ЖивотНа денешен ден - 16 септемвриДенеска е Светски ден на мирот Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка 1380.- Умрел францускиот крал Шарл V Мудриот кој како регант во времето додека неговиот татко Жан II бил заробеник на Англичаните, во 1358 година го задушил големото селско востание познато како Жакерија. Во текот на владеењето од 1360 година успеал по Стогодишната војна со Англичаните да придобие голем дел од територија која Франција ја загуби со катастрофалниот Бретански договор. 1498.- Умрел шпанскиот домениканец Томас де Торкемада, прв „голем инквизитор“ од 1483 до 1949 година, симбол на злогласната римокатоличка инквизиција во Шпанија. Како шеф на инквизиторскиот трибунал спалувал луѓе и „еретички книги“, а во 1942 година го убедил кралот Фердинанд V да издаде декрет за протерување на Евреите, по што 300.000 Евреи морале да ја напуштат Шпанија. 1736.- Умрел германскиот физичар Габриел Даниел Фаренхајт, кој во 1726 година го направил првиот термометар со жива. Тој ја создал и скалата за мерење на температура од 180 степени, наречена по неговото име, на која точката на замрзнување е 32 степени. Фаренхајтовата скала се употребува во САД, а порано се употребуваше и во Велика Британија. 1745.- Роден е рускиот војсководец Михал Иларионович Кутузов, еден од најголемите воени стратези на 19. век. За време на нападот на францускиот цар Наполеон Први врз Русија во 1812 година после битката кај Бородино, и покрај противењето на царот и генерал Александар Први, тој ги пушти Французите да влезат во Москва, а потоа им нанесе огромен пораз, истерувајќи ги до Париз. За време на војната против Отоманското царство во 1811 година многу успешно командувал со руско-молдавската армија. Поради неговата голема популарност кај рускиот народ, во СССР во Втората светска војна се востановени три Кутузови ордени. Умрел во Болеславец, во Полска, на 28 април 1813 година. 1810.- Со масовно оружено востание на селаните, што го предводеле Мигуел Хидалго и Хосе Моралес, во Мексико почнала борбата за независност од шпанските колонизатори. Тој ден е прогласен за национален празник на државата Мексико која беше шпанска колонија од 1519 година. 1824.- Умрел францускиот крал Луј XVIII, кој владеел за време на реставрацијата на Франција по падот на царот Наполеон. Титулата крал ја добил во 1795 година, но вистински владеел од 1814 година до смртта, кога на престолот го наследил неговиот брат Шарл X. 1861.- Градот Загреб на Вук Караџиќ му ја врачил Повелбата за почесен граѓанин, со која му се дадени „сите права, слободи и добра на секој граѓанин на Загреб според законот и старите народни обичаи“. 1908.- Виена и Москва се договориле Австроунгарија да не се противи на отворањето на Босфор за руските бродови, а Русија на Австроунгарија и овозможи анексија на Босна и Херцеговина. Со договорот на двајцата министри заврши Анексионата криза што се закануваше со светска војна. 1924.- Родена е американската филмска актерка Бети Перск, позната како Лорин Бекол, сопруга на Хемфри Богарт со кого во филмовите играла улоги на самоуверени агресивни жени. 1941.- Хитлер му наредил на заповедникот на германските вооружени сили за југоисток да го задуши востаничкото движење на Балканот. Според Хитлеровата наредба со крајна суровост требало да се оневозможат партизаните и за убиство на германски војник смртно да се казнат 50 до 100 заложници. 1948.- Во селото Студена Бара, Кумановско е роден Санде Стојчевски, македонски поет, есеист, книжевен критичар и преведувач. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Бил новинар, а потоа уредник во образовната редакција во Радио Скопје, уредник, главен уредник и директор на книгоиздателството „Македонска книга“, главен уредник на списанието „Стремеж“ и претседател на Управниот одбор на балканската книжевна манифестација „Рацинови средби“ - Велес. Член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија, почесен член на Сојузот на бугарските писатели. Најзначајни дела: „Кралот на лебедите“, „Фенери низ маглата“, „Вечерна“, „Абор гора“, „Големата побуда“, „Кубоа“, „Совршенство или совршенство“, „Трмка“, „За восхитот и за пораката“, коавтор е на петтомната едиција „Македонска книжевност во книжевната критика“, главен уредник на редакцијата на проектот 130 тома македонска книжевност и на редакцијата на проектот „Нобеловци“. Добитник е на наградите: „Кочо Рацин“, „Григор Прличев“, „Браќа Миладиновци“, „Димитар Митрев“, „Свети Климент Охридски“, „Сергеј Есенин“ и други. 1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку радио на алжирскиот народ му го признал правото на самоопределување. 1967.- Генералниот секретар на Обединетите нации У Танд ги повикал САД да не го бомбардираат Северен Виетнам, но Вашингтон го игнорирал повикот. 1975. Јужнопацифичката држава Папуа Нова Гвинеја се стекна со целосна независност од Австралија. 1977.- Во Париз умрела Марија Калас, сопран, американска оперска пејачка од грчко потекло. Големиот гласовен распон и сугестивната глума придонесе за нејзината светска слава. Родена била во Њујорк, на 4 декември 1923 година. 1978.- Во земјотрес во иранскиот град Табас и во околните села загинале најмалку 25.000 лица. 1989.- Умрел Роберт Пен Ворен, американски писател, трикратен добитник на Пулицеровата награда (најголемо признание за новинарство, белетристика и поезија). Со светска слава се здобил со романот „Сите луѓе на кралот“ за кој му била доделена Пулицеровата награда во 1947 година. Роден бил во 1905 година. 1996.- Романија и Унгарија потишале договор за окончување на сите спорови меѓу двете соседни земји со што на Букурешт и на Бидимпешта им се олеснил влезот во ЕУ и НАТО. 1996.- Градот Велес од овој датум е без додавката „Титов“. Името Титов Велес го носеше од 11 октомври 1946 година. 1998.- Басиската терористичка организација ЕТА соопштила дека на 18 септември стапува на сила целосното примирје по три децении борби за отцепување на Баскија - откажување на сите акции против шпанските власти. 2001.- Иран соопштил дека градоначалникот на Техеран Мортез Алвири му изразил сочувство на њујоршкиот колега Рудолф Гиулијани по повод териристичките напади на исламистите на 11 септември. Тоа била прва официјална јавна комуникација помеѓу Иран и САД од исламската револуција во Иран во 1979 година. 2007.- Умрел Емилио Руис де Рио, шпански синеист, стручњак за визуелни специјални филмски ефекти. Учествувал во снимање филмови како што се „Доктор Живаго“, „Лоренс од Арабија“ и „Дина“. Во текот на 60-годишната кариера работел на снимање на повеќе од 450 филмови во Европа и САД. Соработувал со многу славни режисери, како што се Орсон Велс, Стенли Кјубик и Џорџ Цукор. 2013.- Во 92-тата година од животот ненадјено починал проф. д-р Саве Миронски, еден од основоположниците на Медицинскиот факултет во Скопје, поранешен декан и основоположник и директор на Инфективната клиника. Студирал медицина во Софија во 1942 година, за да се врати во Скопје и дипломирал на Медицинскиот факултет во Белград. Миронски бил еден од основачите на Катедрата по интерна и инфективна медицина, откако работел како еден од првите шефови на Катедрата по ендокринологија. На местото директор на Клиниката за инфектологија исклучително успешно останал 26 години, се до неговото пензионирање во 1986-та.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПо верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтотПо тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени - се проверува состојбата на асфалтот.Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење. Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци. Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар. Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.Тагови: Бугарија сообраќаен хаос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВиткоф и Кушнер на средба со Путин во МоскваПретставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин. Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров. Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници. Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев. По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.Тагови: Владимир Путин САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИскра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинителДенеска пред Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34