На денешен ден - Канал 5

На денешен ден

31 август 2024

На денешен ден

12.- Роден е римскиот цар Гај Јулиј Цезар Германик Калигула. Владеел свирепо, непресметливо, самоволно и со невидено расипништво од 37 до 41 година. Во 41 година бил убиен, а на негово место Сенатот за цар го прогласил неговиот чичко Клавдиј Тибериј Друз.

1688.- Умре англискиот писател и баптистички проповедник Џон Бањан. Поради држењето проповеди без дозвола на верските власти одлежал 12 години затвор.

1876.- Од власт е симнат турскиот султан Мурат Петти, а престолот го наследил неговиот брат Абдул Хамид Втори.

1908.- Роден е Вилијам Саројан, северноамерикански писател од ерменско потекло, еден од најпопуларните современи писатели во Америка. Познати негови дела се збирките раскази „Се викам Аврам, „Пет зрели круши, „Мамо, те сакам“, „Тато, ти си луд“, романите „Човекова комедија“ и „Доживувањата на Весли Џексон“, како и драмите „Моето срце е во гората“ и „Време на вашиот живот“. Умрел во 1981 година.

1924.- Кај селото Лопово на Пирин Планина бил убиен Тодор Александров. За убиството и нарачателот во историската наука постојат повеќе верзии. Тој бил македонски политички лидер и еден од водачите на ВМРО. Во 1898 година се приклучил во ТМОРО. Бил учител и раководител на месните комитети во Кочани, Виница, Кратово, Ново Село и Штип, секретар на четата на штипскиот војвода Мише Развигоров и на кочанскиот околиски војвода Симеон Георгиев - Кочански, окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ, член на ЦК на ВМОРО, член во Штабот на III македонска бригада во Балканските војни и во Штабот на партизанската чета на III бригада на XI македонска дивизија во Првата светска војна. По војната, заедно со Александар Протогеров и Петар Чаулев, ја обновил организацијата под името ВМРО (1919) и во 1920 ја зацврстил во Пиринскиот дел на Македонија, каде што создал организациона и воена база и оттаму ги обновил оружените четнички акции во Вардарскиот дел на Македонија. Дејствувал против политиката на земјоделската влада на Александар Стамболиски за зближување со Кралството на СХС. Го потпишал Мајскиот манифест за обединување на македонските револуционерни сили (1924), но пред убиството јавно се откажал од својот потпис. Роден бил во Ново Село, Штипско на 4 март 1881 година.

1939.- Пропаднале обидите на францускиот и британскиот премиер, Едуард Даладиер и Артур Невил Чемберлен, за преговори со германскиот водич Адолф Хитлер. Ден потоа нацистичките трупи ја нападнале Полска со што започнала Втората светска војна.

1941.- Умрела Марина Цветаева, руска писателка, една од најголемите поетеси во историјата на поезијата. Нејзини најпознати дела се збирките песни „Вечерен албум“, „Волшебниот фенер“, „Разделба“, „Занает“, како и драмите: „Жандарм херц“, „Виулица“, „Камениот ангел“, „Феникс“ и други. Родена била во Москва, на 26 септември 1892 година.

1942.- Советската армија во Втората светска војна ги исфрлила германските трупи од Букурешт, главниот град на Романија.

1944.- Албанските балисти го нападнале селото Блаце, Тетовско, и во мугрите на слободата уште еднаш ги покажале своите злодела преку палење, пљачкосување и убивање на невини жители. Со палежот на селото до темели биле изгорени 13 куќи и ѕверски убиени 12 родољуби.

1957.- Федерацијата на Малезија се здоби со независност.

1962.- Тринидат и Тобаго станале независна држава во рамките на британскиот Комонвелт.

1963.- Умрел францускиот сликар Жорж Брак. На почетокот работел во духот на фовизмот. Во 1909 година неговите слики изложени во Париз биле критикувани како кубистички. Заедно со Пабло Пикасо подоцна го создале кубизмот. Роден бил во 1882 година.

1970.- Во Скопје е роден Никола Груевски, македонски политичар. Бил министер за финансии во владата на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 до 2002 година, претседател на ВМРО-ДПМНЕ од мај 2003 година и претседател на владата на Република Македонија од 26 август 2006 до 18 јануари 2016 година. На парламентарните избори во 2016 година ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ номинално освоиле најмногу пратеници, но по постизборната коалиција на СДСМ со неколку албански етнички партии кога тие формираат нова влада, Груевски станува предводник на опозицијата во македонскиот парламент.

1973.- Умрел американскиот филмски режисер од ирско потекло Џон Форд. Форд бил автор на повеќе од 200 филмови.

1983.- Во Манила бил погребен лидерот на филипинската опозиција Бенин Акин. На погребот присуствувале повеќе од еден милион луѓе. Опозицискиот лидер бил убиен 10 дена порано на аеродром во Манила по враќањето од Америка каде што поминал три години како бегалец.

1986.- Умрел англискиот вајар Хенри Мур, еден од најголемите скулптори на 20. век. Роден бил во Кастелфорд во Јоркшир, на 30 јули 1898 година.

1986.- Умрел финскиот државник Урхо Кеконен, претседател на Финска од 1956 до 1982 година. Кеконен бил најистакнатиот фински политичар по Втората светска војна.

1992.- Регистриран е Комитетот на Хелсиншкиот парламент во Македонија со седиште во Скопје.

1994.- Трупите на поранешниот Советски сојуз и формално го повлекле военото присуство од поранешната Источна Германија. На церемонијата присуствувале претседателот на Русија Борис Елцин и германскиот канцелар Хелмут Кол.

1997.- Загинала британската принцеза од Велс - Дајана Спенсер, бившата сопруга на британскиот престолонаследник принцот Чарлс. Во истата автомобилска несреќа во Париз загинал и нејзиниот пријател Доди ел Фајед.

2003.- Кенија ја укинала забраната за дејствување на движењето Мау Мау, кое ја предводело борбата против британските колонијални власти во педесеттите години од 20. век.

2005.- Умрел британскиот физичар Џозеф Ротблат, еден од основачите на Пагвас конферецијата. За своите залагања против нуклераното вооружување бил добитник на Нобеловата награда за мир во 1995 година.

2013.- Папата Франциско го именувал искусниот дипломат надбискупот Пјетро Паролини за свој државен секретар, премиер на Ватикан и главен помошник, функција која често се нарекува „заменик папа“. Со именувањето на Паролини завршила ерата на кардиналот Тарчизи Бертоне, кој многумина го обвинувале дека не ги спречил етичките и финансиските скандали за време на папството на Бенедикт Шеснаесетти.

2014.- Во 90-та година од животот, во Скопје починала актерката Вера Вучкова - Жежељ, една од членките на иницијалниот ансамбл на МНТ кој на 3 април 1945 ја одиграл својата прва претстава „Платон Кречет“. Во таа историска претстава, Вучкова ја изговори митската реплика „Сонцето! Колку е блиску сонцето!“ Со Милчин и Стојанов, Вучкова исполнила на уште една историска театарска мисија: во јуни 1947, учествувала во основањето на Областен македонски народен театар во Горна Џумаја/Благоевград. Играла носечки ролји во сите пет претстави што овој театар ги изиграл во својата единствена сезона 1947-1948. Кариерата ја продолжила во Бугарија, каде како првенка на театрите во Благоевград, Димитровград и Бургас, играла полни 16 години. Во 1964 се вратила во Македонија, во ансамблот на МНТ, со кој настапувала и по пензионирањето во 1982-та. Во 2005 година, Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ на Вера Вучкова - Жежељ и додела награда за животно дело.

2015.- На 76-годишна возраст починал Вес Крејвен, легендарниот режисер на хорор-филмови, меѓу кои „Врисок" и „Кошмарот во улицата на брестовите“. Освен на хорор-филмови, Крејвен бил режисер и на „Музика на срцето", за кој Мерил Стрип беше номинирана за Оскар. Крејвен завршил филозофија. Тој бил, исто така, писател и издавач. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Талески до Савески: Зошто нема истрага за Алта банка за Мицкоски, Славески и Кочовски?

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од јавниот обвинител Савески конкретни одговори дали е оформен предмет.

Талески до Савески: Зошто нема истрага за Алта банка за Мицкоски, Славески и Кочовски?

Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од јавниот обвинител Савески конкретни одговори дали е оформен предмет, дали се преземени предистражни дејства и дали ќе се испитува евентуалната кривична одговорност на премиерот Христијан Мицкоски, гувернерот Трајко Славески и министерката за финансии, доколку доказите укажуваат на нивна одговорност.

„Господин јавен обвинител Савески, што повеќе треба да се случи за вие и вашето обвинителство да преземете конкретни предистражни дејства пред евентуални штети да станат уште поголеми? Дали Христијан Мицкоски, како што милува да ви кажува и да ви сугерира по телефон, и за овие работи ви се меша во вашата работа?“, праша Талески.

Тој потсети дека при изборот Савески се обврзал обвинителската функција да ја врши совесно, непристрасно и одговорно. Според Талески, повеќемесечните предупредувања за потеклото на капиталот на Алта банка бараат конкретно постапување, а не само следење на состојбите.

„Вашата функција не ви дава право селективно да одлучувате кои сомнежи заслужуваат внимание, а кои ќе ги оставите да чекаат“, нагласи Талески.

Пратеникот посочи дека граѓаните се соочуваат со страв и неизвесност околу пристапот до сопствените средства, додека носителите на највисоките функции ја префрлаат одговорноста меѓу себе.

„Имаме гувернер, министерка за финансии, премиер кои јавно си ја префрлаат одговорноста за тоа кој знаел, кој требало да знае и кој не знаел за влезот и работењето на оваа банка. И покрај сето ова, вие пред јавноста изјавувате дека обвинителството ја следи ситуацијата. Тоа и сега го потврдивте, но дека сè уште е рано да се зборува за формална истрага“, рече Талески.

Тој побара да се испитаат потеклото на капиталот, сопственичката структура, поврзаните лица и финансиските трансакции, како и евентуалните сомнителни трансфери меѓу Србија и Македонија. Дополнително, побара проверка на постапувањето на Народната банка и на евентуалното политичко влијание врз нејзините одлуки.

„Дали ќе го испитате постапувањето на гувернерот Трајко Славески? Дали при преземањето на банката биле исполнети сите законски услови? Дали Народна банка навремено ги утврдила ризиците и дали презела соодветни мерки? Дали ќе ја испитате комуникацијата на Народна банка и Владата, како и евентуалното политичко влијание врз одлуките на регулаторот“, праша Талески.

Особено ја нагласи потребата од навремено обезбедување на документацијата и финансиските траги, предупредувајќи дека одложувањето може да го отежни утврдувањето на вистината.

„Дали се обезбедени сите документи, електронска комуникација, банкарска документација и финансиски траги? Дали се преземени мерки за да не бидат уништени или прикриени доказите? Дали е побарана соработка со српските правосудни органи? Затоа што секој ден на неоправдано одолговлекување може да се зголеми ризикот од губење на докази и да се отежни утврдувањето на вистината“, истакна Талески.

На крајот, тој побара јасен одговор дали обвинителството е подготвено да постапува неселективно и да ја испита одговорноста на сите вклучени, независно од нивната функција.

„Дали сте подготвени да ја испитате евентуалната кривична одговорност на гувернерот Трајко Славески, министерката за финансии и премиерот Христијан Мицкоски, доколку доказите укажуваат на нивна одговорност? Дали сте подготвени да покажете дека во оваа држава нема недопирливи функционери?“, порача пратеникот на СДСМ, Миле Талески, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен.

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан.

Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки.

Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа.

Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата.

На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милиони Шпанци на улиците- прв генерален штрајк по 14 години против станбената криза

Милиони луѓе ширум Шпанија учествуваа во првиот генерален штрајк во земјата во последните 14 години, организирајќи протестни бдеења поради зголемените цени на становите, пред изборите на кои екстремната десница би можела да дојде до власт.

Милиони Шпанци на улиците- прв генерален штрајк по 14 години против станбената криза

Главната причина за денешниот прекин на работата на национално ниво, кој беше заеднички поддржан од најголемите шпански синдикати и здруженија на станари, е отпорот кон продлабочената станбена криза во Шпанија.

Сандра Мора од Здружението на станари во Мадрид изјави за радиото RNE: „Исклучително е важно да се потсетиме на луѓето дека ние, работниците, кои исто така сме станари или плаќаме станбени кредити, сме тие кои имаат моќ да го запреме производството и да ја парализираме економијата“.

Синдикатите известија за голем одзив на штрајкот во неколку сектори, вклучително и 90 отсто од работниците во автомобилската индустрија и пристаништата и 82 отсто од работниците во секторот за собирање отпад. Сепак, тие изјавија дека учеството не било еднообразно низ целата земја. Најголема поддршка е забележана во крајбрежните региони, како Каталонија и Андалузија, каде што е особено изразен растот на цената на становите.

Според извештаите, многу училишта и универзитети биле затворени или работеле со минимален капацитет. Во Мадрид на штрајкот се приклучија просветните работници кој протестираат речиси еден месец, а кој е инициран поради барањата за подобрување на условите за работа, пишува The Guardian.

Во Барселона, работниците поставија блокади на патиштата, на некои места користејќи запалени гуми, додека јавниот превоз речиси целосно запре. Во Мадрид избувнаа судири меѓу демонстрантите и полицијата во близина на главниот пазар на големо во земјата, додека демонстрантите турнаа големи корпи за рециклирање на улиците за да го блокираат сообраќајот. До средата напладне, владините претставници соопштија дека 27 лица биле уапсени низ целата земја поради помали инциденти.

Плановите за попладневните протестни маршеви низ земјата беа загрозени од невремето, откако шпанската државна метеоролошка агенција издаде 14 предупредувања за две бури кои се очекуваат да донесат силен ветер, немирно море и обилни врнежи.

Незадоволството кај Шпанците поради вртоглавото зголемување на цените на становите , кои се наталожуваа со години, избувна во јавноста во септември, откако 87-годишната Марикармен Абаскал, која живееше во куќата повеќе од седум децении, беше иселена од нејзиниот дом.

Како што избувнаа протести и се појавија протестни кампови ширум Шпанија, вниманието на јавноста беше насочено кон пазарот каде што недвижниот имот се повеќе се користи за изнајмување туристи, како шпекулативен имот и за краткорочно изнајмување. Тоа доведе до зголемување на кириите за 80 отсто за десет години, додека цените на становите и куќите се зголемија за 63 отсто.

Пред денешниот штрајк, Здружението на станари од Гранада се обиде да ја истакне оваа поврзаност со организирање акција во најпосетуваните туристички области во градот, каде што оштети околу 300 кутии со клучеви што ги користеа сопствениците на сместувачките капацитети за краткорочно изнајмување.

„Не за капиталистите, не за барателите на кирии, не за нивните соучесници“, објави организацијата на социјалните мрежи, заедно со фотографии од кутии со клучеви со посебни потреби.

Активистите за станбени права и синдикатите ја повикаа владата да преземе порешителни мерки за да интервенира на пазарот. Здруженијата на станари бараат мерки како што се ограничување на иселувањето на ранливите луѓе, замрзнување на кириите и сузбивање на краткорочното изнајмување на станови.

Унај Сордо, водач на една од најголемите синдикални организации во земјата, Работничките комисии, изјави за радио станицата Кадена Сер: „Постои едно прашање што ја дели земјата: борбата за пристап до домување“.

Во Шпанија, вонредните парламентарни избори се најавени за 29 ноември. Предвременото гласање го свика социјалистичкиот премиер Педро Санчез, откако десничарските партии го поразија законот за вонредни состојби чија цел беше да се реши станбената криза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер