На денешен ден - Канал 5

На денешен ден

На денешен ден

1189.- Умрел англискиот крал Хенри Втори Плантагент, основач на династијата Плантагент, кој во текот на владеењето од 1154 до својата смрт ја ограничил улогата на Црквата во сферата на судството и другите домени на судскиот систем со што значително ја зајакнал кралската власт.

1415.- Во Констанца бил запален на клада Јан Хус, чешки верски реформатор, народен борец, прочуен проповедник, професор и ректор на Универзитетот во Прага, книжевен и културен работник, реформатор на јазикот и на правописот. Особено бил познат како борец против папската политика и претворањето на црквата во големопоседничка организација. Го криткувал луксузот на црковните кругови и барал од нив да се демократизираат, да не го експлоатираат народот. Роден бил во 1370 година.

1533.- Умрел италијанскиот писател Лодовико Ариосто. Дела: „Еп за Роланда“, комедиите „Негромант“, „Касрија“, лирски песни, сатири.

1535.- Во Тауер Грин бил погубен Томас Мор, англиски хуманист и државник, писател на социјални, историски и теолошки дела, родоначалник на утопискиот социјализам. Тој одбил да го признае кралот за црковен поглавар, па католичката црква го прогласи за светец. Најпознато негово дело е политичко-филозофскиот роман "Утопија". Роден бил во 1478 година.

1796.- Роден е рускиот цар Николај Први Павлович Романов, кој автократски владеел со Русија од 1825 се до смртта во 1855 година. Во првата година од владеењето го задушил востанието на декабристите (пролиберален бунт на петроградските полкови под влијание на модерните интелектуалци). Поради симпатиите кон непријателите на самодржавноста во периодот на неговото владеење осомничени биле многу руски интелектуалци, вклучувајќи ги Александар Пушкин, Михаил Љерментов, Висарион Белински, Тарас Шевченко.

1827.- Русија, Британија и Франција во Лондон потпишале договор со кој ја признале автономијата на Грција, а се согласиле да извршат притисок и врз Османлиското царство за примирје со грчките востаници.

1835.- Роден е австрискиот надвојвода Фердинанд Максимилијан Први Јозеф Хабзбург, кој во 1864 година за цар на Мексико го наметнал францускиот цар Наполеон Трети. Неговата намера била преку него да оствари француско влијание во Мексико. Мексиканските републиканци ги победиле интервенциските трупи и во 1867 година го стрелале Максимилијан Први, а за претседател на Мексико повторно го избрале Пабло Хуарес, наречен „Вашингтон Мексико“, кој за време на француската интеревенција од 1861 до 1867 година го предводел мексиканскиот народ во борбата за независност.

1885.- Францускиот научник Луј Пастер за првпат ја употребил својата вакцина против беснило. Овој историски потфат бил успешен.

1893.- Умрел Ги де Мопасан, француски писател, еден од најдобрите претставници на натурализмот. Напишал шест романи и околу триста новели и раскази. Од романите најпознати се „Еден живот“, „Љубимец“, „Пјер и Жан“, а од збирките раскази и новели „Госпоѓицата Фифи“, „Ловечки приказни“, „Сестрите Рондоли“ и „Страсти“. Роден бил на 5 август 1850 година.

1908.- Во Османлиското царство избила Младотурската револуција под водство на младите офицери и интелектуалци незадоволни од владеењето на султанот Абдул Хамид Втори.

1923.- Официјално било прогласено основањето на Светскиот Сојуз на Социјалистичките Републики (СССР), врз осова на Првиот сесојузен конгрес на советите одржан кон крајот на 1922 година.

1928.- Во Њујорк била одржана премиерата на филмот „Светлините во Њујорк“, прв тонски филм во историјата на кинематографијата.

1962.- Умрел американскиот писател Вилијам Фокнер, добитник на Нобеловата награда за литература во 1949 година. Дела: романите „Сарторис“, „Светлина во август“, „Комарци“, „Мечка“, „Диви палми“, „Војникова палата“, „Старец“.

1999.- Во Скопје умрел г.г. Михаил (Методи Гогов), поглавар на Македонската православна црква. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ, еден е од иницијаторите и организаторите на Иницијативниот одбор за организирање на црковниот живот во Макдонија и поборник за возобновување на Охридската архиепископија, професор во Средното богословско училиште и професор и декан на Богословскиот факултет во Скопје. Напишал повеќе дела и превел богослужбени книги. Бил поглавар четврти по ред, од 21 декември 1993 до 6 јуни 1999 година. Роден бил во Ново Село, Штипско, на 20 март 1912.

2000.- Во Скопје умрел Лазар Колишевски, народен херој на Југославија, од Македонија. Во март 1943 година при формирањето на ЦК КПМ бил избран за секретар на ЦК, потоа бил член на АСНОМ, во 1945 година бил избран за прв претседател на Првата народна влада на ДФ Македонија, а во 1953 година и за претседател на Народното собрание на НР Макеоднија. Извршувал и низа други значајни функции во Републиката и во федералните органи на СФР Југославија. Бил првиот претседател на Претседателството на СФРЈ по смртта на Јосип Броз Тито. Роден бил во Свети Николе, на 12 февруари 1914 година.

2004.- Умрел австрискиот државник Томас Клестил, претседател на Австрија од 1992 година.

2005.- Умрел францускиот писател Клод Симон, добитник на Нобеловата награда. Дела: „Трева“, „Фландриски пат“, „Палата“, „Историја“, „Ветер“.

2009.- Умрел Роберт Макнамара, архитектот на виетнамската војна, поранешен американски државен секретар за одбрана. Подоцна извесно време бил претседател на Светската банка.

2009.- Претседателите на САД и на Русија, Барак Обама и Дмитриј Медведев, во Москва го потпишале документот насловен „Заеднички меморандум за разбирање за идно намалување на стратешкото вооружување“. Документот предвидува обострано намалување за 1.500 до 1.675 нуклеарни боеви глави во период од седум години.

2018.- Македонскиот поп пејач и актер Влатко Илиевски (33) е пронајден мртов во својот автомобил „Тојота“. Својата кариера ја започна во почетокот на 2000-те и се стекнa со голема популарност ширум македонската публика. Изведуваше музички композиции со поп и рок елементи. Во 2011 година Влатко Илиевски ја претставуваше Македонија на Евровизија во Германија со песната „Русинка“. Пред да ја почне својата соло кариера, тој беше дел од музичката група „Морал“. Завршил на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а дипломираше со претставата „Гнев“ на Стивен Кинг. Со неговата 12 годишна возраст тој започнал да свири на гитара во локалните скопски бендови. Првите посериозни почетоци му биле со групата „Made in Macedonia“ во 2000 година кога освоиле две нагрди. Во 2000 година, македонскиот рок бенд „Морал“ му понудил на Влатко Илиевски да се приклучи на бендот. Во 2001 година тие ги снимиле своите први песни, а во 2003 година го завршиле својот албум „Кога патувам“. Албумот бил составен од песните: „Панично те сакам“, „Скопје“, „Ти си“, „Ова е Македонија“ и „А ти ме убиваш“. Во 2005 година „Морал“ биле предгрупа на концертот на „Дип Прпл“ (Deep Purple) во Скопје. Влатко Илиевски беше роден на 2 јули 1985 година во Скопје.

2018.- По кратко боледување, на 68-годишна возраст почина македонската писателка Олга Арбулјевска. Арбулјевска беше новинарка, поетеса, есеистка, преведувачка, и сликарка. Родена во Ниш, во 1949, детството го минала во Берово и Скопје. Автор е на четири поетски збирки: Канурки (1972), Икителија (1981), Светкамен (1991) и Животница (2006), како и на книгата есеи Ветрот на промените (1992). Во Историјата на македонската книжевност (1990) од М. Друговац, нејзината поезија е опишана како „игра, со мера и такт, меѓу архаичниот идиом и модерниот вербален знак“. Имаше дипломирано филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работеше како новинар во весниците Борба и Нова Македонија, и беше уредник за култура во националната телевизија Телма. Беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1973 година и на Македонскиот ПЕН центар од 1974 година. Арбулјевска имаше преведено и неколку книги на македонски јазик, меѓу кои е Градина, пепел од Данило Киш.

2020.- На 91 година почина славниот италијански композитор Енио Мориконе. Се смета за еден од највлијателните филмски композитори во 20-иот век. „Маестро“, како што го нарекуваа, е автор на музиката за над 700 филмови и серијали, меѓу кои и антологиските „Добар, лош и грд“, „Беше еднаш во Америка“, За грст долари“, „Егзорцист“, „Недоприливите“, „Мисија“… Енио Мориконе компонирал повеќе од 60 години. Седум пати беше номинирам за Оскар за музика, а наградата ја доби во 2016 година за филмот на Квентин Тарантино, „Омразените осуммина”.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од принцот Луис за Ноќта на вештерките

Сопругата на британскиот престолонаследник, принцот Вилијам, Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон ги изненади следбениците на кралското семејство, споделувајќи досега невидена фотографија од нејзиниот најмлад син, принцот Луис. 

Кејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од принцот Луис за Ноќта на вештерките

Фотографијата е направена за време на Ноќта на вештерките пред неколку години, кога принцот имал само една година.

Фотографијата е направена од самата принцеза во Норфолк и на неа се гледа насмеаниот, едногодишен Луис покрај голема тиква. На сликата, принцот носи син мантил за дожд, темни фармерки и светлоцрвени гумени чизми.

Фотографијата, објавена на официјалните профили на социјалните мрежи на принцот и принцезата од Велс, е придружена со натписот:

„Среќна Ноќ на вештерките! Принцот Луис, 1 година – фотографиран од принцезата од Велс.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.

Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС)

ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.

Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС), во врска со можни одливи на пари од сметките на банката и трансфери во странство. Исто така, денеска по електронска пошта до Обвинителството пристигна кривична пријава против „Алта банка“ како правно лице, како и против неколку одговорни лица во таа банка.

Од Министерството за внатрешни работи, односно од Службата за борба против организиран криминал (СБПОК), е побарано итно да постапат и да го проверат целокупното работење на банката, како и сите околности што довеле до одземање на дозволата за работа. Од Обвинителството наведоа дека на 27 октомври, поради написи во медиумите и на социјалните мрежи за одливи на средства од сметка на банка кон странство, испратиле барање до НБС за прибирање на потребните информации и податоци за сите трансакции извршени кон странство во периодот од 27 септември до денот на доставување на извештајот.

Постапувајќи по тоа барање, на 30 октомври, НБС ги достави податоците со кои располага во своите квартални извештаи, заклучно со 20 септември.

„Извештајот за бараниот период, како што наведоа од Народната банка на Србија, ќе биде доставен по 4 ноември 2026 година“, соопштија од Обвинителството.

На 29 октомври до НБС беше испратено ново барање за прибирање податоци, кое се однесуваше на конверзија и одлив на средства од сметката на „Алта банка“ АД Белград кон странство. Еден ден подоцна, на 30 октомври, обвинителството до СБПОК достави барање за проверка на работењето на „Алта банка“ и на одговорните лица во НБС, во врска со можни одливи од банкарски сметки и трансфери на пари во странство. Од Обвинителството соопштија дека денес добиле кривична пријава од НБС против банката и неколку нејзини одговорни лица, при што побарале полицијата итно да го провери целокупното работење на банката, како и околностите што довеле до одземање на дозволата за работа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Барселона во јануари ќе се обиде да ангжира двајца дефанзивци

Шпанскиот фудбалски шампионБарселона би можела да се обиде да ја засили одбраната за време на јануарскиот преоден рок, при што десниот бек на Тотенхем, Педро Поро, се издвојува како главна цел на каталонскиот гигант. 

Барселона во јануари ќе се обиде да ангжира двајца дефанзивци

Според новинарот на „Мундо Депортиво“, Роџер Торело, раководството на клубот не ја исклучува можноста за ангажирање и на централен дефанзивец и на бек, доколку на пазарот се појави соодветна можност.Според англиските медиуми, Хрватот Гвардиол исто така е една од желбите на Барса.

Тренерот Ханси Флик моментално се соочува со сериозни проблеми во одбранбената линија, предизвикани од повредите на Ерик Гарсија, Андреас Кристенсен и Жил Кунде.

Ситуацијата во одбраната стана уште позагрижувачка по поразите од ПСЖ и Реал Мадрид.

Барселона во моментов остана само на Пау Кубарси и Жерард Мартин како единствени опции на позицијата централен дефанзивец.

Сепак, засега ангажирањето на 27-годишниот шпански репрезентативец Поро во јануари ќе биде исклучително тешка задача, со оглед на тоа што Тотенхем летово потпиша нов договор со него, обврзувајќи го на верност кон клубот од Лондон сè до 2031 година.

Според тоа, летниот преоден рок се чини како многу пореален период за реализација на овој голем трансфер – под услов Каталонците да успеат да ги обезбедат потребните финансиски средства.

Пред да испрати каква било официјална понуда, Барселона ќе мора да обезбеди средства преку продажба на постоечки играчи, за да не го загрози буџетот на клубот.

Иако Поро е означен како примарна цел за позицијата десен бек, во моментов нема официјален договор, ниту пак е испратена понуда до англискиот клуб. Одлуката на управата и спортскиот сектор ќе зависи од развојот на ситуацијата со повредените играчи, како и од финансиските можности на клубот во наредните месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер