СветНа денешен ден Бутан ја забрани продажбата на тутун - 20 години подоцна таквата мерка не ги даде посакуваните резултати На денешен ден, 2004 година, Бутан ја забрани продажбата на тутун и стана првата држава во светот што законски ги исфрли тутунските производи од пазарот.Согласно Законот за контрола на тутунот, и покрај тоа што пушењето не беше прогласено за нелегално, цигарите веќе не можеа да се купуваат од продавниците, а увозот на тутун беше строго ограничен, па граѓаните можеа да внесуваат само мали количини тутун, и тоа со високи давачки и под строги правила. Според властите, оваа мерка, спроведена од страна на Бутан, е одлична превенција против растот на ракот на белите дробови и другите болести поврзани со тутунот. Целта беше долгорочно намалување на потрошувачката и заштита на јавното здравје, но наместо тоа забраната отвори можност за нелегален пазар. Тутунот почна масовно да се криумчари, најчесто од соседна Индија, а државата воведе засилени гранични контроли и дополнителни инспекции, што значително ги зголеми трошоците за спроведување на Законот. Но и по сите преземени мерки, податоците покажаа дека потрошувачката не е намалена, особено кај младите, напротив - цените на црниот пазар нагло пораснаа, а најголемиот товар го понесоа посиромашните граѓани. За време на пандемијата на Ковид-19, властите привремено ја ублажија забраната и дозволија контролирана продажба на тутун во државните продавници. Причината не беше промена на здравствената политика, туку стравот дека криумчарењето преку индиската граница може да придонесе за ширење на вирусот. Со тој потег, Бутан првпат јавно призна дека строгата забрана има сериозни несакани последици. Денес во земјата сè погласно се води дебата за натамошно намалување или целосно укинување на забраната. Искуството покажа дека дури и најстрогите мерки не гарантираат исчезнување на навика што милиони луѓе ширум светот не сакаат или не можат да ја напуштат. Тагови: Бутан тутун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
ЕвропаВирусот Западен Нил е потврден во пет европски земји, меѓу кои и МакедонијаВирусот Западен Нил се шири низ Европа, а сезоната на пренос е во полн ек. Локални случаи на инфекција се потврдени во Грција, Италија, Шпанија, Романија и Македонија, според најновите податоци од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), пишува Euronews. Грчката Национална организација за јавно здравје (EODY) пријави 21 локален случај на инфекција регистриран до 22 јули. Дваесет пациенти развиле компликации на централниот нервен систем, како што се енцефалитис и менингитис, додека една пациентка имала поблаги симптоми. Досега нема смртни случаи, а тринаесет лица се хоспитализирани. Само во изминатата недела беа пријавени 14 нови локални случаи. Еден случај е регистриран и кај лице кое престојувало во една од ендемските земји во странство, но сè уште не е утврдено каде точно се заразило, па затоа тој случај не е вклучен во епидемиолошката анализа на EODY. Ширењето на вирусот во Европа Податоците собрани од ECDC до 15 јули покажуваат вкупно 33 локално пренесени случаи во пет европски земји и соседството. Италија беше најпогодена со 20 случаи во 16 различни области. Три случаи се потврдени во Новара, по два во Кремона и Верона, а поединечни случаи се регистрирани и во Милано, Фиренца, Неапол, Падова, Модена и Ферари. Два случаи се регистрирани во Македонија, во областа на Скопско и Повардарие. Романија, во регионите Аргеш и Сучава, и Шпанија, во Аликанте и Севиља, имаат по два случаи. Картата на ECDC го покажува брзото географско ширење на вирусот. На пример, во Италија, за само една недела, 11 од 16-те региони каде што вирусот е сега присутен беа додадени на списокот на погодени области. Грција: Атика главен фокус Огромното мнозинство грчки случаи се откриени во поширокиот регион Атика. Инфекции се потврдени во општините Спата-Артемида (6), Маркопуло Мезогејас (2), Палини (2), Агија Параскеви (2), Вари-Вула-Вулијагмени (1), Кропија (1), Лавреотики (1), Неа Јонија (1), Халандри (1), Атина (1) и Глифада (1). Надвор од Атика, по еден случај е регистриран во префектурата Лариса и општината Паламас. Иако засега нема потврдени човечки случаи во овие области, EODY ги прогласи и општините Пајанија, Рафина-Пикерми, Маруси, Ираклио Атикас и Филотеј-Психико за области со висок ризик. Одлуката е донесена врз основа на епидемиолошки податоци и близината до областите каде што вирусот веќе циркулира. EODY истакнува дека појавата на случаи речиси секоја година од 2010 година потврдува дека вирусот Западен Нил се воспоставил во Грција, а истата ситуација е и во неколку други европски земји. ECDC објавува неделни извештаи во текот на летото бидејќи ширењето на инфекцијата е под влијание на времето, бројот на комарци и движењето на птиците, кои се природен резервоар на вирусот. Бидејќи е невозможно да се предвиди кои области ќе бидат погодени, здравствените власти низ целата земја препорачуваат граѓаните да се заштитат од каснувања од комарци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВоен хеликоптер со петмина војници се урна во Чешка Воен хеликоптер на чешката армија се урна денеска во базата во Намешт над Ославу, околу 180 километри југоисточно од Прага. Во хеликоптерот имало пет припадници на вооружените сили, пишува чешкиот echo24. Според информациите од чешките медиуми, едно лице загинало. Службите за итни случаи интервенирале на местото на несреќата. Станува збор за хеликоптерот Venom, односно американскиот повеќенаменски хеликоптер UH-1Y што го користи чешката армија. Несреќата се случила во 22-та воздухопловна база на хеликоптери. Причината за падот засега не е позната. Чешката армија претходно објави дека ќе објави дополнителни информации кога ситуацијата ќе дозволи.Тагови: хеликоптер Чешка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиМакедонија екипно на делба на петтото место на младинското ЕП во билијард!За прв пат младинците имаа можност да настапат во екипна конкуренција, бидејќи пропозициите налагаат земјата да учествува со тројца играчи. Билијардските спортови доживуваат невидена експанзија, како на светско, така и на локално ниво, па новата генерација млади македонски играчи со спортски жар и огромна желба за бранење на државните бои настапи на Европското првенство кое се одржа во Подчетртек, Словенија. За прв пат младинците имаа можност да настапат во екипна конкуренција, бидејќи пропозициите налагаат земјата да учествува со тројца играчи. Бидејќи едниот од нив веќе имаше навршено 17 години, тие настапија во категоријата за младинци до 19 години, иако останатите двајца беа далеку помлади. Сепак, и со тој хендикеп, беа забележани две победи во квалификациската фаза, против Шведска и Холандија, за во елиминациската рунда (четвртфинале) да бидат поразени од Германија. Со тоа, на крајот е забележан пласман со делба на петтото место, но мислите и желбите за уште подобар резултат идната година артикулираат уште од сега. Во индивидуална конкуренција, минатогодишниот освојувач на бронзен медал, Андреј Ѓурчиновски, играше на сите четири турнири за младинци до 17 години (личен скор 18:4 – најдобар досега!), при што два пати стигна до четвртфинале (во дисциплините „осмица“ и „деветка“) и два пати до осминафинале (во дисциплините „осумка“ и „14.1“. Младиот Марио Минов кој за прв пат настапи во оваа конкуренција не успеа да стигне до победа, но стекна драгоцено меѓународно искуство. Илија Димовски за прв пат играше во конкуренција до 19 години, но за жал стигна само до шеснаесетфинале (личен скор 5:9). Сите учесници се дел од државното првенство, каде што играат во сенорска конкуренција и веќе есенва ќе продолжат со настапите и усовршувањето за идниот континентален собир.Тагови: билијард Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33