ЖивотНа денешен ден- Светски ден за здрава вода.1014.- Во Преспа умрел царот Самуил. Во битката кај Беласица на 29 јули 1014 година, што се воделе меѓу војските на Самуил и византискиот цар Василиј Втори, трупите на царот Самуил биле целосно поразени, а тој се спасил со бегство. По битката, византискиот цар Василиј Втори наредил да се ослепат околу 15.000 Самуилови војници, а на секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите. Така ослепените војници биле испратени кај царот Самуил. Од глетката што ја видел, Самуил умрел од срцев удар. Самуил го наследил неговиот син Гаврил Радомир. Самуиловата држава постоела 38 години, од 976 година до смртта на Гаврил Радомир, во 1018 година. 1536.- Англискиот верски реформатор и преведувач на Библијата Вилијам Тиндејл по наредба на кралот Хенри Осми бил запален. 1600.- Во Фиренца, во Италија во палатата Пити, за време на свеченостите по повод венчавката на англискиот крал Хенри VI со Марија Медичи, била одржана премиерната изведба на операта „Евридика“, прва опера во историјата што ја создал италијанскиот композитор Јакопо Пери. 1767.- Роден е хаитскиот државник од африканско потекло Хенри Кристоф, доведен од Гренада како роб на Хаити, каде на крајот од 18. век се вклучил во побуната против Французите. По дворскиот пуч во 1806 година во кој и тој учествувал, и по суровото убиство на царот Жан Жак Десалин, кој исто така бил роб, во 1807 година станал претседател на Хаити, а во 1811 година се прогласил за цар. 1773.- Роден е францускиот крал Луј Филип, наречен „Кралот граѓанин“ кој владеел од 1830 до 1848 година. Отстранет бил од престолот во Февруарската револуција во 1848 година кога била прогласена републиката, а умрел во 1850 година. 1887.- Роден е францускиот архитект и теоретичар од швајцарско потекло Шарл Едуар Жанре, познат како Ле Корбизие, еден од најголемите архитекти на 20. век. 1891.- Умрел ирскиот политички водач и национален борец за автономија Чарлс Стјуарт Парнел, кој внесол нови методи во борбата против Англичаните. Во 1875 година станал член на британскиот парламент каде ги започнал опструкциите во законодавното тело со истовремена блокада на теренот. Во 1881 година иако бил затворен управувал со борбата на ирските националисти. 1892.- Умрел англискиот писател Алфред Тенисон кој пишувал необично мелодични стихови. Дела: поемите „Кралски слики“, „Принцеза“, елегијата „Ин мемориам“ и голем број лирски песни. 1903.- Роден е ирскиот физичар Ернест Томас Синтон Волтон, еден од пионерите на нуклеарната физика. Во 1929 година заедно со Џон Даглас Кокрофт го развиле првиот атомски акцелератор, а во 1951 година ја поделиле Нобеловата награда за физика. 1908.- Австроунгарија го објавила декретот за анексија на Босна и Херцеговина. Со потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор во 1878 година Турција и признала автономија на Босна и Херцеговина, но на конгресот во Берлин биле ревидирани одредбите на овој договор. Така, со член 25 на Австроунгарија и било одобрено правото да ја заземе и да управува со Босна и Херцеговина. Оваа одлука предизвикала голем отпор кај босанско-херцеговското население и дури по четири месеци борби, во кои учествувале 200.000 австриски војници, овој отпор бил скршен. Сепак народот никогаш не се помирил со анексијата која во 1914 година довела до почетокот на Првата светска војна. 1914.- Роден е норвешкиот етнолог и истражувач Тор Хејердал, кој во 1947 година ја предводел шестчлената експедиција „Кон-Тики“, пловејќи со сплав околу 9.000 километри помеѓу Перу и пацифистичките острови Туамату близи Тахити. 1915.- Бугарија се вклучила на страната на Централните сили во Првата светска војна. 1927.- Во филмот „Џез пејач“ со актерката Ал Џонсон, кој премиерно бил прикажан во Њујорк, првпат се слушнал глас на актер, со што бил означен почетокот на ерата на звучниот филм. 1930.- Роден е сирискиот државник, генерал Хазеф ал Асад, кој на власт дошол во 1970 година. Во 1971 година станал претседател на Сирија. 1937.- Друштвото на народите ја осудило агресијата на Јапонија врз Кина. 1943.- Кај селото Кленоец, Кичевско, во борба против балистичките банди и германските сили, загинал Јосиф Јосифовски - Свештарот, народен херој на Македонија. Во оваа борба загинале и повеќе од 70 партизани. Роден бил во Гевгелија, на 2 август 1914 година. Истиот ден балистите запалиле повеќе куќи во селото Кленоец и селото Попоец, Кичевско, а во наредните денови биле ограбени повеќе куќи и убиени луѓе во селата Душегубица, Иванчиште, Малкоец и други. 1944.- Во селото Прждево, Неготинско, влегле германските фашисти и почнале да ги палат куќите и амбарите во знак на одмазда поради успешната акција на минерската чета, која истиот ден кренала во воздух еден од оклопните германски возови. Притоа, фашистите стрелале 21 невино лице и својот крвав поход го завршиле во селото Бесвица, каде што, покрај палежот на куќите, стрелале 39 луѓе. 1972.- Во железничка несреќа кај мексиканскиот град Салтиљо загинале најмалку 208, а биле повредени повеќе од илјада луѓе. 1973.- Со заедничкиот напад на Египет и Сирија врз израелските позиции на источниот брег на Суец и на Голанската висорамнина избила „Јом Кипур“ војната, четврта по судирот на Израел со Арапите. Војната завршила на 22 октомври со резолуција на Советот за безбедност при Обединетите нации. 1976.- Воената хунта во Тајланд ја соборила владата на Сени Прамод, а војската на универзитетот во Бангкок масакрирала голем број студенти. 1981.- Во Каиро, за време на воената парада бил убиен египетскиот претседател Анвар ел Садат. 1989.- Умрела американската актерка Бет Дејвис. Снимила повеќе од 80 филмови и остварила голем број драмски улоги, главно играјќи несреќни и зли жени. Филмови: „Опасна“ (Оскар), „Џезабел“ (Оскар), „Мали лисици“, „Елизабета и Есекс“, „Хуарез“, „Што се случи со Беби Џејн“, „Се за Ева“, „Свадбен ручек“. 1991.- Во Белград допатувал синот на последниот југословенски крал, 46-годишниот принц Александар II Караѓорѓевиќ. Со звуците на химната „Божја правда“ и традиционалниот пречек со сол и леб, и грутка земја, принцот со семејството бил пречекан од одборот за пречек на чие чело бил Душан Ковачевиќ. Принцот Александар изјавил: „Дојдов со надеж дека моето доаѓање ќе придонесе за мирот во оваа земја“. 1991.- Индонезиски воен авион удрил во владината зграда во Џакарта, усмртувајќи 102 и повредувајќи повеќе од 5.000 луѓе. 1996.- Во Скопје, на локалитетот „Средно Водно“, бил осветен камен-темелникот на новата црква „Раѓање на Пресвета Богородица“. 2001.- Умрел Петар Серафимов, еден од првите членови - основоположници на Македонската академија на науките и уметностите и професор на Градежниот факултет во Скопје. Роден бил во Охрид, на 28 мај 1915 година. 2014.- Американецот Џон О'Киф, кој работел во Велика Британија, и норвешката двојка Меј-Брит и Едвард Мозер станале лауреати на Нобеловата награда за физиологија и медицина. Наградата им се доделила за нивните откритија за клетките, кои го прават позиционирачкиот систем во мозокот. Научниците ја истражувале клеточната биологија на главниот мозок. Половина од наградата му била доделена на Џон О'Киф, а останатата половина ја поделиле Меј-Брит и Едвард Мозер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСрпски медиуми: Бака Прасе го исценирал сопственото приведување, следуваат кривични пријавиТврдењата дека маскирани лица го привеле јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се лажни.Ова е утврдено по истрагата спроведена од Вишото јавно обвинителство во Белград и службеници од полициската станица „Савски венац“. Претходно, на профилот на Илиќ на Инстаграм се појави објава во која се тврди дека маскирани лица го однеле од неговиот стан. Илиќ ѝ објаснил на полицијата дека ја објавил таа информација како дел од снимањето на видео кое планира да го објави на својот Јутјуб канал. Поради ширење паника преку лажни информации на Инстаграм, против него ќе биде поднесена кривична пријава до Посебното одделение за високотехнолошки криминал при Вишото јавно обвинителство во Белград. Пријавата се однесува на кривичното дело предизвикување паника и неред. Што содржеше објавата На профилот на Илиќ на Инстаграм беше објавено соопштение од неговиот тим, во кое се тврди дека тој бил приведен околу 06:00 часот наутро. Во објавата, потпишана од „Тимот на Бака Прасе“, исто така се наведува дека за ситуацијата бил известен и неговиот адвокат. Неговите соработници спомнаа и наводна поврзаност со „Алта банка“, тврдејќи дека Илиќ се доведува во врска со сомневања за перење пари. Оваа информација не е потврдена. Обвинителството нареди истрага Вишото јавно обвинителство во Белград претходно ѝ наложи на полицијата итно да ги провери тврдењата дека маскирани лица го однеле Илиќ од неговиот стан. Полициските службеници требаше да ја проверат информацијата на терен и да преземат други неопходни мерки за да утврдат што се случило. По извршените проверки, обвинителството и полицијата утврдија дека наводите се лажни. Извор: Индекс.хрТагови: Бака Прасе приведување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМерц ветува заштита на Евреите во Германија; антисемитизмот станува сè пораспространетФридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница.Тој ја опиша глетката на градинки и синагоги, чувани од вооружена полиција зад стакло отпорно на куршуми, како „ужасна“, пренесува Ројтерс. Мерц го изјави ова во говор во синагога во Минхен, на годишнината од „Кристална ноќ“ (Kristallnacht) во 1938 година – настан што послужи како вовед во Холокаустот и истребувањето на повеќе од шест милиони европски Евреи, спроведено од нацистите. Тој истакна дека антисемитизмот станал „распространет“. „Го гледаме и го слушаме на нашите улици, во нашите градови, во градовите на нашите европски соседи и ширум светот – во парламентите, клубовите и училиштата“, рече Мерц. „Токму затоа, ова е момент на вистината за паролата ’Никогаш повеќе‘, на која толку често се повикуваме“, додаде тој. Тој вети дека неговата влада ќе стори сè што е во нејзина моќ за да го заштити еврејскиот живот, како во Германија, така и во странство. Исто така, ја потврди долгогодишната поддршка на Германија за Израел, нагласувајќи дека тоа е „дел од нашата историска одговорност“. Слични заложби за заштита на еврејските институции и борба против антисемитизмот претходно дадоа и претходниците на Мерц, Ангела Меркел и Олаф Шолц. Germany's Chancellor Merz: Antisemitism is once again omnipresent. Sometimes it is disguised in the language of anti-colonial liberation struggles or criticism of Israel. https://t.co/centhneh0V — Clash Report (@clashreport) November 9, 2026 Според годишниот извештај на организацијата „RIAS“, бројот на антисемитски инциденти драстично се зголемил по избувнувањето на војната во Газа во 2023 година. Минатата година биле евидентирани 8.725 вакви инциденти – повеќе од тројно во споредба со 2022 година – што изнесува просек од 24 случаи дневно. Палестински извори наведуваат дека повеќе од 74.000 луѓе се убиени во израелските напади врз Газа. Нападите беа извршени откако борци предводени од Хамас убија приближно 1.200 луѓе во јужен Израел на 7 октомври 2023 година. „Срам за нашата земја“ Илзе Ајгнер, претседателка на Баварскиот покраински парламент, чувството на несигурност што го доживуваат многу Евреи во Германија го опиша како „срам за нашата земја“. Мерц претходно ја имаше предложено неа како конзервативен кандидат за функцијата претседател на Германија. „Кристалната ноќ“ претставуваше погром врз Евреите, кој започна на 9 ноември 1938 година, а вклучуваше убиства, грабежи и уништување имот. Името се однесува на скршеното стакло од уништените синагоги, продавници и домови, кое ги покривало улиците.Тагови: Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмерикански претставник: Русија и Украина подготвени за компромис околу територијатаВо неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што започнуваат утре во Абу Даби.Ова го изјави американски претставник запознаен со подготовките за разговорите, додавајќи дека, за првпат, Вашингтон забележува искрена желба од руска страна за ставање крај на војната, пренесува Ројтерс. „За првпат имам впечаток дека гледаме вистинска желба од руска страна сето ова да се приведе кон крај“, рече претставникот, кој ги информираше новинарите под услов да остане анонимен. Што ќе се случи со окупираните територии? Според претставникот, двете страни приватно покажуваат одредена флексибилност во однос на можна територијална размена. Сепак, тој нагласи дека каков било договор за територијата веројатно би се постигнал дури на крајот од преговорите, откако ќе се постигне консензус за другите прашања. Територијалните прашања досега беа една од најголемите пречки за постигнување мировен договор. Украина инсистира на враќање на нејзините меѓународно признати граници, додека рускиот претседател Владимир Путин бара контрола врз целиот регион Донбас. Американскиот претставник не откри какви територијални отстапки би можеле да направат Москва и Киев. Неговите изјави во оваа фаза не значат дека е постигнат договор, ниту пак дека некоја од страните официјално ги променила своите барања. Вашингтон смета дека прво треба да се договори безбедносен аранжман за периодот по војната. Дури потоа би имало простор за конечен договор во однос на територијата. Безбедносни гаранции за Украина Една од главните теми на преговорите ќе бидат безбедносните гаранции за Украина. Се разгледува можноста за заштита слична на онаа од Членот 5 од Договорот на НАТО, според кој напад врз една членка се смета за напад врз сите членки. Таков модел би требало да ѝ обезбеди на Украина безбедносни гаранции по евентуалниот мировен договор, но засега не е познато како би функционирал тој, ниту кои земји би презеле конкретни обврски. Американскиот претставник нагласи дека договорот за повоената безбедносна архитектура ќе биде клучен за решавање на територијалните прашања. Американското посредување во Абу Даби ќе го предводат специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зетот на претседателот Доналд Трамп. Преговорите треба да траат два дена, почнувајќи од вторник. Претставник на САД изјави дека постои можност Виткоф и Кушнер, по завршувањето на разговорите, да отпатуваат во Русија на средба со Путин. Ваквата посета сè уште не е потврдена. Во Вашингтон постои умерен оптимизам дека разговорите би можеле да доведат до напредок, иако американската страна признава дека за постигнување договор ќе биде потребно време. Во последните месеци, Трамп ги засилува дипломатските напори за ставање крај на војната, притоа често укажувајќи на тешките човечки жртви на двете страни од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. Извор: Индекс.хрТагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter