На децата во Австралија им ги забранија ТикТок и Инстаграм- преку ноќ „експлодираа“ нови апликации - Канал 5

На децата во Австралија им ги забранија ТикТок и Инстаграм- преку ноќ „експлодираа“ нови апликации

Забраната за социјални медиуми во Австралија за лица под 16 години официјално стапи на сила, а последиците се почувствуваа речиси веднаш.

На децата во Австралија им ги забранија ТикТок и Инстаграм- преку ноќ „експлодираа“ нови апликации

TikTok и Instagram мораа да блокираат сметки на тинејџери или да се соочат со огромни казни, додека младите корисници брзо пронајдоа нови дигитални дестинации.

За само еден ден, сосема нови и претходно непознати апликации скокнаа на врвот на листата на најпреземани апликации на Apple App Store. Овој ненадеен пресврт јасно покажува колку се флексибилни навиките на младите корисници кога вратите на големите платформи се затворени за нив.

Со оваа мерка, Австралија стана првата демократија во светот што воведе толку строга забрана за социјални медиуми за малолетници. На технолошките гиганти им се заканија казни до 49,5 милиони австралиски долари доколку не ги почитуваат новите правила.

Нови апликации што ги заменија TikTok и Instagram

На самиот врв на листата на бесплатни апликации сега е Lemon8, платформа за споделување фотографии и видеа во сопственост на ByteDance, компанијата зад ТикТок. Веднаш зад неа е Yope, приватна апликација наменета исклучиво за затворени кругови пријатели, додека Coverstar, која се претставува како „најбезбедна алтернатива на TikTok“ за возраст од 9 до 16 години, е меѓу најпреземаните.

Сите овие апликации доживуваат огромен раст токму затоа што во моментов не подлежат на истите ограничувања како големите социјални мрежи. Помладите корисници практично преку ноќ се префрлија на нови платформи за да продолжат со својата секојдневна комуникација, споделување содржини и следење на трендовите.

Забраната директно ги погоди компаниите како TikTok и Instagram, кои сега мора да спроведат строга проверка на возраста на корисниците. Целта на државата е да ги намали негативните ефекти од социјалните мрежи врз децата, особено кога станува збор за менталното здравје, безбедноста и зависноста од екран.

Забраната отвори простор за нови дигитални платформи

Ненадејната популарност на алтернативните апликации покажува дека забраната за големите социјални мрежи не значи исчезнување на дигиталните навики на децата, туку само нивна миграција кон други платформи. Малите стартапи и новите апликации сега добиваат можност што ја немале порано.

Потегот на Австралија веќе внимателно го следат други земји кои размислуваат за слични ограничувања. Првичните резултати јасно покажуваат дека пазарот реагира брзо и дека дигиталниот пејзаж се менува побрзо отколку што многумина очекуваа.

Останува да се види дали новите апликации наскоро ќе бидат предмет на регулација или ќе останат „безбедно засолниште“ за најмладите корисници кои веќе некое време се оставени без TikTok и Instagram.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско.

Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

На 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината.

Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер