На брзина влегол и возел туѓа „Тесла“ , по пат му се јавил сопственикот, кој влегол во неговата - Канал 5

На брзина влегол и возел туѓа „Тесла“ , по пат му се јавил сопственикот, кој влегол во неговата

Раџеш Рандев околу 15 минути возел туѓ автомобил во Канада, додека не сфатил дека на неговото ветробранско стакло имало мала пукнатина која претходно ја немало.

На брзина влегол и возел туѓа „Тесла“ , по пат му се јавил сопственикот, кој влегол во неговата

Сакал да го земе кабелот за да го наполни мобилниот телефон, но го немало во автомобилот.

Мобилниот телефон почнал да му ѕвони, а тој застанал и добил порака од непознат број: „Дали возиш Тесла?“ додека седел во белата Tesla Model 3.

Прашал кој му ја праќа пораката, а испраќачот одговорил: „Мислам дека возиш погрешен автомобил“.

Потоа сфатил дека се работи за мешаница, бидејќи неговиот автомобил бил еден од двата бели автомобили Тесла паркирани еден до друг, па брзајќи да ги земе децата од училиште, влегол во погрешната кола.

Неговата апликација Tesla го отклучила автомобилот на непознатиот и му дозволила да вози, рече тој.

Но, тоа не е сѐ. Се чини дека грешката функционирала и во спротивна насока. Другиот возач на Tesla, чиј автомобил го возел Рандев, успеал да го отклучи неговиот паркиран автомобил користејќи ја својата картичка за клучеви на Tesla, пишува Post. На тој начин влегол воавтомобилот и од документите успеал да го пронајде телефонскиот број на Рандев и да го извести за забуната.

Рендев успеал да ги земе своите деца и без проблем да му го врати возилото на непознатиот, објави Пост. Ова искуство го натерало да ја преиспита безбедноста на својот автомобил.

Технолошките карактеристики на Tesla, како што се нивните широко распространети екрани на допир и функционалноста на телефонот како клуч, се некои од најголемите продажни предности на брендот. Но, напредната технологија може да го зголеми и ризикот од хакери или, како што вели приказната на Рандев, од чудни софтверски грешки.

Со текот на годините, истражувачите демонстрирале методи за отклучување и возење на Tesla со реплицирање сигнали од телефонот или картичката, што служи како клуч на сопственикот. Сепак, Insider не знае за кражби или упади во високотехнолошките возила, а Tesla не ја коментира целата ситуација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.

Поранешниот англиски фудбалски репрезенативец Андрос Таунсенд (35), кој настапуваше за Тотенхем, Њукасл, Кристал Палас и Евертон, доживеа неверојатен инцидент додека се загреваше во Тајланд. 

Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.

Таунсенд се загреваше за време на полувремето од натпреварот меѓу неговиот тим, Прачуап, и Патани. Додека се обидуваше да ја удри топката, тој излезе од просторот предвиден за загревање.

Во тој момент, кон него се движеше валјак за рамнење на теренот, а возачот не го забележа навреме.

-Валјакот го удри Таунсенд во нозете, го собори на земја, а потоа продолжи да се движи преку неговото тело, стигнувајќи сè до половината. Возачот потоа ја запре машината, а соиграчите на Таунсенд веднаш притрчаа да му помогнат. За среќа, Таунсенд помина без сериозни повреди. По инцидентот, тој го продолжи загревањето, па дури и влезе во игра. Тој ја одигра последната минута од натпреварот, во кој неговиот тим, Прачуап, победи со 3–0.

По бизарниот настан, Таунсенд очигледно одлучи сè да претвори во шега. Тој објави видео од инцидентот на социјалните мрежи и се пошегува на сметка на својот поранешен клуб Стоук Сити, познат по својот физички напорен фудбал. „Стоук не беше толку лош“, рече Таунсенд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ССМ: Синдикална минимална кошница за месец септември 2026 година

Сојуз на синдикатите на Македонија  денеска ја објави Синдикалната минимална кошница за месец септември 2026 година.

ССМ: Синдикална минимална кошница за месец септември 2026 година

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец септември 2026 година изнесува 69 432,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2026 год. која изнесува 68 675,00 денари е зголемена за 757,00 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец септември изнесува 84 807,00 денари.

Структура на новата СMK за месец септември 2026 година

03. Станарина, вода, електрична енергија 21.754

и греење ( со изнајмен стан 60м2 )

Синдикална минимална кошница вкупно: 84.807 100 %

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фицо: „Војната меѓу Русија и Украина не е наша“

 Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека војната меѓу Русија и Украина „не е словачка војна“ и нагласи дека ќе стори сè за да спречи Словачка да биде вовлечена во, како што рече, „неодговорна воена авантура“.

Фицо: „Војната меѓу Русија и Украина не е наша“

Во видео-порака објавена на Фејсбук, Фицо изјави дека не сака конфликт меѓу НАТО и Русија и оцени дека секој што сака да предизвика таков конфликт заради сопствените национални интереси, треба да ја сноси одговорноста за таквата одлука.

„Војната меѓу Русија и Украина не е наша, словачка војна. Ако некој сака да предизвика воен конфликт меѓу НАТО и Русија за да ги задоволи сопствените национални интереси, тогаш мора и да преземе одговорност за таков чекор, а не да ја префрла на другите членки на НАТО“, рече Фицо.

Тој оцени дека е многу лесно да се најде изговор за започнување војна, но дека државите се доволно развиени за да можат да направат разлика меѓу вистински вооружен напад и, како што рече, измислена провокација.

„За време на мојата влада, никој нема да испрати словачки војници надвор од територијата на Словачка за да се борат против Русија или која било друга земја под измислен изговор“, изјави словачкиот премиер.

Зборувајќи за членот 5 од Северноатлантскиот договор, Фицо рече дека оваа одредба, во случај на вистински вооружен напад врз една или повеќе членки на НАТО, остава широки можности за пружање помош на нападнатата држава.

Истовремено, тој повика на крај на, како што рече, „приказната за лажната солидарност“, наведувајќи дека земјите од Европската Унија не се способни да покажат солидарност дури ни кога станува збор за цените на електричната енергија, а камоли кога се работи за смртта на војници.

Фицо изјави дека Словачка ќе продолжи да води „суверена“ политика, притоа почитувајќи го своето членство во Европската Унија и во НАТО. „На тлото на Европската Унија нема да се откажеме од нашите суверени ставови, кои имаме намера да ги продлабочиме во рамките на соработката на Вишеградската група. А во НАТО сакаме да бидеме сигурен партнер, а не играчка во рацете на другите, и наш доминантен збор ќе биде мирот, а не војната“, рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер