Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
ЖивотНа денешен ден- Светски ден на слепите - Меѓународен ден на пешачењето 70 п.н.е.- Роден е римскиот писател Публиј Вергилиј Марон, творец на совршени дела - епови во кои го величел римското минато. Дела: „Енеида“, „Пастирски песни“, „Песни за земјоделците“. 1529.- Турскиот султан Сулејман II се откажал од опсадата на Виена. 1542.- Роден е царот Абу ул Фат Џелалудин Акбар, еден од најголемите владетели на Индија, кој ги покорил побунетите држави Гуџарат и Кашмир, а го освоил и Авганистан. Бил голем реформатор кој настојувал да ги обедини поданиците на различните вери и раси и го укинал ропството. 1582.- Во Шпанија, Португалија и во папските држави во Италија почнала примената на календарот на папата Григур XIII. Според советот на астрономите, папата го реформирал Јулијанскиот календар, заснован на Сончевата година од 365 дена и шест часа, во кој годината е подолга од Сончевата за 11 минути и 14 секунди и секоја 128 година се појавува еден ден „повеќе“. Таа разлика се отстрани така што после четврток 4 октомври 1582 година наредниот ден петокот се сметашe како 15 октомври. Годината според Грегоријанскиот календар сепак е подолга од природната за 12 секунди, но разликата од цел ден ќе биде постигната дури после 3320 година. 1608.- Роден е италијанскиот физичар и математичар Евангелиста Торичели, пронаоѓач на живиниот барометар, таканаречената Торичелиева цеква. Кога Галилео Галилеј ослепел Торичели му станал секретар, а по смртта на Галилеј ја наследил неговата катедра. 1814.- Роден е рускиот писател Михаил Јурјевич Љерментов, чии песни кои ги напишал уште како дете, станале антологиски. Загинал во двобој во 1841 година. Дела: романот „Јунак на нешето време“, драмата „Маскарада“, поемата „Демон“, песните „Облаци, „Мисла“, „Пророк“, „Татковина“, „Бородино“. 1815.- Четири месеци по поразот на неговата армија во битката кај Ватерло, францускиот цар Наполен I стасал на островот Света Елена во Атлантскиот океан, на кој во 1821 година умрел. 1817.- Во Швајцарија умрел полскиот национален јунак Тадеуш Анзеј Бонавентура Кочушко, учесник во американската војна за независност и аѓутант на Џорџ Вашингтон, подоцна првиот претседател на САД. По враќањето во Полска покренал востание против Русија, но неговата војска била поразена во октомври 1794 година, при што бил ранет и заробен. Во 1796 година бил пуштен на слобода под услов да се откаже од акциите против Русија. 1844.- Роден е германскиот филозоф од полско потекло Фридрих Вилхелм Ниче. Дела: „Волја за моќ“, „Од онаа страна на доброто и злото“, „Генеалогија на моралот“, „Радосна наука“. 1851.- Во околината на Мелбурн, Австралија, е пронајдено богато наоѓалиште на злато. Покрај индустрискиот развој, ова бил причина голем број Европјани да се населат во Австралија. 1854.- Во Даблин е роден Оскар Вајлд, англиски писател од ирско потекло. Негови најпознати дела се комедиите: „Ладалото на Леди Виндермаер“, „Важно е да се викаш Ернест“, „Идеален маж“ и други. Умрел во Париз, на 30 ноември 1900 година. 1895.- Во Париз под обвинение за велепредавство во корист на Германија, бил уапсен францускиот офицер Алфред Драјфус (1859-1935), по потекло Евреин, со што почнала бурната афера („Драјфусова афера“) која со години го потресувала општествениот и политичкиот живот на Франција. Драјфус без вистински докази бил осуден на доживотна робија, но по големото негодување на јавноста и ангажираното настапување на писателот Емил Зола бил откриен вистинскиот виновник, а Драјфус бил ослободен и рехабилитиран во 1906 година. 1917.- Познатата германска шпионка за време на Првата светска војна, по потекло Холанѓанка, Мата Хари со вистинско име Гертруд Маргарет Зеле била погубена во Париз. Таа била позната танчерка која на сцените предизвикувала одушевување. Како актерка контактирала со многу истакнати личности и дознавала тајни што им ги пренесувала на германските агенти. Родена била во 1876 година. 1928.- Германскиот „Граф Цепелин“ го извел првиот комерцијален лет преку Атлантикот. 1946.- Германскиот воен злосторник Херман Геринг извршил самоубиство во затворска келија еден ден пред да биде погубен врз основа на пресудата од Меѓународниот суд за воени злосторства во Нирнберг. 1949.- Во Унгарија по монтираните сталинистички судски процеси како „титоисти“ погубени биле Ласло Рајк, Тибор Сони и Андраш Салаи. 1950.- Во Скопје е роден Благоја Георгиевски – Буштур - поранешен македонски и југословенски кошаркар. Георгиевски бил учесник на Летните олимписки игри во 1976 година кои се одржале во Монтреал како член на југословенската кошаркарска репрезентација, каде освоил сребрен медал. На Европско првенство во 1971 година, кое се одржало во Западна Германија, како член на југословенската кошаркарска репрезентација Георгиевски освоил сребрен медал. Буштур својата кариера ја поминал во КК Работнички, а бил и амбасабор на Специјалните Олимписки Игри. 1964.- Советскиот лидер Никита Хрушчов бил тргнат, а следниот ден било објавено дека самиот изразил желба да се повлече наводно заради годините и слабата здравствена состојба. Прв секретар на Комунистичката партија станал Леонид Брежњев, а премиер Алексеј Косигин. 1964.- Умрел Кол Портер, американски композитор на музички комедии. Најпознато дело му е „Бакни ме Кети“. Роден е во 1893 година. 1984.- Во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот на Македонците во Канада „Македонија“. 1986.- Во Скопје, во адаптирани простории на Старата железничка станица, бил даден во употреба Салонот на весникот „Остен“, во којшто била отворна Осумнаесеттата изложба на Светската галерија на карикатури на тема „Се е кабаре“. 1987.- Во државен удар бил убиен претседателот на Буркин Фасо капетан Томас Санкара, а шеф на државата станал капетанот Блез Компаоре. 1989.- Во Париз умре Данило Киш, еден од најголемите југословенски писатели со светско реноме. Роден бил во Суботица, на 22 февруари 1935 година. 1990.- Советскиот претседател Михаил Горбачов ја добил Нобеловата награда за мир, со образложение дека го задолжил светот со политиката на мир, но многумина во неговата земја подоцна ја доживеале како награда за разбивање на СССР. 1992.- Во Скопје била регистрирана Демократската партија на Турците на Македонија, со седиште во Скопје, а за претседател е избран Ердоган Сарач. 1993.- Јужноафриканскиот претседател Фредерик Вилем де Клерк и водачот на Африканскиот национален конгрес Нелсон Мандела ја добиле Нобеловата награда за мир како признание за ставање крај на режимот на апархејдот и создавање основа за развој на демократијата во Јужна Африка. 1993.- Во Париз, Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) бил примен за полноправен член на Светската автомобилска федерација (ФИА). 1995.- По 20 месеци грчко ембарго, отворена била македонско-грчката граница. 1997.- Во Скопје умрел Владо Чучков, едно од најпознатите пера на македонската музичка критика. Роден бил во 1929 година. 2000.- Во Струмица умрел Доне Чапарев, македонски писател. Автор е на книгата поезија „Живи сенки“, „Вечерни патувања“, на драмите „Благој Мучето“ и „Пајтон полн оружје“ и на други дела. Роден бил во Струмица, на 4 јуни 1949 година. 2003.- Кина успешно го лансирала првиот вселенски брод со екипаж со што станала трета земја која во вселената испратила човек, 42 години по историскиот лет на Јуриј Гагарин. Во орбитата околу Земјата, од космодромот Џингуан кој се наоѓа во пустината Гоби, лансиран бил бродот „Шенџоу - 5“ со астронаутот Јанг Левиј. 2012.- На 89-годишна возраст умре поранешниот крал на Камбоџа Нородом Сиханук кој никогаш не престана да работи за зачувување на единството на Камбоџа Последните години од својот живот ги поминал во борба со тумор и дијабетис, најчесто лекувајќи се во Кина, каде што и починал. 2012.- Американските економисти Елвин Рот и Лојд Шепли станале добитници на Нобеловата награда за економија, за истражувањето за тоа како да се усогласат различните економски агенси, како на пример, учениците со училиштата или донаторите на органи со пациентите. Шведската кралска академија на науките соопштила дека таа годинава наградата била изразена во парична вредност од осум милиони шведски круни (1,2 милиони долари) и претставува признание за „теоријата на стабилни распределби и на праксата на трговскиот дизајн“. 2018.- Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина на 65 години. Тој и неговиот другар од детството, Бил Гејтс го основаа Мајкрософт во 1975 година. Ален бил извршен потпретседател за истражување и доусовршување до 1983., кога морал да ја напушти позицијата поради проблеми со здравјето, но сепак останал член на управата. И идејата за името на компанијата, била негова. Како страствен спортски навивач, Ален беше и сопственик на американските кошаркарски клубови Портланд и Сиетл.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понеделник температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: променливо облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Култура„Мал формат / МиниАртура“ на ДЛУМ во КИЦВо организација на Друштвото на ликовните уметници на Македонија – ДЛУМ, на 16 ноември во Културно- информативниот центар –КИЦ, Скопје, во 20.30 часот ќе биде отворена изложбата „Мал формат / МиниАртура“.Во рамки на „Мал формат“ ќе бидат претставени 37 автори со 64 дела, а во „МиниАртура“ 27 автори со 47 дела. „Мал формат“ го насочува вниманието кон уметничкото дело со ограничени димензии, но со неограничен простор за визуелна, концептуална и емоционална интерпретација. Малата површина овозможува концентрација на ликовниот јазик и ја нагласува важноста на секој потег, линија, боја, форма и текстура. Претседателката на ДЛУМ, проф. д-р Јана Манева –Чупоска укажува дека во рамките на оваа изложба се среќаваат различни авторски пристапи, техники и поетики кои покажуваат дека форматот не ја ограничува идејата, туку може дополнително да ја засили нејзината експресивност. „Делото со помали димензии често создава непосредна и интимна комуникација со набљудувачот, барајќи поголемо внимание и поблизок контакт. „’Мал формат’“ , вели таа, е простор во кој малото станува значајно – како концентрација на мислата, чувството и личниот уметнички ракопис. Изложбата ја потврдува разновидноста на современото ликовно творештво и можноста во мал простор да се создаде силен и целосен визуелен исказ“. За изложбата „МиниАртура“ Манева -Чупоска ќе рече дека ја претставува уметноста на прецизноста, концентрацијата и вниманието кон деталот. „Минијатурниот формат создава специфичен ликовен простор во кој секој елемент има своја функција и значење, а малата димензија станува предизвик за уметникот и можност за исклучително концентриран визуелен израз. Во ‘МиниАртура’ големината на делото не ја определува неговата содржинска или естетска вредност, напротив, ограничениот простор отвора можност за суптилност, прецизност и истражување на формата, линијата, бојата, светлината и текстурата“, вели меѓудругото . претседателката на ДЛУМ. Особената вредност на изложбата „Мал формат“ според проф. д-р Маја Рауник Кирков, претседателка на уметничкиот совет на ДЛУМ, произлегува од коегзистенцијата на различни авторски сензибилитети, техники и поетики. „Мал формат 2026“ е афирмација на уметничката мисла, креативната слобода и способноста на визуелниот говор преку минимална физичка форма да презентира комплексни естетски, емотивни и концептуални содржини. Вистинската вредност на делата на оваа изложба се наоѓа во капацитетот одлично да ги презентираат моќта на ликовните идеи и нивните ликовни артикулации“, вели меѓудругото Рауник Кирков. Таа смета дека изложбата „МиниАртура“ претставува специфичен простор на уметничка концентрација. „Физичката присутност на ликовните дела со минијатурни димензии го менуваат ритамот на гледање, поттикнуваат побавно набљудување, приближување и откривање на визуелните слоеви што не секогаш се откриваат при првиот поглед. Овие ликовни дела бараат внимание и посветеност, но за возврат нудат богатство од значења, асоцијации и естетски доживувања. Во нивните ограничени димензии често се отвораат неограничени простори на имагинацијата. Разновидноста на авторските ракописи и ликовните решенија ја потврдува способноста на современата минијатура да ги надмине конвенционалните претстави за размерот, обемот и монументалноста на уметничкото дело. Минијатурата станува простор на истражување во кој малото не значи ограничено, туку интензивно, промислено и содржински богато. Оваа изложба ја афирмира уметноста на суптилното присуство – онаа што не ја наметнува својата големина, туку ја освојува вниманието со својата внатрешна комплексност, поетичност и изразна моќ“, потенцира претседателката на уметничкиот совет на ДЛУМ.Тагови: Мал формат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаМинистерството за спорт со поддршка за инклузивната трка „Run Together 2026“ во ГевгелијаДржавниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски денеска присуствуваше на инклузивната трка „Run Together 2026“ што се одржa во Гевгелија, во рамките на спортскиот настан November Run, и изрази поддршка за учесниците и за организаторите.Трката која годинава го бележи третото издание, ја организира Фондацијата „Ице Бегов“ во соработка со Атлетскиот клуб „7 Ноември“. „Run Together“ е ненатпреварувачка трка на 1 км. на која лица со и без попреченост, деца, семејства, спортисти, волонтери, претставници на училишта и на здруженија се движат заедно на иста патека. Настанот создава простор за рамноправно учество и ја поттикнува инклузијата и достапноста на спортот за сите. „Вистинската вредност на спортот е во можноста секој да учествува, да биде прифатен и да се чувствува како дел од заедницата. Токму таа порака ја испраќа инклузивната трка „Run Together 2026“, настан кој преку спортот ги обединува сите луѓе со добра волја. Ми претставува особено задоволство што Министерството за спорт ја поддржува оваа прекрасна иницијатива, која покажува дека спортот е многу повеќе од натпреварување – тој е заедништво, еднаквост, почитување и можност за сите“ - истакна Огњеновски. Во трите досегашни изданија трката обедини над 2.250 учесници и поддржувачи од целата држава. Спорт достапен за сите во целата држава е една од целите и заложбите на Министерството за спорт што се реализира преку програмата за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура и поддршка за спортските и рекреативните настани кои значат промоција на спортот и на спортските вредности. Со почит, Министерство за спортТагови: Министерство за спорт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter