На денешен ден - Канал 5

На денешен ден

7 април 2024

На денешен ден

- Денеска е Светски ден на здравјето. Во 1948 година стапил во сила Уставот на Светската здравствена организација.

1348.- Во Прага бил основан Универзитет, прв во централниот дел на Европа.

1614.- Умрел шпанскиот сликар и вајар од грчко потекло Ел Греко. Од родниот Крит преку Венеција, каде што учел да слика кај Јакоп Тинторето, и Рим пристигнал во шпанскиот град Толедо во кој живеел 37 години и останал до смртта. Тој најмногу сликал портрети и обработувал религиозни теми. Негови најпознати дела се „Погребот на грофот Оргаза“, „Духови“, „Лаокон“, „Толедо“ и други.

1770.- Роден е англискиот писател Вилијам Вордсворт, чија поезија го означи преминот од класицизмот во романтизмот. Централна тема на неговата лирика е описот на чувствувањето на мистичната поврзаност со природата. Негови познати дела се збирката песни „Лирски балади“ и стихуваната автобиографија „Прелудиум“.

1772.- Роден е францускиот економист Шарл Фурие, социјалист-утопист кој сметал дека капитализмот е „асоцијален“ бидејќи во него поединците се во постојана војна едни со други. Дела: „Новиот индустриски и општествен свет“, „Теорија на четири проекти“, „Собрани дела“.

1915.- Родена е американската пејачка Елинора Фејгн, позната како Били Холидеј, наречена „кралица на џезот и блузот“. Според музичките критичари, се уште ниту еден џез-пејач не се доближил до нејзините интерпретации.

1939.- Фашистичка Италија започнала инвазија врз Албанија. Земјата била заземена без ниеден испукан куршум.

1939.- Роден е американскиот филмски режисер, сценарист и продуцент Френсис Форд Копола, еден од најзначајните филмски творци во САД во втората половина на 20 век, добитник на пет Оскари и две „Златни палми“ на фестивалот во Кан. Ги режирал филмовите „Деменција“, „Сега си голем дечко“, „Долината на среќата“, „Кум“, „Кум II“, „Кум III“, „Големиот Гетсби“ и други, а сценарио напишал за „Њујоршки приказни“, „Кум“, „Деменција“ и други филмови.

1945.- Американските авиони во Втората светска војна го потопиле најголемиот јапонски воен брод „Јамато“.

1947.- Умрел американскиот автомобилски магнат Хенри Форд, кој најмногу придонесол за развојот на автомобилизмот. Првите „бензински кочии“ ги конструирал во 1896 година, а од 1899 година произведувал автомобили. Прв го вовел сериското производство, а во 1908 година го создал „моделот Т“, првиот „народен автомобил“.

1953.- Во Белград умрел Димитар Влахов, македонски револуционер, политичар и публицист. Повеќе децении бил присутен на македонската историска сцена во борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување. Роден бил во Кукуш, Егејска Македонија, на 8 ноември 1878 година.

1963.- Донесен бил уставот со кој називот Федеративна Народна Република Југославија бил сменет во Социјалистичка Федеративна Република Југославија, а Јосип Броз бил прогласен за доживотен шеф на државата.

1966.- Од Средоземното Море кај шпанскиот брег била извадена американска хидрогенска бомба, која паднала од авион поради техничка грешка.

1980.- САД ги прекинале дипломатските односи со Иран.

1990.- Фериботот „Скандинавска ѕвезда“ бил зафатен со оган во текот на крстарење во Северното Море меѓу Норвешка и Данска и во несреќата загинале 158 луѓе.

1992.- САД ги признале како независни држави поранешните југословенски републики Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

1994.- Во текот на судирите меѓу припадници на војската, полицијата и бандите во главниот град на Руанда, Кигали, бил убиен премиерот Агата Увилингијиман.

2005.- По речиси шест децении, откако во 1947 година била повлечена границата меѓу Индија и Пакистан во Кашмир, отворена била автобуска линија меѓу престолнините на индискиот и пакистанскиот дел на Кашмир, Шринагар и Музафарабад.

2006.- Во северен Багдад, во три експлозии на бомбаши-самоубијци внатре и пред шиитска џамија загинале 70 луѓе, а биле ранети 158 лица.

2019.- Почина светски познатиот актер Сејмор Касел. Актерот својата актерска кариера ја започна пред 50 години, а бил дел од 200 филмски проекти. Имаше улоги во филмовите “Rushmore”, “The Royal Tenenbaums” и “The Life Aquatic with Steve Zissou”. Тој од бракот со својата сопруга од која се разведе има три деца. Ќе остане запаметен и по тоа што тој му го даде прекарот на Слеш од „Guns’n’Roses”, додека тој се дружел со син му. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија

Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија, додека се распаѓа финансискиот систем, тој на екскурзија.

СДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија

Мицкоски вели дека изминатите денови бил многу лично фокусиран на предметот за Алта банка и дека денеска е голем оптимист. Банката ќе биде спасена. Опозицијата ќе биде разочарана.

Лично фокусиран Мицкоски ама во Германија. Додека се распаѓа финансискиот систем на Македонија, додека се воведува присилна управа во банката, а луѓето не можат до своите пари за храна, пензионерите за лекови – тој беше на екскурзија по Германија, толку е фокусиран.

Опозицијата не сака црно сценарио. Сценариото веќе е доволно црно затоа што банката е пералница на пари на Вучиќ, од неговиот картел во кој е Мицкоски. 11 месеци предупредуваме на ова сценарио.

Сега кога обвинителот Савески добил зелено светло преку медиумите дека шефот Мицкоски му вели дека може да почне да работи, нека почне од Мицкоски и гувернерот. Па да види што се договориле со Вучиќ.

Заради вакви работи, ѕвонење по телефон, управување со обвинителството од говорница и телевизија е состојбата во правосудството заради која е таков извештајот на Европската комисија.

Важна работа е да се претстават на јавноста сметките и трансакциите пред Мицкоски со насилно преземање од страна на банка на која и се врши притисок.

Обвинителството и полицијата да известат за сè што се случувало во банката.

Банка со вакво портфолио, под истрага, сопственик во затвор, сметки што се отвораат во Белград, перење пари, истраги во Хрватска, Црна Гора, Австрија, централна банка на ЕУ – ниту една банка не би ја зела освен под притисок, и тоа се знае дека е една банка на која Мицкоски и врши притисок.

Денеска Мицкоски повторно ја извртува вистината. Банката во Австрија не дала дозвола за работа, туку НБС и НБРМ.

Тоа што преземале банка сега е под истрага.

Знае Мицкоски каде води истрагата. Знае дека Вучиќ ќе го повлече со себе. Знае дека по Орбан, Вучиќ доаѓа потоп.

Вели „увезен проблем“! Да. Тој го увезе од својот шеф Вучиќ, како што извезе 5 тони за село Коњух.

И пак како со фантомските инвеститори, некоја банка, 5, 6 банки. Секогаш лага и само лага. Нека каже која е банката за да не мораме ние да кажеме, бидејќи веќе сè знаеме.

Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа.

Вистината излегува. Бандата ќе одговара.

Скопје,9.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Од денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.

Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства.

Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Н.Е. Кристоф Сомер, во духот на пријателството, меѓусебната почит и отвореноста за соработка.

Ѓорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за Скопје

- Како градоначалник, мојата определба е да создаваме партнерства што ќе придонесат за развојот на Скопје и за поквалитетен живот на нашите сограѓани. Швајцарските искуства во локалното управување, заштитата на животната средина и унапредувањето на јавните услуги се значајна можност за размена на знаења и добри практики. Верувам дека преку отворен дијалог и заеднички иницијативи можеме да создадеме основа за соработка со конкретни придобивки за нашиот град. Скопје заслужува да се развива, да учи од најдобрите и да отвора нови можности за своите граѓани - рече на средбата градоначалникот Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски му изрази благодарност на амбасадорот Сомер за посетата и за срдечниот разговор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер