„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
2„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
ЖивотНа денешен ден- Денеска е Светски ден на мирот19 п.н.е.- Умре римскиот писател Публиус Вергилиус Маро, автор на дела во кои го велича римското минато. Тој со своите дела со векови беше пример за европските писатели. 1327.- Англискиот крал Едвард II, сопругот на Изабела од Франција е убиен од нејзиниот љубовник Роџер де Мортиме. Љубовникот на кралицата потоа владееше во името на престолонаследникот Едвард III кој во 1330 година беше затворен и убиен. 1452.- Роден е италијанскиот верски реформатор Џироламо Хајронимус, доминикански калуѓер, кој го напаѓаше папата Александар VI. 1529.- Османлиската војска под команда на Сулејман Величествениот ја започна опсадата на Виена. 1792.- Во Франција на првата седница на Парламентот (Конвент), на предлог на Колот Д`Ербуа, е тргната монархијата. 1832.- Во Даблин умре Валтер Скот, шкотски поет и романсиер, творец на модерниот историски роман. Собираше народни песни и пишуваше епови за историјата на Шкотска. Меѓу неговите најзначајни дела спаѓаат „Ајванхо“, „Кенилворт“, „Старинар“ и други. Роден е во Единбург, на 15 август 1771 година. 1860.- Умре Артур Шопенхауер, германски филозоф-идеалист, претставник на волунтаризмот. Од делата му се познати „За волјата на природата“ и „Светот како волја и претстава“. Роден е на 22 февруари 1788 година. 1866.- Роден е Херберт Џорџ Велс, англиски писател. Напиша голем број научни, популарно-научни, социјални и фантастични романи и приказни, како и познатото дело „Историја на светот“. Умре во 1946 година. 1867.- Роден е американскиот политичар Хенри Луис Стимсон, министер за војни на САД, од 1911 до 1913 година и од 1940 до 1945 година, идеен творец на најголемиот воен злостор во историјата на човештвото. На неговата препорака претседателот на САД Хари Труман одлучи во август во 1945 година да ги фрли атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки, иако Јапонија беше веќе поразена во Втората светска војна. 1901.- Во Велес, во Џајково Маало, во борба против турската полиција, откако снема муниција, се самоуби Миле Поп Јорданов (брат на Орце Поп Јорданов, организатор на кружокот од Солунските атентатори) македонски револуционер. 1909.- Роден е ганскиот државник и публицист Кваме Нкрумах, прв премиер и претседател на Гана, истакнат борец против колонијализмот и лидер на движењето за независност. 1927.- Во Дојран е роден Христо Андонов-Полјански, македонски историчар, ректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, долгогодишен професор на катедрата по историја на Филозофско-историскиот факултет, признат научник, проучувач на историјата на македонскиот народ. Автор е на 463 библиографски единици, од кои 36 се книги. Од неговите трудови посебно се издвојуваат шесте томови за Гоце Делчев. „Британската библиографија за Македонија“, „Странскиот печат за Илинденското востание“, „Британски документи за историјата на македонскиот народ“ и други. Умре во Скопје, на 7 октомври 1985 година. 1928.- Британскиот бактериолог Александар Флеминг ја откри непознатата мувла што го расипала неговиот експеримент со бактерии. Но, тоа загадување беше епохално откритие дека чудесното својство на габите „пеницилиум нотарум“ ги уништува дотогаш смртоносните бактерии. Од 1942 година пеницилиумот стана лек што спасува милиони луѓе. 1933.- Во Лајпциг, германскиот Врховен суд го почна процесот против Георги Димитров, член на ЦК КП на Бугарија и член на Третата интернационала, заедно со група германски комунисти, а под обвинение дека го организирал палењето на Рајхстагот. Германската фашистичка пропаганда сакаше да го искористи судењето за антикомунистичка кампања. Меѓутоа, Димитров пред светската јавност го разобличи овој процес на нацистичкиот режим и од обвинет стана тужител и поради недостиг на докази судот беше принуден да го ослободи. 1938.- Владата на Чехословачка се согласи на британско-францускиот план Судетските области да и ги отстапи на Германија. 1939.- Романските фашисти го убија премиерот на Романија Армандо Калинеску, противник на Третиот рајх. 1964.- Малта стана независна после 164 години британско владеење. 1973.- Југославија ги прекина дипломатските односи со Чиле, 10 дена по пучот на генералот Аугусто Пиноче, изведен со помош на САД, во кој е убиен социјалистичкиот претседател Салвадор Ајенде. 1974.- Умре американскиот филмски глумец Волтер Бренан. Тој е првиот актер добитник на три Оскара. 1976.- Бившиот чилеански министер Орландо Летелиер е убиен во Вашингтон во експлозија на подметната бомба под неговиот автомобил. 1992.- Мексико и Ватикан воспоставија целосни дипломатски односи по прекинот од 130 години. 1993.- Претседателот Борис Елцин го распушти парламентот бидејќи со изборот на Александар Руцкој за потпретседател и за вршител на должноста шеф на државата му беше загрозена власта. 1996.- Во авионот на претседателот на Колумбија Енерсто Самперо, со кој требаше да патува за САД, на аеродромот во Богота по анонимната пријава се пронајдени безмалку четири килограми хероин за што беше осомничен дека бил во врска со нарко-мафијата. 1999.- На Тајван во земјотрес загинаа најмалку 2.300 лица. 2002.- Лавина од кал и камења која се излеа од глечер во село Њижњи во руската република Северна Осетија усмрти повеќе од 100 луѓе. 2007.- Умре Петар Стамболиќ, долгогодишен функционер во времето на Јосип Броз Тито. Стамболиќ е роден во 1912 година во Брезово, кај Ивањица, а на комунистичкото движење му пристапи во 1935 година. Дипломираше на Земјоделскиот факултет во Земун. Беше советник и член на Претседателството на Второто заседание на АВНОЈ, како и член на Претседателството на СФРЈ и Претседателството на ЦК на Сојузот на комунистите, како и претседател на Претседателството на СФРЈ. 2017.- На 94 години почина Лилијан Бетанкур, наследничката на француската козметичка групација „Л’Ореал“ (L’Oreal). Таа на 21 октомври требаше да наполни 95 години. Бетанкур според „Форбс“ беше најбогата жена во светот, чие богатство се проценуваше на приближно 40 милијарди долари. Таа поради Алцхајмеровата болест во 2012 година се повлече од управата на „Л’Ореал“ и од јавниот живот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
ЕвропаВидео: Притвор за братот на Виктор Орбан?Според извештаите на унгарските медиуми, меѓу осомничените е и Арон Орбан, братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. Во Унгарија се приведени четири лица осомничени за трговија со луѓе како дел од криминална група која дејствувала заради стекнување финансиска корист, а полицијата покрена постапка за нивно задржување во притвор, соопшти Националната полициска управа (ORFK). View this post on Instagram A post shared by 360tka.sk (@360tka.sk) Според извештаите на унгарските медиуми, меѓу осомничените е и Арон Орбан, братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. Иако полицијата експлицитно не го именуваше во своето соопштение, пренесува порталот „Index“. Националното биро за истраги (NNI) го заврши испрашувањето на осомничените, кои беа приведени во понеделникот. Во истрагата учествуваат и Националната канцеларија за повраток и заштита на имот (NVVH), како и Европол. Полицијата се сомнева дека, во текот на неколку месеци во 2024 година, осомничените им помагале на виетнамски државјани да добијат унгарски визи и потоа да отпатуваат во Западна Европа, наплаќајќи им таканаречени „надоместоци за регрутирање“. Според досегашните наоди од истрагата, тие на овој начин им помогнале на повеќе од 100 виетнамски државјани. Надлежните наведоа дека странските државјани тврделе оти доаѓаат во Унгарија на краток престој за да посетуваат курсеви за стручна обука. Сепак, повеќето од нив не ги посетувале овие курсеви, ниту пак ја напуштиле земјата откако им истекле визите. Истражителите се сомневаат дека нивната вистинска цел била да стигнат до Западна Европа преку Унгарија. При претреси на неколку локации во Будимпешта и во округот Пешта, запленети се документи, електронски податоци и уреди кои би можеле да послужат како докази во истрагата за трговија со луѓе и корупција. Еден од осомничените се товари и за тргување со влијание. Орбан се огласи Виктор Орбан на социјалните мрежи изјави дека постапката претставува политичка одмазда и дека неговиот брат е само средство што се користи за напад врз него. „Јас сум целта, мојот брат е само средство“, напиша Орбан, тврдејќи дека целта е да се елиминира политички противник и да се воспостави еднопартиски систем. Петер Маѓар, унгарска политичка личност, реагираше на овие изјави, истакнувајќи дека поранешниот премиер веднаш се обидел да ја префрли одговорноста врз другите и да се претстави себеси како жртва. Претставници на Фидес тврдат дека постапката против Арон Орбан е политички мотивирана, додека членови на опозицијата и правни експерти покренаа прашања во врска со владеењето на правото, тајмингот на започнување на истрагата и протекувањето на официјални информации.Тагови: Виктор Орбан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Шоу бизРасел Бренд осуден на 10 и пол години затворБританскиот комичар и актер Расел Бренд е осуден на десет и пол години затвор во Лондон, откако минатата седмица беше прогласен за виновен за силување на една жена и три дела на сексуален напад.Пресудата беше изречена во Кралскиот суд во Саутворк, а веднаш потоа Бренд беше ставен во притвор, пренесува *Page Six*. Поротата донесе одлука по тридневно разгледување на случајот. Бренд беше ослободен од обвиненијата за уште две силувања и еден обид за сексуален напад. Судијата Бенатан претходно го предупреди дека „значителна“ затворска казна е неизбежна, а неговото барање за пуштање на слобода со кауција беше одбиено. Осудата за силување се однесува на инцидент од 2009 година, кога една жена го обвини Бренд дека ја нападнал во неговиот дом во Лондон. Нејзина пријателка сведочеше дека, по средбата, жената ѝ кажала оти неколкупати му рекла „не“ на комичарот и дека потоа чувствувала силна болка. Како што пренесува „Њујорк тајмс“, за време на судењето, Бренд тврдеше дека сексуалниот однос бил доброволен и дека жената никогаш не побарала од него да престане. Сепак, тој призна дека ја искористувал својата слава за да стапува во сексуални односи со жени. Но, пред поротата, тој инсистираше на тоа дека согласноста е „фундаментална, суштинска и неопходна“. Обвинувањата против него првпат излегоа во јавноста во септември 2023 година, по истрагата спроведена од „Сандеј тајмс“ (*The Sunday Times*). Судскиот процес опфаќаше седум обвиненија поврзани со шест жени и настани што се случиле во периодот меѓу 1999 и 2009 година. Бранд се изјасни за невин по сите точки од обвинението. Проблемите на Бранд не завршуваат тука. Лондонската полиција (Метрополитен полиција) истражува уште две пријави за силување. Една од нив се однесува на жена која имала 16 години кога, според пријавата, била во врска со Бранд, кој во тоа време имал 30 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Забава„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светотСлавниот Пол Макартни, член на легендарната група „Битлси“, официјално влезе во друштвото на милијардери. Според проценката на списанието „Форбс“, неговото нето-богатство изнесува најмалку 1,4 милијарди долари, што го прави третиот најбогат музичар во светот. „Форбс“ ја објави оваа проценка, во првото издание на својот нов билтен „The Billie“, кој е посветен на милијардерите. Пред 84 годишниот Макартни се наоѓаат само Џеј-Зи, чие богатство се проценува на 2,8 милијарди долари, и Тејлор Свифт, со 2 милијарди долари. Според „Форбс“, најголемиот дел од богатството на Макартни е поврзан со издавачката компанија „MPL Communications“, која тој ја основал во 1969 година – само неколку месеци пред распадот на „Битлси“. Преку оваа компанија, тој се стекнал со авторските права на дела од други уметници и композитори. Тука спаѓаат музичкиот каталог на Бади Холи, мјузикли од Бродвеј, како и познати божиќни музички стандарди. „Форбс“ ја проценува вредноста на „MPL“ на најмалку 250 милиони долари. Т ој, исто така, остварува значителен приход од „Apple Corps“ – компанија во сопственост на членовите на „Битлси“ и нивните наследници. Според „Форбс“, оваа холдинг-компанија генерира повеќе од 50 милиони долари годишно, благодарение на стримингот, продажбата на винилни плочи и производите со обележја на бендот. Макартни, Ринго Стар, како и наследниците на Џон Ленон и Џорџ Харисон, поседуваат еднакви удели од по 25 отсто во компанијата. Вредноста на секој од овие удели се проценува на над 150 милиони долари. Приходи од музика Друг значаен извор на приход доаѓа од авторските права на песните на „Битлси“. Во текот на изминатите две децении, Макартни водеше правни битки за да ги поврати правата врз дел од музичкиот каталог. Според проценките на „Форбс“, овој сегмент му носи најмалку 10 милиони долари годишно, додека вкупната вредност на неговите авторски права се проценува на најмалку 200 милиони долари. Вкупната вредност на неговиот имот ги вклучува и заработките од концертни турнеи, недвижнини во Обединетото Кралство и во Хемптонс, како и вредна уметничка колекција која содржи дела од Пабло Пикасо и Рене Магрит. Меккартни одби да ги коментира проценките за неговото богатство објавени од „Форбс“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter