51. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црно
251. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црно
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
ЖивотНа денешен ден1571.- Шпанската морнарица кај Лепанта во југозападна Грција ја победила турската флота. 7 октомври 2023 1571.- Шпанската морнарица кај Лепанта во југозападна Грција ја победила турската флота. Во битката по која Отоманското царство никогаш повеќе не станало голема поморска сила, загинале најмалку 25.000 Турци, а биле потопени 80 турски бродови. 1849.- Во Балтимор умрел Едгар Алан По, северноамерикански поет и раскажувач. Неговата лирика се одликува со меланхоличност и тага. Автор е на кусите приказни на ужасот „Црна мачка“. Други негови познати дела се „Гавранот“, „Анабел Ли“, „Авантурите на Артур Гордон Пим“ и други. Роден бил во Бостон, на 19 јануари 1809 година. 1879.- Британските трупи извршиле инвазија врз Авганистан, со цел оваа земја да ја стават под британски протекторат. Настанот предизвикал две авганистански војни, но дури во 1919 година Британија ја признала независноста на оваа земја. 1885.- Во Копенхаген е роден Нилс Хенрик Давид Бор, дански теоретски физичар, основач на теоријата на структурата на атомот. Учествувал во научните истражувања што довеле до производството на атомската бомба. Во 1922 година ја добил Нобеловата награда за физика. Умрел во Копенхаген, на 18 ноември 1962 година. 1904.- Умрел Димитар Цанко, македонски преродбеник. Тој имал најистакната улога во изградбата на историскиот континуитет на македонската културна традиција во југоисточна Албанија. Роден бил во селото Бобошница, Корчанско, во 1814 година. 1908.- Прогласена била унијата меѓу Грција и Крит. 1910.- Во Дојран е роден Ѓорѓи Абаџиев, македонски писател, еден од најпознатите прозаисти, публицист и историчар. Негови најпознати дела се „Изгрев“, „Епопејата на Ножот“, „Последната средба“, „Арамиско гнездо“, „Пустина“ и други. Умрел во Куманово, на 2 август 1963 година. 1913.- Во Прилеп е роден Илија Николовски - Луј, македонски музички педагог и композитор. Музика учел во Белград и во Софија, а дипломирал на Педагошката академија во Скопје. Умрел во Скопје, на 22 октомври 1973 година. 1931.- Роден е јужноафриканскиот надбискуп Дезмонд Туту, борец против апартхејдот, добитник на Нобеловата награда за мир во 1984 година. 1935.- Друштвото на народите ја прогласило Италија за агресор врз Абисинија (Етиопија). 1940.- Германија во Втората светска војна ја окупирала Романија со што допрела до важните стратешки нафтени полиња. 1944.- Кај селото Смојмирово, Беровско, во борба против германските фашисти загинал Ацо Караманов, македонски поет и борец во НОВ на Македонија. Роден бил во Радовиш, на 31 јануари 1927 година. 1946.- Во Софија почнала траурната церемонија - пренесување на посмртните останки на големиот син на македонскиот народ Гоце Делчев, во главниот град на Народна Република Македонија. 1949.- Прогласена била Демократска Република Германија. Вилхелм Пик бил претседател, а премиер Ото Гротевол. Со тоа Германија била поделена на две држави. На ова му претходело прогласувањето на Сојузна Република Германија, на 21 септември 1949 година. 1959.- Советскиот вселенски брод „Луна 3“ прв ја фотографирал темната страна на Марс. 1959.- Умрел американскиот оперски пејач и филмски актер од италијанско потекло Марио Ланца, кој остварил голем број незаборавни оперски улоги. Снимил неколку филмови, вклучувајќи го и филмот „Големиот Карузо“. 1969.- НР Кина соопштила дека е постигната согласност за почеток на преговорите со Советскиот Сојуз за граничниот спор. 1981.- Потпретседателот на Египет Хосни Мубарак станал вршител на должноста шеф на државата еден ден по убиството на претседателот Анвар ел Садат, извршено од страна на исламски терористи. 1985.- Во Скопје умрел проф. д-р Христо Андонов-Полјански, македонски историчар, ректор на Универзитетот "Кирил и Методиј" во Скопје, долгогодишен професор на катедрата по историја на Филозофско-историскиот факултет, признат научник, проучувач на историјата на македонскиот народ. Роден бил во Дојран, на 21 септември 1927 година. 1989.- Конгресот на Унгарската социјалистичка работничка партија ја укина партијата која владееше 33 години и наместо неа ја формира Социјалистичката партија на Унгарија. 1991.- Европската заедница и стави ултиматум на Југославија за 24 часа да ги прекине воените дејствија на ЈНА. Во спротивно се закани со економски санкции. 1992.- Советот за безбедност на Обединетите нации ја основа Комисијата за испитување на воените злосторства во Југославија. 1993.- Во Скопје се конституира Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал. 1995.- Умре Христо Христоманов, македонски општествено-политички работник и земјоделско-шумарски стручњак. Смртта настана како последица од повредите добиени при атентатот врз претседателот на Република Македонија Киро Глигоров. Роден е во Струмица, на 18 јули 1921 година. 1992.- Германските компании и владата понудија 3,3 милијарди долари компензација на стотина илјади луѓе кои беа приморани на присилна работа во текот на нацистичката ера. 2001.- САД извршија напади врз Авганистан бидејќи талибанците одбија да го испорачаат арапскиот терорист Осама бин Ланед осомничен за терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон, на 11 септември. 2003.- Американскиот филмски актер од австриско потекло Арнолд Шварценегер е избран за гувернер на Калифорнија, најнаселената држава во САД. 2004.- Во серија експлозии во египетското летовалиште Синај, на границата со Израел, загинаа 35 туристи, а беа ранети 105, повеќето израелски граѓани. Најсилната експлозија бил во Таби, во хотелот „Хилтон“. 2004.- Абдицираше камбоџанскиот крал Нород Сиханук кој ја ослободи земјата од колонија. Него го наследи синот Нород Сихамон. 2004.- Во експлозија на автомобил-бомба во пакистанскиот град Мултан загинаа најмалку 39 луѓе, а преку 100 беа повредени. 2006.- Убиена е познатата руска новинарка Ана Политковска, коментатор на „Нова газета“ и добитник на „Златно перо на Русија“ за 2000 година. Факултетот за новинарство го заврши на „Ломонсовиот“ универзитет во Москва. Работеше во повеќе медиуми, меѓу кои и во дневниот весник „Известија“. Автор е на книгата „Патување во пеколот - Чеченски дневник“. Ана Политковска е добитник и на награда за добротворни цели, како и на награда на Здружението на новинари на Русија. 2013.- Американците Џејмс Ротман и Ренди Шекман и Германецот Томас Зидоф ја добија годинешната Нобелова награда за медицина или физиологија, за истражувањата поврзани со тоа како клетките го организираат својот преносен систем. Преку своите истражувања Ротман, Шекман и Зидоф открија извонредно прецизен систем за контрола на преносот и испораката на клеточниот материјал. Истражувањето на тројцата научници овозможило да се дознае „како пореметувањата при преносот на клеточниот материјал придонесуваат за развој на невролошките болести, дијабетесот и болестите на имунолошкиот систем“. Паричната награда, која ќе ја поделат тројцата научници, изнесува 1,2 милиона долари. 2014.- Јапонците Исаму Акасаки и Хироши Амано, како и американскиот државјанин роден во Јапонија, Хуџи Накамура, оваа година се избрани за добитници на Нобеловата награда за физика. Наградата им се доделува за пронаоѓање на сините светлечки диоди - нов штедлив енергетски и еколошки извор на светлина (ЛЕД сијалица). Пронајдокот е стар само 20 години, но веќе има исклучителен придонес за човештвото. Светлечките диоди масовно се употребуваат за екраните на смартфоните. Тројцата научници ќе ја поделат наградата од 1,1 милион долари. 2016.- Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос станал добитник на Нобеловата награда за мир. Наградата на Сантос му била доделена за „неговите непоколебливи напори за прекин на 50-годишната граѓанска војна во Колумбија“. Тој одиграл водечка улога во склучувањето на мировниот договор со бунтовниците од Колумбиските револуционери вооружени сили (ФАРК). Со договорот се ставил крај на војната меѓу колумбиските власти и бунтовниците. Нобеловата награда за мир е во вредност од 930.000 долари. 2016.- По кратко и тешко боледување починала Светлана Антоновска (65) – основоположник на современата статистика во самостојна Република Македонија и прв директор на Државниот завод за статистика по осамостојувањето на земјата. Како статистичар, покрај извршувањето на својата раководна функција до 1997 година и во периодот од 1998 до 2001 година, Антоновска била активен пропагатор и основоположник на унапредувањето на статистичката методологија во Република Македонија, како и за имплементирање на стандардите, класификациите и номенклатурите кои се применуваат во статистичките истражувања во Европа и во светот. 2020.- На 62-годишна возраст во Кочани почина поранешниот македонски олимпиец Коце Ефремов. Ефремов, кој е роден на 17 март 1956 година е еден од најистакнатите борачи на БК Спартак, југословенски репрезентативец, кој беше олимпиец од ЛОИ во Москва во 1980 година, каде го освои седмото место, а една година претходно беше златен на Медитеранските игри во Сплит, со учества на европски и светски првенства во борење. (МИА)Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветИлјадници луѓе излегоа на улиците во Португалија: „Нема да ни ги украдете домовите“Илјадници луѓе денес излегоа на улиците во 32 градови низ Португалија, барајќи итна акција од владата за решавање на влошената криза со домувањето во земјата.Протестите беа организирани од платформата „Каса пара вивер“ (Дом за живеење) под слоганот „Тие нема да ни го украдат правото на дом“. Митинзите се одржаа во Лисабон, Порто, Фаро, Портимао, Коимбра, Брага и други градови. Manifestação Casa para Viver, Lisboa https://t.co/vADIhqO1K9 — Bernardo (@_andrebernardo_) November 14, 2026 Барање за контрола на киријата и поголема заштита на станарите Демонстрантите бараат построга контрола на киријата, поголема заштита на станарите од иселувања и поголеми инвестиции во изградба на достапни јавни станови. Тие исто така бараат повлекување на предложените измени во законот за станови за изнајмување. Рита Силва, портпаролка на платформата „Каса пара вивер“, изјави за новинската агенција Луса дека протестите низ целата земја покажуваат дека кризата со домувањето не ги погодува само големите градови, туку цела Португалија. LIVE: Manifestação Casa para Viver Ponta Delgada, São Miguel Açores Portugal - 14.11.2026 https://t.co/kIaG3IyQjP — Claudio IRL (@claudio_irl) November 14, 2026 Платформата, која обединува околу 100 здруженија за домување и локални организации, исто така бара построги правила за договорите за изнајмување, празните имоти, краткорочните туристички изнајмувања и сузбивање на шпекулациите со имоти. Владата предлага измени во законот за изнајмување Протестите се случија откако парламентот во принцип го одобри предлогот на владата за измена на законот за изнајмување. Предложените измени би овозможиле поголема флексибилност во договорите за изнајмување и би ги забрзале процедурите за иселување. Активистите за правата на домување предупредуваат дека промените би можеле дополнително да ја ослабат заштитата на закупците во време на зголемување на кириите и намалување на достапноста на станови. A plataforma Casa Para Viver reúne apoiantes em Lisboa, Porto e outras localidades contra a lei do arrendamento e pede mais regulação estatal. https://t.co/513NBO2Gkp — The Intelligent Portugal (@TheIntelligPT) November 14, 2026 Активистите го повикуваат премиерот на разговори На националните протести им претходеше состанок меѓу португалскиот претседател Антонио Хозе Сегура и активистите за правата на домување во петокот. Претставниците на платформата „Каса пара вивер“ го поздравија состанокот и го повикаа премиерот Луис Монтенегро лично да се вклучи во разговори со нивното движење.Тагови: Португалија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија51. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црноВечерва во Кочани родителите на жртвите во дискотеката „Пулс“ го одржаа 51-от Марш за ангелите.Во дел од своите обраќања порачаа дека денеска освен за 63-те ангели кои загинаа во дискотеката, маршираат и за сите невини жртви што ја завиле Македонија во црно, како трагедиите во модуларната болница, Ласкарци, автобусот на Беса Транс. Им оддадоа почит и на жените и девојките чии животи како што посочија, насилно биле прекинати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветЗеленски: Путин сака да окупира украински град под маската на хуманитарна мисијаПутин го даде својот предлог на 12 ноември во Москва, за време на состанокот со американските специјални пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф.Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за воспоставување привремена „хуманитарна мисија“ во Костјантинивка во источна Украина е всушност план руските сили да влезат во градот и да го окупираат, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека таков потег ќе ѝ овозможи на Москва понатамошно напредување кон Краматорск, објави „The Kiev Independent“. „Примитивен потег за окупирање на градот“ „Ова е сосема примитивен потег бидејќи не може да го заземе овој град на кој било друг начин“, им рече Зеленски на новинарите. Според него, прекинот на огнот ќе им овозможи на руските трупи да се прераспоредат на поповолни позиции во самата Костјантинивка и нејзината околина. Зеленски вели дека предлогот му го пренеле американските преговарачи. „Им го објаснив мојот став за Костјантинивка на американските преговарачи. Таму живеат само украински граѓани, а борбите се водат во самиот град“, рече тој. „Ми го донесоа овој предлог, а потоа рекоа: „Да, разбираме“, додаде Зеленски. Предупредување за наплив кон Краматорск Костјановка се наоѓа во регионот Донецк, каде што се водат жестоки борби, и претставува голема пречка за руските напори да го заземат остатокот од регионот. Затоа контролата врз градот е воен и дипломатски приоритет за Москва. Зеленски нагласи дека Украина направила сè што е можно за да ги евакуира цивилите од областа. „Ако ја предадеме Костјантинивка, нивните следни чекори ќе бидат нашите други градови во Донбас“, рече тој. Според Зеленски, украинската страна им дала на Американците список од седум или осум блокирани населби каде што сè уште се присутни цивили, вклучително и деца, како што е селото во близина на Олешки. Тој нагласи дека Русија не предложила хуманитарна операција за ниту едно од овие места. „Зошто? Затоа што по Костјантинивка доаѓаат Краматорск и Славјанск“, заклучи тој. Ситуацијата на терен Путин го даде својот предлог на 12 ноември во Москва, за време на состанокот со американските специјални пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф, додека борбите продолжуваат во Костјантинивка. Украина ги отфрли руските тврдења дека Москва го контролира градот. Главниот штаб на украинската армија објави дека нејзините сили сè уште дејствуваат против руските пешадиски групи кои се обидуваат да влезат во градот. Советникот на украинскиот претседател, Дмитро Литвин, ги доведе во прашање мотивите на Москва. Тој потсети на претходната руска понуда за хуманитарна операција во Олешки, во Херсонската област, која, како што тврди, служела за ротација на трупите и доведување дополнителен персонал во областа под маската на привремен прекин на огнот.Тагови: Владимир Путин Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00