На денешен ден - Канал 5

На денешен ден

На денешен ден

5 март 2023 .

1133.- Роден е англискиот крал Хенри Втори Плантагенет, основач на династијата Плантагенет, кој во текот на владеењето од 1154 до смртта во 1189 година со реформата во судството значително ја зајакнал кралската власт.

1696.- Роден е италијанскиот сликар Ѓовани Батиста Тиеполо, последниот голем венецијански мајстор, еден од најголемите декоративни уметници на 18. век. Неговите главни трудови, фрески со големи димензии работени во манирот на рококо се во надбискупската палата во Удине, во палатата Лаби во Венеција, бискупската резиденција во Вирцбург и во кралската палата во Мадрид.

1827.- Умрел Алаксандар Волта, италијански научник-физичар. Занимавајќи се со електрицитетот, ги пронашол електрофонот, галванските елементи, батеријата на галвански елементи и други. Роден бил во 1745 година.

1856.- Лондонскиот театар „Ковент Гарден“ целосно бил уништен во пожар.

1916.- Загинале 455 патници и членови на екипажот од вкупно 588 колку што биле на шпанскиот патнички брод „Принцот од Астурија“ во моментот кога бродот удрил во карпа близу бразилскиот брег и потонал за само неколку минути.

1933.- Национал-социјалистичката работничка партија на Германија на Адолф Хитлер го освоила мнозинството во Рајхстагот (собранието).

1953.- Во Македонија биле организирана првата акција за доброволно дарување на крв.

1953.- Во Москва умрел Јосиф Висарјонович Сталин, советски државник и политичар, еден од водачите на антихитлеровската коалиција за време на Втората светска војна и врховен командант на вооружените сили на СССР, маршал и генералисимус. По Втората светска војна кон социјалистичките земји спроведувал хегемонистичка политика. Неговите злосторства биле осудени на 20-от и 21-от конгрес на КПСС. Роден бил во Гори, Грузија, на 21 декември 1879 година.

1953.- Во Москва умре Сергеј Сергеевич Прокофјев, руски композитор, диригент и пијанист. Ги компонира оперите „Заљубен во три портокали“, „Коцкар“, „Војна и мир“ и други. Во 1934 година го создал балетското ремек-дело „Ромео и Јулија“, кое на балетската сцена во Македонскиот народен театар првпат е прикажано во 1962 година. Неговото музичко дело е мошне богато и разновидно. Роден бил во Сонцовка на 24 април 1891 година.

1964.- Во Битола умрел Милтон Манаки, прв македонски и балкански филмски снимател. Првите снимки ги направи во 1905 година. Главни негови постигнувања се: репортажа за престојот на последниот османлиски султан Решад во Битола во 1911 година, сцени од бесењето на македонските борци за независност на Македонија и епизоди од балканските војни, како и многу други снимки од историска важност. Носител бил на „Илинденска споменица 1903“, на многубројни награди, како и на наградата за животно дело во Пула во 1963 година. Роден бил во селото Авдела, Костурско, во 1880 година.

1970.- Стапил на сила договорот за неширење на нуклеарното оружје кој го потпишале 45 држави.

1984.- Умрел италијанскиот музички уметник Тито Гоби, познат светски оперски баритон. Во оперите студиозно и префинето ги креирал водечките улоги, вклучувајќи ја и прочуената улога во „Тоска“ на Ѓакомо Пучини во која негов партнер била Марија Калас.

1992.- Домот на младите „25 Мај“ во Скопје го променил името во Младински културен центар.

1993.- Авионот од типот "Фокер 100" на авиокомпанијата "Палер Македонија", веднаш по полетувањето од аеродромот во Петровец кај Скопје, се урнал на 400-тини метри од крајот на пистата. Од 91 патник и членови на екипажот загинале 80.

2007.- Умрел Анри Троа, еден од најпопуларните француски писатели на 20. век. Автор е на близу 100 дела. Троа надвор од Франција е најпознатиот по биографиите на француските и руските литературни и историски фигури, како што се Толстој, Пушкин, Флобер, Зола, Катерина Велика и Иван Грозни. Роден бил како Лев Тарасов на 11 ноември 1911 година во Москва во имотно семејство. Наградата „Гонкур“ ја добил за својата трета книга „Пајак“.

2013.- Претседателот на Венецуела Хуго Чавез починал во Каракас, на 58-годишна возраст, по двегодишна, неуспешна битка со ракот. На власт бил 14 години. Во својата земја и во светот, ќе остане запаметен како контроверзен политички лидер, кој својот полковнички чин го замени за политиката, претворајќи се во силен претставник на латиноамериканската левица и популист. Чавез бил роден на 28 јули 1954 година, како седмо дете во семејството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Во општина Брвеница се одвива гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од предвремените избори.

Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Според Државната изборна комисија гласањео почнало навреме во седум часот а во првите два часа гласале 3,98 отстои од запишаните избирачи, што е повисока излезност од 1,52 отсто во споредба со првиот круг.

До 11 часот излезноста била 13,82 отсто, што за 4,71 процент во однос на првиот круг.. Во Брвеница е Михајло Видимлиски.

Михајло како се одвива гласањето, и колкав е одзивот од гласањето според последните информации од ДИК?

Kога ќе биде следната прес конференција на ДИК, и кога може да се очекуваат последните информации околу излезноста?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ниска излезност и на вториот круг од изборите во Бугарија- Јотова и Ѓуров во трка за нов претседател

Неизвесна изборна трка и повторно ниска излезност на претседателските избори во Бугарија. 

Ниска излезност и на вториот круг од изборите во Бугарија- Јотова и Ѓуров во трка за нов претседател

Граѓаните денеска во втор круг избираат меѓу актуелната претседателка Илијана Јотова, поддржана од владејачката „Прогресивна Бугарија“ на премиерот Румен Радев и социјалистите, и Андреј Ѓуров, зад кого според бугарските медиуми стојат прозападни опозициски партии „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“, а поддршка му даде и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.

Во првиот круг Јотова освои 34,76, а Ѓуров 31,95 проценти од гласовите.

Исходот од изборите во соседна Бугарија е важен и за Македонија, но дали новиот претседател би можел да го промени односот на Софија кон Скопје? Според домашните аналитичари, просторот за промена е мал. Во последната телевизиска дебата и двајцата кандидати останаа на постојните бугарски позиции за европската преговарачка рамка.

-Мислам дека не се многу значајни изборите, бидејќи бугарската позиција по ова прашање е релативно тврда и отпорна на промена на политичките елити. Тоа е првата причина а втората причина е што во моментот бугарската политика сепак ја води Румен Радев а не претседателот. И третата причина, од она што го гледавме од телевизиското соочување помеѓу двата кандидати таму борбата е кој ќе биде построг со Македонија а не кој ќе биде попопуслив. Така што не очекувам некаква драматична промена. Очекувам да остане бугарската позиција, дека во основа се работи за европски компромис а не за билатерлано прашање. Така што во таа смисла тие избори нема да донесат значајно поместување – оценува Арсовски.

Во Бугарија, пак, аналитичарите сметаат дека пресудна ќе биде мобилизацијата на гласачите кои не злегоа во првиот круг.

-Шансите се изедначени. Ова се нови избори. Сè зависи од психолошката атмосфера, која во моментов повеќе оди во прилог на Ѓуров. Сè зависи од како се финишираше изборната кампања. Сепак, најмногу зависи од тоа дали „Прогресивна Бугарија“ ќе успее да го мобилизира својот потенцијал, кој досега не го мобилизираше. Таа го има тој потенцијал, но не успеа да го искористи. Но, доколку сега го загубат вториот круг, тогаш тоа веќе ќе биде оценка за Румен Радев. Тоа значи дека Румен Радев очигледно мора многу поактивно да се вклучи, бидејќи во случај на пораз на овие избори, многумина ќе бидат оние што ќе речат: „А сега и Владата треба да си замине – вели Симеонов.

Изборите се следат и во меѓународната јавност, особено во контекст на војната во Украина. Британскиот „Фајненшл тајмс“ во последната анализа меѓудругото оценува дека евентуална победа на Јотова, која се залага за обновување на дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин, би можела дополнително да ја приближи Софија кон Москва. Сепак британскиот Весник, наведува дека не се очекува суштинско отстапување на Бугарија од нејзината европска и НАТО-ориентација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Удовички: НБС имала можност да го ограничи меѓународниот платен промет без да го прекине домашното работење на Алта банка

Случајот Алта Банка продолжува да ја бранува јавноста во соседна Србија.

Удовички: НБС имала можност да го ограничи меѓународниот платен промет без да го прекине домашното работење на Алта банка

Утре се очекува да биде покрената стечајната постапка, а од банката преку соопштение уверуваат дека се преземаат чекори за заштита на интересите на депонентите и поверениците.

Ќе почне исплатата за депозитите до 50 илјади евра, а останатите ќе чекаат од стечајната маса. Поранешната српска гувернерка Кори Удовички споменувајќи ги трансферите во Македонија, оценува дека Народната банка на Србија можела да го ограничи меѓународниот платен промет без да се создава паника и да се прекинува работата на банката.

Според неа е клучно зошто никој не водел контрола и не презел навремени мерки за спречување на одливи. Сепак оценува дека нема простор за загриженост во поширокиот финансиски систем.

-Ние како центар за економски анализи укажавме во септември кога Европската комисија дојде на еден вид ревизија, им кажавме: ова и ова не е јасно.. Значи самите луѓе од Народна банка уште подобро до нас знаеа дека тука има, ако ништо друго, ризици. / Тука има можеби сомнителен или каков и да е капитал кој ќе сака да бега, нивна задача беше веднаш да го зголемат надзорот,- Кори Удовички – поранешна гувернерка на Србија.

И покрај случувањата во српската Алта, од македонската Алта Банка АД Битола тврдат дека нејзините клиенти не се засегнати. Уверуваат дека се ликвидни и работат без проблеми, а од Народната банка на Македонија потенцираа дека се работи за одделни правни лица, но ја следат состојбата и постапуваат по закон.

Инаку во соседна Србија за точно една недела се случија неколку настани кои се поврзуваат со промената на власта.. Ликвидацијата на Алта Банка, смената на бројни раководни лица во јавниот сервис, а вчера и апсењето на шефот на криминалистичката полиција Марко Кричак. Тој се сомничи за фалсификување докази и притисок врз сведоци и обвинети за убиството на мафијашот Баја, а по истата пријава приведен е и началник на Службата за сузбивање на криминалот во Србија.

Името на Кричак се поврзува и со полициска репресија врз протестите на студентското движење кое се формираше по несреќата во Нови Сад. Денеска навршуваат точно две години откако се урна настрешницата на железничката станица каде загинаа 16 лица. По тој повод се одржа комеморација на местото на настанот со 16 минутен молк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер