На денешен ден - Канал 5

На денешен ден

Денеска е Меѓународниот ден на жената.

На денешен ден

8 март 2024.

- Денеска е Меѓународниот ден на жената.

1500.- Од Лисабон отплови португалскиот морепловец Педро Алварес Кабрал (1460-1526), кој на патот за Индија одалечувајќи се со своите бродовите од африканскиот брег во правецот кон Запад, кон копното на Јужна Америка, го открил Бразил, прогласувајќи го за португалска колонија.

1714.- Во Вајмак е роден Карл Филип Емануел Бах (син и ученик на Јохан Себастијан Бах), германски композитор. Компонирал симфонии, клавирски концерти и стотина клавирски сонати. Умрел во Хамбург, на 14 декември 1788 година.

1866.- Роден е рускиот физичар Пјотр Николаевич Лебедев, професор на Московскиот универзитет. Го проучувал притисокот на светлината, докажувајќи дека постои механички импулс кај светлосниот зрак, што е од големо значење за вселенските појави.

1869.- Во Париз умрел Хектор Берлиоз, француски композитор, творец на романтични музички дела и на француската модерна програмска музика. Извршил големо влијание на европската музика не само со своите композиции, туку и со своите статии и критики. Се сметал за основач на музичкиот романтизам. Најпознати дела: „Фантастична симфонија“, „Харолд во Италија“, „Бенвенуто Челини“ и драмската легенда „Проклетството на Фауст“. Роден бил во Париз, на 11 декември 1803 година.

1879.- Роден е германскиот хемичар и физичар Ото Хан, професор на универзитетите во Берлин и во Гетинген, добитник на Нобеловата награда за хемија во 1944 година. Во 1957 година ја потпишал Гетингеншката декларација, одбивајќи да соработува во развојот на евентуалното западногерманско нуклеарно вооружување. Во 1938 година го докажал распаѓањето на радиумот, а во 1939 година заедно со Фриц Штрасман го открил нуклеарното цепење на јадрото на ураниумот. Ги открил и радиоактивните елементи на мезоториумот, радио-ториумот и заедно со Лиза Мајтнер протоактиниумот.

1895.- Родена е уругвајската писателка Хуанита Фернандес Морале, позната како Хуана Фернандес де Ибарбоуро, една од најистакнатите лирски поети во Јужна Америка, наречена „Хуана Америка“. Дела: збирки стихови „Дијамантски јазици“, „Див корен“, „Изгубена“, „Судбинска романса“.

1904.- Германија го ублажила антиезуитскиот закон од 1872 година, дозволувајќи враќање на одделни припадници на овој римокатолички ред.

1907.- Роден е грчкиот државник Константин Караманлис, претседател на Грција од 1980 до 1985 година, основач на партијата „Нова демократија“. Првпат станал претседател на влада во 1955 и на оваа позиција остана до 1963 година, кога доброволно емигрирал. Повторно составил влада во 1974 година, по падот на воената хунта, одигрувајќи клучна улога во обновата на грчката демократија.

1910.- Врз основа на одлуката на Втората меѓународна конференција на жените социјалистки, одржана во Копенхаген, Данска, во август 1910 година, 8 Март се слави секоја година како меѓународен Ден на жената. На оваа конференција по иницијатива на Клара Цеткин, било решено 8 Март да се одбележува во спомен на демонстрациите на американските жени во 1903 година, кои се одржале под паролата - Борба за општо право на глас.

1917.- Во Петроград (денешен Санкт Петербург) со немири и штрајкови почнала Февруарската револуција. (Настанот се случи на 23 февруари според Јулијанскиот календар, кој тогаш бил на сила во Русија).

1917.- Умре Фердинанд Цепелин, германски генерал и конструктор на воздушни бродови (балони), според него наречени „цепелин“. Првиот воздушен брод летнал на 3 јули 1900 година. Роден бил на 8 јули 1838 година.

1921.- Во Мадрид анархистите го убиле претседателот на шпанската влада Едуардо Дата.

1930.- Умрел американскиот државник Вилијам Хауард Тафт, претседател на САД од 1909 до 1913 година, прв поранешен шеф на државата во американската историја кој од 1921 година до смртта бил претседател на Врховниот суд. Во текот на претседателскиот мандат воено интервенирал во Никарагва, која потоа била под американска окупација од 1912 до 1925 и од 1926 до 1933 година.

1931.- Русија и Турција потпишале спогодба за намалување на поморските сили во Црно Море.

1942.- Умрел кубанскиот велемајстор Хосе Раул Капабланка и Грауперо, светски првак во шах од 1921 до 1927 година. Загубил само една партија во периодот 1914-1924 година, по што е единствен во шаховската историја. Титуталата ја освоил со победа над германскиот велемајстор Емануел Ласкер со 4:0, со 10 реми, а загубил од рускиот велемајстор Александар Аљехин, кој го победи со 6:3, со 25 реми. Дела: „Основи на шахот“, „Мојата шаховска кариера“.

1945.- Во Скопје првпат бил прославен Денот на жената. По тој повод во салата на Офицерскиот дом се одржал голем митинг.

1946.- Президиумот на Народното собрание на Народна Република Македонија донел Закон за измена на името на Демократска Федерална Македонија. Според член 1 од овој Закон и врз основа на член 2 од Уставот на Федеративна Народна Република Југославија, името на Демократска Федерална Македонија се изменува и гласи: Народна Република Македонија. Според член 2 од истиот Закон имињата Народно собрание на Македонија, Президиум на Народното собрание на Македонија и Народна влада на Македонија, се изменуваат и гласат: Народно собрание на Народна Република Македонија, Президиум на Народното собрание на Народна Република Македонија и Влада на Народна Република Македонија.

1950.- Советскиот маршал Климент Ворошилов објавил дека Советскиот Сојуз извршил проба на атомска бомба, што предизвикало шок во САД, бидејќи Американците биле уверени дека единствено тие поседуваат нуклеарно оружје. Голема паника во Вашингтон предизвикала и изјавата на Ворошилов дека пробата била извршена уште на 23 септември 1949 година.

1957.- Гана била примена за членка на ООН.

1965.- Во Јужен Виетнам биле распоредени 3.500 американски маринци, со што почна масовното вклучување на американските копнени трупи во виетнамската воена авантура која заврши со целосен пораз во 1975 година и со загуба на повеќе од 58.000 Американци.

1965.- Во Скопје, на ракометното игралиште „Пролет“ се одиграл првиот турнир во мал фудбал во Македонија. Во конкуренција на шест екипи, првото место го освои ФАС „11 Октомври“.

1971.- Умрел американскиот филмски актер Харолд Лојд, еден од најголемите комичари на немиот филм. Филмови: „Сигурноста на последно место“, „Бруцош“, „Чувај се, професоре“.

1983.- Умрел англискиот композитор Вилијам Тарнер Волтон, творец на чувствителна и лирска музика со неоромантичен стил. Особено е значаен по оркестарските композиции кои се одликуваат со долга мелодиска линија, богата со хармонија и сложен ритам. Дела: мелодрамата „Фасада“, „Концерт за виолина“.

1991.- Радио Скопје почнало да емитува програма на влашки јазик.

1999.- Умрел американскиот спортист Џо Ди Маѓо, легендарен бејзбол-играч во њујоршкиот тим „Јенки“.

2000.- Во Кина бил погубен поранешниот провинцијален вицегувернер Ху Чангчинг поради подмитување. Тој бил највисокиот функционер погубен во оваа земја за последните 50-ина години.

2001.- Тричлениот совет на чилеанскиот апелационен суд со 2:1 пресудил дека на поранешниот диктатор Аугусто Пиноче може да му се суди за кршење на човековите права по воениот удар кој го извел во 1973 година во кој бил убиен демократски избраниот шеф на државата Славадор Аљенде.

2003.- Убиен бил еден од основачите и водач на оруженото крило на палестинското исламистичко движење „Хамас“ - Ибрахим ел Макадма. Во ракетниот напад на израелскиот хеликоптер на Макадминото возило во појасот Газа биле убиени и тројца негови телохранители.

2005.- Во акцијата на специјалната руска полиција во северен Кавказ, во местото Толстој-Јурт, бил убиен Аслан Масхадов, водач на чеченските сепаратисти, еден од најзлогласните терористи на просторите на поранешниот Советски Сојуз.

2007.- Израелскиот министер за здравство Јакоб Бен-Јизри потврдил дека во болниците во Израел е присутна смртоносна бактерија и дека од почетокот на годината до тогаш предизвика смрт кај 200 луѓе. Се верувало дека во прашање е бактеријата „Klebsiella pneumoniae“, една од најотпорните бактерии на антибиотици, безопасна за здравите луѓе, но фатална за пациентите со заслабен имунитет.

2016.- На 90-годишна возраст починал продуцентот на прославената ливерпулска четворка „Битлси“, Џорџ Мартин, честопати нарекуван и „петти член“ на групата. Мартин бил продуцент на повеќе од 700 нумери на „Битлси“, но имал работено како продуцент и со цела низа познати пејачи и групи, како Ширли Бејси и Сила Блек, „Гери енд Пејсмејкерс“, Стинг, Селин Дион, со оперскиот пејач Хозе Карерас, како и со џезистот Стен Гец. Во 1997 година, Мартин бил продуцент на новата верзија на хитот на Елтон Џон „Candle in the Wind“, што е досега најпродаваниот сингл во музичката историја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се враќа култниот Мерцедес во ново пакување- има V8 мотор и чини околу 480.000 долари (ВИДЕО)

Еден од најпознатите класици на Мерцедес доби прилично радикален третман во форма на неконвенционален наследник кој наскоро ќе можете да го видите на патиштата.

Се враќа култниот Мерцедес во ново пакување- има V8 мотор и чини околу 480.000 долари (ВИДЕО)

Американскиот Kugel Werks го претстави One Eleven, рестомод кој ги задржува препознатливите линии на Mercedes W111 Coupe, но под него ја крие технологијата на многу помодерен Mercedes.

Резултатот е автомобил кој на прв поглед наликува на елегантен Мерцедес од 1960-тите, но со 510 КС, модерна суспензија, сопирачки и електроника. Кугел не го обнови само стариот W111 и инсталираше помоќен мотор. One Eleven е базиран на модерната платформа на AMG C63 S, додека каросеријата е моделирана по класиката.

Класик на Мерцедес кој е стар повеќе од шест децении

Mercedes-Benz W111 беше претставен во 1959 година, првично како луксузен седан препознатлив по неговиот препознатлив заден дел. Елегантното купе и кабриолет пристигнаа во 1961 година, а овие верзии се меѓу најценетите класични Мерцедес денес.

За нивниот изглед е одговорен и познатиот француски дизајнер Пол Брак, а елегантните пропорции на W111 Coupe се покажаа како доволно безвременски за да послужат како инспирација за One Eleven повеќе од шест децении подоцна.

Работилницата во Калифорнија одлучи да го зачува основниот карактер на тој дизајн и да го комбинира со модерната технологија.

W111 со тјунер ескапади

Ако оригиналниот W111 беше синоним за елеганција и воздржаност, One Eleven оди на сосема спротивен начин.

Пропорциите на оригиналот се препознатливи со исправениот преден дел, долгата хауба, тенките столбови на покривот и издолжениот заден дел, но речиси сè останато стана значително поагресивно.

Кугел го издолжи капакот на моторот, ги прошири браниците и ги преработи браниците, а автомобилот доби големи бандажи, поистакнати прагови и модерни LED елементи напред и назад. Деталите за хром отстапија место на сјајната црна боја.

Резултатот изгледа малку како германски туринг автомобил од 1990-тите од некоја алтернативна иднина, екстремно низок, широк и поставен на големи моноблок бандажи.

Основата е модерен спортист со V8 ѕвер

Најголемото изненадување сепак е под телото.

One Eleven ја користи техничката основа на претходната генерација на Mercedes-AMG C63 S Coupe, односно моделот W205. Од него беа земени погонската единица, суспензијата, сопирачките и модерната електроника.

Го придвижува 4,0-литарски V8 битурбо мотор со 517 КС и 700 Nm вртежен момент. Силата се пренесува на задните тркала преку седум-брзински AMG Speedshift MCT менувач.

Тоа е голема разлика во споредба со оригиналниот W111 и неговите мотори од времето кога сто коњски сили беа сериозна бројка.

Кугел веќе направи нешто слично

Ова не е прв пат компанијата од Лос Анџелес да комбинира класичен Мерцедес со модерна AMG технологија.

Пред One Eleven, компанијата го направи Kugel 600, врз основа на Mercedes-Benz 600 W100 од 1967 година. И кај него, рецептот беше сличен, само поекстремен: под класичната каросерија беше технологијата на Mercedes-AMG E63 S, вклучувајќи 4,0-литарски V8 битурбо, погон на сите тркала и модерен ентериер.

Внатрешноста засега останува тајна

Кугел сè уште не ја покажал целосно внатрешноста на новиот автомобил. Нивниот претходен проект, сепак, навестува што би можело да се крие зад вратата.

Во Kugel 600, голем дел од модерниот кокпит AMG е пренесен заедно со механиката, вклучувајќи ја контролната табла и спортските седишта.

За One Eleven, производителот моментално ги потврдува широките можности за персонализација. Клиентите ќе можат да ја изберат бојата на каросеријата и изгледот на ентериерот и да комбинираат кожа, алкантара, дрво, јаглеродни влакна и други материјали.

Секоја копија ќе биде направена по желба на купувачот, а производството ќе биде ограничено. Кугел се уште не го прецизира точниот број на автомобили кои ќе се произведуваат.

А цената?

Според објавените информации, првите испораки на One Eleven се планирани за оваа година, а се споменува почетната цена од околу 480.000 долари.

Тоа е значително помалку од претходниот Kugel 600, чија цена беше наведена на околу 850.000 долари.

Така, One Eleven комбинира два многу различни периоди од историјата на Мерцедес: изгледот на едно од најелегантните купеа на марката од 1960-тите и технологијата на еден од последните модели C63 S со V8 мотор и погон на задните тркала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крвав напад во Авганистан: 50 повредени, од кои најмногу деца, во експлозија на бомба во близина на училиште

Во напад со рачна граната во близина на училиште во авганистанскиот главен град Кабул вчера попладне беа повредени 50 лица, објави CBS 17 Plus.

Крвав напад во Авганистан: 50 повредени, од кои најмногу деца, во експлозија на бомба во близина на училиште

Портпаролот на полицијата во Кабул, Халид Задран, доцна во понеделник изјави дека „голем број деца“ се повредени и дека е во тек истрага. Тој не даде дополнителни детали.

Ричард Бенет, специјалниот известувач на Обединетите нации за Авганистан, го осуди „грозоморниот напад во кој беа повредени голем број деца во близина на училиште“.

Авганистанските медиуми објавија дека околу 25 деца се повредени во експлозијата. Експлозијата се случила во дел од главниот град кој е претежно населен со членови на етничкото малцинство Хазара.

Болница во западен Кабул наведе најмалку 19 лица како повредени, вклучувајќи 14 девојчиња на возраст меѓу девет и 14 години.

Портпаролот на талибанците, Забихулах Муџахид, изјави дека прелиминарните информации укажуваат дека во училиштето е фрлена рачна граната и дека повредите на учениците се полесни.

Тој рече дека е во тек истрага и дека безбедносните сили работат на идентификување и апсење на одговорните.

Хазарите, кои сочинуваат околу девет проценти од населението на Авганистан, се соочуваат со децении напади и прогон.

Повеќето се шиитски муслимани и во минатото често биле мета на сунитски екстремисти како што е групата Исламска држава. Тие, исто така, се соочуваат со дискриминација во земја каде што мнозинското население се сунити.

Во мај 2021 година, неколку месеци пред Талибанците да ја преземат власта во Авганистан по хаотичното повлекување на американските и сојузничките сили, во три експлозии во училиште во Кабул загинаа десетици луѓе. Сите жртви беа членови на заедницата Хазара, повеќето од нив млади девојки кои штотуку излегле од училиште.

Тоа училиште, како и она во близина на кое се случи експлозијата во понеделник, се наоѓаше во населбата Дашт-е-Барчи во Кабул, главно упориште на заедницата Хазара во авганистанскиот главен град.

Бенет напиша на социјалната мрежа X дека е неопходна независна истрага за да се изведат одговорните пред лицето на правдата. „Овој претежно хазарски дел од Кабул повторно е мета на напади. Осудено!“, напиша Бенет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џастин Бибер покажа како го поминува летото со сопругата Хејли и синот

Џастин Бибер сподели серија фотографии на Инстаграм покажувајќи како го поминал летото.

Џастин Бибер покажа како го поминува летото со сопругата Хејли и синот

Меѓу нив беа моменти со сопругата Хејли Бибер и нивниот син Џек Блус, како и фотографии од бејзбол натпревар на Лос Анџелес Доџерс.

На една фотографија, 32-годишниот Џастин и 29-годишната Хејли се бакнуваат за време на натпревар на Доџерс. Хејли го држи неговото лице во раката, а на нејзината рака се издвојува голем веренички прстен со дијамант со овален крој. Џастин, исто така, покажа поглед од своето седиште веднаш зад судијата, а објавата ја придружи со емотикони во форма на срце.

Тој, исто така, покажа момент со својот син

Во истата серија фотографии, Џастин, исто така, објави нежен момент со својот син Џек Блус. На фотографијата, тој го прегрнува 23-месечното момче кое ја потпира главата на градите.

Двојката повремено споделува фотографии од својот син на социјалните мрежи, но не го покажува неговото лице за да ја заштити неговата приватност. Хејли објави и неколку семејни моменти во текот на летото, вклучувајќи фотографии од Џек како игра бејзбол и од неа и Џастин како се гушкаат на брод.

Хејли претходно зборуваше за мајчинството, признавајќи дека размислува за проширување на своето семејство. Таа за „Interview Magazine“ во април изјави дека „дефинитивно“ сака повеќе деца, но дека го прифаќа тоа „ден по ден“. „Понекогаш сакам две, понекогаш сакам пет“, призна таа.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер