во близина на зградата во која биле сместени француски војници, убиени биле 241 американски и 58 француски војници. 1990.- Украинскиот премиер Виталиј Масол бил принуден да поднесе оставка по масовните студенски протести, станувајќи прв советски функционер од тој ранг кој ја напуштил власта под притисок на јавноста. 1992.- По едномесечна нафтена војна против Македонија, Грција го повлекла ембаргото. 1993.- Во експлозија која ја подметнале терористи на Ирската републиканска армија, во Белфаст загинале 10 луѓе. 1995.- Република Македонија и Австралија воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади. 1998.- Израел и Палестинаката ослободителна организација по маратонските разговори со посредство на САД, го потпишале долго одложуваниот таканаречен Вај безбедносен договор со кој било предвидено отстапување на делови од окупираната територија на Палестинците во замена за мир. 2003.- Чеченски исламски терористи упаднале во московскиот театар „Дубровка“ уценувајќи дека во воздух ќе ги дигнат сите 800 посетители, а и себе, доколку руските власти не отстапат од операцијата во Чеченија и не ја повлечат војската од нивната земја. Во акцијата на руските сили за безбедност три дена подоцна во театарот загинале 129 заложници и 41 терорист. 2006.- По повод одбележувањето на 50-годишнината од унгарската револуција и востание против советското владеење во Будимпешта во 1956 година, дошло до масовни демонстрации и судири со полицијата во близина на зградата на Парламентот. Церемонијата на Кошутовиот плоштад, свечената седница на Парламентот и полагањето венци на гробот на Имра Наѓ останале во сенка, поради масовните нереди. За време на демонстрациите од паркинг пред Градската куќа бил украден тенк од типот Т-34, музејски примерок донесен на свеченостана, како еден од експонатите со цел да се долови атмосферата од октомври 1956 година. 2006.- Во Скопје почина Проф. д-р Илија Бојаџиев, долгогодишен шеф на Катедрата за педијатрија на Медицинскиот факултет. Тој бил основоположник на Одделот за имунологија на Клиниката за детски болести и бил еден од пионерите на клиничката имунологија во Македонија. Денес, во негова чест, овој оддел го носи неговото име. Роден бил во Дебар, на 17 јули 1932 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваЅвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе. Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак. „Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“. Компликации со визата Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат. „Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија. „Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа. @mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа. Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“ Свадба на Хаваи Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари. View this post on Instagram A post shared by Mikaela Testa (@mikaelatesta) Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.Тагови: OnlyFans сопругот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаАнгела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“. Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа. „Љубезна, топла и пристапна“ Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка. „Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот. Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа. Локални специјалитети во кошничката Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда. Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија. По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.Тагови: Ангела Меркел супермаркет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДанска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва. Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната. „Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите. Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“. „Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата. Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва. Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина. Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL). Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.Тагови: Данска ракети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21