„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
2„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
ЖивотНа денешен ден16 март37.- Умреl римскиот цар Тибериј (Клавдиј Нерон Цезар Август) посинок на Октавијан Август, кој во текот на владеењето ги осигура границите на Римското царство без нови освојувања, но ги подобрил финансиите и администрацијата, посебно во провинциите. Претходно се прославил во воените походи во Германија, Панонија и во Далмација. 1480.- Во Саброза, Италија, е роден Фернандо Магелан, португалски морепловец во служба на Шпанија. Пловејќи по должината на Јужна Америка и низ теснината на Огнена Земја, што подоцна го добил неговото име, на 16 март 1521 година стигна до Тихиот Океан на Филипинските Острови. Загинал во борба со домородците на островот Макатан, на 27 април 1521 година. 1521.- Португалскиот морепловец Фернандо Магелан стигнал до Тихиот Океан на Филипинските Острови. 1534.- Англија ги прекинала сите врски со Римокатоличката црква. 1736.- Умре италијанскиот композитор Ѓовани Батиста Перголези. Дело: операта „Слугинката господарка“. 1751.- Роден е американскиот државник Џемјс Медисон, „татко на американскиот устав“, претседател на САД од 1809 до 1817 година. Со Александер Хамилтон и Џон Џејм го напишале делото „Федералистички акти“ заради придобивање поддршка за ратификација на уставот со кој наместо конфедерација, се воведува поцврстата унија на федерални држави на САД. 1787.- Роден е Георг Симеон Ом, германски физичар. Го открил односот меѓу струјата и електромоторната сила, според неговото име наречен е Омовиот закон. Тој дал значајни прилози во акустиката, во оптиката на кристалот и во математиката. „Ом“ е единица за мерење на електричниот отпор во меѓународниот систем на мерки. Умрел во 1854 година. 1808.- Користејќи ја зафатеноста на Шведска во војната со Наполеон, рускиот цар Александар Први ја освоил Финска и ја прогласил за руска провинција. 1851.- Шпанија склучила конкордат со Ватикан според кој римокатоличката вера станала единствена религија во земјата. 1859.- Роден е рускиот физичар и електроинженер Александар Степанович Попов, кој ја пронашол и ја воспоставил првата радиотелеграфска врска. Го направил првиот радиоприемник, пред италијанскиот пронаоѓач Гиљемо Маркони. 1920.- Трупите на Антантата го окупирале Цариград, тогаш главен град на Турција, поразена во Првата светска војна. 1925.- Во Берлин умрел Аугуст фон Васерман, познат германски лекар, научник - бактериолог, кој во 1906 година прв го вовел методот за преглед на крвта. Роден бил во 1866 година. 1930.- Умрел шпанскиот генерал Мигел Примо де Ривера и Орбанех, профашистички диктатор на Шпанија од септември 1923 до јануари 1930 година. Неговиот режим се обидел да ја обедини Шпанија под мотото „една земја, една вера, една монархија“, но не успеал да создаде прифатлив политички систем. Поднесол оставка под притисок на војската од која не ја добил поддршката. 1934.- Во Рим бил потпишан италијанско-унгарско-австрискиот „Дунавски блок“, со кој била поддржана експанзионистичката политика на Италија кон „Малата антанта“ - Југославија, Чехословачка и Романија. 1935.- Германија потполно ја отфрлила клаузулата за разоружување предвидена со Версајскиот договор со кој завршила Првата светска војна. 1939.- Словачка, еден ден откако германските трупи ја окупирале Чешка, по директива на Адолф Хитлер, била прогласена за „независна држава“, со што Чехословачка била уништена. 1940.- Роден е италијанскиот филмски режисер Бернардо Бертолучи. Филмови: „Пред револуцијата“, „Партнер“, „Конформист“, „Последното танго во Париз“, „Дваесеттиот век“, „Месечина“, „Смешен човек“, „1900“, „Последниот кинески цар“. 1940.- Во Морбака умрела Селма Отилија Ловиса Лагерлеф, шведска писателка, романсиерка. Познати се нејзините романи „Сага за Јоста Берлинг“, „Невидливи врски“, „Прекрасното патување на Нилс Холгерсон“ и други дела. Во 1909 година добила Нобеловата награда за литература. Родена е во Морбака, на 20 ноември 1858 година. 1956.- Во Париз умрела Ирена Жолио-Кири, ќерка на Пјер и Марија Кири, пронаоѓачи на радиумот. Ирена Жолио-Кири и нејзиниот маж Жан Фредерик Жолио во 1935 година ја добиле Нобеловата награда за хемија. Родена била во Париз, на 12 септември 1897 година. 1956.- Во Скопје излегол првиот број на весникот „Народна просвета“, весник на културно-просветниот и општествениот живот. 1962.- Лансиран бил првиот советски сателит од серијата „Космос“. 1968.- Американските трупи во Виетнамската војна масакрирале најмалку 500 виетнамски цивили во селото Ми Лај, вклучувајќи деца и жени, меѓу кои и многу бремени жени. За ова злосторство иако целиот свет беше згрозен никој од сторителите не беше казнет. 1978.- Терористичката организација „Црвени бригади“ во Рим го киднапирала поранешниот италијански премиер Алдо Моро. Терористите го држеле во заложништво до мај 1978 година, кога и го убија. 1987.- Од Железничката станица во Скопје тргнал првиот воз на електричен погон на магистралната пружна делница Скопје - Гевгелија. 1999.- Европската комисија поднесла колективна оставка, првпат од основањето на ова извршно тело на Европската унија. 2005.- Израелската армија го предала градот Ерихон под палестинска управа. 2008.- Во Џорданвил, САД, умрел поглаварот на Руската православна црква во странство, митрополитот Лавр (Василиј Михајлович Шкурла). Руската православна црква во странство била формирана во Сремски Карловци, во 1922 година. Лавр е роден во Ладомор, во Прашевска Русија (сега и припаѓа на Словачка), во 1927 година. 2009.- Умрел Петар Бачо, унгарски филмски режисер. Славата ја стекнал прво со филмот „Сведок“ во 1969 година, а потоа и со продолжението „Повторно сведок“ во 1994 година. Носител бил на бројни филмски признанија и се смета за еден од најголемите унгарски режисери во 20. век. 2011.- Рускиот шатл „Сојуз“ со екипаж од тројца астронаути слетал безбедно на космодромот во Казахстан. Екипажот на вселенскиот брод „Сојуз“ го сочинувале американскиот астронаут Скот Кели и руските астронаути Олег Скрипочка и Александар Калери. „Сојуз“ се вратил по пет месеци во вселената закачен за Меѓународната вселенска станица./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео: Притвор за братот на Виктор Орбан?Според извештаите на унгарските медиуми, меѓу осомничените е и Арон Орбан, братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. Во Унгарија се приведени четири лица осомничени за трговија со луѓе како дел од криминална група која дејствувала заради стекнување финансиска корист, а полицијата покрена постапка за нивно задржување во притвор, соопшти Националната полициска управа (ORFK). View this post on Instagram A post shared by 360tka.sk (@360tka.sk) Според извештаите на унгарските медиуми, меѓу осомничените е и Арон Орбан, братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. Иако полицијата експлицитно не го именуваше во своето соопштение, пренесува порталот „Index“. Националното биро за истраги (NNI) го заврши испрашувањето на осомничените, кои беа приведени во понеделникот. Во истрагата учествуваат и Националната канцеларија за повраток и заштита на имот (NVVH), како и Европол. Полицијата се сомнева дека, во текот на неколку месеци во 2024 година, осомничените им помагале на виетнамски државјани да добијат унгарски визи и потоа да отпатуваат во Западна Европа, наплаќајќи им таканаречени „надоместоци за регрутирање“. Според досегашните наоди од истрагата, тие на овој начин им помогнале на повеќе од 100 виетнамски државјани. Надлежните наведоа дека странските државјани тврделе оти доаѓаат во Унгарија на краток престој за да посетуваат курсеви за стручна обука. Сепак, повеќето од нив не ги посетувале овие курсеви, ниту пак ја напуштиле земјата откако им истекле визите. Истражителите се сомневаат дека нивната вистинска цел била да стигнат до Западна Европа преку Унгарија. При претреси на неколку локации во Будимпешта и во округот Пешта, запленети се документи, електронски податоци и уреди кои би можеле да послужат како докази во истрагата за трговија со луѓе и корупција. Еден од осомничените се товари и за тргување со влијание. Орбан се огласи Виктор Орбан на социјалните мрежи изјави дека постапката претставува политичка одмазда и дека неговиот брат е само средство што се користи за напад врз него. „Јас сум целта, мојот брат е само средство“, напиша Орбан, тврдејќи дека целта е да се елиминира политички противник и да се воспостави еднопартиски систем. Петер Маѓар, унгарска политичка личност, реагираше на овие изјави, истакнувајќи дека поранешниот премиер веднаш се обидел да ја префрли одговорноста врз другите и да се претстави себеси како жртва. Претставници на Фидес тврдат дека постапката против Арон Орбан е политички мотивирана, додека членови на опозицијата и правни експерти покренаа прашања во врска со владеењето на правото, тајмингот на започнување на истрагата и протекувањето на официјални информации.Тагови: Виктор Орбан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизРасел Бренд осуден на 10 и пол години затворБританскиот комичар и актер Расел Бренд е осуден на десет и пол години затвор во Лондон, откако минатата седмица беше прогласен за виновен за силување на една жена и три дела на сексуален напад.Пресудата беше изречена во Кралскиот суд во Саутворк, а веднаш потоа Бренд беше ставен во притвор, пренесува *Page Six*. Поротата донесе одлука по тридневно разгледување на случајот. Бренд беше ослободен од обвиненијата за уште две силувања и еден обид за сексуален напад. Судијата Бенатан претходно го предупреди дека „значителна“ затворска казна е неизбежна, а неговото барање за пуштање на слобода со кауција беше одбиено. Осудата за силување се однесува на инцидент од 2009 година, кога една жена го обвини Бренд дека ја нападнал во неговиот дом во Лондон. Нејзина пријателка сведочеше дека, по средбата, жената ѝ кажала оти неколкупати му рекла „не“ на комичарот и дека потоа чувствувала силна болка. Како што пренесува „Њујорк тајмс“, за време на судењето, Бренд тврдеше дека сексуалниот однос бил доброволен и дека жената никогаш не побарала од него да престане. Сепак, тој призна дека ја искористувал својата слава за да стапува во сексуални односи со жени. Но, пред поротата, тој инсистираше на тоа дека согласноста е „фундаментална, суштинска и неопходна“. Обвинувањата против него првпат излегоа во јавноста во септември 2023 година, по истрагата спроведена од „Сандеј тајмс“ (*The Sunday Times*). Судскиот процес опфаќаше седум обвиненија поврзани со шест жени и настани што се случиле во периодот меѓу 1999 и 2009 година. Бранд се изјасни за невин по сите точки од обвинението. Проблемите на Бранд не завршуваат тука. Лондонската полиција (Метрополитен полиција) истражува уште две пријави за силување. Една од нив се однесува на жена која имала 16 години кога, според пријавата, била во врска со Бранд, кој во тоа време имал 30 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Забава„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светотСлавниот Пол Макартни, член на легендарната група „Битлси“, официјално влезе во друштвото на милијардери. Според проценката на списанието „Форбс“, неговото нето-богатство изнесува најмалку 1,4 милијарди долари, што го прави третиот најбогат музичар во светот. „Форбс“ ја објави оваа проценка, во првото издание на својот нов билтен „The Billie“, кој е посветен на милијардерите. Пред 84 годишниот Макартни се наоѓаат само Џеј-Зи, чие богатство се проценува на 2,8 милијарди долари, и Тејлор Свифт, со 2 милијарди долари. Според „Форбс“, најголемиот дел од богатството на Макартни е поврзан со издавачката компанија „MPL Communications“, која тој ја основал во 1969 година – само неколку месеци пред распадот на „Битлси“. Преку оваа компанија, тој се стекнал со авторските права на дела од други уметници и композитори. Тука спаѓаат музичкиот каталог на Бади Холи, мјузикли од Бродвеј, како и познати божиќни музички стандарди. „Форбс“ ја проценува вредноста на „MPL“ на најмалку 250 милиони долари. Т ој, исто така, остварува значителен приход од „Apple Corps“ – компанија во сопственост на членовите на „Битлси“ и нивните наследници. Според „Форбс“, оваа холдинг-компанија генерира повеќе од 50 милиони долари годишно, благодарение на стримингот, продажбата на винилни плочи и производите со обележја на бендот. Макартни, Ринго Стар, како и наследниците на Џон Ленон и Џорџ Харисон, поседуваат еднакви удели од по 25 отсто во компанијата. Вредноста на секој од овие удели се проценува на над 150 милиони долари. Приходи од музика Друг значаен извор на приход доаѓа од авторските права на песните на „Битлси“. Во текот на изминатите две децении, Макартни водеше правни битки за да ги поврати правата врз дел од музичкиот каталог. Според проценките на „Форбс“, овој сегмент му носи најмалку 10 милиони долари годишно, додека вкупната вредност на неговите авторски права се проценува на најмалку 200 милиони долари. Вкупната вредност на неговиот имот ги вклучува и заработките од концертни турнеи, недвижнини во Обединетото Кралство и во Хемптонс, како и вредна уметничка колекција која содржи дела од Пабло Пикасо и Рене Магрит. Меккартни одби да ги коментира проценките за неговото богатство објавени од „Форбс“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook