Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
1Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
2НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
1Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
ЖивотНа денешен ден1 јуни- Меѓународен ден на детето 1804.- Во Новоспаско, кај Смоленск, е роден Михаил Ивановиќ Глинка, руски композитор и еден од основачите на националниот музички стил во Русија. Со своите композиции го прославил рускиот музички стил во целиот свет. Тој ја компонирал првата руска национална опера "Иван Сусанин", како и операта "Руслан и Људмила". Компонирал оркестарски дела, камерна музика, романси и друго. Умрел во Берлин, на 15 февруари 1857 година. 1876.- Во борбата против турската војска загинал Христо Ботев, бугарски револуционер, поет и публицист. Пропагирал јужнословенско единство и социјалистички идеи. Неговата поезија е борбена, социјално бунтовна, но секогаш уметнички вредна. Песните „Борба“, „Ѓурѓовден“, „Хаџи Димитар“ содржат трајни универзални пораки со слободарско-бунтовнички карактер. Роден бил на 6 јануари 1849 година. 1880.- Во САД била поставена прва јавна телефонска говорница во светот, во зградата на „Јејл банката“ во Њу Хевен. 1926.- Во Лос Анџелес е родена Норма Џин (Мерилин Монро), американска филмска актерка. Играла во филмовите „Џунгла на асфалтот“, „Нијагара“, „Автобуска станица“ и „Седум години верност“. Умрела на 5 август 1962 година 1941.- Германците го освоиле Крит и заробиле 13.000 британски војници со што обезбедиле важна база во Втората светска војна за операции на Блискиот Исток и во Северна Африка. 1943.- Врз основа на известувањето на германските шпиони во Мадрид, германски ловци собориле еден британски патнички авион, сметајќи дека во него се наоѓа британскиот премиер Винстон Черчил. Во злосторничкиот напад загинале сите патници, меѓу кои и познатиот филмски актер Лесли Хауард. 1945.- Стапила во сила одлуката на Владата на ДФ Македонија од 19 мај 1945 за формирање на Македонски федерален статистички уред. На 1 јуни 1995 година била донесена одлука со која 1 јуни е прогласен за Ден на статистичарите на Македонија. 1946.- Во Битола е роден Славе Димитров, познат македонски композитор, пејач, аранжер и музички продуцент. Кариерата како музички автор, аранжер и изведувач ја започнал во Битола. Во 1971 година на Фестивалот на забавна музика „Скопје“ за првпат е изведена неговата легендарна песна „Чија си“, која доживеа повеќе верзии и безброј изведби кај нас и во странство. Димитров успешно учествувал на речиси сите забавно-музички фестивали во СФРЈ. Многу негови песни станаа хитови („Нежност“, „Има една мома“, „Тивко тивко“, „Дали да ти пријдам“, „Момчето со мандолина“ „Есенска роза“, „Ѕма ѕма ѕм“, „Ти само збориш“...) Големо место во неговиот опус зафаќа музиката што ја компонира за ТВ серии, драми, филмови, театарски претстави („Исправи се, Делфина“, „Големата соба“, „Томе од бензинската пумпа“, „Опстанок“, серијата за деца „Загубено па најдено“...). Меѓу првите во Македонија го воведува компјутерот како помагало во процесот на создавање музика, на што со голем успех се надоврзале неговите синови Оливер и Дарко Димитрови, во својство на композитори, аранжери и продуценти. 1947.- Започнала мелиорацијата на Струмичкото Поле, односно прокопувањето на каналот за исушување на Моноспитовското блато. 1953.- Во Женева била основана Европската организација за нуклеарни истражувања. 1968.- Умрела Хелен Келер, американска писателка и преведувач. Слепа и глувонема од втората година на животот, со одличен успех завршила филозофски студии и станала истакнат јавен работник на полето на општествената реформа. Напишала повеќе автобиографски дела, меѓу кои „Историја на мојот живот“ и „Светот во кој живеам“. Родена била во 1880 година. 1974.- Умрел Хуан Перон, аргентински политичар и државник. Роден бил во 1895 година. 1992.- Во Скопје бил поставен камен-темелникот на Домот-музеј на народна музика, објект што на Македонија и го подарија македонските естрадни уметници Есма и Стево Теодосиевски. Свечено бил пуштен во употреба во мај 1996 година. 1994.- Јужна Африка по 33 години се вратила во Британскиот комонвелт. 1994.- Армандо Калдерон Сол станал прв претседател на Ел Салвадор по завршувањето на граѓанската војна која повеќе децении траела во оваа држава. 1996.- Украина, со одлука на претседателот Леонид Кучма и Националниот парламент станала земја без нуклеарно оружје, префрлувајќи ги во Русија последните ракети со нуклеарни глави. 2000.- Во Њујорк умрел Тито Пуенте, светски популарниот латинскоамерикански слеп музичар. Роден бил во 1923 година. 2005.- Холандските гласачи на референдум го отфрлиле Предлог-уставот на Европската унија. 2010.- Починал Андреј Вознесенски, руски поет, писател и есеист, добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата. Вознесенски бил еден од таканаречените „деца на 60-тите“, една генерација уметници која го вкусила интелектуалното ослободување за време на постсталинистичкото одмрзнување. Неговите иновативни стихови ги иритирале властите и тој честопати бил критикуван од конзервативните советски писатели. Во 1978 година Вознесенски ја добил Државната награда на Советскиот Сојуз, а во 1984 година се закитил со Златниот венец на Струшките вечери на поезијата. Исто така, тој бил почесен член на десет академии, меѓу кои и на Американската академија на уметности и писма и париската Académie Goncourt. Заедно со Евгени Евтушенко, Бела Ахмадулин, Роберт Рождественски и Булат Окуџава во 70-80-те години на дваесеттиот век станале познати низ целиот свет. Неговите дела се преведени на најголемите светски јазици. Попознати збирки поезија: „Мозаик“, „Триаголна круша“ , „Анти-светови“, „Пушти ја прицата“, „Казиното Русија“ и други. Роден бил на 12 мај 1933 година. 2018.- По кратко боледување, на 76-годишна возраст почина генерал мајор Борис Стојановски, пензиониран генерал на Армијата на Република Македонија. Генералот Стојановски, во текот на неговата воена кариера до неговото пензионирање во 2000 година, извршувал повеќе високи должности во Армијата на Република Македонија, како: командант на третиот армиски корпус, помошник на началникот на ГШ на АРМ за морално психолошка подготовка и последната помошник на началникот на ГШ на АРМ за меѓународна соработка, културни дејности и традиции. За време на осамостојувањето на Република Македонија Стојановски ја извршувал должноста, командант на територијалната одбрана на град Скопје, а во 1992 година, со Указ од претседателот на РМ се унапредува со чин генерал мајор. Во пензионерските години тој остана активен придонесувач во полето на одбраната учествувајќи на повеќе конференции во областа како потпретседател на Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста, а е потпишан како коавтор на монографијата „Воените генерали од Македонија“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
ЖивотТркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)Едноставна прошетка се претвори во драматичен инцидент за 19-годишник од Сантијаго, главниот град на Чиле.Младиот човек безгрижно одел по тротоарот кога, од никаде, пред него се појавило тркало од автомобил и со голема брзина излетало од правец на улицата. Тој поминал со полесни повреди Снимка од надзорна камера го забележала драматичниот момент во кој момчето било соборено на земја од силата на ударот, по што загрижените сограѓани му се приближиле. И покрај сè, 19-годишникот преживеал и бил пренесен во клиниката Санта Марија, каде што добил прва помош за повреди на челото, лицето и градите. Надлежните органи го идентификувале возилото од кое се откинало тркалото, како и возачот, а започната е истрага за да се утврдат околностите на бизарниот инцидент. ⚠️ CCTV footage captures the moment a rogue wheel came flying, seemingly out of nowhere, before striking a 19-year-old pedestrian in Santiago, Chile. https://t.co/SRBU6fODCV — TMZ (@TMZ) November 5, 2026 Тркалото удрило и во два автомобила Според изјавата на возачот, автомобилот бил паркиран во гаражата непосредно пред несреќата. Додека возел, едно од тркалата одеднаш се откинало, објавува Иефимерида. Прво удри во два автомобила, потоа се одби и со голема брзина летна на широкиот тротоар на авенијата Лос Леонес. Во следниот момент, силно го удри 19-годишникот одзади, соборувајќи го на земја.Тагови: момче тркало Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
СудбинаАпокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)Десетици китови-пилоти се пронајдени насукани на плажа на Северниот остров на Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да ги вратат малкуте преживеани во морето, соопшти Одделот за заштита на природата.Најмалку 20 китови-пилоти се насукани по должината на брегот на Нгави, во близина на ’ртот Палисер, најјужната точка на Северниот остров, според „The Straits Times“. Одделот соопшти дека соработува со локалното племе Маори и Проектот Џона, организација специјализирана за спасување на насукани китови. Досега, две животни се успешно вратени во морето. Според локалните жители, дури 50 китови се насукале на брегот преку ноќ, објави Радио Нов Зеланд. Повеќето од животните им подлегнале на повредите, додека волонтерите се обидуваат да ги одржат преживеаните китови во живот и да спречат нивно дехидрирање користејќи кофи со вода и крпи. „Ужасно е. Оние што се уште се живи едвај дишат“, изјави жителот на Нгави, Роб Барг, за Радио Нов Зеланд. در پی بهگلنشستن گروهی از نهنگهای پایلوت (Pilot Whales) در سواحل منطقه ویراراپا، در نزدیکی دماغه پالیزر در جزیره شمالی نیوزیلند، گروهی از داوطلبان و نیروهای امداد حیاتوحش برای نجات این پستانداران دریایی وارد عمل شدند. بر اساس تصاویر منتشرشده از سوی خبرگزاری فرانسه (AFP)، داوطلبان برای بازگرداندن دستکم ۱۴ نهنگ به آبهای عمیقتر تلاش کردهاند. با این حال، گزارشهای منتشرشده از ابعاد گستردهتر این حادثه و تلفات سنگین آن حکایت دارند. وزارت حفاظت محیطزیست نیوزیلند اعلام کرده است که دو گروه از نهنگها در محدوده ساحلی نگاوی گرفتار شدهاند. بر اساس گزارش اولیه این وزارتخانه، در گروه نخست تنها چهار نهنگ زنده باقی مانده بودند و امدادگران در حال آمادهسازی برای تلاش مجدد جهت بازگرداندن آنها به دریا، همزمان با بالا آمدن آب بودند. گروه دوم نیز در نقطهای دیگر از ساحل تحت ارزیابی قرار داشت. شبکه «وان نیوز» نیوزیلند در گزارشی بهروزشده اعلام کرد که گمان میرود دستکم ۳۰ نهنگ در جریان این حادثه جان باخته باشند. در همین حال، برخی ساکنان محلی تعداد نهنگهای گرفتار را حدود ۵۰ رأس برآورد کردهاند. نهنگهای پایلوت حیواناتی اجتماعی هستند و اعضای یک گروه پیوندهای محکمی با یکدیگر دارند، به همین دلیل، هنگامی که یک نهنگ به سمت آبهای کمعمق حرکت میکند، سایر اعضای گروه نیز ممکن است از آن پیروی کنند و در نتیجه تعداد زیادی از آنها همزمان گرفتار شوند. — independentpersian (@indypersian) November 5, 2026 Проектот Џона објави на Фејсбук на 5 ноември дека четири од китовите се уште се живи и дека спасувачите ќе се обидат да ги вратат во морето при плима. Насукувањето на китови е релативно честа појава во Нов Зеланд и соседна Австралија, поради големиот број китови-пилоти кои ги населуваат длабоките води околу двете островски земји. Причината за феноменот е сè уште непозната.Тагови: китови Нов Зеланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЛидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе Кенискиот суд денеска го осуди водачот на сектата Пол Мекензи на 200 години затвор за убиство на 190 деца кои биле изгладнети до смрт и закопани во шумата по негова наредба. Тие се меѓу околу 500 лица осомничени дека се поврзани со едно од најлошите масовни ритуални злосторства во модерната историја. Казната се состои од 100 години затвор за убиствата од глад и уште 100 години за директните убиства, изјави судијката Дијана Кавеџа читајќи ја пресудата, објави Ројтерс. Обвинителството изјави дека Мекензи, кој водел апокалиптична христијанска црква во шума во близина на брегот на Индискиот Океан во источна Кенија, им рекол на своите следбеници да се изгладнат себеси и своите деца до смрт за да стигнат до рајот пред крајот на светот. Неговите соучесници им се заканувале и ги тепале жртвите за да ги принудат да ги следат неговите наредби. Изгладнетите тела биле пронајдени расфрлани во плитки гробови и фрлени во тоалети. Некои жртви биле закопани живи. Макензи, облечен во сива поло маица и црни панталони, се насмевна додека влегуваше во шатор поставен пред судот каде што се одржуваше рочиштето. Тој ги негираше обвиненијата за убиство, велејќи дека не ги принудил жртвите да гладуваат. Судот ја отфрли неговата одбрана. Татко загубил шест деца Случајот ја шокираше Кенија во април 2023 година, кога полицијата почна да открива тела во шумата Шакахола, во близина на крајбрежниот град Малинди. Иако судењето ги опфаќа само случаите на 190 деца и една возрасна жртва, Националната комисија за човекови права на Кенија вели дека вкупно 448 тела се пронајдени во шумата. Макензи е обвинет и за наредба за убиства на 52 лица пронајдени на друга локација, во село оддалечено 30 километри, со што бројот на потенцијални жртви се зголеми на 500. Во тој случај, тој се изјасни за невин. Размерот на убиствата е споредлив со апокалиптичниот култен злостор во кој загинаа повеќе од 700 луѓе во Уганда во 2000 година, како и масакрот во Џонстаун во Гвајана во 1978 година, кога американски водач на секта им наредил на повеќе од 900 луѓе да пијат отров. Стивен Мвити, 48, татко на шесте деца на Мекензи кои биле жртви и сопруг на еден од неговите осудени соучесници, рече дека неговата сопруга ги однела децата во Шакахоле, каде што умреле од глад. Дури и ако возрасните се согласат да постат, „што е со децата?“, праша Мвити за Ројтерс пред пресудата. „Ги изгубив моите деца и нема да можам да ги вратам, без разлика што ќе се случи со Мекензи и неговите соучесници“, рече Мвити. „Очекувам да биде осуден на смрт или доживотен затвор, за да не излезе никогаш и да предизвика повеќе смртни случаи.“ Ден Мекензи, еден од синовите на Пол, рече дека неговиот татко не го поштедил своето семејство. „Не завршив во Шакахола затоа што повеќе не верував дека ќе одиме во рајот. Затоа ја напуштив црквата и почнав да си го правам своето“, изјави тој за Ројтерс. „Исто така, изгубив пријатели, како и помлад брат. Ова е правда за луѓето што ги изгубивме таму во Шакахола.“ Важен чекор, но потребна е поголема одговорност Макензи е на радарот на властите од 2017 година, кога полицијата изврши рација во неговите простории. Властите ја затворија неговата црква во Малинди во 2019 година, по што тој се пресели во блиската шума Шакахола. Откритијата доведоа до повици за построги контроли врз религиозните групи Кенискиот претседател Вилијам Руто назначи работна група во мај 2023 година за да ја разгледа законската и регулаторната рамка. Одделни предлози поддржани од владата и Сенатот беа објавени во 2024 година, но сè уште не се усвоени. Оџиро Одиамбо, раководител на единицата за брза реакција во Комисијата за човекови права на Кенија, рече дека пресудата е важен чекор, но дека одговорноста мора да се прошири, бидејќи локалните администратори, полицијата, разузнавачките службеници и верските водачи се сметаат за одговорни за тоа што не постапиле по повторените предупредувања. „Сите овие луѓе ги изневериле граѓаните“, рече тој. Руто во 2023 година изјави дека како претседател ја преземал одговорноста за неуспехот на владата да спречи умирање на луѓе.Тагови: затвор секта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00