2Спасовски до Финансиското разузнавање: Што му кажавте на Славески за парите и луѓето зад Алта банка?
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
ЖивотНа денешен ден1 септември 20241159.- Умре папата Хадријан IV, роден Николас Брејскпир. Тој е единствениот Англичанец во историјата на римокатоличката црква избран за нејзин поглавар во 1154 година. 1715.- Умре францускиот крал Луј XIV, познат како "крал на Сонцето". По смртта на неговиот татко Луј XII во 1643 година на петгодишна возраст го презеде престолот. Владееше 72 години, најдолго во историјата на Европа. Војуваше во многу војни, со променливи успеси, за да обезбеди хегемонија во Франција. Го изгради дворецот во Версај. 1822.- Роден е американскиот политичар и свештеник од африканско потекло Хајрам Роунд Ревелс, прв црнец кој стана член на Конгрес на САД. 1854.- Роден е германскиот композитор Енгелберт Хампердинк, професор на Конзерваториумот во Барселна, Келн, Франкфурт на Мајна и во Берлин. 1859.- Во Сењ е роден Вјенцислав Новак, еден од најплодните хрватски писатели, музичар и композитор, по потекло Чех. Најпознати се неговите дела „Тито Дорчиќ“, „Последните Стипанчиќи“, „Два света“ и други. Умре во Загреб, на 20 септември 1905 година. 1870.- Во битка кај Седан во Француско-пруската војна, Прусите под команда на фелдмаршалот Хелмут фон Молтке им нанесоа тежок пораз на трупите на францускиот цар Наполеон III, со што им се отвори патот кон Париз, како и победата во таа војна. 1875.- Роден е американскиот писател Едгар Рајс Бароуз. Бароуз е познат по сериите со ликот на Тарзан, кои се преведени на 60 јазици. 1990.- Велика Британија ја анектира Јужноафриканската унија. Во 1960 година Унијата го промени името во Јужноафриканска Република. 1916.- Бугарија во Првата светска војна и објави војна на Романија. 1918.- Во Мурманск, Русија, во воз е убиен Гаврил Константинович, македонски лекар, револуционер и општественик, истакнат деец и еден од основачите на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург, учесник во Октомвриската социјалистичка револуција во Русија. Роден е во селото Смрдеш, Костурско, на 4 мај 1878 година. 1920.- На иницијатива на Месната организација на КПЈ во Скопје е одржан протестен митинг против предизборниот терор и против фалсификувањето на изборите со општинските избори во Македонија. Усвоена е резолуција за поништување на фалсификуваните избори, пуштање на мобилизираните војници, како и давање глас на сите граѓани. Под притисок на протестот властите во Кралството Југославија во некои општини ги поништија изборите и распишаа нови. 1922.- Роден е италијанскиот актер Витори Гасман, еден од најистакнатите италијански филмски и театарски актери во 20. век. 1923.- Во земјотрес што потполно го разори јапонскиот град Јокохама и скоро го уништи Токио, загинаа најмалку 142.000 лица, а 2,5 милиони лица останаа без покрив над глава. 1928.- Албанија е прогласена за Кралство. 1939.- Нацистичка Германија без објавување на војна ја нападна Полска. Неочекуваната операција на моторизираните германски сили во Полска го означи почетокот на Втората светска војна. 1943.- Во Корештата, Костурско, е формиран македонскиот партизански одред "Лазо Трповски". 1944.- Втората македонска НОУ бригада ја нападна железничката станица Богомила, Велешко, ја разурна станицата и зароби 40 бугарски војници, меѓу кои и двајца офицери. 1944.- Првата македонска НОУ бригада ги нападна балистичките сили и го зазеде Кичево. Меѓутоа, кога непријателот присобра сили и од правецот на селото Дреново ја нападна од грб, таа го напушти градот и се повлече во Дебрца. По патот ги нападна германските обезбедувања крај железничката станица Пресека, кај селото Сливово и кај селото Ботун, ги протера и им причини загуби од осум мртви и пет заробени војници, а кај Кичево загубите на непријателот беа значително поголеми. Бригадата имаше 12 мртви и 18 ранети борци. 1944.- Десеттата македонска НОУ бригада го разурна тунелот кај селото Богомила и сите мостови на пругата Богомила - село Мажучиште, Прилепско. Со тоа пругата Прилеп - Велес до ослободувањето на Македонија беше онеспособена за сообраќај. 1960.- Формирана е Редакцијата на Телевизија Скопје и е снимена првата телевизиска вест што се емитуваше преку мрежата на ЈРТ, со што де факто се роди Македонската телевизија меѓу првите на Балканот. Во Редакцијата беа Димче Божиновски - уредник, Драги Аргировски и Димче Марковски - новинари и Благоја Прличков и Димче Гечевски - сниматели-камермани. Од тој ден Редакцијата секојдневно подготвуваше телевизиски извештаи од сите значајни настани во Македонија и телевизиски прилози од стопанскиот, образовно-културниот и спортскиот живот. 1961.- Во Белград почна Првата конференција на шефови на држави и на влади на неврзаните земји, на која присуствуваа претставници на 25 земји и 40 антиколонијални и ослободителни движења. Тоа беше историски настан со кој неврзувањето прерасна во организирана борба за мир и за правдина. 1962.- Во земјотрес во северозападен Иран загинаа 12.000 лица. 1967.- Умре рускиот писател и воен репортер Иља Григорјевич Еренбург, голем познавач на руската и западноевропската култура. Напиша 50-ина книги во кои на духовит начин ги изразува мислите за револуцијата, политиката, љубовта и спротивностите во цивилизацијата по Втората светска војна. 1967.- Во Белград умре Емануел (Мане) Чучков, македонски општественик, професор и потпретседател на Президиумот на АСНОМ. Роден е во Ново Село, Штипско, на 27 ноември 1901 година. 1969.- Група офицери на чело со полковникот Моарем Гадафи го собори од власт кралот Идриз Први. По ова, Либија е прогласена за Република. 1970.- Во Париз умре Франсоа Шарл Моријак, француски писател и публицист. Познати негови дела се „Пустината и љубовта“, „Тереза Декеру“, „Христијанска среќа“, „Змиска топка“, „Дете под товарот на веригите“, „Црните ангели“ и други. Во 1952 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Бордо, на 11 октомври 1885 година. 1972.- Американскиот велемајстор Роберт Фишер во натпревар во Рејкјавик го победи рускиот велемајстор Борис Спаски, со резултат 12,5:8,5 и стана 11. првак во светот во шах. Титулата ја загуби без натпревар на 3 април 1975 година, бидејќи одби да ги прифати условите на Меѓународната шаховска федерација, а за првак на светот беше прогласен рускиот велемајстор Анатолиј Карпов. 1982.- Умре поранешниот полски лидер Владислав Гомулк, а лидер на Полската работничка партија (комунисти) од 1943 до 1948 и од 1956 до 1970 година. 1983.- Советски борбен авион во близина на полуостровот Сахлин го собори јужнокорејскиот авион "Боинг 747" при што загинаа сите 240 патници и 29 членови на екипажот. Јужнокорејскиот авион во шпионска мисија намерно навлезе во советскиот воздушен простор. 1990.- Во Кичево се одржа протестен "Митинг на жедните" за обезбедување вода за пиење за потребите на Општина Кичево. 1992.- Министерството за надворешни работи на Русија официјално предложи Република Македонија да назначи свој официјален претставник во Москва. 1992.- Во Скопје е формирано Македонско здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи. 1993.- Во Женева е отворена Постојаната мисија на Република Македонија при ООН и другите меѓународни организации со седиште во Женева. 1994.- Големото Војводство Луксембург ја извести Република Македонија дека воспоставува дипломатски односи со нашата држава. 1997.- Француската полиција соопшти дека возачот на автомобилот во кој претходниот ден во Париз, со брзина од 190 километри на час, загина британската принцеза Дајана Спенс, имаше во крвта трипати повеќе алкохол од дозволената граница. 2000.- На првиот јужноафрикански самит, 12 шефови на држави ја потпишаа Бразилијанската декларација, во која е вклучена намерата за обединување на два главни трговски блока во Јужна Америка. 2000.- Во Скопје, во издание на ДИД "Магазин" излезе првиот број на списанието "Зум". 2001.- Во експлозија во еден од токиските ноќни клубови загинаа 44 лица. 2003.- Холандија стана првата земја во која е дозволено препишување на марихуана заради ублажување на страдањата на заболените, вклучувајќи ги сидата и ракот. 2004.- Група од 30-ина вооружени исламски терористи, со опасен експлозив, упадна во основно училиште во местото Беслан во Северна Осетија (автономна руска република на северниот Кавказ) и како заложници задржа преку 12.000 деца и возрасни. Повеќе од 340 заложници, повеќето деца, беа убиени во текот на тридневната драма. Лидерот на чеченските сепаратисти Шамил Басајев ја презеде одговорноста за овој терористички напад. 2022.- Почина Виктор Мизрахи, долгогодишен претседател на Еврејската заедница во Република Северна Македонија и поранешен почесен конзул на Израел. Тој активно учествуваше на домашен и меѓународен план во реализацијата и изградбата на единствениот сефардски Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија и во поставувањето на спомен обележје на депортираните македонски Евреи во меморијалната поставка во Треблинка. Виктор Мизрахи е роден во 1950 година во Скопје во еврејско семејство кое загубило стотина членови по бугарската фашистичка депортација на македонските Евреи во Втората светска војна. /МИА ###Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМилиони Шпанци на улиците- прв генерален штрајк по 14 години против станбената криза Милиони луѓе ширум Шпанија учествуваа во првиот генерален штрајк во земјата во последните 14 години, организирајќи протестни бдеења поради зголемените цени на становите, пред изборите на кои екстремната десница би можела да дојде до власт.Главната причина за денешниот прекин на работата на национално ниво, кој беше заеднички поддржан од најголемите шпански синдикати и здруженија на станари, е отпорот кон продлабочената станбена криза во Шпанија. Сандра Мора од Здружението на станари во Мадрид изјави за радиото RNE: „Исклучително е важно да се потсетиме на луѓето дека ние, работниците, кои исто така сме станари или плаќаме станбени кредити, сме тие кои имаат моќ да го запреме производството и да ја парализираме економијата“. Синдикатите известија за голем одзив на штрајкот во неколку сектори, вклучително и 90 отсто од работниците во автомобилската индустрија и пристаништата и 82 отсто од работниците во секторот за собирање отпад. Сепак, тие изјавија дека учеството не било еднообразно низ целата земја. Најголема поддршка е забележана во крајбрежните региони, како Каталонија и Андалузија, каде што е особено изразен растот на цената на становите. Според извештаите, многу училишта и универзитети биле затворени или работеле со минимален капацитет. Во Мадрид на штрајкот се приклучија просветните работници кој протестираат речиси еден месец, а кој е инициран поради барањата за подобрување на условите за работа, пишува The Guardian. Во Барселона, работниците поставија блокади на патиштата, на некои места користејќи запалени гуми, додека јавниот превоз речиси целосно запре. Во Мадрид избувнаа судири меѓу демонстрантите и полицијата во близина на главниот пазар на големо во земјата, додека демонстрантите турнаа големи корпи за рециклирање на улиците за да го блокираат сообраќајот. До средата напладне, владините претставници соопштија дека 27 лица биле уапсени низ целата земја поради помали инциденти. Плановите за попладневните протестни маршеви низ земјата беа загрозени од невремето, откако шпанската државна метеоролошка агенција издаде 14 предупредувања за две бури кои се очекуваат да донесат силен ветер, немирно море и обилни врнежи. Незадоволството кај Шпанците поради вртоглавото зголемување на цените на становите , кои се наталожуваа со години, избувна во јавноста во септември, откако 87-годишната Марикармен Абаскал, која живееше во куќата повеќе од седум децении, беше иселена од нејзиниот дом. Како што избувнаа протести и се појавија протестни кампови ширум Шпанија, вниманието на јавноста беше насочено кон пазарот каде што недвижниот имот се повеќе се користи за изнајмување туристи, како шпекулативен имот и за краткорочно изнајмување. Тоа доведе до зголемување на кириите за 80 отсто за десет години, додека цените на становите и куќите се зголемија за 63 отсто. Пред денешниот штрајк, Здружението на станари од Гранада се обиде да ја истакне оваа поврзаност со организирање акција во најпосетуваните туристички области во градот, каде што оштети околу 300 кутии со клучеви што ги користеа сопствениците на сместувачките капацитети за краткорочно изнајмување. „Не за капиталистите, не за барателите на кирии, не за нивните соучесници“, објави организацијата на социјалните мрежи, заедно со фотографии од кутии со клучеви со посебни потреби. Активистите за станбени права и синдикатите ја повикаа владата да преземе порешителни мерки за да интервенира на пазарот. Здруженијата на станари бараат мерки како што се ограничување на иселувањето на ранливите луѓе, замрзнување на кириите и сузбивање на краткорочното изнајмување на станови. Унај Сордо, водач на една од најголемите синдикални организации во земјата, Работничките комисии, изјави за радио станицата Кадена Сер: „Постои едно прашање што ја дели земјата: борбата за пристап до домување“. Во Шпанија, вонредните парламентарни избори се најавени за 29 ноември. Предвременото гласање го свика социјалистичкиот премиер Педро Санчез, откако десничарските партии го поразија законот за вонредни состојби чија цел беше да се реши станбената криза.Тагови: Шпанци штрајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ЖивотРозов дијамант е продаден за 13,1 милиони евра- „Мона Лиза“ меѓу дијамантите (ФОТО)Реткиот 24-каратен дијамант „Булгари Пинк“ е продаден во „Кристи“ во Женева за 12,1 милиони швајцарски франци, или околу 13,1 милиони евра.Дијамантот бил во приватна сопственост околу 70 години, а наводно го купило семејството на продавачот во Индија во 1950-тите, по што бил однесен во ателјето на модната куќа „Булгари“ во Рим. Се верува дека скапоцениот камен потекнува од рудниците Голконда во јужна Индија, познати по дијамантите од кои се добиени некои од најпознатите скапоцени камења во светот, вклучувајќи ги Ко-и-Нур и дијамантот „Надеж“. „Кристи“ го опиша „Булгари Пинк“ како „Мона Лиза на розовите дијаманти“, истакнувајќи ја неговата исклучителна чистота и транспарентност. Каменот е класифициран како дијамант од тип IIa, категорија која сочинува помалку од два проценти од дијамантите со квалитет на скапоцен камен. 1950年代のRomeでBulgariによってリングに仕立てられ、その後70年以上にわたり個人の手に守られてきた24カラットのピンクダイヤモンドが、初めてオークションに姿を現す。Bulgari Pinkは24.00カラットのエメラルドカット・ダイヤモンドで、カラーグレードはFancy Intense Pink。Christie’sによれば、 https://t.co/LZshgv6rRD — 社畜ミが強い。 (@dokodemoikiru) November 9, 2026 Пред аукцијата, се очекуваше дијамантот да се продаде за цена помеѓу 10 и 15 милиони швајцарски франци. На истата аукција беше понудена и приватна колекција од речиси 300 парчиња накит од 20 век, вклучувајќи дела од Булгари, Картие и Граф.Тагови: дијамант Мона Лиза Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСпасовски до Финансиското разузнавање: Што му кажавте на Славески за парите и луѓето зад Алта банка?Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од директорот на Управата за финансиско разузнавање да објасни кога Народната банка побарала проверки за Алта банка Белград.Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од директорот на Управата за финансиско разузнавање да објасни кога Народната банка побарала проверки за Алта банка Белград, што утврдиле тие проверки и какво мислење било доставено за потеклото на капиталот и за лицата кои управуваат со него. Спасовски посочи дека гувернерот Трајко Славески во своето сведочење се повикал на добиени позитивни мислења од надлежните институции, меѓу кои ја навел и Управата за финансиско разузнавање. Токму затоа, нагласи тој, јавноста треба да знае врз кои информации и податоци се темелело постапувањето на институциите. „При постапката за лиценцирање на Алта банка за мене беше логично и нужно да имате соработка со Народна банка, но таа моја логика е потврдена после исказот на гувернерот Трајко Славески којшто рече дека ги собрал сите мислења во однос на постапката за Алта банка, меѓу кои ја посочи и Управата за финансиско разузнавање и дека од таму се добиени сите потребни позитивни мислења во однос на работењето со Алта банка“, рече Спасовски. Тој ја истакна одговорноста на Управата во следењето на финансиските текови, проверката на сомнителните трансакции и утврдувањето на потеклото на средствата на инвеститорите кои влегуваат во државата. „Многу е важно инвеститорите во државата коишто влегуваат да видиме со какви финансиски средства располагаат и кое е практично нивното потекло“, нагласи Спасовски. Во обраќањето тој го отвори и прашањето за разликата меѓу постапувањето на институциите во Македонија и во Австрија. Според него, Финансиското разузнавање треба да објасни кои информации ги прибрало и како тие влијаеле врз мислењето што го користела Народната банка во постапката за преземање. „Практично финансиското разузнавање е тоа коешто ги прибира сите тие информации и податоци и на основа на тој склоп на информации и податоци вие практично можете да доставите одредено мислење коешто треба да го искористи гувернерот, односно Советот на Народна банка“, посочи Спасовски. Тој нагласи дека утврдувањето на улогата на секоја институција е важно за граѓаните и побара конкретен одговор за времето, содржината и резултатите од проверките. „Затоа моето конкретно прашање: кога беше побарано од гувернерот Трајко Славески, односно од Народната банка, да извршите проверки во однос на Алта банка Белград за купувањето на Стопанска банка Битола и на основа на тоа што укажавте на Народната банка во однос на капиталот и на лицата коишто го управуваат тој капитал во Алта банка Белград“, праша пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34