Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
1Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
2Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
3Демократска сенаторка на 82 годишна возраст раководела со мрежа на трговци со дрога, се огласи и ФБИ
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
3Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
ЖивотНа денешен ден19 октомври 20241216.- Умрел англискиот крал Џон Без Земја, младиот син на Хенри II, кој во 1215 година морал да ја потпише големата повелба за слобода во Англија „Magna kartа libertatum“. Со повелбата била ограничена власта на кралот и воспоставени биле основните англиски уставни и јавни права. 1735.- Роден е Џон Адамс, втор по ред претседател на САД (1797-1801 г.). Умрел на 4 јули 1826 година. 1745.- Во Даблин умрел Џонатан Свивт, најголем англиски сатиричар, еден од најостроумните критичари на човековата природа и на општествените процеси. Неговото најпопуларно дело, фантастичниот роман „Гуливеровите патувања“, претставува сатира на политичките прилики на Велика Британија и прераснува во потсмев на целиот човечки род и на неговите установи. Познати се и неговите дела „Битка на книги“ и „Приказна за бурето“. Роден бил во Даблин, на 30 ноември 1667 година. 1864.- Роден е францускиот хемичар и индустријалец Огист Лимијер, кој заедно со својот брат Лујем ја направил првата филмска камера и во Лион основал фабрика за изработка на фотографски материјали. Браќата ја откриле постапката за снимање во природни бои и во париската кафеана „Гран кафе“ на 28 декември 1895 година ја приредиле првата филмска претстава во светот - „Влез на воз во станица“, „Работници излегуваат од фабрика“. 1972.- Во Нов Јужен Велс во Австралија бил пронајден „Холтерманов грумен“, плоча со тежина од 235,14 килограми, во која имало 82,11 килограми злато, најголема пронајдена количина на злато. 1875.- Умрел англискиот физичар Чарлс Витстон, пионер во телеграфијата. Го пронашол методот за одредување на електричниот отпор („Витстонов мост“), а ги истражувал и електрицитетот, светлината и звукот. 1899.- Во Сиудад Гватемала е роден Мигул Анхел Астуријас, гватемалски писател. Неговиоте дела имаат социјална обоеност зашто во нив ги прикажува тешките општествени и економски проблеми во својата земја. Познати негови дела се „Господинот претседател“, „Пченкарни луѓе“, трилогијата „Ураган“, потоа „Зелениот папа“, „Очите на закопаните“, „Викенд во Гватемала“ и други. Во 1966 година ја добил Лениновата награда за мир, а во 1967 годија ја добил Нобеловата награда за литература. Умрел во Мадрид, Шпанија, на 9 јуни 1974 година. 1919.- Во Кочани е роден Благој Попов, носител на „Партизанска споменица 1941“, повеќе години истакнат македонски раководител, познат како успешен претседател на Собранието на градот Скопје во времето на земјотресот во 1963 година и обновата на градот и како еден од претседателите на Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија. 1924.- Во Галичник е роден д-р Владимир Брезовски, истакнат македонски историчар, автор на стотина трудови, научен советник во Институтот за национална историја во Скопје. Најпознат бил како долгогодишен раководител на Одделението за документација на Институтот за национална историја. Умрел на 6 јануари 1983 година. 1931.- Роден е англискиот писател Дејвид Џон Мур Корнвел, познат како Џон Ле Каре, мајстор на модерниот шпионски роман. Дела: „Војна во огледало“, „Малиот град во Германија“, „Наивен и сентиментален љубовник“, „Момче, дама, крал, шпион“, „Благородниот ученик“, „Панамскиот кројач“, „Чист шпион“. 1937.- Умрел новозеландскиот физичар од англиско потекло Ернест Ратерфорд, добитник на Нобеловата награда за хемија во 1908 година, еден од втемелувачите на модерните атомски теории. Најмногу се занимавал со природната радиоактивност и фундаменталното истражување во таа област откривајќи три типа радијација кои ги означил како алфа, бета и гама зраци. 1954.- Склучен бил англо-египетскиот договор за повлекување на британските трупи од зоната на Суецкиот канал во рок од 20 месеци. 1957.- Сојузна Република Германија ги прекинала дипломатските односи со Југославија затоа што Белград ја признал Демократска Република Германија. Односите биле обновени во февруари 1968 година, во време кога шеф на бонската дипломатијата бил Вили Брант. 1987.- Во сударот на два патнички воза во предградието на Џакарта загинале 102 и биле повредени повеќе од 5.000 луѓе. 1987.- На њујоршката берза „Дау Џонс“ вредноста на акциите во текот на еден ден паднала на рекордни 508 поени, односно 22,6 отсто, што било запаметено како „Црн понеделник“. 1991.- Одбележана била 800-годишнината од живописувањето на црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото Курбиново, Ресенско. Зографирањето на црквата почнало на 15 април 1191 година. 2001.- Најмалку 350 луѓе, повеќето ирачки бегалци, загинале кога во близна на брегот на Јава потонал пренатрупаниот број кој од Лампунг на индонезискиот остров Суматра испловил во правец на Австралија. 2003.- Во Сараево починал поранешниот претседател на Босна и Херцеговина Алија Изетбеговиќ. На првите повеќепартиски избори во БиХ Изетбеговиќ бил избран за член на Претседателството на СР БиХ, а на 19 декември 1990 за претседател на Претседателството на СР БиХ. Тој бил еден од потписниците на Дејтонскиот мировен договор со кој била завршена војната во БиХ заедно со претседателите на Хрватска и на Србија, Слободан Милошевиќ и Фрањо Туѓман. Изетбеговиќ бил роден на 8 август 1925 година во Босански Шамац. 2003.- Папата Јован Павле Втори со свечената процесија што се одржала на плоштадот „Свети Петар“ во Рим, ја беатифицирал, односно ја прогласил за блажена Мајка Тереза, што бил последниот чин пред нејзиното прогласување за светица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЗабаваЅвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе. Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак. „Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“. Компликации со визата Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат. „Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија. „Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа. @mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа. Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“ Свадба на Хаваи Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари. View this post on Instagram A post shared by Mikaela Testa (@mikaelatesta) Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.Тагови: OnlyFans сопругот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЕвропаАнгела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“. Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа. „Љубезна, топла и пристапна“ Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка. „Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот. Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа. Локални специјалитети во кошничката Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда. Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија. По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.Тагови: Ангела Меркел супермаркет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДанска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва. Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната. „Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите. Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“. „Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата. Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва. Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина. Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL). Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.Тагови: Данска ракети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21