На денешен ден - Канал 5

На денешен ден

1586.- Томас Хериот од Колумбија ги донесол првите компири во Англија.

На денешен ден

28 јули 2024

1741.- Умрел италијанскиот композитор и виолински виртуоз Антонио Вивалди. Познати негови дела се „L' estro armonico“ и „Il cimento dell'armonia e dell'inventione“.

1804.- Роден е Лудвиг Фоербах, германски филозоф. Бил под влијание на Хегел, а потоа станал критичар на неговата филозофија. Од делата познати му се „Суштината на христијанството“, „Мисли за смртта на бесмртноста“, „Суштината на религијата“ и други. Умрел на 13 септмври 1872 година.

1821.- Аргентинскиот генерал Хозе Сан Мартин ја освоил Лима и прогласил независност на Перу, главно упориште на шпанските власти во Латинска Америка. Перу била шпанска колонија од 1531 година. Овој ден се слави како ден на независноста на Перу.

1904.- На Селечка Планина, во близина на селото Селце, Прилепско, во борба против османлиската војска загинал Никола Каранџулов, македонски револуционер, војвода и учител. Роден бил во Прилеп, во 1880 година.

1914.- Почнала Првата светска војна. По атентатот (на 23 јули 1914 година) извршен врз војводата Фердинанд во Сараево, владата на Австро-Унгарија ја обвинила Србија како причинител за атентатот и упатила ултиматум кој бил отфрлен. Тоа било повод Австро-Унгарија да и објави војна на Србија, три дена подоцна Германија и објавила војна на Русија, а на 3 август на Франција.

1937.- Јапонците ја окупирале кинеската престолнина Пекинг.

1945.- Во Скопје излегол првиот број на весникот „Трудбеник“, орган на Земскиот одбор на Единствените синдикати на Македонија. Весникот излегувал еднаш неделно.

1976.- Во земјотресот што го погодил кинескиот град Тангшан загинале најмалку 242.000 луѓе.

1996.- Во Белград умрел д-р Ставре Нолчев, доктор на медицински науки и доцент на Медицинскиот факултет во Скопје, специјалист по пневмофитизиологија. Роден бил во Кочани, на 20 април 1949 година.

2004.- Во самоубиствен напад во ирачкиот град Бакуба загинаа најмалку 68 лица.

2019.- Актерот Гоце Влахов, член на ансамблот на Македонскиот народен театар (МНТ), почина во Скопје, на 70-годишна возраст. Од 1980 година до пензионирањето Влахов е дел од Македонскиот народен театар – Скопје, иако остварува бројни улоги на оваа сцена од 1972 година. Гоце Влахов ќе остане запаметен по вештината со која го создаде секој лик карактеристичен, секогаш сигурен во играта и страста кон театарот и претставата. Таа константност на играта му обезбедува важно место, место за паметење, велат од Македонскиот народен театар. Првата улога на сцената на Македонски народен театар Гоце Влахов ја остварува во 1972 година во претставата „Крал Лир“, а потоа се редат и „Хелдерлин“ (1973), „Сезона на шампионите“ (1975) и „Славата и смртта на Хоаким Муриета“ (1975). Во селективната театрографија ќе ги спомнеме и претставите „Милион маченици“ (1980), „Војна и мир во Груда“ (1981), „Остен“, „По претставата“(1981), „Габи“ (1982), Макавејските празници“, „Свирач на покрив“ (1983), „Воена тајна“, „Погрижи се за Амелија“ (1984), „Среќна нова 1949“, „Рамна земја“ (1985), „Тартиф“, „Гуштерица“ (1986), „Мрестење на краповите“, „Дон Кихот“ (1987), „Рави“ (1989), „Галеб“, „Посета на старата дама“ (1990), „Зора на истокот“ (1991), „МКС“ (1995), „Гроф Миливој“ (2001), „„Болва в уво“ (2007) и последната „Троил и Кресида“ (2010). Остварува главни улоги во филмовите „Чекор пред времето“ (2003) и „Андер“ (2004), а игра и во филмовите „Македонски дел од пеколот“ (1971), „Јад“ (1975), „Оловна бригада“ (1980), „Сенки“ (2007) и „Мајки“ (2010). Учествуваше и во снимањето на познатата телевизиска серија „Македонски приказни“ (од 1986 до 2012) и во ТВ серијата „Тврдокорни“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Жестока тепачка по турското дерби меѓу фудбалерите

Најголемото дерби во Турција, помеѓу Фенербахче и Галатасарај, заврши со тепачка меѓу играчите на теренот.

Видео: Жестока тепачка по турското дерби меѓу фудбалерите

Најголемото дерби во Турција заврши со победа на Галатасарај над Фенербахче (2:1), но натпреварот го одбележа хаос што настана веднаш штом судијата го означи крајот – и тоа меѓу фудбалери.

Прво дојде до кошкање, а потоа и до физички судир меѓу Арчи Браун и Абдулкерим Бадакчи.

Тие почнаа да разменуваат удари, паднаа на земја, а соиграчите и членовите на стручниот штаб веднаш интервенираа за да спречат уште посериозни инциденти.

Во еден момент, ситуацијата целосно излегла од контрола. До тој степен што полицајци морале на влезат на теренот за да спречат уште поголема тепачка. Играчите никако не можеа да се смират – имаше шутирање, туркање, закани...

Јасно е дека федерацијата ќе отвори истрага и дека ќе следат строги казни. Што се однесува до самиот натпревар, Виктор Осимен постигна два гола за победничкиот тим, додека Ирфан Кавеџи беше стрелец за гостите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи

„Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. 

Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на панел-дискусијата „Кој ја обликува праведната зелена транзиција“, во рамки на Социо-еколошкиот форум во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, каде ги претстави локалните политики и конкретните чекори што ги презема општината за енергетската транзиција, заштитата на зеленилото и унапредувањето на јавните простори.

Тој посочи дека општината со формирањето на „Енергија Центар“ во 2023 година, првото општинско претпријатие во државата за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори, стана лидер во процесот на енергетската трансформација.

„Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. Следен објект е ООУ „Димитар Миладинов“, каде по завршувањето на реконструкцијата на покривот ќе бидат инсталирани фотоволтаични централи. Наша цел е до крајот на мандатот сите образовни објекти под надлежност на Општина Центар да добијат фотоволтаични централи“, истакна Герасимовски.

Градоначалникот нагласи дека зелената транзиција подразбира и јавни простори што се пристапни за сите, вклучително и за постарите лица, лицата со попреченост и родителите со детски колички. Затоа, граѓаните треба да бидат вклучени уште во фазата на планирање, а не само да се консултираат откако проектите ќе бидат подготвени.

Општина Центар располага и со Зелен катастар и ГИС-портал, преку кои се евидентира, следи и планира зеленилото врз основа на конкретни податоци. Овие алатки овозможуваат подобар увид во состојбата со зелените површини и поодговорно планирање на нивната заштита и унапредување.

„Зелената транзиција не е само прашање на екологија и енергија. Таа е прашање на еднаквост, достапност и квалитет на живот. Ако сакаме навистина зелен и праведен град, мора да го градиме заедно со граѓаните, а не само за нив“, порача Герасимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џермејн Пенант, заврши во болница откако бил нападнат од германски овчар додека го шетал своето куче. 

Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци

Додека бил во прошетка, поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џермејн Пенант, бил нападнат од германски овчар, при што се здобил со сериозни повреди на ногата.

Тој завршил во болница, каде што лекарите му ги санирале раните од каснувањата и му ставиле повеќе од 50 конци.

Инцидентот се случил кога Пенант се обидел да го заштити своето куче, американска акита по име Кинг. Германскиот овчар прво го нападнал неговиот миленик, а поранешниот фудбалер веднаш реагирал за да го спречи судирот. Сепак, кучето потоа го нападнало него и го соборило на земја.

Пенант им раскажа сè на британските медиуми, опишувајќи ги моментите што се претворија во вистински кошмар. Како што изјави, кучето му ја држело ногата во вилиците најмалку пет секунди, додека тој лежел на земја.

„Беше навистина страшно. Другото куче го нападна Кинг, па јас скокнав да го заштитам.

Во следниот момент, кучето ме нападна мене. Завршив на земја, а тоа ми ја држеше ногата во вилиците најмалку пет секунди“, рече Пенант, додавајќи дека нема намера да го пријави инцидентот во полиција. Фотографиите што ги сподели поранешниот фудбалер покажуваат сериозни повреди на десната потколеница.

Лекарите санирале четири рани од каснување, но го предупредиле дека една особено тешка повреда можеби ќе бара хируршка интервенција.

Во текот на својата кариера, Пенант настапуваше за повеќе англиски клубови, меѓу кои Арсенал, Ливерпул, Бирмингем Сити, Лидс Јунајтед, Портсмут и Стоук Сити.

Својата професионална кариера ја заврши во 2018 година, на 36-годишна возраст, по 17 години поминати во фудбалот. Во Премиер лигата забележа вкупно 231 настап.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер