На денешен ден - Канал 5

На денешен ден

13 август 2023

На денешен ден

1624.- Францускиот крал Луј Тринаесетти го поставил за прв министер кардиналот Арман Жан ди Плеси Ришелје.

1899.- Во Лентостаун, во близина на Лондон, е роден Алфред Џозеф Хичкок, британски филмски режисер. Светска слава доби со филмовите од криминалистичкиот жанр, страв и ужас. Најпознати филмови: „Триесет и девет скали“, „Тајниот агент“, „Човекот кој многу знаеше“, „Ребека“, „Аферата Парадин“, „Птици“, „Психо“ и други. Умрел во Лос Анџелес, на 29 април 1980 година.

1903.- Во месноста Мечкин Камен, близу до Крушево, македонскиот војвода Питу Гули го распоредил својот одред и со куршуми ги пречекувал јуришите на турската војска. Во епопејата на Мечкин Камен херојски загинале Питу Гули, двајцата негови знаменосци Ѓорѓи Димев и Нове Смугре и 40-тина македонски востаници. Питу Гули е роден во Крушево, во 1865 година.

1906.- Кај Влашките колиби на Кожуф, во борба против андардите, загинал Лука Иванов, македонски револуционер и војвода, учесник во Илинденското востание. Како војвода дејствувал во Воденско, Костурско, Ениџеварско, Кичевско и во Крушевско. Роден бил во Панаѓуриште, Бугарија, 1880 година.

1912.- Умрел Жил Масне, француски композитор. Компонирал 20 опери, главно со лирска тематика, од кои најпознати се „Мантон“, „Вертер“ и „Дон Кихот. Роден бил на 12 мај 1842 година.

1916.- Во Ресен е роден Радослав К. Петковски, македонски писател. Основна тема на неговите дела е животот на луѓето што се борат за основна егзистенција. Главни негови дела се збирките раскази „Рибарот Климе“ и „Рашанец“. Умрел во Охрид, на 26 октомври 1955 година.

1923.- Мустафа Кемал Паша, наречен Ататурк (татко на Турција) станал прв претседател на Турската Република. Учествувал во движењето на младотурците. Во Битола завршил виша воена школа, а во Цариград Генералштабна академија и бил еден од активните борци против султанската автократија. Како претседател на Турската Република спровел прогресивни реформи. Роден бил во Солун, во 1881 година, а умрел во 1938 година.

1936.- Во селото Велгошти, Охридско, е роден Живко Чинго, македонски раскажувач, романсиер и драматург. Неговите збирки раскази „Пасквелија“, „Нова Пасквелија“, романите „Сребрените снегови“, „Големата вода“, драмите „Образов“, „Ѕидот, водата“ и други, му овозможиле едно од врвните места во современата македонска проза и драмска литература. Умрел во Охрид, на 11 август 1987 година.

1951.- Кај селото Дорломбос на планината Беласица, со образложение на тогашната власт дека сакаат да бегаат преку граница, убиени се петте струмички студенти, членови на ВМРО, и тоа: Мирко Пецев, Борис Белев, Стево Топчев, Ѓорѓи Јарамов и Ѓорѓи Костуранов. Во 2016 година, инспириран од нивното геозоморно убиство, беше премиерно изведен македонскиот игран филм „Златната петорка“ на режисерот Горан Тренчевски.

1961.- Затворена била границата меѓу Источен и Западен Берлин кај Бранденбуршката капија, што било најава за изградба на Берлинскиот ѕид.

1995.- Во Софија умрел Симеон Гугуловски, македонски оперски уметник и солист на Операта при МНТ во Скопје. Роден бил во Солун, во 1941 година.

2001.- Во Скопје бил потпишан Охридскиот рамковен договор, политички документ за решавање на кризата во Република Македонија. Документот го потпишале претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски и четворицата партиски лидери - на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ДПА, Арбен Џафери и на ПДП, Имер Имери. На потпишувањето на документот присуствувале и високи меѓународни претставници.

2003.- Либија се согласила да исплати 2,7 милијарди долари на семејствата на 270 луѓе кои загинале во експлозијата на бомба во авионот на компанијата „Пан Америкен“ над Локерби во Шкотска, во 1988 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори. 

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден се фали со економси раст, друг ден признава дека државата нема пари.

Неговите противречни изјави ја разобличуваат целата владина пропаганда, сите негови лаги.

И ММФ ги разби бајките на Мицкоски. Каква трета економија, Македонија е на дното во Европа.

Според проекциите на ММФ, Македонија е на 41. место меѓу 48 европски економии по БДП по жител, со 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија, Црна Гора и Албанија. Разликата со најбогатите европски економии останува огромна.

Ова е реалната состојба на македонската економија. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите.

Ова е сè она за што СДСМ предупредува последната година. Сега потврдено и од ММФ.

Реалноста е дека има 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е дека луѓето живеат полошо. Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата. Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата – само бајки.

Пари во буџетот нема, пари за граѓаните нема. Но знаеме каде има – кај Мицкоски и неговата банда.

Вистината е сега на виделина, и со скандалот со Алта банка, и со неговите врски со Вучиќ.

За сè ова, одговорност ќе има.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Локални избори во Словенија: Сите очи се вперени кон Љубљана

Денес во Словенија се одржуваат локални избори, каде што ќе се избираат градоначалници и членови на општински совети, а најголема неизвесност има на изборите за градоначалник на Љубљана, на кои учествуваат 15 кандидати.

Локални избори во Словенија: Сите очи се вперени кон Љубљана

3.116 избирачки места се отворија во 7 часот наутро, каде што повеќе од 1,6 милиони гласачи можат да гласаат до 19 часот.

Првите прелиминарни резултати од гласањето се очекуваат по 20 часот, објавува Дело.

Меѓу парламентарните партии, Словенечката демократска партија (СДС) има 78 кандидати за градоначалник на локалните избори, Нова Словенија има 50 кандидати, Движењето за слобода има 44 кандидати за градоначалник, а Социјалдемократите (СД) имаат 42 кандидати.

Во 45 општини, веќе е однапред познато кој ќе ги води во претстојниот мандат, бидејќи само еден кандидат аплицирал за градоначалничката позиција, претежно актуелниот градоначалник.

Во општините и градовите каде што ниту еден кандидат не добие повеќе од половина од гласовите, двајцата најдобро пласирани кандидати ќе се соочат во втор круг, кој ќе се одржи на 29 ноември.

На овогодинешните избори за градоначалник учествуваа 614 кандидати, вклучувајќи 123 жени.

Најголем број кандидати за градоначалник има во Љубљана - 15, додека Марибор и Копер имаат по 10 кандидати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија.

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка.

Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ.

Лицемерието кај Филипче е на високо ниво. Ако денес, за Филипче Мацура е криминалец, а Алта банка е банка со сомнителен капитал, зошто во 2023 година кога ДУИ спроведувале влез во Македонија, СДС шурувале? Зошто тогаш Филипче беше тивок, а денес толку гласен?

Одговорот е јасен. Затоа што си ја ишка мувата од капата. Филипче е човек полн со багаж од минатото.

Филипче и СДС се ставија во одбрана на ДУИ и Али Ахмети. Жално е да се гледа до кое дно дојде СДС со Филипче.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер