3Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно
2Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно
ЖивотНа денешен ден25 февруари1707.- Роден е италијанскиот писател Карло Голдони, обновител на италијанската комедија. Дела: комедиите „Мирандолина“, „Рибарски караници“, „Коцкар“, драмата „Далматинка“. 1723.- Умрел англискиот архитект Кристофер Рен, основач на Кралското друштво во Лондон (академија на науките) и негов прв претседател од 1680 до 1682 година. По пожарот кој го опустошил Лондон во 1666 година, вклучувајќи и 53 цркви, проектирал низа зданија, меѓу кои и монументалната катедрала „Свети Павле“. 1778.- Роден е аргентинскиот генерал и национален херој Хосе де Сан Мартин, ослободотел на Аргентина, Чиле и Перу од шпанските колонијални власти. Заедно со Симон Боливар го предводел јужноамериканското движење за независност. Го укинал ропството, ја прокламирал слободата на печатот, основал библиотеки и настојувал културно да ја прероди својата земја. 1841.- Во Лимож е роден Огист Реноар, француски сликар, еден од најистакнатите претставници на импресионизмот. Во последниот период од своето творештво се занимавал и со скулпторство. Најпознати негови слики се „Капачки“, „Мулен“ и „Лулашка“. Со своите слики првпат се појавил на изложбата на импресионистите во Париз, во 1874 година. Умре во Кан, на 17 декември 1919 година. 1842.- Роден е Карл Мај, германски писател. Бил најтиражниот германски автор. Дела: „Винету“, „Богатство во сребреното езеро“, „Синот на ловецот на мечки“, „Од Багдад до Стамбол“. 1866.- Во Пескасерол е роден Бенедикт Кроче, италијански филозоф, историчар, литературен критичар и државник. Се обидел да го ревидира макрсизмот и отворено истапувал против него, а бил и противник на фашизмот. Најпознати негови дела се „Филозофијата како наука“, „Филозофијата на практиката, економијата и етиката“ и „Историјата како приказна за слободата“. Умрел во Неапол, на 20 ноември 1952 година. 1873.- Роден е Енрико Карузо, прочуен италијански оперски пејач. Со незаборавните интерпретации на оперите на Верди, Маскањи, Леонкавало и Пучини на сцените низ целиот свет, станал најславен тенор на своето време. Умрел во 1921 година. 1899.- Умрел основачот на британската новинска агенција Ројтер - Паул Јулиус фон Ројтер, по потекло германски Евреин и со вистинско име - Израел Бир Јосафат. Исвесно време работел во новинската агенција Авас во Париз, а потоа ја основал новинската агенција Ројтер кој и денес го носи неговото име. Ројтер по француската Авас (денес Франс прес) е втора најстара новинска агенција во светот. 1923.- Во Струмица е роден Александар Думов, доајен на Народниот театар во Струмица и еден од основоположниците на театарската култура во Македонија. Освен во театарот во Струмица, како артист и режисер, работел и во театрите во Велес, Битола и Штип. Умрел во Скопје, на 25 ноември 1989 година. 1925.- Во Свиленград, Бугарија, од ванчомихајловистите бил убиен Георги Скрижовски (Георги Радев Иванов), македонски револуционер, учител и војвода и член на ВМРО. За време на Младотурската револуција бил еден од раководителите на НФП. Учесник бил во Балканските војни и во Првата светска војна. Роден бил во селото Скрижово, Драмско, во 1880 година. 1944.- Во Скопје, при пробивањето на блокадата на бугарската полиција бил убиен Кузман Јосифовски - Питу, народен херој на Македонија. Роден бил во Прилеп, на 23 јуни 1915 година. 1949.- Со закон на Народното собрание на НР Македонија бил основан Универзитетот во Скопје. Со одржувањето на првото Универзитетско собрание на 24 април 1949 година, било означено раѓањето на Универзитетот како највисока научна и образовна институција во Македонија. Во 1969 година, при одбележувањето на 20-годишнината од работата го добил името Универзитет „Кирил и Методиј“, а на 12 ноември 1992 година, со одлука на Универзитетскиот совет, станал „Свети Кирил и Методиј“. 1972.- Советскиот вселенски брод „Луна 20“ се вартила на Земјата со примероци од тлото на Месечината. 1983.- Во Њујорк умрел Тенеси Вилијамс, американски драмски писател, добитник на две Пулицерови награди и автор на многу познати драмски дела како што се „Мачка на вжештениот ламаринен покрив“, „Нежна птица на младоста“, „Трамвајот наречен желба“ и други. Роден бил во Колумбос, во државата Мисисипи, на 26 март 1911 година. 1991.- Во Будимпешта, Унгарија, министрите за надворешни работи и за одбрана на шест земји-членки на Варшавскиот договор (Советскиот Сојуз, Полска, Чехословачка, Романија, Бугарија и Унгарија) потпишале Протокол за укинување на таа воена организација. Варшавскиот договор бил основан на 14 мај 1955 година. 1994.- Во Брисел официјално започнала да работи Амбасадата на Република Македонија. 1999.- Народна Република Кина ставила вето за продолжување на мандатот на УНПРЕДЕП уште шест месеци во Република Македонија. Од 1 март 1999 година УНПРЕДЕП ги прекинал активностите во Република Македонија. 2003.- Умрел италијанскиот филмски актер и режисер Алберто Сорди. Играл во повеќе од 200 филмови од кои 20 ги режирал. Филмови: „Под Римското сонце“ „Белиот шеик“, „Денгуби“, „Херој на нашето време“, „Мојот син Нерон“, „Големата војна“, „Меид ин Итали“, „Мал, сосема мал граѓанин, „Извинете, дали сте за или против?“, „Италијанец во Америка“. 2005.- Умрел британскиот правник Питер Бененсон, основач на меѓународната организација за заштита на човековите права - Амнести интернешнл. 2007.- Иран успешно ја лансирал првата ракета со сателитски носач, дело на домашни научници. Во соработка со Русија, Иран, две години порано, во вселената го лансирал и сателитот „Сина 1“. 2020.- На 91-годишна возраст почина поранешниот долгогодишен египетски претседател Хосни Мубарак. Мубарак беше политичар и поранешен претседател на Република Египет во периодот од 1981 до 2011 година. Тој беше соборен од власта во протестите на арапската пролет, а подоцна и осуден на затворска казна. Но, по воениот преврат и доаѓањето на власт на актуелниот претседател Абдел Фатех Ал Сиси, инаку поранешен генерал и командант на египетската армија, Мубарак беше ослободен од затвор. 2022.- На 89-годишна возраст почина универзитетскиот професор Љупчо Филиповски. Филиповски е роден на 22.9.1933 година во Белград. Дипломирал на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1958 година. Во 1961 година бил примен за асистент по предметот Архитектонски конструкции на Архитектонскиот отсек во Скопје. Завршил постдипломски студии во Ротердам, Холандија во 1966 година. Својата професионална кариера ја завршил во 1998 година како редовен професор. Меѓу позабележителните негови индивидуални и тимски проекти се: Детската градинка на ул. „Димитрие Туцовиќ ” во Скопје (1972), станбените 17-катни кули во Нерези (1975), станбени блокови во населбата „Јане Сандански” (1985), административен деловно-продажен центар во Скопје. Го изработил главниот и изведбен проект за Електромашинскиот факултет со лабораториите во Скопје. Проектирал објекти и надвор од нашата земја, а учествувал во реконструкција и изведба и на црковни објекти. Во сферата на публицистиката се јавува како автор на 36 публикувани единици и бројни научни и стручни книги и статии. Позначајни се книгиите: „Основи на градежништвото“ (1988) „Сонце, енергија и архитектура“ (1995), „Современи технологии на градење” и „Префабрикација и монтажа кај станбени објекти“ (1997) „Хидроизолации кај рамните кровови-тераси” (1998) и последниот труд-учебник „Хидроизолации кај рамни кровови и подруми” (2007). /MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЈакната на Мајкл Џексон од „Thriller“ повторно на аукција: Се продава за 1,8 милиони долариЦрвената кожна јакна од музичкиот спот за „Thriller“, костимот од „Smooth Criminal“ и други предмети што му припаѓале на Мајкл Џексон се изложени во Њујорк, во пресрет на аукцијата што ќе се одржи во Абу Даби. Исто така, изложен е и костумот во крем боја што Џексон го носеше во спотот за „Smooth Criminal“ од 1988 година. Црвената кожна јакна од музичкиот спот за „Thriller“, костимот од „Smooth Criminal“ и други предмети што му припаѓале на Мајкл Џексон се изложени во Њујорк, во пресрет на аукцијата што ќе се одржи во Абу Даби на 7 декември. Предметите беа претставени во вторникот во Њујорк. Меѓу нив е изложен и костимот во боја на крем, кој Џексон го носел во музичкиот спот за „Smooth Criminal“ од 1988 година. Исто така, изложени се потпишана црвено-црна кожна јакна од спотот за „Thriller“, како и две јакни од турнејата „Bad“ (1987–1989): една потпишана јакна со токи и јакна со натпис „Special Officer“ (Специјален службеник) со кожни ремени. Колекцијата вклучува и две бели ракавици со светкави детали – едната од настапот на „Motown 25“ во 1983 година, а другата од турнејата „Victory“ во 1984 година. Изложени се и чевли носени за време на сценски настапи во 1990-тите години, како и ремен од периодот на „Bad“, изработен од сребро и 18-каратно бело злато, кој Џексон го носел на доделувањето на наградите „American Music Awards“ во 1989 година. Предметите се дел од аукцијата „Мајкл Џексон: Модното наследство“ („Michael Jackson: The Fashion Legacy“), организирана од аукциската куќа „Џулиенс“ (Julien's Auctions). Од аукциската куќа соопштија дека ова е најголемата колекција на сценски костими, модни додатоци и облека од музичките спотови на Џексон, која некогаш била понудена на продажба. Аукцијата се одржува во хотелот „Роузвуд“ (Rosewood Hotel) во Абу Даби и опфаќа повеќе од 100 предмети. Се очекува најголемо внимание да привлече јакната од спотот за песната „Thriller“, чиј дизајн е дело на костимографката Дебора Надулман Лендис. Од „Џулиенс“ не наведоа проценка за нејзината цена. Во 2011 година, истата аукциска куќа продаде јакна од истиот музички спот за 1,8 милиони долари. Ракавица од настапот на „Motown 25“ – за време на кој Џексон пред телевизиската публика за првпат го изведе „одењето на месечината“ (moonwalk) – е проценета на вредност меѓу 600.000 и 800.000 долари. „Џулиенс“ (Julien's) ја продаде истата ракавица во 2009 година за 430.000 долари. Јакна од турнејата „Bad“, потпишана од Џексон и подарена на фондацијата „Т. Џ. Мартел“ (T.J. Martell Foundation), се проценува на вредност меѓу 60.000 и 80.000 долари. „Јакната од ’Thriller‘ е онаа за која светот никогаш не престана да зборува“, изјави Мартин Нолан, коосновач на аукциската куќа „Џулиенс“, кога во октомври беше најавена продажбата. Покрај колекцијата на Џексон, во Абу Даби ќе се продаваат и предмети што ѝ припаѓале на принцезата Дијана – вклучувајќи фустани и лични предмети, како што е кошулата од „Ралф Лорен“ што таа ја носела за време на посетата на Босна и Херцеговина во 1997 година. На аукцијата ќе се најдат и предмети поврзани со Курт Кобејн, Брус Ли, Мадона и Ејми Вајнхаус.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
ЖивотПринцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедноБританскиот принц Хари, за првпат јавно се огласи по апсењето на таткото на неговата сопруга Меган Маркл, Томас Маркл . За време на посетата на Брисел – каде што тој и неговата сопруга присуствуваа на откривањето на спомен-обележјето „Изгубен екран“ (Lost Screen) во Европскиот парламент – тој се осврна на сè поактуелниот проблем со безбедноста на децата на интернет, истакнувајќи дека нивната заштита не би требало да зависи од земјата во која живеат. Со Меган (45) покрај себе, Хари (42) одржа емотивен говор во кој укажа на еден парадокс на современиот технолошки развој: додека технологијата напредува со неверојатна брзина, заштитата на најмладите останува голем предизвик. „Како стигнавме до точка каде што можеме да создадеме технологија способна за толку неверојатни работи, а сепак сè уште се мачиме да обезбедиме таа да биде безбедна за децата? Ретко бараме од технологијата да биде помалку амбициозна. Ни велат дека таа ќе го трансформира образованието, ќе лекува болести и ќе решава проблеми за кои некогаш сме мислеле дека се нерешливи. Зошто нашата амбиција би застанала тука?“ праша Хари. Тој нагласи дека не се залага за свет без технологија, туку за интернет каде што децата можат слободно да истражуваат, да учат и да ги развиваат своите интереси, без страв од опасност. „Сите деца треба да можат да пристапат до интернет и да откријат нешто прекрасно – пријател, интерес што прераснува во страст или место каде што се чувствуваат разбрани. Тие заслужуваат да се чувствуваат безбедно, каде и да се наоѓаат“, изјави принцот. Тој особено нагласи дека заштитата на децата мора да биде заедничка одговорност на сите држави, предупредувајќи дека штетните содржини и практики не смеат едноставно да се префрлат во земји со помалку строги прописи. „Европа не може да стане безбедно засолниште за децата доколку штетните практики само се преместуваат во земји со пониско ниво на заштита. Мораме да соработуваме со државите ширум светот за да осигуриме дека напредокот овде нема да значи оти децата на други места остануваат изложени на истите ризици. Безбедноста на едно дете никогаш не смее да зависи од земјата во која тоа живее“, истакна Хари. Тој додаде дека е неопходно да се испита кој се спротивставува на мерките наменети за заштита на најмладите, кој ги финансира таквите активности и чии интереси се застапуваат. Неговиот говор имаше и силен емотивен крај. – Да ја прифатиме понудата на технологијата за изградба на свет што ги надминува нашите соништа, но да се согласиме дека во тој свет нашите деца, во најмала рака, би биле безбедни. И ниту едно семејство не би требало да изгуби дете, пред светот да одлучи да заштити барем едно – заклучи принцот. Иако првично беше планирано Меган да ѝ се обрати на публиката, тоа беше откажано еден ден пред настанот. Според британскиот весник „Телеграф“ (The Telegraph), извор близок до двојката изјавил дека таа во моментов не е доволно емоционално силна за да зборува во јавност. Нивното појавување во Брисел се случи четири дена по апсењето на таткото на Меган, Томас Маркл Постариот (82), во Флорида. Според американското обвинителство, тој е обвинет по една точка поврзана со поседување материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца. Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува максимална казна од 20 години затвор. Томас Маркл Постариот не се изјасни за вината и беше пуштен на слобода врз основа на ветување дека ќе се појави на суд, по неговото појавување пред судот. Тој претходно негираше дека некогаш имал сексуални односи со малолетници или дека поседувал материјал за кој станува збор. Сè уште не е одреден датум за судењето – или, попрецизно, за следното појавување пред судот во Калифорнија.Тагови: принцот Хари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисијаВо Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска се се одржува надзорната расправа во врска со последните случувања во АЛТА банка.. 30-ина актуелни и поранешни функциониери се на списокот сведоци, кои ќе треба да дадат одговори има ли и чија е институционалната одговорност за АЛТА банка.. Во Собраниете е Јана Јосифоска која ја следи расправата , Јана повели со информациите ? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook