3Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
ЖивотНа денешен денВо Ферари умрел Лодовико Ариосто, прославен италијански епски поет, чиј витешки еп „Бесниот Роналдо“ станал блескав поетски израз на духот на уметничките и на модерните тенденции на италијанската ренесанса. 7 јули 2024 1533.- Во Ферари умрел Лодовико Ариосто, прославен италијански епски поет, чиј витешки еп „Бесниот Роналдо“ станал блескав поетски израз на духот на уметничките и на модерните тенденции на италијанската ренесанса. Пишувал и лирски песни, комедии и сатири. Роден бил на 8 септември 1474 година. 1854.- Умре германскиот физичар Георг Симон Ом, кој го открил односот на струјата на електромоторните сили и отпорот во електирчното коло, наречен по него Омов закон. Единицата за мрење на електричниот отпор во меѓународниот систем на мерки во негова чест е наречена Оm. 1860.- Во Калиш, во Чешка, е роден Густав Малер, австриски композитор. Бил директор на Државната опера во Виена. Дела: десет симфонии, циклуси соло песни за глас и оркестар „Песна за земјата“, „Песна за момчето-патник“, „Песна за мртвите деца“. Умрел во Виена, на 18 мај 1911 година. 1887.- Во Витебск, во Русија, е роден Марк Шагал, еден од најоргиналните европски сликари. Создал фантастични композиции од животот на Евреите и на руските селани. Се занимавал со графика и сценографија. Умрел во Ница, во Франција, на 28 март 1985 година. 1893.- Во Загреб е роден Мирослав Крлежа, хрватски писател, еден од најзначајните личности на културно-книжевните случувања во периодот по Првата светска војна. Неговиот книжевен опус опфаќа поезија, критики, полемики, драми, есеи, студии, романи и друго. Најзначајни негови дела се „Хрватскиот бог Марс“, „На работ од умот“, „Господа Глембаеви“, „Во агонија“ и други. Умрел во Загреб, на 29 декември 1981 година. 1898.- САД ги анектирале Хавајските Острови. Во прво време Хаваи имале статус на колонија, а во 1959 година станале педесетта сојузна држава во САД. 1899.- Во Њујорк е роден Џорџ Кјукор, познат американски режисер. Автор бил на многубројни филмови кои влегле во антологијата на светската кинематографија, меѓу кои најпознати се „Вчера во осум“, „Плинска светлина“, „Ѕвездата е родена“ и други. Умрел во Лос Анџелес, на 24 јануари 1983 година. 1911.- Роден е италијанскиот композитор Џан Карло Меноти, Дела: оперите „Конзул“, „Медиум“, „Амелија на бал“, радио-операта „Девојка и арамија“, „Телефон“, балетот „Себастијан“. 1921.- Во селото Брусник, Битолско, е роден Васко Карангелески, народен херој на Македонија. Загинал во несреќен случај, на 3 февруари 1977 година. 1930.- Умре англискиот писател Артур Конан Дојл, лекар по професија, кој се прославил со криминалистичките романи и раскази во кои главните јунаци се измислениот детектив Шерлок Холмс и неговиот пријател д-р Вотсон. Дела: романите „Гримизна студија“, „Спомените на Шерлок Холмс“, „Баскервилски пес“, „Белиот одред“, „Изгубен свет“, „Големата бурска војна“, историската студија „Историја на британскиот поход во Франција и Фландрија“. 1937.- Јапонската армија го нападнала кинескиот гарнизон кај Лучиоа, во близина на Пекинг. Кинеските сили се спротивставиле, па Јапонија тоа го искористила како повод за агресија врз Кина. Кинеско-јапонската војна траела се до капитулацијата на Јапонија во септември 1945 година. 1978.- Соломонските острови во југозападниот дел на Тихиот Океан се стекнале со независност и влегле во Британскиот комонвелт по 85 години британска колонијална управа. 1992.- Со 91 глас „против“, 7 „воздржани“ и 2 гласа „за“, пратениците на Собранието на Република Македонија не и изгласале доверба на Владата на Република Македонија. Првпат во историјата на Македонија „паднала“ влада. 1995.- Поранешниот шеф на италијанската дипломатија Џани де Микелис бил осуден на четири години затвор поради корупција. 2005.- Во серија експлозии кои го потресле лондонското метро и разнесле еден градски автобус загинале 52, а биле повредени околу 700 луѓе. Терористичката мрежа Ал-Каида-Џихад во Европа ја презела одговорноста за овие бомбашки напади во самиот центар на бритнаската престолнина. 2007.- Прогласени биле „новите“ седум светски чуда во текот на свеченоста која се одржала на стадионот „Бенфика“ во Лисабон: Големиот ѕид во Кина, Петра во Јордан, Статуата на Христос Спасителот во Бразил, Мачу Пикчу во Перу, пирамидата Чичен-ица во Мексико, Колосеумот во Рим и Таџ Махал во Индија. До овој избор дошло по гласовите на околу 100 милиони луѓе ширум светот на Интернет и по мобилни телефони. Критичарите на овој избор меѓу кои и УНЕСКО сметале дека светските чуда не треба да се избираат со јавно гласање. Египетските пирамиди во Гиза се единствените кои останале на првата листа на седумте светски чуда на стариот век. 2014.- Во Тбилиси по долго боледување починал поранешниот претседател на Грузија Едуард Шеварнадѕе. Шеварнадѕе бил претседател на Грузија од 1995 до 2003 година. Тој бил роден на 25 јануари 1928 година. 2014.- Во Мадрид на 88-годишна возраст починал легендарниот фудбалер Алфредо Ди Стефано. Најдобриот фудбалер во историјата на Реал Мадрид и почесен претседател на „кралскиот тим’’ родум од Аргентина. Својата богата фудбалска кариера ја започнал во родната земја, во редовите на Ривер Плата. Потоа бил фудбалер на Милионариос, од каде преминал во Шпанија и 11 години бил лидер на Реал Мадрид, а кариерата ја завршил во Еспањол. Ди Стефано бил прогласен за најдобар играч во историјата на Реал за кого одиграл 392 официјални натпревари и притоа постигнал 305 голови, што долг период преставувал и рекорд на клубот. Ди Стефано двапати го освоил престижното признание „Златна топка“, а во Лигата на шампионите или поранешниот Куп на шампиони дури пет пати се радувал на трофејот наменет за најдобриот тим во Европа. Алфредо Ди Стефано светот го познавал и како единствениот фудбалер кој настапувал за три репрезентации: Аргентина, Колумбија и Шпанија. Во кариерата одиграл вкупно 510 официјални натпревари и постигна 418 погодоци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАлександар Вучиќ предложен за претседател на СНССедницата на Главниот одбор на Српската напредна странка се одржа денес во „Белградска арена“.Вучиќ предложен за претседател на СНС – „Ќе има уште многу разочарувања за вас! На почетокот од своето обраќање, претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, предложи да се донесе одлука за свикување вонредно собрание на СНС за 13 декември. – На кое ќе го избереме новото партиско раководство и партиските органи, и ќе ја подготвиме партијата за периодот што претстои. Сметам дека е праведно и демократски, во нашата куќа, во нашето семејство, да дадеме отчет за сработеното во претходниот период. И партијата, со нов оптимизам и сила – без оглед на тоа колку може да биде тешко – треба да биде подготвена за идните политички предизвици; СНС треба да ја предводи Србија во политичката борба против теророт – рече тој. Тој го предложи Александар Вучиќ за нов претседател на СНС, што присутните го поздравија со аплауз. – Ние сме бастион на демократијата и на зачувувањето на суверенитетот во Србија. Ви благодарам многу – рече Вучевиќ. Потоа, Вучиќ излезе на бината и рече дека вакви седници се одржувале многу пати и дека честопати тие претставувале подготовка за одредени важни активности. - Досега речиси секогаш сме победувале. Имаше тешки моменти, особено по првиот круг од претседателските избори во 2012 година. Се сеќавам, Јелена Мијатовиќ беше таму, беше 7 мај, кога луѓето беа сигурни дека Тадиќ победува и дека ние немаме никакви шанси. За среќа, се опоравивме, застанавме на нозе и оттогаш само продолживме да победуваме. Покажавме дека, и кога победуваме и кога губиме, се однесуваме достоинствено, одговорно и сериозно; се однесуваме во согласност со интересите на граѓаните на Србија. Никој од нас никогаш не сакал да ја доведе во прашање стабилноста на Србија – рече Вучиќ. Тој изјави дека изборниот пораз е дел од животот и дека е нормално да се губат натпревари.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКиву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против МиланПредводникот на италијанскиот фудбалски шампион Интер, Кристијан Киву има лоша статистика во градското дерби против Милан, која сака вечењрва да ја прекине на дуелот кој стартува во 20-45 часот. „Нераѕурите“ предводени од Киву имаа забележано два порази на двете градски пресметки против Милан, но негативната серија на Интер во пресметките со големиот ривал трае веќе подолго време. Интер не знае за победа на седум натпревари во низа против „росонерите“, а новинарите го прашаа Киву дали неговиот тим денеска ќе игра и за враќање на честа во градот. – Мораме да бидеме најдоброто издание од самите себе на секој натпревар, а секој знае дека мотивацијата на дербито секогаш е нешто посебно. Исто така, мораме да се запрашаме зошто немаме победа на последните седум дерби-натпревари. Се случуваа изолирани инциденти, моменти кои одеа во нивна полза, како на првиот натпревар минатата година. Мораме да се жртвуваме повеќе од тоа што го правевме лани за да го промениме текот на дерби пресметките во наша полза, – изјави Киву.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
СветТехеран со предупредување до Европа: „Сега е ваш ред да платите“Официјален Техеран остро реагираше на изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за економските последици од војната, додека Берлин повикува на дипломатско решение на конфликтот.Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи предупреди дека нов напад врз Иран би можел да ја чини Европа многу повеќе од 100 милијарди евра, откако германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европската економија и потрошувачите веќе претрпеле многу дополнителни трошоци поради порастот на цените на енергенсите предизвикан од војната. Во објава на платформата „Икс“ (X), Аракчи потсети дека Мерц ги поздравил американско-израелските напади врз Иран минатата година, велејќи дека Израел ја врши „валканата работа за сите нас“. „Сто милијарди евра се ништо во споредба со разорниот удар што моќните вооружени сили на Иран ќе им го зададат на оние што ќе се осмелат да му наштетат на нашиот народ“, напиша Аракчи, додавајќи дека „црвените линии се минато“. Слична порака упати и секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохсен Резаи, кој ги критикуваше европските влади поради нивната загриженост за економските последици од војната. Мерц вчера, за време на неговата посета на Сеул, изјави дека повисоките цени на енергенсите, поврзани со конфликтот во изминатите осум месеци, ја чинеле Европа повеќе од 100 милијарди евра. Тој рече дека Германија ги интензивира дипломатските напори за ставање крај на војната и оцени дека конфликтот „не може да се реши со воени средства“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter