Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ЖивотНа челото ѝ се појавила голема испакнатина, а утредента уште повеќе ги шокирала лекарите(ВИДЕО)Лекарите се збунети од случајот со Ема Мекинтајр (37), откако на нејзиното чело се појавила необјаснета испакнатина со големина на топче за голф.Мајката на четири деца од Австралија го споделила необичното искуство на TikTok, а нејзиното видео го погледнале повеќе од 17 милиони луѓе. Таа објасни како една вечер забележала растечка џумка и решила да оди во болница следниот ден. @flexx_et Stress or dying ♬ original sound - Em Утрото кога се разбудила доживеала нов шок - испакнатината целосно исчезнала! И покрај тоа, Ема отишла кај општ лекар, пишува Mirror. „Лекарите беа збунети, не можеа да утврдат за што се работи. Ме прегледаа и не најдоа ништо“, објасни таа. Повеќе од 6.000 луѓе го коментирале видеото каде Ема минува преку нерамнината и таа постојано се враќа. Многумина ја советувале да оди на лекар, што и го направила, а жената објаснува дека не чувствувала никаква болка. @flexx_et Replying to @Schtix #cyst #pimple #bump #pop #whoknows #help #stress #stressed ♬ Untitled 13th - ezzwins „Едноставно почувствував притисок и би рекла дека грутката беше со големина на топче за голф. Верувам дека тоа е резултат на стрес. Мојот сопруг е болен, а и моето куче. Освен тоа, чувствувам финансиски притисок и мојата глава не може да издржи сѐ“, изјавила Ема. Таа додава дека на кожата нема траги од повреди, каснувања, нешто слично... „Сакам одговори, но не сум опседната. Секогаш постои шанса тоа да се повтори, а јас сè уште чувствувам притисок од време на време, особено кога сум под стрес“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРомански екстремно десничарски политичар приведен поради измама, планирал и државен ударРоманските власти денеска покренаа нови обвиненија против поранешниот екстремно десничарски претседателски кандидат Калин Џорџеску.Тој е задржан во 24-часовен притвор поради обвинувања дека тој и уште двајца осомничени измамнички прибавиле 1,1 милион евра и ги искористиле средствата за финансирање изборна кампања, пренесува ДПА. Џорџеску, познат како политичар наклонет кон Кремљ, неочекувано освои најмногу гласови на претседателските избори во Романија во 2024 година. Уставниот суд ги поништи изборите поради недостаток на транспарентност во финансирањето на неговата кампања, а гласањето беше повторено во 2025 година. Обвинителите денеска девет часа го пребарувале неговиот дом, по што осомничениот бил одведен на испрашување. Измамата вклучувала ветување од страна на осомничениот и неговите соучесници до еден бизнисмен во 2021 година дека ќе му обезбедат заем од странска банка. Тој ја задржува поддршката од втората најсилна политичка сила во парламентот За возврат, тие побарале гаранција од 1,1 милион евра од бизнисменот;,според Дирекцијата за истрага на организиран криминал и тероризам (DIICOT), тој ја платил сумата, но парите никогаш не му биле вратени. Истрагата започнала во 2024 година по пријава поднесена од измамениот бизнисмен, јавуваат романските медиуми. Се очекува Џорџеску да одговара и за обид за вооружен државен удар, кој наводно го планирал заедно со платеник претходно активен во Африка. И покрај тоа, тој продолжува да ја ужива поддршката на романската екстремно десничарска партија АУР, втората најсилна политичка сила во парламентот, пренесува ДПА. Извор: Индекс.хрТагови: Романија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРуската антивоена партија „Јаблоко“ освои место во регионалниот парламентРуската антивоена партија „Јаблоко“ изненадувачки успеа да освои место во регионалниот парламент, и покрај тоа што во голема мера ѝ беше оневозможено учество на изборите низ земјата.Неочекуван успех на регионалните избори Оваа либерална опозициска партија освои 6,38 отсто од гласовите во регионот Нижни Новгород на реката Волга и во понеделник за првпат доби место во регионалната Дума. Резултатот привлече значително внимание низ Русија бидејќи на партијата ѝ беше забрането да истакнува кандидати во речиси целата земја по одлуката на Врховниот суд. Реакција на партијата и поддршка за активистката против корупција „Мир, слобода и живот без страв – тоа се вредностите што одекнаа во срцата и душите на луѓето“, соопшти регионалниот огранок на „Јаблоко“ во Нижни Новгород. Партијата ѝ честиташе на својата регионална претседателка Ана Черепанова, позната противничка на војната и активистка против корупцијата. Зошто Кремљ го ограничи учеството на партијата Експертите сметаат дека партијата веројатно била исклучена од националните избори бидејќи Кремљ проценил дека таа навистина би можела да освои пратенички места. Лидерот на „Јаблоко“, Николај Рибаков, ја позиционираше партијата како единствена сила што се залага за прекин на огнот во руската војна против Украина. Сите други партии ја поддржуваат инвазијата, која трае повеќе од четири и пол години. Извор: Индекс.хрТагови: русија Јаблоко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00
ЖивотМакедонците во Мала Преспа го одбележаа Раѓањето на Пресвета Богородица на островот Мал ГрадМакедонците во Мала Преспа го одбележаа големиот православен празник Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица, со богослужба во црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град во Преспанското Езеро.Во древниот храм „Света Богородица“, кој потекнува од 1345 година, беше одржана свечена богослужба, продолжувајќи ја вековната традиција на одбележување на празникот на островот Мал Град. На богослужбата, во чест на Рождеството на Пресвета Богородица, богослужеше митрополитот Корчански, Неговото Високо Преосвештенство Анастасиј, заедно со отец Алексо од Пустец и други свештеници од Корчанската митрополија. На празничната богослужба присуствуваше и претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој на верниците им посака здравје, мир и благосостојба. Црквата „Света Богородица“ на Мал Град претставува еден од најзначајните културно-историски споменици во Преспа. Сместена на островот Мал Град, во областа Мала Преспа, црквата датира од XIV век и претставува значаен споменик на средновековното македонско културно наследство во Преспанскиот регион. Особено значаен е нејзиниот фрескоживопис, по кој храмот се издвојува меѓу пештерските и островските цркви распространети долж бреговите на Преспанското и Охридското Езеро. Празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица има посебно значење и во традицијата на Македонците во Албанија. Голем број македонски семејства го одбележуваат како домашна слава, пренесувајќи ја традицијата од поколение на поколение. Одбележувањето на празникот на Мал Град и годинава беше можност жителите на Преспа да ја продолжат вековната верска и културна традиција поврзана со овој значаен храм и со Преспанскиот крај.Тагови: Мала Преспа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter