На Бугарија и Романија им е одобрен делумен пристап до шенгенскиот простор - Канал 5

На Бугарија и Романија им е одобрен делумен пристап до шенгенскиот простор

Советот на ЕУ вчера постигна договор за делумен прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната во воздушните и поморските пристаништа, соопшти шпанското претседателство.

На Бугарија и Романија им е одобрен делумен пристап до шенгенскиот простор

Одлуката е донесена со консензус на сите земји-членки, во писмена постапка откако Австрија попушти и дозволи делумен влез во Шенген. Ова е последната одлука донесена за време на шпанското претседателство, кое завршува на последниот ден од 2023 година.

Од 31 март следната година ќе се укинат граничните контроли на внатрешните гранични пунктови, засега само во воздушниот и поморскиот сообраќај. Датумот 31 март е избран бидејќи тогаш почнува летното сметање на времето и летниот распоред на летови во авиосообраќајот.

Договорот следеше откако Бугарија и Романија потпишаа заедничка декларација со Австрија во која се обврзуваат да ја интензивираат борбата против илегалната миграција.

„Присуството на Фронтекс на бугарско-турската граница треба да се зголеми најмалку тројно, а контролите на копнените граници меѓу Бугарија и Романија и меѓу Романија и Унгарија ќе треба да се зајакнат“, се вели во заедничката декларација на трите земји. Бугарија и Романија со години чекаа влез во Шенген зоната и сега добија само делумен пристап до зоната без контрола на внатрешните граници.

Уште во 2011 година, Европската комисија заклучи дека двете земји ги исполнуваат сите услови и постојано ги повикуваше земјите-членки да го одобрат нивниот влез, но една или повеќе земји секогаш се противеа.

Комесарот за внатрешни работи Илва Јохансон посочи дека сега е неопходно „да се обезбеди слободно движење и во копнениот сообраќај“.

„Ќе продолжам активно да го поддржувам процесот на целосно пристапување во 2024 година“, рече Јохансон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синер прв, Ѓоковиќ на 12 местот на листата на АТП

Најтрофејниот светски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, го задржа 12-тото место на најновата АТП-листа со 2.980 бода, додека Италијанецот Јаник Синер останува на првото место со 11.500 бода. 

Синер прв, Ѓоковиќ на 12 местот на листата на АТП

Шампионот од Грен слемот во Њујорк, Германецот, Александар Зверев ја држи втората позиција со 9.690 бода, додека Шпанецот Карлос Алкараз е трет со 5.560.

Американецот Бен Шелтон останува четврти во светот, а Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим се наоѓа на петтото место.

Меѓу топ десетте најдобри светски тенисер се и Русинот, Данил Медведев, Италијанецот Флавио Коболи, Американецот Френсис Тиафо, Австралиецот Алекс де Минор и уште еден Американец, Тејлор Фриц.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разбиена криминална група за шверц на лекови, полициска акција во Скопје, Тетово и Гевгелија

Разбиена криминална група осомничена за шверц на лекови..

Разбиена криминална група за шверц на лекови, полициска акција во Скопје, Тетово и Гевгелија

Во акцијата која се спроведува на повеќе локации во Скопје, Тетово и Гевгелија според првичните и неофицијални информации упасени се шест лица а се трага по уште неколкумина.

Според се уште неофицијалните информации, при претресите во Скопје и Тетово полицијата пронашла магацини со лекови и кај еден правен субјект и машина за екстракција на масло.

Полициската акција од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на ОЈО ГОКК ја потврдуваат од МВР но засега само со информација дека е насочена кон сузбивање на криминална група инволвирана во криумчарење на стоки и извршување на коруптивни кривични дела.

Од обвинителството информираат дека акцијата е под раководство на јавен обвинител од специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција и дека во тек се претреси и други истражни дејствија на повеќе локации по што ќе следува детална информација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Што ќе добијат пациентите со дигиталното здравство - податоците го следат пациентот

Што ќе добијат пациентите со дигиталното здравство - податоците го следат пациентот, а пациентот одлучува кој ги гледа.

Клековски: Што ќе добијат пациентите со дигиталното здравство - податоците го следат пациентот

Во организација на Министерството за здравство денес во Свечената сала на Владата беше претставена Стратегијата за дигитално здравство 2026–2030 на лекари, пациентски организации, комори, институции и ИТ експерти. Во центарот на стратегијата е пациентот. Целта е до 2030 година секој граѓанин да има пристап до своите здравствени податоци, а секој лекар да ја има целосната информација во моментот кога го лекува пациентот.

Денес пациентот ја носи својата историја од шалтер до шалтер. Наодот од приватната лабораторија, снимката направена во друга болница и терапијата препишана надвор од упатниот ланец често не се пред лекарот кога тој одлучува. Анализата на која се заснова стратегијата го опишува системот како „функционално оперативен, но структурно фрагментиран“. „Мој термин“, Фондот и регистрите на Институтот за јавно здравје работат, но не разменуваат податоци меѓу себе, истакна министерот за здравство, Сашо Клековски.

Што ќе значи тоа за пациентите и кои се бенефитите:

Податоците го следат пациентот. Податоците ќе одат со пациентот од матичниот лекар до специјалистот, болницата, лабораторијата и аптеката. Пациентот нема да ја раскажува историјата одново, а истите анализи нема да се прават двапати.

Своето досие на интернет. Преку надградениот портал „Мое здравје“ граѓаните ќе имаат пристап до своето здравствено досие, покрај термините и е-рецептите што се достапни денес. Потоа ќе следат и консултации на далечина.

Пациентот одлучува за своите податоци. Здравствените податоци се сметаат за дел од личноста. Секој ќе може да види кој ги отворил неговите податоци, да побара исправка на грешка, да овласти претставник и да даде или повлече согласност. Овие права ќе бидат уредени со закон.

Еднаков пристап за сите. Телемедицината ќе добие правна основа, а хроничните пациенти ќе можат да се следат на далечина, особено во руралните средини без редовен пристап до специјалист. Услугите ќе бидат прилагодени за лица со попреченост, а за постарите лица и за граѓаните што не користат дигитални услуги ќе останат достапни и класичните канали.

Превенција навреме. Благовремените податоци за опфатот со скрининзи и за ризиците ќе овозможат болестите да се откриваат порано, а превенцијата да се насочи таму каде што е најпотребна.

„Стандардите и системите ги правиме ние. Разликата ја чувствува пациентот — или не ја чувствува. Тоа е мерката“, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. „Ова не е проект за нови компјутери. Сакаме системите што веќе ги имаме да почнат да работат заедно, за пациентот и за лекарот.“

Стратегијата содржи 5 приоритети, 38 мерки и 152 активности. Во 2026–2027 година се поставуваат основите: законите, институциите и стандардите. Главната имплементација, вклучувајќи го „Мое здравје“, е предвидена за 2028–2029 година. Стратегијата е усогласена со Европскиот простор за здравствени податоци, што ќе им овозможи на граѓаните по пристапувањето во ЕУ нивните податоци да бидат достапни и кога се лекуваат во друга држава-членка.

Стратегијата е изработена во рамки на проектот „Надградба на системот за е-здравство“, финансиран од Европската Унија преку ИПА III. Проектот го спроведуваат консултантските компании Гномон и АСЕЕ. Коментарите од денешната консултација ќе бидат вградени во ревидираната верзија, која ќе биде доставена до Владата на усвојување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер