Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
1Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
2Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
3Демократска сенаторка на 82 годишна возраст раководела со мрежа на трговци со дрога, се огласи и ФБИ
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
3Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
ЖивотНа денешен ден- Светски ден на авиоконтролорите20 октомври 2024 - Светски ден на авиоконтролорите 1632.- Роден е англискиот архитект Кристофер Рен, основач на Кралското друштво во Лондон (Академија на науките) и прв претседател од 1680 до 1682 година. Проектирал голем број зданија по катастрофалниот пожар во Лондон во 1666 година, вклучувајќи 53 цркви, меѓу кои и монументалната катедрала „Свети Павле“. 1728.- Пожар уништил поголем дел од Копенхаген. 1784.- Роден е англискиот државник Хенри Џон Темпл, познат како лорд Палмерстон, двапати премиер помеѓу 1855 и 1865 година. Ја организирал „Опиумската војна“ против Кина и Кримската воја против Русија и бил иницијатор на задушување на антиколонијалното востание во Индија и Кина. 1827.- Во поморската битка кај Наварина во текот на грчката војна за ослободување, руските, британските и француските бродови ги уништиле турската и египетската флота. 1854.- Роден е Артур Рембо, француски поет. Уште млад станал славен, а на 17 години ја напишал познатата поема „Пијаниот брод“. Во дваесеттата година престанал да пишува, посветувајќи и се на трговијата, и на тој начин минал низ литературата како „метеор“, оставајќи во наследство дело што ги навести симболизмот и надреализмот. Умрел на 10 ноември 1891 година. 1875.- Во селото Горно Броди, Серско, Егејска Македонија, е роден Димо Хаџи Димов, најборбен и најсестран идеолог и теоретичар на автентичното македонско национално ослободително движење, близок соработник на Гоце Делчев, на Јане Сандански и на други истакнати македонски револуционери. Во Софија, по порачка на бугарскиот двор, сред бел ден, терористот Владо Черноземски го застрелал на 13 септември 1924 година. 1884.- Роден е американскиот филмски актер од унгарско потекло Бела Блашко, познат како Бела Лугоси, толкувач на голем број улоги на Дракула во филмовите на стравот, но се покажал и како врвен комичар. Филмови: „Тринаесетта столица“, „Дракула“, „Убиство во улицата Морж“, „Бакнеж на смртта“, „Остров на изгубените души“, „Црна мачка“, „Знакот на вампирите“, „Куќата на Дракула“, „Франкештајнов син“, „Горила“. 1887.- Светскиот научник Никола Тесла ги пријавил своите први пронајдоци. Тоа бил почетокот на револуцијата во електротехниката. Заштитата на своите патенти ја добил во следната 1888 година. 1890.- Умрел англискиот истражувач, писател, преведувач и дипломат Ричард Бартон, прв Европјанин кој предводејќи ја експедицијата со Џон Хаминг Спик, во 1858 година го видел езерото Тангањика во Африка. Бил во воената служба во Индија и британски конзул во Бразил, Сирија и Италија. 1891.- Роден е англискиот физичар Џејмс Чедвик, добитник на Нобеловата награда за физика во 1935 година. Во 1932 година го открил неутронот. Во Втората светска војна како главен британски инструктор од 1943 до 1945 година работел на „Менхетен проектот“ за развој на атомската бомба во Лос Аламос, САД. 1915.- Во селото Игуменец (Гега), Пиринска Македонија, е роден Антон Попов, македонски револуцонер, публицист, писател, познат комунистички активист и учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија. Го стрелале фашистичките власти во Софија, на 23 јули 1942 година. 1924.- Пуштена била во сообраќај железничката линија меѓу Велес и Штип. 1941.- Пред силната офанзива на германските армии, советската влада прогласила опсадна состојба во Москва. Тоа бил најкритичниот момент во текот на нападот на нацистичките трупи врз главниот советски град, но подоцна, по успешната контраофанзива на Црвената армија, дошло до пресврт. 1943.- Во селото Д`мбени, Костурско, бил одржан основачкиот состанок за формирање на организацијата Славјано-македонски националослободителен фронт (СНОФ) во Костурско. 1945.- Египет, Сирија, Ирак и Либан ги предупредиле САД дека со создавање на еврејска држава може да дојде до војна. Истиот ден арапските земји формирале организација за борба против ционизмот - Арапска лига. 1950.- Умрел американскиот политичар Хенри Луис Стимсон, министер за труд на САД од 1911 до 1913 и од 1940 до 1945 година, идеен творец на најголемиот поединечен воен злочин во историјата на човештвото. На негова препорака претседателот на САД Хари Труман одлучил во август 1945 година да биде фрлена атомската бомба врз јапонските градови Хирошима и Нагасаки, иако Јапонија веќе била поразена во Втората светска војна. 1971.- Вили Брант, канцеларот на Западна Германија ја добил Нобеловата награда за мир. 1991.- Во земјотресот на индиската страна на Хималаите загинаа повеќе од 340 луѓе и беа разорени десетици илјади куќи. 1994.- Амбасадорот на Република Македонија во Руската федерација, Гане Тодоровски, на свечената церемонија во Кремљ, му ги предал акредитивите на претседателот Елцин. „Не се разочаравме што ве признавме под името Македонија“, изјавил Елцин. 1995.- Белгискиот политичар Вили Клас поднесОЛ оставка на функцијата генерален секретар на НАТО поради вмешаност во корупциски афери. 1997.- Бројна владино-стопанска делегација на Руската делегација, предводена од вицепремиерот и министер за стопанство, Јаков Уринсон, престојувала во Македонија, за да го поттикне заживувањето на стопанската соработка меѓу двете земји. 2003.- Починал Ѓоко Георгиев, водителот на првите контактни емисии на Македонското радио „Три гонга“ и „Средби низ музика“. Тој ќе остане запаметен и како автор на стотици текстови за поп-музика, и соработник-новинар во „Нова Македонија“, „Вечер“, „Журнал“ и „Екран“. Роден бил во 1926 година. 2003.- Во Белград починал српскиот актер и комичар Миодраг Петровиќ - Чкаља. Тој бил познат по своите улоги во театарски претстави, во повеќе од 25 филмови и 32 хумористични телевизиски серии меѓу кои најпознати се „Музеј на восочните фигури“, „Сервисна станица“, „Сачулатац“ и сериите „Камионџии“, „Жежок ветер“ и „Подобар живот“. Роден бил на 1 април 1924 година во Крушевац. 2004.- Во Прилеп умрел Благоја Ристевски - Платнар, македонски писател и новинар. Познати се неговите драмски текстови - „Карцинома мамае“, „Спиро Црне“, „Арсениј“, „Летни Силјане“, „Лепа Ангелина“ и „Венко“. Роден бил во Прилеп, на 5 март 1949 година. 2011.- Убиен бил соборениот либиски лидер Моамер Гадафи. Претходно поранешниот лидер бил заробен и ранет во двете нозе. Заедно со Гадафи биле заробени и неговиот син, поранешниот шеф на силите за безбедност, шефот на либиското разузнавање и портпаролот. За време на нападот врз Гадафи бил убиен и министерот за одбрана на поранешниот режим Абу Бакр Јунис. 2013.- Во Белград починала вдовицата на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, Јованка Броз. Таа била родена во 1924 година, а во 1952 година се омажила за Јосип Броз Тито со кого живеела до неговата смрт во 1980 година. Јованка Броз по смртта на Тито живеела во скромни услови во белградската населба Дедиње. Вдовицата на Тито ретко се појавувала во медиумите, а во последните месеци големо внимание привлекла нејзината медиумска исповед. 2015.- Во 87 година од животот починал професор Драган Хаџиевски еден од основачите на сеизмолошката опсерваторија во Скопје. Хаџиевски бил редовен професор на ПМФ, член на Меѓународната асоцијација за сеизмологија, Европската комисија за сеизмологија, Здружението на сеизмолози на Македонија, делегат во Заедницата за сеизмологија на СФРЈ, уредник на домашни и странски списанија од геофизика и физика. Речиси целиот работен век го поминал во првата сеизмолошка институција во Република Македонија, Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, основана уште во 1957 година. Тој е вториот управник на оваа институција, должност што ја обавувал од 1961 година до пензионирањето во 1988 година. За својата научна и стручна работа добил „Орден на трудот со златен венец од претседателот на СФРЈ“ (1979 година), „Орден заслуги за народ со сребрени зраци од Претседателството на СФРЈ“ (1989 година), награда „13 Ноември“ на град Скопје и други признанија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваЅвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе. Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак. „Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“. Компликации со визата Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат. „Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија. „Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа. @mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа. Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“ Свадба на Хаваи Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари. View this post on Instagram A post shared by Mikaela Testa (@mikaelatesta) Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.Тагови: OnlyFans сопругот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаАнгела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“. Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа. „Љубезна, топла и пристапна“ Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка. „Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот. Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа. Локални специјалитети во кошничката Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда. Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија. По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.Тагови: Ангела Меркел супермаркет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЕвропаДанска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва. Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната. „Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите. Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“. „Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата. Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва. Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина. Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL). Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.Тагови: Данска ракети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook