На денешен ден - Канал 5

На денешен ден

1099.- Крстоносците во Првата крстоносна војна го зазеле Ерусалим.

На денешен ден

1291.- Умре Рудолф Први, основачот на династијата Хабзбург. Владеел од 1273 па се до смртта во 1291 година.

1556.- Во Рим свечено била осветена грандиозната купола на црквата „Свети Петар“, која ја изградил прочуениот италијански архитект, вајар, сликар и поет Микеланџело Буонароти. Овој датум бил земен како ден на раѓањето на барокот.

1606.- Роден е Харменсон ван Рајн Рембрант, познат холандски сликар. Умрел во Амстердам, на 4 октомври 1669 година.

1882.- Во Кратово е роден Павел Шатев, македонски револуционер, родољуб и публицист, еден од легендарните солунски атентатори наречени „гемиџии“, крунски сведок што остана да раскажува за она што се случуваше во Солун во 1903 година. Неговиот живот е мошне бурен и мачен. Бил член на АСНОМ и министер за правосудство во првата македонска влада. Поради несогласување со повоената државна политика бил отстранет од политичката сцена. Умрел во Битола, на 30 јануари 1951 година.

1904.- Во Баденвалер умрел Антон Павлович Чехов, руски новелист, раскажувач и драмски писател. Најпознати негови дела се драмите: „Галеб“, „Три сестри“, „Вујко Вања“ и „Вишновата градина“, како и збирките раскази „Човекот во футрола“, „Куќа на кат“, „Селани“ и други. Роден бил во Таганрог, на 29 јануари 1860 година.

1916.- Во Санкт Петербург умрел Наце Димов (Чуповски), македонски деец, еден од најистакнатите членови на Македонското научно-литературно другарство и на македонската колонија во Санкт Петербург, брат на Димитрија Чуповски. Автор бил на книгата „Македонија во минатото, во сегашноста и во иднината“. Роден бил во селото Папрадиште, Велешко, на 31 јануари 1876 година.

1922.- Пуштена била во сообраќај теснолиниската железничка пруга од Ѓорче Петров до Охрид и селото Ташмаруништа, Струшко.

1924.- Во Виена излегол првиот број на весникот „Балканска федерација“, орган на угнетените народи и национални малцинства на Балканот, а го уредувал македонскиот револуционер Димитар Влахов.

1928.- Во Скопје слетал првиот патнички авион „потез 29“ со кој била воспоставена првата воздушна линија на релацијата Белград - Скопје. Авионот можел да превезува само пет патници и 290 килограми багаж.

1929.- Умрел австрискиот писател Хуго фон Хофманстал. Соработувал со Рикард Штраус, за чии композиции пишувал либрета. Дела: драмите „Тицијановата смрт“, „Бела лепеза“, „Електра“, „Едип и Сфинга“, „Човек“, „Кула“, либрета: „Кавалер со ружа“, „Жена без сенка“.

1937.- Пуштен бил во експлоатација каналот Москва - Волга, долг 128 километри, длабок 5,5 и широк 85 метри.

1944.- Во Штип бугарските фашисти ја убиле Вера Циривири-Трена, првоборец и активен учесник во напредното работничко движење. Родена била во Прилеп во 1921 година.

1961.- Во Струга било одржано литературно читање на група истакнати македонски писатели, а по повод 100-годишнината од излегувањето на Зборникот на Браќата Миладиновци. Ова бил зародишот на Струшките вечери на поезијата. Во 1962 година во Струга бил формиран фестивалски одбор. Претседател бил писателот Ацо Шопов. Првиот поетски фестивал бил одржан во септември 1962 година. Струшките вечери на поезијата се меѓународна поетска манифестација што секоја година се одржува во месец август. Најзначајна награда на СВП е „Златниот венец“, кој првпат е доделен во 1966 година за најдобра песна (прв добитник е руско-советскиот поет Роберт Иванович Рождественски, а прв македонски венцоносец е Блаже Конески, во 1981 година). Од 1971 година „Златниот венец“ се доделува за целокупен поетски опус. На фестивалот секоја година се доделува и најзначајната македонска поетка награда, за поетска книга објавена меѓу двата фестивала – „Браќа Миладиновци“.

1965.- Американскиот вселенски брод „Маринер 4“ ги испратил првите снимки од планетата Марс.

1968.- Патничките авиони „Аерофлот“ и „Пан Америкен“ почнале редовно да летаат на линијата Москва - Њујорк. Тоа биле првите директни летови меѓу САД и СССР.

1974.- Офицери од Грција и припадници на Кипарската национална гарда извеле државен удар и ја презеле власта на Кипар. Претседателот Макариос успеал да го напушти Кипар, а по поразот на пучистите повторно ја презел власта.

1975.- Советскиот вселенски брод „Сојуз 19“ и американскиот „Аполо 18“ биле лансирани во орбитата околу Земјата заради нивно спојување.

1987.- Во Скопје умре Панде Поповски, еден од доајените на македонското новинарствто. Бил еден од првите пионери-новинари на Радио Скопје. Особено значење има неговиот придонес во ширењето на репортерството и на сликарството во првите повоени години, како и во пропагирањето за описменување на македонскиот народ и во афирамацијата на нашата земја меѓу нашите иселеници во прекуокеанските земји и насекаде каде што имаше македонски иселеници. Роден бил во селото Царев Двор, Ресенско, во 1912 година.

1990.- Во Охрид било извршено осветување на новоизградената црква „Света Тројца“.

1997.- Во Мајами Бич, во САД, бил убиен Џани Версаче, италијански моден креатор, со светско реноме. Роден бил на 2 декември 1946 година.

2004.- Во болницата Масачусетс во Бостон, САД, умрел Чарлс В. Свини, пензиониран генерал на американкото воено воздухопловство, пилот што за време на Втората светска војна ја фрлил атомаската бомба врз Нагасаки, во Јапонија (9 август 1945 година). Роден бил во 1920 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи

Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!

Превентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи

Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ!

Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!

Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Земјотрес со магнитуда од 5,5 степени по Рихтер денес го погоди крајбрежјето на Филипините, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).

Силен земјотрес ги погоди Филипините

„Магнитуда од 5,5 - девет километри источно од Јунион, Филипини“, се вели во соопштението на агенцијата.

Земјотресот е регистриран во 21:41 часот по локално време, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно десет километри.

Засега нема информации за можни жртви или штети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неделен хороскоп за 16. до 23. ноември 2026 година.

Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 16. до 23. ноември 2026 година. 

Неделен хороскоп за 16. до 23. ноември 2026 година.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе бидете претприемливи и активни во барање на својата сродна душа , доколку сеуште сте сами. нема да ви биде тешкода заминете и на крај на светот за да го најдете она што го барате. Оние кои се веќе во врска , ќе ја изненадуваат саканата личност со предлози полни со активност и динамика.

Кариера

На работното место малку ќе се натпреварувате или надмудрувате. До израз ќе дојде вашиот борбен дух. Не стоите најдобро во овој период со авторитетите , па затоа внимавајте како со нов ќе соработувате. Не инсистирајте на своите идеи , зашто не е сега време за некои од нив да се остварат. Издржете.

Здравје и совет

Почнете да одите во теретана.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Веројатно по малку ќе бидете нерасположени за љубов или за барањата од другата страна. Нема најдобро да бидете разбрани , но не се обидувајте да објасните како се чувствувате. најмногу затоа што ова сепак е само преодна фаза. Бидете мирни и најдете начин да се прилагодите.

Кариера

Привилегиите на кои сте се надевале ќе бидат блиску , но вие нема да бидете во најдобра форма да ги искористите. Повеќе ќе изгледа како нешто да ви се нуди , зашто тоа е нечија задача или зашто такви се правилата на играта. Сепак држете се до поставените цели.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Во вашите лични односи ќе владее опуштеност. Многу двојки ќе уживаат без притисок дека мора некаде да се излезе или некому нешто да докажуваат. Ќе има и такви кои ќе сакаат да се повлечат и да ги скријат емоциите , а тука се и мали провокации.

Кариера

Пречките кои вие ги гледате објективно се помали отколку што ви изгледаат.Ќе ги андминете со својата фантазија и способноста за прилагодување. Ќе ја покажете својата креативна особина. Тоа што целата работа ќе биде проследена со напор , е очекувано.

Здравје и совет

Имате доволно сила за се за што ќе ви биде потребна.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе се чивствувате доволно сигурни во својата врска. ќе бидете подготвени на секакви лудувања , па и на ризик , зашто знаете дека саканата личносрт ве сака најмногу на светот. Дури и ако згрешите , ќе ви биде простено. Оние кои и натаму се сами, главно ќе фантазираат.

Кариера

Сетете се само колку сте постигнале во минатото , а најмногу за да се мотивирате самите за иднината. Кога ќе ви понудат нешто големо , а вие се сомневате дека тоа не е можно или вие тоа не го можете, самите на себе си правите затворен пат. Имајте повеќе доверба во другите.

Здравје и совет

Немојте да се надмудрувате.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Главно повеќе ќе размислувате за љубовта , отколку што ќе љубите. Некои повторно ќе бидат во искушение за тајна љубовна врска. Ќе има многу кои ќе ве бараат во нивно друштво, но нерма да бидете сигурни кој им е мотивот. Не морате се да знаете однапред.

Кариера

Ќе соработувате со сите околу себе и тоа многу ефективно. Многу очи ќе бидат насочени кон вас и од вас многу ќе се очекува. Некои ќе повлечат потези што ќе имаат влијание на сите на работното место. Ќе го направат тоа и повеќе од успешно. Ќе минувате низ одредени трансформации.

Здравје и совет

Со хумор победете ги грижите .

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе успеете да одолеете на секое искушение. Ви знаете што барате и кон тоа ќе се држите. Ќе се покаже дека сте биле во право. Онаа личносдт која сега ќе ја освоите , ќе знае дека вашите намери се сериозни. Затоа ќе зсе зближите само со оние кои истото тоа го очекуваат.

Кариера

Некои ќе се свртат кон непознатото и тајното. Други ќе настојуваат да им помогнат на оние кои уште ја учат работата или кои сега полчнуваат да работат. Трети ќе бараат можности за работа некаде далеку , можеби и на друг континент.

Здравје и совет

Бидете она што сте и следете си го својот сон.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Се чини како да ви оди се подобро и подобро. Пред вас се убави љубовни шанси , средби со пријатни лица, довбри забави. Придвижете се и одете меѓу луѓето, а особено ако сте сеуште сами. Бидете мудри , отворени и смирени , како што само вбие знаете да бидете.

Кариера

Вашиот деловен интерес полека се поместува на финансиски вложувања. Иако имнате постигнато многу, сега на дневен ред доаѓаат некои нови и неиспитани работи. Можебе ќе се обидете да ги достигнете своите сништа на сосема неочекуван начин.

Здравје и совет

Верувајте му на своето шесто чуло.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Пред вас се денови кога ќе имате многу шанси за да ги зацврстите своите врски. На сите вас ќе ви порасне љубовната самодоверба , а доколку сеуште сте сами, пред личносттие од спротивниот пол ќе настапувате многу самоуверено. Ниту резултатите не би требало да изостанат.

Кариера

Вашиот деловен интерес полека се пренасочува во вложувања . Се гледа што сте постигнале до сега , но треба да почнете да работите некои нови работи и предизвици. Ќе се обидете да дојдете до она за што сте фантазирале.

Здравје и совет

Ќе се релаксирате во топла купка.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе уживате во мир двајцата со партнерот на познати места. Нема да ве привлекуваат места каде има многу луѓе , туку ќе го минувате времето во природа или дома. Оние кои се во потрага по сродна душа , исто така нема многу да излегуваат , па најверојатно ќе остануваат сами.

Кариера

Своите деловни планови полека ќе ги насочувате на ширење на хоризонтите , било како нови содржини или буквално – преку граница. Сега ќе се надминат некои законски пречки , така што можете да се свртите во таа насока.

Здравје и совет

Ќе добиете добар совет од пријателите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Вашето движење меѓу луѓето ќе биде поинтензивно. Затоа ќе имате шанси за средби и запознавање на нови лица. Комуникацијата со лицата од спротивниот пол ќе биде поквалитетна , а вие ќе бидете шармантни. Оние во врска ќе бидат поотворени еден кон друг.

Кариера

На работното место ќе се случуваат различни работи , а задачите добиваат на тежина. Тоа е нешто што малку ве загрижува , па на работата ќе и се предадете без задршка и без резерва. Јасно е дека ќе изгорите , но затоа резултатите ќе ве задоволат.

Здравје и совет

Обновете го своето старо хоби.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Првиот ден од неделата ќе изгледа како љубовта да ве одминува , но од средината на неделата некои пречки едноставно ќе исчезнат. Од друга страна , ќе се појават интересни ситуации , кога ќе бидете во положба да реагирате на провокации. Немојте.

Кариера

Ги исполнивте резулатите над очекувањата и сега чувствувате потреба за одмор или барем пауза. Кој може , нека замине на пат. Кој останува на работа, и натаму вредно ќе работат , некои ќе менуваат колега , па ќе работат за двајца. Ќе издржите со насмевка.

Здравје и совет

Ви треба повеќе сон.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Се наоѓате во фаза на богат семеен живот . Речиси и да нема позначаен настан во кој нема да ги вовлечете членовите на семејството. Кај некои тоа ќер биде и поширокото семејство. Оние во врска ќе се обидуваат да ја поврзат саканата личносдт со членовите на семејството.

Кариера

Би можеле да се најдете во ситуација кога треба нешто да жртвувате или да се борите за ангажман , иако нема да бидете сигурни дали тоа се исплатува. Затоа преиспитајте ги сопствените критериуми и цели. Се ќе зависи од тоа што навистина сакате.

Здравје и совет

Почнете да спортувате.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер