Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)
1Паника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)
2Жена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)
ЖивотНа денешен ден4 февруари 2024211.- Умрел римскиот цар Лук Септими Север Пертинакс, основач на династијата Север, кој ја ограничил власта на Сенатот, а наместо него „царскиот совет“ почнал да ги донесува законите. 1746.- Роден е полскиот национален јунак Тадеуш Анжеј Бонавентура Кошчушко, американски генерал и учесник во Американската војна за независност и аѓутант на Џорџ Вашингтон, подоцна првиот претседател на САД. По враќањето во Полска се кренал на востание против Русите, но неговата војска била поразена во октомври 1794 година, во битката кај Мацјејовиц, при што бил ранет и заробен. На слобода бил пуштен во 1796 година, под услов да се откаже од акциите против Русија, по што во 1917 побегнал во Швајцарија каде и умрел. 1783.- Велика Британија во Париз го потпишала договорот за признавање на САД, со што била завршена осумгодишната Британско-американска војна, позната како Американска војна за независност. 1789.- За прв претседател на САД бил избран Џорџ Вашингтон. Бил американски претседател осум години, но се повлекол од функцијата во 1797 година и одбил по трет пат да се кандидира за шеф на државата. 1815.- Во Осиек е роден Јосип Јурај Штросмаер, бискуп, политичар, културен деец, основач и покровител на Југословенската академија на науките и уметностите (ЈАЗУ) во Загреб, во 1866 година, втемелувач на хрватскиот универзитет. Се стремел кон обединување на Јужните Словени во рамките на Австрија. Во 1861 година со негова помош, во Загреб бил објавен Зборникот на народни песни од браќата Миладиновци. Умрел во Ѓаково, на 8 април 1905 година. 1872.- Во Кукуш, Егејска Македонија, е роден Гоце Делчев, прв меѓу првите револуционерни синови на македонскиот народ. Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја борбата за слобода на македонскиот народ, тој ја обиколил цела Македонија. Непријателите на македонското револуционерно дело во Гоце Делчев гледале најголем непријател и се обидувале на секој начин да го ликвидираат. Така, на 4 мај 1903 година, во борба против османлиската војска во селото Баница, Серско, во егејскиот дел на Македонија, загинал великанот Гоце Делчев. 1889.- Роден е германскиот политичар и економист Лудвиг Ерхард, западногермански канцелар од 1963 до 1966 година, главен архитект на стопанската обнова по поразот на Западна Германија во Втората светска војна. 1897.- На Филипините избила буната против САД, кои одбија да и дадат независност на оваа поранешна шпанска колонија. Филипините својата независност ја стекнаа дури во 1946 година. 1900.- Роден е францускиот писател Жак Превер. Напишал повеќе поетски сценарија за филмовите „Брегот во магла“, „Хотел Север“, „Денот се раѓа“ и „Вратата на ноќта“. Најпознати збирки песни: „Зборови“, „Голем пролетен бал“ и „Дождот и убавото време“. 1902.- Роден е американскиот пилот Чарлс Огастас Линдберг кој прв го прелетал Атлантскиот океан. Со авионот „Дух Сент Луис“ во мај 1927 година за 33 часа и 32 минути прелетал 5.856 километри од Њујорк до Париз, што претставувало вистински подвиг бидејќи тогаш немало ниту радари ниту сигурни радио-врски. 1904.- Јапонската воена морнарица го блокирала руското пристаниште Порт Артур, што било вовед во Руско-јапонската војна, која четири дена подоцна Јапонија ја започнала без објава. 1938.- Подготвувајќи се за војна, Адолф Хитлер го презел ресорот министер за војна на нацистичка Германија, а за шеф на дипломатијата го назначил Јоахим фон Рибентроп. 1945.- Во Јалта, на Кримскиот Полуостров, почнала Јалтската конференција меѓу шефовите на СССР - Јосиф Сталин, на САД - Франклин Рузвелт и на Велика Британија - Винстон Черчил за усогласување на завршните операции во Втората светска војна, како и за односите со Европа и со светот по завршувањето на војната. 1948.- Цејлон (Шри Ланка) доби самоуправа во рамките на Британскиот комонвелт. 1974.- Гренада прогласилa независност во рамките на Британскиот комонвелт. 1976.- Во Гватемала во земјотрес загинале 23.000 луѓе, а милион ипол останаа без покрив над главата. 1988.- Во Скопје умрел Димитар Бојаџиев - Митко, прв македонски стенодактилограф. Тој бил стенодактилограф и во првата редакција на Танјуг за Македонија - ТАМ во Скопје, работел како стенодактилограф во Радио Скопје и во „Нова Македонија“. Роден бил во 1918 година. 1989.- Во вооружен бунт бил соборен диктаторот на Парагвај Алфредо Стреснер, кој владеел 35 години, најдолго од кој било друг во јужноамериканските држави во 20. век. 1989.- Рускиот историчар Рој Медведев проценил дека за време на Сталиновото владеење во Советскиот Сојуз биле уапсени, убиени или на друг начин репресирани 40 милиони луѓе. 1990.- Во напад од заседа на автобус со израелски туристи, исламски терористи во Египет убиле девет туристи и двајца египетски полицајци, а раниле и 20 луѓе. 1990.- Во Скопје било основано Движењето за семакедонската акција (МААК). За претседател бил избран писателот Гане Тодоровски. 1992.- Лојалните трупи на претседателот на Венецуела Карлос Андрес Перес го задушиле обидот за воен удар. 1993.- Во Москва умрел Димче Толовски, истакнат литературен преведувач и голем афирматор на македонската литература во Русија и во земјите на поранешниот Советски Сојуз. Роден бил во Кавадарци, на 17 декември 1925 година. 1993.- Во Скопје, во издание на НИП „Ѓурѓа“ - Независни изданија, излегол првиот број на списанието „Ворлд прес ИЗБОР“. 1994.- Во Собранието на Република Македонија бил конституиран Републичкиот судски совет. 1994.- Државниот секретар за соработка и развој, Ерик Дерике, во белгискиот Сенат изјавил дека белгиската Влада донела одлука за воспоставување на дипломатски односи со Република Македонија. 1998.- Во земјотресот кој ја погоди областа Рустак во северната авганистанска провинција Тахар загинале најмалку 4.500 луѓе. 2005.- Италијанската новинарка Џулијана Згрена, дописничка на италијанскиот дневен весник „Ил Манифесто“, била киднапирана во центарот на Багдад. Ја ослободиле на 3 март, а на 4 март, на патот до аеродромот, во автомобилот во кој таа се наоѓала било пукано од американска патрола. Згрена била ранета, а италијанскиот агент на тајната служба Никола Калипари, штитејќи ја, бил убиен. 2005.- Јулија Тимошенко, активист на „портокаловата револуција“, станала прва жена претседател на влада на Украина. 2006.- Умрела Бети Фридан, која со својата книга „Женска мистика“ ги поставила темелите на модерното феминистичко движење. Ја основала Националната организација за жени, а умрела на својот роденден, на 85 години. 2013.- Почина Љубе Цветановски, професор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, долгогодишен уредник и директор во Македонската телевизија. Бил уредник на рубриката за култура на Студентски збор, новинар во Македонското радио, како и долгогодишен уредник, а во еден мандат и директор на Македонската телевизија. Беше член на Друштвото на писатели на Македонија и на Сојузот на новинарите на Македонија. Автор е на книгите поезија „Време е да се биде дома”, „Наталожен сомнеж” и „Престапна година”. Заедно со својот брат Јордан Плевнеш, коавтор е на сценариото за играниот филм „Тајната книга”, во режија починатиот нивни најмал брат Владо Цветановски. Во неговата богата телевизиска кариера реализирал педесетина патеписи, од исто толку егзотични земји под наслов „Патуваме - сонуваме”. Потписник е на многу сценарија за документарни и музичко-документарни емисии, а се јавува и како автор на десетина играно-документарни филмови. За документарниот филм „Мојот татко Изет”, ја освоил наградата Гранд при на Југословенскиот телевизиски фестивал во Неум. Во 2012 ја објавил последната книга - „Детето во мене”, во која се сублимирани неговото творештво и неговата животна одисеја. Љубе Цветановски бил роден во Слоештица во 1949 година. 2013.- Избувнал пожар во манастирскиот комплекс од 13 век – „Успение на Пресвета Богородица“ – Трескавец, кој се наоѓа на десетина километри од Прилеп. Се верува дека е изграден во 12-ти, односно 13 век. Неговата разновидна архитектура укажува на разни обновувања и уривања. Во манастирската црква се зачувани значајни византиски фрески. Манастирот е најпосетуван за празникот Голема Богородица - 28 август. 2015.- На 87-годишна возраст починал македонскиот ликовен уметник Трајче Јанчевски. Средно уметничко училиште завршил во Скопје кај професорите Никола Мартиновски и Лазар Личеноски, а Академија за применета уметност во Белград. За своите врвни уметнички остварувања е добитник на бројни национални и интернационални награди, меѓу кои - „11 Ноември“ на град Куманово, „11 Октомври“ за животно дело на Република Македонија и наградата на ДЛУМ „Нерешки мајстори“, наградата на фондацијата „Моша Пијаде“, на престижниот „Златен медал“ за француска заслуга и посветеност во име на уметноста и културата од Академијата за ликовна уметност и култура за централна Европа во Париз и на престижната награда „Златен медал“ од Американскиот биографски институт за „возвишени индивидуи“ од целиот свет. Јанчевски бил роден на 29 јануари 1928 година во Куманово.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаЧетири мечки до смрт растргнале мајка и ќерка – со ДНК анализа е утврден ужасот на нападот Трагично пешачење во канадската покраина Британска Колумбија заврши со смртта на мајка и нејзината ќерка, кои беа нападнати од четири гризли мечки. Истражителите користеа ДНК анализа за да потврдат кои животни стојат зад ужасниот напад, а експертите се сомневаат дека жените биле плен, што го прави овој случај особено редок, објави Би-Би-Си. Џенифер Балкарас (48) и нејзината 20-годишна ќерка, Села Рид, отидоа на кратко попладневно пешачење на почетокот на ноември во областа Вајт Касл во западна Канада. Кога не се вратија дома, нивното семејство пријави дека се исчезнати. Потрагата заврши трагично. Телата, или поточно останките, на двете жени беа пронајдени во близина на планинарска патека, на околу 150 метри оддалеченост. По нападот, истражителите зедоа примероци од ДНК од животните за кои се сомневаше дека учествувале во трагедијата. Резултатите потврдија дека четири гризли мечки - возрасна женка и нејзините три младенчиња, стари околу една година, се одговорни за смртта на мајката и ќерката. Сите четири мечки подоцна беа еутанизирани за да се заштити јавноста, соопшти Службата за заштита на Британска Колумбија (BCCOS). Истрагата, исто така, откри особено вознемирувачка можност - дека нападот не бил резултат на изненадувачка средба или одбранбена реакција од страна на животните, туку дека мечките ги сметале жените за плен. „Нашата истрага, исто така, покажа дека ова веројатно бил предаторски напад, за кој можам да ви кажам дека е многу редок“, изјави инспекторот на BCCOS, Џеф Тајр, за АП. Експертите велат дека ваквите напади се исклучително невообичаени, бидејќи мечките генерално не напаѓаат луѓе за да ги јадат. Според проценките на Министерството за животна средина, земјиште и паркови на Британска Колумбија, во канадската покраина живеат помеѓу 10.000 и 13.000 гризли мечки. Видот е наведен како загрозен во покраината. Средбите меѓу луѓето и гризли мечките што завршуваат со напади се релативно ретки, но ризикот се зголемува кога луѓето го изненадуваат животното или кога тоа ги брани своите младенчиња или извор на храна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПаника среде лет: Се заканувал со бомба, па се обидел да влезе во пилотската кабина, авионот итно приземјен (ВИДЕО)Дражавјанинот на Хондурас, Рони Александар Гомез-Алберто, кој двапати бил депортиран од Соединетите Американски Држави, бил уапсен откако наводно се обидел да влезе во пилотската кабина на авион на „Јунајтед ерлајнс“ и тврдел дека има бомба. Инцидентот се случил во понеделник вечерта за време на летот од Њуарк до Њу Орлеанс, а неговото однесување ги натерало пилотите да издадат предупредување за киднапирање, објави „Фокс њуз“. Летот 2174 безбедно слета на меѓународниот аеродром „Луис Армстронг“ во Њу Орлеанс, каде што го пречекала полицијата. Гомез-Алберто подоцна бил уапсен, а Министерството за внатрешна безбедност на САД потврдило дека е обвинет за обид за влегување во пилотската кабина. Според одделот, Службата за имиграција и царинска контрола (ICE) поднела барање за негово притворање по неговото апсење. „На 10 ноември 2026 година, ICE поднела барање за притворање на Рони Александар Гомез-Алберто, државјанин на Хондурас кој нелегално е присутен во Соединетите Американски Држави, откако се обидел да влезе во пилотската кабина за време на летот“, изјавил портпарол на Министерството за внатрешна безбедност за „Фокс њуз“. Според американските власти, Гомез-Алберто првпат бил уапсен во септември 2011 година откако нелегално ја преминал границата во близина на Ел Индио, Тексас. Тој бил повторно уапсен во октомври 2014 година, во близина на Колумбус, Ново Мексико. По двете апсења, тој бил депортиран од Соединетите Американски Држави. TERRIFYING MIDAIR SCARE: A twice-deported illegal immigrant allegedly claimed to have a bomb and tried to storm the cockpit of United Flight from Newark to New Orleans, triggering an in-flight hijacking alert. Authorities say Honduran national Rony Alexander Gomez-Alberto—previously deported in 2011 and 2014, then released by an immigration judge in 2020—was arrested upon landing and faces terrorizing and false arson charges. ICE has placed a detainer as federal investigators weigh additional charges. — FOX & Friends (@foxandfriends) November 11, 2026 Тој повторно бил уапсен од страна на Граничната патрола во 2019 година откако се обидел нелегално да влезе во земјата во близина на Сан Исидро, Калифорнија. Сепак, тој бил ослободен од притвор во јануари 2020 година откако судија за имиграција наредил негово ослободување во исчекување на постапката за депортација. Локалните медиуми, повикувајќи се на Канцеларијата на шерифот на округот Џеферсон, објавија дека осомничениот е обвинет и за пренесување лажни информации за планирано палење и терористичка закана, како и за нарушување на јавниот ред. Министерството за внатрешна безбедност конкретно изјави дека тој упатил закана со бомба за време на летот, што предизвикало тревога кај екипажот и патниците. Јунајтед ерлајнс потврди дека авионот слета безбедно и дека полициските сили го пречекале авионот по пристигнувањето. „Летот 2174 на „Јунајтед“ од Њуарк до Њу Орлеанс слета безбедно по инцидент во кој беше вклучен еден патник. Полицијата го пречека авионот по пристигнувањето“, соопшти компанијата. Авионот „Боинг 737 MAX 9“ превезуваше 46 патници и шест члена на екипажот. Портпаролот на Министерството за внатрешна безбедност изјави дека властите ќе продолжат да преземаат мерки против лицата кои се нелегално во Соединетите Држави и кои вршат кривични дела.Тагови: авион Бомба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЖена е прегазена за време на кражба на автомобил- разбојникот ја остави во критична состојба (ВИДЕО)Неидентификувана жена е сериозно повредена кога разбојник ја прегазил за време на кражба на автомобил во вторник наутро (10 ноември) во населбата Бара Фунда, во западниот дел на Сао Паоло. Таа претрпела тешка трауматска повреда на мозокот, морала да биде интубирана и била однесена во болницата Санта Каса. Безбедносна камера го снимила моментот кога осомничениот разбојник се приближил до жртвата, ја презел контролата врз автомобилот и ја прегазил додека бегал, објави „Глобо“. Злосторството се случило на улицата Хозе Крис, во близина на плоштадот Паскоал Мартинс и авенијата Маркес де Сао Висенте. Воената полиција била повикана околу 6:35 часот наутро. Видеото го прикажува разбојникот како се приближува до жената, која штотуку излегла од аптека и влегувала во својот автомобил. Mulher é atropelada por criminoso durante roubo de carro na Barra Funda, em SP; vítima está em estado grave https://t.co/1YgWxOzUul #g1 https://t.co/u3s3bC5oFw — g1 (@g1) November 10, 2026 Осомничениот ја преминува улицата и се крие зад дрвја, чекајќи жената да влезе во возилото. Потоа ѝ се приближува и седнува на задното седиште. Кога го забележува нападот, жената излегува од возилото. Разбојникот потоа седнува на возачкото седиште, но жртвата се обидува да го спречи грабежот. Следува физичка пресметка, при што мажот ја турка. Таа паѓа и ја удира со главата на земја. Потоа крадецот го става автомобилот во рикверц и ја удира со својот автомобил. Луѓето на блискиот паркинг се обидуваат да го спречат да избега, викајќи му да застане, но осомничениот успева да избега со автомобилот. Вработен на паркингот, кој бил сведок на инцидентот, рекол дека жената се обидела да ја зграби вратата од автомобилот за да го спречи крадецот да избега. „Таа се обидела да ја повлече вратата, но тој успеал да се врати во рикверц токму кога таа ја зграбила. Потоа била фрлена назад со сета сила, ја удрила главата и ја изгубила свеста“, рекол сведокот. Според него, луѓето на местото на настанот истрчале за да го спречат возачот да ја прегази жената. „Трчавме за да не ја прегази. Малку забавил, потоа малку забрзал и скршнал, но и покрај тоа, гумата сепак ја зафатила главата. Потоа продолжил да вози“, рекол сведокот. Жената била однесена во болница со тешка трауматска повреда на мозокот и крварење од увото. Таа мораше да биде интубирана пред да биде префрлена во болницата Санта Каса во Сао Паоло. До последното ажурирање, немаше информации за тоа каде се наоѓа крадецот и украдениот автомобил.Тагови: автомобил разбојник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter