Најмалку шестмина загинати и 28 повредени во напад на православна црква во Јордан, пукале за време на погреб
2Најмалку шестмина загинати и 28 повредени во напад на православна црква во Јордан, пукале за време на погреб
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ЖивотНа денешен ден55 п.н.е.- Римскиот конзул Гај Јулиј Цезар ја започнал инвазијата на Британскиот остров со 10.000 војници на Седмата и Десеттата легија. 1576.- Од епидемијата на чума што ја зафатила Венеција умрел Тицијан Вечели, прочуен италијански сликар, основач на Венецијанската сликарска школа. Автор е на голем број слики кои претежно ги прикажуваат животот и обичаите на Венецијанската Република. Роден бил меѓу 1487 и 1490 година. 1664.- Умрел шпанскиот сликар Франциско де Сурбаран, еден од најзначајните уметници во 17. век. 1770.- Во Штудгарт е роден Георг Вилхелм Фридрих Хегел, најистакнатиот претставник на германската идеалистичка филозофија. Со своите сфаќања на дијалектиката тој извршил позитивно влијание врз напредната европска и светска мисла. Посебно е значајно неговото влијание врз класиците на марксизмот, кои неговата филозофска мисла ја сметале за една од основите на дијалектичкиот материјализам. Негови најпознати дела се „Филозофија на природата“, „Филозофија на духот“, „Логика“, „Естетика“ и други. Умрел во Берлин, на 14 ноември 1831 година. 1789.- Собранието на Франција ја усвоило Декларацијата за правата на човекот и граѓаните, инспирирана од сличната американска декларација. 1813.- Францускиот цар Наполеон Први со 130.000 војници кај Дрезден ги поразил здружените австриски, руски и пруски сили кои броеле 200.000 луѓе. 1871.- Во Терехат, Индијана, во САД, е роден Теодор Драјзер, американски романсиер и раскажувач. Првиот роман „Сестрата Кери“, според мислењето на некои критичари, е неговото најдобро дело, кое цензурата го забранила. Се до објавувањето на романот „Џени Герхарт“ десет години пишувал за илустрирани забавни модерни списанија. Потоа ги напишал познатите романи „Финансиер“, „Титан“, „Стоик“ и „Американската трагедија“. Умрел во 1945 година. 1884.- Роден е американскиот филмски продуцент Семјуел Голдвин, еден од пионерите на филмската индустрија. Во 1923 година ја основал филмската компанија „Семјуел Голдвин Продакшн“, која во 1924 година се здужил со уште две филмски компании - „Метро-Голдвин-Мајер“, но потоа повторно станал самостоен продуцент. Филмови: „Стела Далас“, „Темниот анѓел“, „Ќор-сокак“, „Мали лисици“, „Најубавите години на нашиот живот“, „Тајниот живот на Волтер Мит“, „Момчиња и девојки“. 1890.- Роден е американскиот сликар, фотограф и филмски режисер Емануел Радински, познат како Мен Реј, кој во 1915 година со францускиот вајар и сликар Марсел Дишанон го основале дадаизмот. 1908.- Роден е американскиот државник Линдон Џонсон. Бил потпретседател од 1960 во време на мандатот на Џон Кенеди. По убиството на Кенеди во Далас во 1963 година, до 1969 година бил претседател на САД. 1945.- По објавувањето на јапонската капитулација американските трупи почнале да се истоваруваат на територијата на поразената Јапонија. Првите единици се истовариле на аеродромот Ачуга, а потоа флотата од 383 воени бродови во придружба на 1.300 авиони впловиле во Токискиот Залив. Тоа било првпат Јапонија да капитулира. 2000.- Изгорело зданието Останкино, најголемиот објект во Европа, симбол на руската престолнина изграден со човечки раце. Зданието, високо над 500 метри, било изградено во 1967 година според плановите на архитектот Николај Никитин. Пожарот во кој загинале три лица предизвикал прекин на телевисиската програма ширум Русија. 2001.- Во Република Македонија почнала операцијата на НАТО „Неопходна жетва“ за собирање на оружјето од албанските терористи. 2002.- Јапонскиот суд за првпат потврдил дека Јапонија користела средства за водење биолошка војна во Кина во текот на Втората светска војна, за што јапонската влада никогаш официјално не признала. 2003.- Марс поминал покрај Земјата на оддалеченост од 55,76 милиони километри, најблиску од каменото време. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова во Будимпешта се сретна со претставници на македонската дијаспораПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во Будимпешта по повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956, утрово се сретна со претставници на македонската дијаспора.На средбата присуствуваа истакнати лица од областа на бизнисот, науката, образованието, информатичките технологии, како и студенти. Тие ја запознаа претседателката со нивната улога и ангажман во општествениот живот на Унгарија, како и со актуелната состојба во земјата. Соговорниците изразија желба за јакнење на македонско-унгарските односи. Дадоа предлози за промоција на државата пред унгарската јавност и подобро меѓусебно културно запознавање, посебно акцентирајќи ги можностите за развој на туризмот. Тие укажаа на потребата од отворање на културни центри во обете држави. За Сиљановска-Давкова, континуираната комуникација со дијаспората, преку македонските дипломатски претставништва е особено важна за соработката и афирмацијата на татковината. Претседателката изрази задоволство од етаблираноста и препознатливоста на малубројната македонска дијаспора во унгарското општество. Таа укажа на важноста на културната дипломатија и ја поздрави нивната посветеност и активност врзана за негувањето на македонскиот јазик, култура и традиција, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку шестмина загинати и 28 повредени во напад на православна црква во Јордан, пукале за време на погреб Најмалку шест лица беа убиени, а 28 ранети во денешниот напад врз грчка православна црква во Јордан, изјави портпарол на јорданската влада.Нападот се случил во Карак, на околу 180 километри од јорданската престолнина Аман, објави Ројтерс. Порано во текот на денот, арапските медиуми објавија дека седум лица се убиени, а 10 се ранети, од кои некои се во критична состојба. Некои сведоци рекоа дека возило пристигнало на местото на настанот и напаѓачите излегле, пукале континуирано пет минути, а потоа избегале. Калид Буркан, кој присуствувал на погребот, изјави за Ројтерс дека на погребот се собрале неколку десетици луѓе и дека двајца мажи, едниот вооружен со пушка, а другиот со пиштол, отвориле оган врз нив и пукале неколку минути. Никој сè уште не ја презел одговорноста за нападот, а јорданските власти не кажале кој стои зад него. Ваквите напади се исклучително ретки во Јордан, кој е релативно стабилна земја, но се соочува со зголемени ирански напади оваа година откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во февруари. Христијаните сочинуваат малцинство од населението на Јордан, иако земјата е дом на неколку библиски места кои привлекуваат христијански аџии од целиот свет. Во времето на нападот, во и околу црквата имало помеѓу 150 и 200 луѓе, рече Буркан, додавајќи дека повеќето од жртвите биле на возраст помеѓу 50 и 70 години.Тагови: Јордан Црква Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
МакедонијаОбвинителството отвори постапка за измами на граѓани со т.н. “кубански вакцини”Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет против едно лице за кривични дела – Измама од член 247 и Надрилекарство од член 209 од Кривичниот законик, обезбеди наредби за претреси на повеќе локации.Се постапува за обезбедување докази во однос на сознанијата дека осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда повеќе лица, лажно нудејќи им “кубански вакцини” против рак. При претрес на работното место на осомничениот во Велес, пронајдени се докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Одземени се и електронски уреди, а се преземаат и други дејствија на проверки. Надлежниот јавен обвинител врши распити на оштетени и други лица кои би можеле да имаат сознанија важни за целосно испитување на настанот. Основното јавно обвинителство Велес до судот достави и предлог за определување на мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска на осомничениот да се јавува во Судот. Лицето во моментов е хоспитализирани во медицинска установа, каде му е врачено решението за определување на мерките. Како што пристигнуваат дополнителни информации и сознанија, Јавното обвинителство и МВР продолжуваат да преземаат дејствија за обезбедување докази, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook