ЖивотНа денешен ден5 ноември 20231492.- Морепловецот Христифор Колумбо во својот дневник запишал дека пронашол „едно вкусно растение од кое живеат луѓето“. Тоа бил првиот пишан документ во кој се спомнувала пченката (царевката). 1831.- Роден е Џемс Клерк Максвел, британски физичар, најголем теоретски физичар во 19. век. Тој во областа на електромагнетизмот ги формулирал познатите Максвелови равенки, ја создал електромагнетната теорија на светлината, дал теоретска основа за радиобрановите и за радиотехниката, математички формулирал повеќе Фарадееви изуми и друго. Умрел во Кембриџ, на 5 ноември 1879 година. 1912.- За претседател на САД бил изран Вудро Вилсон. Вилсон бил единствениот претседател во американската историја кој на избори ги победил двајцата поранешни шефови на државата - Вилијам Тафт и Теодор Рузвелт. 1913.- Родена е британската театарска и филмска актерка Вивиен Ли, која светската слава ја стекнала со улогата Скарлет О`Харе во американскиот филм „Однесено со виорот“ за која била наградена со Оскар. Во театарот играла низа главни улоги во драмите на Вилијам Шекспир, често со нејзиниот маж Лоренс Оливије за кого била мажена од 1937 до 1960 година. Филмови: „Бура во чаша вода“, „Пожар над Англија“, „Цезар и Клеопатра“, „Ана Каренина“, „Леди Хамилтон“, „Тармвајот наречен желба“. 1914.- Франција и Велика Британија во Првата светска војна и објавија војна на Турција. 1916.- Централните сили во Првата светска војна го прогласиле Кралството Полска, што било обид Пољаците масовно да се мотивираат за учество во војната на страната на централните сили. Царска Русија на овој чин одговорила со ветувањето дека по војната Полска ќе добие самостојност. Дотогаш Полска била една од руските крунски земји - рускиот цар ја носел титулата и цар на Полска (без Галиција која била австриска и делови кои биле под Германија). 1930.- Умрел холандскиот лекар Кристијан Ајкман, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1929 година, пронаоѓач на причините за болеста бери-бери. Нобеловата награда ја добил за откривање на витаминот Б. 1940.- Демократот Франклин Рузвелт го победил на изборите републиканецот Вендел Вилки и по третпат бил избран за претседател на САД. 1944.- Умрел францускиот хирург и биолог Алексис Карел, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1912 година. Значаен бил по откривањето на трансплантацијата на ткивата и одржување на живото ткиво надвор од организмот. Исто така ја унапредил хирургијата на крвните садови. 1956.- Британските падобранци се спуштиле во Порт Саид во рамките на тројната британско-француско-израелска агресија врз Египет. Со енергична акција на Обединетите нации, агресијата била запрена, но оставила политички последици врз целиот регион и врз светот. 1960.- Умрел американскиот филмски режисер од канадско потекло Мак Сенет, еден од најзначајните автори на бурлеските во периодот на немиот филм. Тој го промовирал Чарли Чаплин. 1968.- На изборите за претседател на САД републиканецот Ричард Никсон го победил демократот Хјуберт Хамфри. 1968.- На сцената на Операта при Македонскиот народен театар во Скопје била изведена премиерата на операта во четири чина со епилог „Цар Самуил“ од македонскиот композитор Кирил Македонски. 1969.- САД го лансирале првиот вселенски брод „Маринер-3“ во правец кон Марс. Поради технички грешки мисијата претрпела неуспех. 1982.- Умрел францускиот филмски режисер и актер од руско потекло Жак Тати, сатиричар, комедиограф. Филмови (режија и глума): „Празничен ден“, „Одмор на господинот Илоа“, „Мојот вујко“ (Оскар), „Сообраќајна бркотница“. 1982.- На реката Парана на бразилско-парагвајската граница почнала со работа Итаипа, најголемата хидроелектрана во светот. 1898.- Умрел американскиот пијанист Владимир Хоровиц, еден од најголемите мајстори на клавир во историјата. Советскиот Сојуз го напуштил во 1925 година, а кога првпат се вратил во 1986 година одржал триумфални концерти во Москва и во Санкт Петербург. 1996.- Демократскиот кандидат, гувернерот од Арканзас, Бил Клинтон убедливо победил на претседателските избори дури во 40 држави на САД. 1996.- Пакистанскиот претседател ја сменил премиерката Беназир Буто обвинувајќи дека нејзината влада е вмешана во корупција и непотизам и дека не е способна да управува со државата. 2003.- Европската комисија ја донесла дефинитивната одлука за влез во Европската унија, на 1 мај 2004 година, на 10 нови членки - Естонија, Кипар, Летонија, Литванија, Унгарија, Малта, Полска, Словачка, Словенија и Чешка. 2005.- Умрел британскиот писател Џон Фаус, автор на романот „Магионичар“, „Жената на францускиот поручник“, „Колекционер“, „Мушичка“, „Даниел Мартин“. 2006.- Поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин бил осуден на смрт со бесење за извршени злосторствата против човештвото. Садам заедно со седуммина поранешни ирачки функционери бил обвинет за убиство на 148 муслимански шиити во местото Дуџаил, по обидот за атентат врз него, во 1982 година. 2006.- Умре поранешниот турски премиер Булент Еџевит, познат како лево ориентиран националист чија политичка кариера траела половина век. Како премиер на Турција, Еџевит ќе остане запаметен по тоа што испратил трупи во поделениот Кипар во 1974 година, како и по тоа што на својата земја и обезбедил статус на кандидат за прием во Европската унија во 1999 година. 2022.- На 95-годишна возраст почина Џафер Кадрија од тетовско Камењане во Општина Боговиње, еден од учесниците во Народноослободителната и антифашистичка војна во Македонија. Кадрија како учесник во НОВ, учествуваше во борбите за конечно ослободување на Југославија во Далматинската бригада, која стигна до границите на Италија и ослободувањето на градот Трст. За своето учество во НОВ беше одликуван со Медал за храброст. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
ФудбалДимитриевски: Ја собрав топката, не можам да исчезнам во таква ситуацијаСтоле Димитриевски за ВАР одлуката за пенал.“Ја собрав топката, не можам да исчезнам во таква ситуација. Ние никогаш не би добиле таков пенал”, изјави македонскиот голман Столе Димитриевски по поразот од Шкотска (1-2) во Глазгов во рамки на Лигата на нациите. Тагови: Столе Димитриевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамКако настанала „коњската сила“?Иако моќноста на моторот кај современите автомобили официјално се изразува во киловати (kW), коњските сили (hp) сè уште се користат во секојдневната употреба. Но, зошто?Кон крајот на 18 век, шкотскиот пронаоѓач Џејмс Ват создал нова, поефикасна парна машина. За да ги стави своите подобрувања во контекст што е попријателски кон луѓето, Ват сметал дека споредувањето на неговиот мотор со моќта на коњ ќе им помогне на клиентите да ја разберат вредноста на неговиот нов изум, пишува Ревијахак. Ват работел со коњи во рудник за јаглен. Тој проценил дека просечното животно може да помести 100 килограми јаглен на растојание од 30 метри за една минута. Од друга страна, тој пресметал дека неговата парна машина може да ја изврши истата работа како десет коњи, и затоа тврдел дека има десет коњски сили. Ова значело дека неговиот мотор во суштина може да помести 1.000 килограми, низ рударско окно, 30 метри секоја минута. Ова добро резонирало кај клиентите, а тврдењата на Ват за перформансите на моторот формираа основа за споредба со машините на конкурентските инженери. Наскоро сите почнуваат да ја користат единицата коњски сили, како груба проценка дефинирана на начин што би бил разбирлив за обичните луѓе. И токму благодарение на Џејмс Ват денес ја имаме мерната единица дефинирана во Меѓународниот систем на единици (SI) - „ват“. За да се конвертира 1 kW (киловат) во коњски сили, потребно е да се помножи со 1,35962. Извор: Б92Тагови: коњски сили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОдбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров - почит за хероите и сеќавање на историјатаСо свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември.Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември, ден кој претставува траен симбол на слободата, храброста и пожртвуваноста на генерациите кои се бореле за подобра иднина. На одбележувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, претседателката на Советот Бранкица Дуковски, членовите на Советот, претставници на делегации, вработени во општината и бројни сограѓани, кои со положување цвеќе и минута молчење им оддадоа почит на борците и хероите кои ги положиле своите животи за слободата. Особена чест на настанот му даде присуството на 97-годишниот Јован Манчевски, единствениот жив борец од тој период и драгоцено живо сведоштво за историските настани. Со своето обраќање, тој сподели спомени и сведоштва за времето на борбата и ослободувањето, потсетувајќи на храброста, жртвата и решителноста на генерациите кои ја извојувале слободата. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во своето обраќање истакна дека 14 Ноември не е само историски датум, туку и потсетник за одговорноста што секоја генерација ја има кон својата заедница и иднината. -Денес, кога се поклонуваме пред споменот на борците и хероите, ја изразуваме нашата длабока почит кон нивната храброст и жртва. Тие ни ја оставија слободата како највредно наследство, а наша должност е тоа наследство да го чуваме и да го надградуваме. Денес, нашата борба е поинаква - таа е борба за подобри услови за живот, современа инфраструктура, квалитетно образование, безбедни населби и еднакви можности за сите граѓани. Наша заедничка цел е да ја градиме Општина Ѓорче Петров во општина во која младите ќе ја гледаат својата иднина, семејствата ќе се чувствуваат сигурно, а секој граѓанин ќе биде почитуван - истакна Стојкоски. Тој посочи дека вистинската вредност на локалната самоуправа не се мери само преку реализираните проекти, туку и преку довербата, одговорноста и грижата за граѓаните. Одбележувањето на 14 Ноември е потсетник дека слободата не се подразбира, дека историското наследство треба да се чува, а иднината да се гради со работа, единство и одговорност.Тагови: Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook