Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ЖивотНа денешен ден28 февруари 2023. 274.- Во Наисус (денес Ниш) бил роден Константин Велики, римски цар од 306 до 337 година. Тој заедно со Лициниј владеел со Источното римско царство и заедно со него го издал Миланскиот едикт со кој се дала слобода на вероисповед на христијаните. Тој е првиот римски цар кој во христијанската црква почнал да бара потпора за својата власт и за тогашниот робовладетелски поредок на империјата. Во 330 година формирал нова престолнина на исток - Константинопол (Цариград, Истанбул). Умрел во 337 година. 1525.- Последниот ацтечки цар Куаутемок по долго мачење бил погубен од шпанскиот освојувач Ернан Кортес. 1533.- Роден е Мишел Монтењ, француски ренесансен писател и филозоф-моралист. Дошол до заклучок дека човековиот разум е немоќен во барањето на вистината и правдата, но сепак човекот може и треба да наоѓа сигурни норми во приватниот и во јавниот живот. Особено се задржал на испитувањето на својата личност. Главно негово дело е „Есеи“ во три тома. Умрел на 13 септември 1592 година. 1825.- Потпишан бил договор меѓу Русија и Велика Британија со кој биле одредена границата меѓу Алјаска и Канада. 1869.- Умрел Алфонс де Ламартин, француски поет и академик. Со своите дела извршил големо влијание на романтизмот во Франција. Во политичкиот живот учествувал во државниот удар на Наполеон Трети. Најпознати негови дела се „Поетски размислувања“, „Поетски и религиозни хармонии“, „Жаслен“ и „Пат на исток“. 1890.- Роден бил рускиот балетан и кореограф Владимир Фомич Нижински, можеби еден од најдобрите во историјата на балетот, иако неговата играчка кариера траела само четири години, бидејќи во 1917 година заболел од неизлечлива душевна болест. Неговите креации никој не ги надминал, а скоковите во балетот „Сон за ружа“, поради невообичаената висина и убавина, влегле во легендата како недопрен идеал. 1908.- Во Преспанско, во борба против турската војска, во една безизлезна ситуација, за да не падне жив во рацете на непријателот, се самоубил Петар Христов - Германчето, македонски револуционер и војвода, член на ВМРО, активен учесник во Илинденското востание, по кое заминал на печалба во САД. Во 1905 година се вратил во татковината и учествувал во борбата на македонскиот народ за ослободување од турската власт. Роден бил во селото Герман, Преспанско. 1909.- Роден е англискиот писател Стивн Харолд Спендер. Дела: збирка песни „Урнатини и визии“, „Благородни денови“, романот „Заостанат син“, збирка раскази „Запалениот кактус“, есеи - „Разорен елемент“, „Триесеттата и потоа“, автобиографијата – „Свет во светот“. 1913.- Роден е американскиот филмски режисер од италијанско потекло Винсенте Минели, кој во 1958 година добил Оскар за филмот „Жижи“. Филмови: „Мадам Бовари“, „Американецот во Париз“, „Чај и симпатија“, „Кисмет“, „Куќа на рид“, „Ѕвоната ѕвонат“, „Град на илузија“, „Некои дотрчаа“. 1916.- Умрел американскиот писател Хенри Џејмс, продорен психолог, кој во реалистичен манир ги прецизирал и анализирал обичаите, постапките и навиките на американското и на европското општество, секогаш во потрага по моралните вредности. Пред крајот на животот, во 1915 година, станал британски државјанин. Дела: романите „Родерик Хадсон“, „Американец“, „Дејзи Милер“, „Бостонци“, „Амбасадори“. 1922.- Велика Британија формално прогласила независност на Египет, но ја задржала контролата над Суецкиот канал. 1934.- Основан бил Музејот на град Битола. 1948.- Последните британски воени единици ја напуштиле Индија. 1986.- Во Стокхолм бил убиен Улоф Палме, шведски премиер. Роден бил во Стокхолм, во 1927 година. 1992.- Советот за безбедност на Обединетите нации одобрил испраќање на 22.000 „сини шлемови“ во Камбоџа. 1995.- Раул Салинас, брат на поранешниот престедател на Мексико Карлос Салинас, уапсен бил под обвинение дека е вмешан во убиството на претседателскиот кандидат на владејачката Револуционерна институционална партија Луис Доналд Колоси на предизборниот митинг во Тихуана, во март 1994 година. 1996.- Британската принцеза Дајана се согласила на развод од принцот престолонаследник Чарлс. 2007.- Умрел Артур Шлезингер, американски историчар и публицист, двапати добитник на Пулицеровата награда. Шлезингер имал пристап во случувањата во Белата куќа во времето на Кенеди, а ги проучувал и оставнините на Френклин Рузвелт, Ендру Џексон, Џон и Роберт Кендеди. За хрониката на Кенедиевата администрација „Илјада дена: Џон Ф. Кенеди во Белата куќа“, во 1966 година ги добил Пулицеровата и Националната книжевна награда. Автор бил на повеќе од 20 дела. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook