На денешен ден - Канал 5

На денешен ден

6 април

На денешен ден

885.- Умрел словенскиот просветител Методиј, постариот брат на Кирил, со кого ја составил првата словенска азбука, глаголицата.

1199.- Умрел англискиот крал Ричард Први Плантагент, наречен „Лавовско срце“, еден од водачите во Третата крстоносна војна.

1490.- Умрел унгарскиот крал Марија Хунјади, познат како Матија Први Корвин, кој во текот на владеењето од 1458 година војувал против Турците и хабзбуршките владетели. Ја зазел Виена во 1486 година во која и умрел. По неговата смрт Унгарците ги изгубиле сите територии кои тој ги освоил.

1528.- Умрел германскиот сликар Албрехт Дирер, еден од најголемите ренесансни мајстори. Сликал природа, а работел и акварели. Неколку години живеел во Нирнберг, каде што ги создал најзначајните дела, вклучувајќи ги и „Четири апостоли“, „Портрет на Холцшуер“ и други.

1667.- Во земјотрес загинале три четвртини од населението на Дубровник, а поголемиот дел од градот бил уништен. По оваа трагедија Дубровник никогаш повеќе не успеал да ја врати старата слава бидејќи обемот на трговските работи кои градот тогаш ги имал никогаш не бил остварен.

1789.- Џорџ Вашингтон бил избран за прв претседател на САД.

1874.- Роден е американскиот магионичар, по потекло унгарски Евреин, Ерих Вајс, познат како Хари Худини, најпознатиот магионичар во 20. век. Името го сменил во чест на францускиот магионичар Жан Езен Робер Худин.

1890.- Роден е холандскиот воздухопловен инженер Ентони Херман Жерар Фокер, основач на воздухопловната индустрија „Фокер“, која и сега произведува авиони, главно патнички. Тој во Јохаништал кај Берлин 1912 година ја изградил првата фабрика за авиони. По војната изградил фабрика во Амстердам, а потоа ја проширил дејноста во САД и Шпанија.

1896.- Во Атина почнале првите модерни Олимписки игри кои биле организирани од страна на Французинот Пјер де Кубертен, претседател на Меѓународниот олимписки комитет од 1896 до 1925 година. На игрите кои завршиле на 14 април, учествувале 484 натпреварувачи.

1909.- Американскиот поларен истражувач Роберт Едвин Пири (1856-1920) стигнал прв на Северниот пол. Тој се смета за негов откривач. Пири го испитал и најсеверниот дел на Гренланд („Пириева земја“) и напишал неколку дела за своите патувања, како што се „Најблиску до полот“, „Северниот пол“ и „Тајните на поларните патувања“.

1917.- САД во Првата светска војна, по вонредното заседание на Конгресот, и објавиле војна на Германија.

1941.- Силите на Оската (Германија, Италија, Унгарија и Бугарија), без објавување војна го нападнале Кралството Југославија. 1946. – Роден е Иван Беќарев, српски филмски и театарски актер од македонско потекло. Првата филмска улога Беќарев ја остварил во 1967 година во филмот „Боксерите одат во рајот“. Големата актерска популарност ја стекнал со телевизиската серија „Бањица“ во 1984 година и преку ликот на Стевица Курчубиќ од телевизиската серија „Подобар живот“ (1987-1990). Остварил и низа театарски улоги во драмски дела од најпознати светски автори.

1965.- Првиот светски комерцијален сателит бил лансиран од космодромот Кејп Кенеди.

1971.- Умрел рускиот композитор Игор Фјодорович Стравински, еден од најуниверзалните музички творци во 20 век. Од 1910 живеел во Франција, а од 1937 година во САД. Дела: балетите „Жар-птица“, „Пролетна посветеност“, сценската кантата „Свадба“, мелодрамите „Приказна за војникот“, „Персефона“, операта-ораториум „Кралот Едип“, операта „Животот на развратникот“, Концертот за 16 инструменти, „Регтајм“, автобиографските трудови „Хроника на мојот живот“, „Музичка поетика“.

1991.- Во Прилеп почнал Првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

1992.- Умрел американскиот писател и професор по биохемија од руско потекло Исак Асимов, писател на научно-фантастична проза. Научно-популарни дела: „Хемикалиите на животот“, „Ѕвездите и нивните патишта“, „Внатре во атомот“, „Светот на нитрогенот“, „Човечкиот мозок“, „Науката, броевите и јас“. Литературните дела: „Јас, робот“, „Голо сонце“, „Вселенски струи“, „Крај на вечноста“.

1996.- Умрела американската филмска актерка од ирско потекло Грир Гарсон, добитник на Оскарот за филмот „Госпоѓа Минивер“, снимен во 1942 година. Други филмови: „Збогум мистер Чипс“, „Мадам Кири“, „Јулиј Цезар“, „Излезот на сонцето во Кампобела“.

2000.- Умрел поранешниот претседател на Тунис - Хабиб Бен Али Бургиба, водач во борбата за независност. Бил прогласен за доживотен претседател на Тунис од 1957 година, но во 1987 година бил тргнат од власта со државен удар без крвопролевање.

2005.- На 81-годишна возраст починал принцот од Монако Рение Трети. Тој владеел со Монако од 1949 година и бил европски лидер кој најдолго останал на престолот. Негов наследник е принцот Алберт. Рение Трети беше оженет со холивудската дива Грејс Кели.

2007.- Умрел италијанскиот режисер Луиџи Коменчини, основач на Италијанската кинотека. Кариерата ја започнал како филмски критичар, а дебитирал на големото платно со документарниот филм „Деца во град“ (1946 година). Филмови: „Доживувањата на Пинокио“, „Леб, љубов и фантазија“.

2019.- Почина актерката и поранешна градоначалничка на Кисела Вода, Билјана Беличанец. Беличанец беше актерка во Драмскиот театар во Скопје. Таа беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017. Дипломираше актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1994). Работеше во Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп (1994-1997), а од 1997 година беше во Драмски театар Скопје. Одигра голем број улоги меѓу кои и Маргарет Флаерти („Заводникот од западниот свет“, 1997), Сузана („Свадбата на Фигаро“, 1998), Софија Јегоровна („Платонов“, 1999), Клариса де Бисоњози („Арлекин – слуга на двајца господари“, 1999), Кинегонда/ Газдарица на јавна куќа („Кандид во земјата на чудата“, 2000), Ерика Брукнер („Мефисто“, 2000); Маре („Тетовирани души“, 2001). Беше дел и од ТВ-проектот „Здраво генијалци“ и натсинхронизираше гласови во турски серии. Има добиено повеќе награди за актерските остварувања, меѓу кои и награда за најдобро актерско остварување за улогата на Кинегонда во претставата „Кинегонда во Карлаленд“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп (2009), награда за најдобро актерско остварување за улогата на Сара во претставата Генетика на кучињата на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2012). Родена е во 1973 година. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ значително намалување на цените на горивата

Ново значително намалување на цените на горивата.

Од полноќ значително намалување на цените на горивата

Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, а дизелот за 5,5 денари...

Од полноќ, новата цена на 95-ката ќе изнесува 86 денари, а на 98-ката, 88 денари за литар. Дизелот ќе се продава по 94,5 денари за литар.

Од регулаторна кажаа дека намалувањето на цените е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати, понискиот курс на доларот, но и владините мерки за намалување на акцизите за бензините и дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија

Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија, додека се распаѓа финансискиот систем, тој на екскурзија.

СДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија

Мицкоски вели дека изминатите денови бил многу лично фокусиран на предметот за Алта банка и дека денеска е голем оптимист. Банката ќе биде спасена. Опозицијата ќе биде разочарана.

Лично фокусиран Мицкоски ама во Германија. Додека се распаѓа финансискиот систем на Македонија, додека се воведува присилна управа во банката, а луѓето не можат до своите пари за храна, пензионерите за лекови – тој беше на екскурзија по Германија, толку е фокусиран.

Опозицијата не сака црно сценарио. Сценариото веќе е доволно црно затоа што банката е пералница на пари на Вучиќ, од неговиот картел во кој е Мицкоски. 11 месеци предупредуваме на ова сценарио.

Сега кога обвинителот Савески добил зелено светло преку медиумите дека шефот Мицкоски му вели дека може да почне да работи, нека почне од Мицкоски и гувернерот. Па да види што се договориле со Вучиќ.

Заради вакви работи, ѕвонење по телефон, управување со обвинителството од говорница и телевизија е состојбата во правосудството заради која е таков извештајот на Европската комисија.

Важна работа е да се претстават на јавноста сметките и трансакциите пред Мицкоски со насилно преземање од страна на банка на која и се врши притисок.

Обвинителството и полицијата да известат за сè што се случувало во банката.

Банка со вакво портфолио, под истрага, сопственик во затвор, сметки што се отвораат во Белград, перење пари, истраги во Хрватска, Црна Гора, Австрија, централна банка на ЕУ – ниту една банка не би ја зела освен под притисок, и тоа се знае дека е една банка на која Мицкоски и врши притисок.

Денеска Мицкоски повторно ја извртува вистината. Банката во Австрија не дала дозвола за работа, туку НБС и НБРМ.

Тоа што преземале банка сега е под истрага.

Знае Мицкоски каде води истрагата. Знае дека Вучиќ ќе го повлече со себе. Знае дека по Орбан, Вучиќ доаѓа потоп.

Вели „увезен проблем“! Да. Тој го увезе од својот шеф Вучиќ, како што извезе 5 тони за село Коњух.

И пак како со фантомските инвеститори, некоја банка, 5, 6 банки. Секогаш лага и само лага. Нека каже која е банката за да не мораме ние да кажеме, бидејќи веќе сè знаеме.

Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа.

Вистината излегува. Бандата ќе одговара.

Скопје,9.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Од денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.

Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства.

Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер