На денешен ден во 1989 година, првиот Македонец, Димитар Илиевски Мурато го освои Монт Еверест - Канал 5

На денешен ден во 1989 година, првиот Македонец, Димитар Илиевски Мурато го освои Монт Еверест

На денешен ден, пред 34 години, на 10 мај 1989 година, битолчанецот Димитар Илиевски Мурато, како прв македонски алпинист се искачи и го освои највисокиот планински врв на светот Монт Еверест (8.848 метри).

На денешен ден во 1989 година, првиот Македонец, Димитар Илиевски Мурато го освои Монт Еверест

Македонската јавност никогаш нема да го заборави разговорот меѓу Димитар Илиевски-Мурато и членовите на македонската алпинистичка хималајска експедиција, што го водеа тој ден на Хималаите и легендарната фотографија на Димитар снимена на врвот на планетата, точно во 18 часот по локално време.

– Диме како си? (прашуваат од македонската хималајска експедиција)

– Ептен убо…, одговора Диме, по битолски...

– Диме сите сме горди со тебе! Браво Диме!

– И ние тука сме среќни, одговора Диме, придружуван од локалните шерпаси Сонам и Аџива и двата планинари од Хрватска и Словенија, Стипе Божиќ и Вики Грошељ, сведоци на историскиот настан.

Македонија! Мацедонија! Е,ееее Македонија – пееја, тогаш македонските планинари и неколку Шерпаси.

Како што е познато на 10 мај 1989 година Димитар Илиевски-Мурато, член на македонската алпинистичко-хималајска експедиција „Еверест 89“ се искачи на највисокиот врв на светот, развиори знаме, и дури 80 минути бил на највисоката точка на планетата Земја, но за жал не успеа да се врати до базниот логор, останувајќи вечно на Хималаите.

Македонските планинари, организирани од планинарскиот спортски клуб-ПСК „Пелистер“ и годинава масовно ќе учествуваат на планинарски марш кој ќе се одржи в сабота на 13 мај на Пелистер.

- Планинарскиот спортски клуб „Пелистер“ во чест и слава на нашиот Димитар Илиевски-Мурато, првиот Македонец што се искачи на највисокиот врв на Светот, Еверест, викендов ќе го организира 34. традиционален планинарски марш на кој учество ќе земат неколку стотици планинари од земјава и странство. Планинарите до Димев Врв ќе стигнат преку две маршрути, првата ќе почне од Инфо центар и ќе планинарите ќе се движат до Палиснопје, Ловечка куќа, врв Пелистер и Димев Врв, додека втората маршрута ќе стартува од Нижо Поле, потоа преку Дебел Рид, Големо Езеро, Партизански Врв, Широко Стапало и врв Пелистер, ќе се стигне до Димев Врв. Пред сите учесници ќе потсетиме на ликот и делото на Димитар Илиевски-Мурато и ќе положиме цвеќе пред споменикот на Мурато што се наоѓа во дворот на планинарскиот дом „Копанки“, изјави за МИА, Диме Попов, претседател на ПСК „Пелистер“-Битола.

Како што е познато, Општина Битола во чест на својот истакнат граѓанин во централното градско подрачје именува улица со името на Димитар Илиевски-Мурато, на родната куќа на Димитар, поставена е спомен плоча, а неговиот син Јонче Илиевски заедно со група повозрасни планинари, во 2010 година, во спомен на неговиот татко, го основаа планинарскиот спортски клуб Димитар Илиевски-Мурато.

-Традиционалниот планинарски марш е голем предизвик и возбудување. Вљубени сме во планината, ја сакаме планината...Нашето семејство и пријателите планинари се горди што мојот татко беше првиот Македонец што го освои највискиот врв на светот Еверест, ни изјави Јонче Илиевски, син на Димитар Илиевски-Мурато.

За подвигот од 10 мај 1989 година, Димитар Илиевски-Мурато посмртно е одликуван со Медал за заслуги за Македонија, а од Македонскиот олимписки комитет е прогласен за „Великан на спортот“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион падна и се запали на автопат во Мексико (ВИДЕО)

Мал приватен авион, Piper PA-46 Malibu, се урна на прометен автопат во мексиканскиот град Аподака откако, според извештаите, ја изгубил моќноста на моторот при полетувањето, а потоа се запалил.

Авион падна и се запали на автопат во Мексико (ВИДЕО)

Сите шест лица во авионот ја преживеале несреќата.

Несреќата се случила на 18 ноември, откако авионот полетал од Северниот меѓународен аеродром.

Потоа авионот прелетал преку заштитната ограда на аеродромот и завршил на автопатот Монтереј-Нуево Ларедо, каде што се запалил.

Во авионот имало шест лица, двајца членови на екипажот и четири патници.

Според првичните информации, сите преживеале, но се здобиле со полесни повреди и модринки. Во несреќата немало жртви.

Итните служби брзо пристигнале на местото на настанот и го изгаснале пожарот, додека надлежните органи започнале истрага за да ги утврдат околностите на несреќата.

Се вели дека прелиминарната причина е губење на моќноста на моторот при полетувањето, но конечните резултати ќе бидат познати откако воздухопловните власти во Мексико ќе ја завршат истрагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Производството на „Fiat 500“ продолжува: „Stellantis“ најде делови за каросеријата

„Stellantis“ објави дека ќе го продолжи производството на електричните и хибридните модели на „Fiat 500“ во Торино, по петнеделен прекин на работата во одделот за каросерија поради недостиг на компоненти.

Производството на „Fiat 500“ продолжува: „Stellantis“ најде делови за каросеријата

Во целиот производствен комплекс „Мирафиори“ во Торино се вработени околу 1.400 работници, а повремените прекини во производството влијаеја и на други оддели, пренесува „ANSA“.

Синдикатите „FIM-CISL“ и „UILM“ претходно предупредија дека зачестените прекини во производството поттикнуваат растечко незадоволство и несигурност кај вработените, кои со месеци се соочуваат со прекини во работата и неизвесност во однос на иднината на фабриката.

Оваа година, „Stellantis“ најави намалување на бројот на вработени за 175 лица во Мадрид, додека во фабриката во Тихи, Полска, се планира укинување на 740 работни места по укинувањето на третата смена. Во Италија е најавено намалување на бројот на вработени за 485 лица, главно преку доброволно заминување и предвремено пензионирање.

Извршниот директор на „Stellantis“, Антонио Филоса, предупреди дека производителите на автомобили и нивните добавувачи ќе се соочат со значителен пораст на трошоците за суровини и електронски компоненти – вклучувајќи мемориски чипови, печатени плочки и полупроводници – во текот на 2027 година, а веројатно и во 2028 година. Говорејќи на годишното собрание на италијанското здружение на производители на автоделови, „Anfia“, во Милано, Филоса изјави дека инфлаторните притисоци во овие категории ќе претставуваат трошок за „Stellantis“ во износ од милијарди евра, пренесе Ројтерс.

Според Филоса, компаниите и добавувачите ќе мора да одговорат на овие притисоци преку зголемување на својата конкурентност. Сепак, ќе биде потребна и поддршка од италијанската влада и од Европската унија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Просечната нето-плата во септември достигна 49.141 денар

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесувала 49.141 денар и бележи растод 8,1 отсто во споредба со истиот месец минатата година, соопшти Државниот завод за статистика.

Просечната нето-плата во септември достигна 49.141 денар

Реалниот раст на просечната нето плата, изнесувал 5,2%.

На врвот на листата на исплатени плати се наоѓа и натаму ИТ секторот со просек од 88.787 денари, а на дното од листата се е сместувањето и услужните дејности со храна со 35.447 денари, со што највисоката просечна плата во земјава е два и пол пати повисока од најниската просечна плата за над 50 илади денари

Државниот просек од 49.141 денар го земаат вработените во образованието каде што просечната нето плата изнесува 48.946 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер