На човек му се заглавил вибратор на незгодно место, зуел додека докторите едвај го ваделе - Канал 5

На човек му се заглавил вибратор на незгодно место, зуел додека докторите едвај го ваделе

Неименуван 24-годишен маж се појавил во болница во Шангај, објаснувајќи дека има нешто „заглавено во неговиот задник“.

На човек му се заглавил вибратор на незгодно место, зуел додека докторите едвај го ваделе

Веднаш бил испратен на рендген, по што станало јасно дека се „заиграл“ со вибратор и си направил сериозен проблем, пренесува Дејли Стар.

Зуењето не престана

Д-р Чен Жи го видел пациентот и го прашал како настанала блокадата, а одговорот бил: „Не знам, но едноставно не можам да го извадам“.

Не само што имал огромен предмет од 20 сантиметри во ректумот, туку тој сè уште зуел. Донесена била одлука итно да се извлече, особено што постоел ризик од кинење на цревата.

Немало никакви последици

Со помош на акушерски форцепс, заоблен хируршки алат, д-р Жи успеал да го извлече вибраторот, кој што зуел цело време. Интервенцијата била направена без анестезија, а мажот не почувствувал многу болки.

Лекарот објаснил дека играчката за возрасни била мазна, што го олеснувало процесот на отстранување. За среќа, пациентот немал никакви последици, брзо закрепнал и без компликации бил пуштен дома.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Денеска  официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. 

Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава

Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација.

Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација.

По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

Вчера (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката опременост и зајакнување на координацијата со надлежните служби и соседните држави.

Беше истакнато дека ГП Ново Село е важна точка за проток на патници и стоки, при што останува приоритет обезбедување на ефикасна, професионална и безбедна услуга за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер