Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
2Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
ЗдравјеНа брегот на Преспанското Езеро воздушна бања за респираторно болнитеВо прегратките на планината Галичица, долж западниот брег на Преспанското крајбрежје, во густа борова шума сместена е Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на белодробни заболувања Отешево. Повеќе од 40 години, илјадници пациенти со респираторни нарушувања уживале во благопријатната клима, каде се вкрстуваат ветровите од Јадранско, Јонско и Средоземно море, но и да го вдишат благопријатното присуство на радон, кој има позитивен ефект врз здравјето на пациентите. Благопријатноста, во оваа, како што многумина ја нарекуваат воздушна бања, се чувствува уште во првиот здив. Воздухот е посебен, поразличен, за момент се чуствувате како да сте на некој посебен дел од земјата, во некој рај за дишење. Но, покрај местоположбата, пријатната клима и убавата природа, таму ќе ве пречека стручен медицински тим со насмевка, убав збор и пружена нега. Во пространиот двор меѓу боровите се издигаат три згради, ресторан за храна на хоспитализираните, еден објект е за физикална медицина и рехабилитација, а другиот е за пулмонална рехабилитација. Капацитетот на двата оддели е 72 легла, но поради реновирањето на едната зграда, овој период работат со помалку хоспитализирани. Со насмевка не пречека Биле, портпаролка во Болницата и за миг поуживаме под боровите во магијата околу нас, зачинета со информации околу работата. За лекување и рехабилитација на пациентите се грижи тим од осум лекари меѓу кои пулмолог, физијатар и интернисти, како и физиотерапевти, медицински сестри и помошен персонал. Располага со комплетно опремени интернистички оддел, оддел за физикална терапија и лабораторија. Се прават алерготестови, спирометрија, бронхопровокации, гасни анализи... Основана од доктор Арсе, мисијата за осовременување ја продолжува неговата снаа Основана од доктор Арсе Гошаревски во далечната 1980 година, изградена на внимателно избрана локација на средна надморска височина без големи варијации во температурата и без никакви аерозагадувачи во близина, меѓу два национални парка Галичица и Пелистер и покрај самиот езерски брег. Местоположбата е неслучајно избрана. Напротив, по подолги истражувања, доктор Гошаревски со тим експерти на ниво на поранешна Југославија подолг период истражувале и геоклиматскиот фактор најмногу пресудил за институцијата да е токму тука на тоа место. Доктор Гошаревски бил на чело на Болницата до 2000 година и ја сметал за негов втор дом. Аманетот од доктор Арсе денеска го продолжува неговата снаа, Билјана Гошаревска. Во исполнување на мисијата почната од нејзиниот свекор, Биле, која е портпарол во Болницата, со својата посветеност максимално помага во подобрувањето на условите како на пациентите, така и на вработените. Со својот ентузијазам, Гошаревска неуморно работи на имплеметација на проектите. Еден од нив е реконструкција на главната зграда во која е сместен одделот за рехабилитација. Но, тука не застанува, размислува како да ги подобри условите и во другата зграда, а постојано е во комуникација и со донатори од земјава и странство со тенденција Специјалната болница да ја направи светски центар. Вежбите за дишење главни за рехабилитацијата на пациентите Во Специјалната болница, како што ни појасни директорката, доктор Александра Пили, пациентите може да дојдат на еднодневен преглед и на рехабилитација од седум, 10 или 21 ден. - Кога ќе дојдат кај нас, на пациентите најпрво им се прави преглед, лабораториски испитувања и комплетна дијагностика. Доколку во текот на лекувањето се појави потреба се прават и алерголошки тестирања. Се вклучува соодветна терапија согласно резултатите, вели Пили. Во рамки на рехабилитацијата, пациентите еднаш дневно, односно претпладне прават вежби за дишење, пешачат по патеките, ги уживаат благодетите што природата ги втемелила, тука на ова место наречено рај за хронично болните. Потешко болните добиваат и кислородна поддршка и инхалации, според потребите. - Вежбите за дишење, долгите утрински прошетки покрај езерскиот брег, инхалациите... даваат голем резултат во лекувањето и рехабилитацијата кај болните. По завршување на претстојот на рехабилитација, пациентот добива соодвенти совети и терапија што е потребна за негобото натамошно лекување, додава директорката. Во соработка со Клиниката за пулмологија и алергологија од јуни до октомври, секоја сабота доаѓаат професори на главна визита, пред кои се презентира состојбата на потешките пациенти. Доколку процени професорот, ја менува терапијата, а ги земаат и на дополнителни испитувања на Клиника. За успехот на болницата говорат позитивните приказни на пациентите За една институција да може одлично да функционира потребна е тимска работа, што во Специјализираната болница во Отешево е беспрекорна. Сведок за тоа се позитивните лица на вработените, но и насмевката и бојата на гласот со која разговараат со пациентите. За успехот на Болницата, пак, зборуваат илјадниците оздравени и рехабилитирани пациенти и нивните семејства. - Познати сме од благодарноста на пациентите низ цела Македонија. Имаме пациенти што доаѓаат по 25-30 години и велат дека Болницата ги вратила во живот, нагласува Пили, посочувајќи пример со пациент кој дошол во многу лоша состојба со дубак и помош од сопругата, но по лекувањето и рехабилитацијата се вратил исправен. Покрај пациенти од поранешна Југославија, во минатото тука се рехабилитирале и рудари, спортисти, а доаѓале и студенти за едукација. Интересот и сега е голем, покрај пациенти од цела држава имало побарувања и од соседството: од Албанија, Србија и Грција. - Нашиот успех се гледа преку благодарноста на болните, кои по рехабилитацијата се вратиле во нормален живот, на работа и во секојдневните обврски со намалени или надминати респираторни проблеми, нагласува Гошаревска. Во оваа установа се праќаат и пациентите со тешки последици по прележан Ковид 19, каде им се пружа соодветна пулмонална рехабилитација со физикална терапија, по што голем дел ги надминале симптомите на замор, отежнато дишење, малаксаност, односно го подобриле квалитетот на живот. Пациентите презадоволни, се враќаат дома здрави и со нови пријателства Претстојот во Специјалната болница за Отешево покрај за рехабилитација придонесува и за многу нови пријателства. Тоа го потврдија и скопјанките Цветанка Лазарова и Есма Биеф, чие пријателство било обновено по средбата тука. Двете се презадоволни од третманот и услугата што ја добиваат од лекарите и останатиот медицински персонал, за што им се многу благодарни. Цветанка или како што сите ја викаат Цеце, боледува од астма и веќе шест години доаѓа на рехабилитација во Отешево по препорака на нејзината лекарка. - Презадоволна сум од целокупниот третман од 21 ден. Од рехабилитацијата се чувствувам многу подобро, состојбата ми се подобрува за 90 проценти, вели Цеце. Задоволство од претстојот искажа и Есма, која исто така доаѓа шеста година по ред, по препорака на лекар од Клиниката за пулмологија и алергологија. - Имам доста подобрување, покрај вежбите за дишење правам и физикални третмани, а по завршување на рехабилитацијата добиваме насоки како да се однесуваме понатаму, вели Есма, нагласувајќи дека во животот нема сретнато подобар медицински тим за работа. Верните пријатели секогаш одговараат на потребите на Болницата Покрај редовниот годишен буџет што установата го добива од Министерството за здравство, секојдневно пристигнуваат донации од добронамерници, кои придонесуваат кон подобрување на условите за лекување и работа. Долгогодишните пријатели, холандската фондација „Воздух за Преспа“ несебично секоја година, па и повеќе пати годишно донира лекови, потребна апаратура и инвентар во Болницата. Оваа фондација формирана од Кес и Јохана Барс, пријатели на семејството Гошаревски, воодушевени од убавините на Преспа и бенефитите кои ги пружа Специјалната болница во Отешево, ја формирале фондацијата со цел да помагаат. Тоа неуморно го прават повеќе од 30 години. Во над 30 донации, досега меѓу другото имаат доставено медицинско возило, бронходилататори, спрејинхалатори и разна терапија потребна за лекување на пулмолошко болните. Неодамна пристигна донација од болнички инвентар и медицинска апаратура од Letzcare a.s.b.l од Луксембург, како и ацидобазен анализатор ABL9 од светски реномираниот производител Radiometer од компанијата Фармахем. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре врнежливо време, попладне поројни дождовиВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта, информира УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 12 Попова Шапка, 16 Крушево, 17 Охрид, Претор, Лазарополе, 18 Тетово, Маврови Анови, 20 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп, 21 Крива Паланка, Демир Капија, 22 Скопје-Петровец, Велес, Штип, Кавадарци, Берово, Струмица, 23 Виница, Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа до 17 часот во (l/m2) 1 Маврови Анови. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Попладнево во западните делови имаше повремен локален дожд. До крајот на денот и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време и ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. По оделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 22 степена. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во петок во утринските часови ќе има повремен локален дожд, а во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во сабота ќе се задржи стабилно време, а од недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
ЕвропаКремљ: Подготвени сме да разговараме со Украина за крај на војната Рускиот претседател Владимир Путин му соопшти на специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, дека Москва е принципиелно подготвена да ги продолжи преговорите со Киев и Вашингтон следниот месец за завршување на војната во Украина.Рускиот претседател Владимир Путин му соопшти на специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, дека Москва е принципиелно подготвена да ги продолжи преговорите со Киев и Вашингтон следниот месец за завршување на војната во Украина, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков. Таквите преговори не се одржани од февруари. Ушаков рече дека новата рунда преговори треба да се фокусира на „изградба на безбедносен систем за Русија и Украина по завршувањето на конфликтот“. Виткоф го информираше Путин за разговорите одржани еден ден претходно во Осло, каде што се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, норвешкиот премиер и финскиот претседател, рече Ушаков. Претставникот на Трамп разговараше со Путин Според него, Виткоф „укажал на некои нови пристапи и нови елементи во позициите на Европејците и Киев, иако тие не содржеа многу корисни за решавање на украинската криза“. За време на речиси тричасовниот состанок, Путин и американскиот претставник разговараа и за спроведувањето на договорот што Путин и американскиот претседател Доналд Трамп го постигнаа на 9 октомври за снабдување на американските и светските пазари со руско дизел гориво, додаде Ушаков. Тие разговараа и за кризата во Иран. „Владимир Путин нагласи дека дипломатските опции сè уште не се речиси исцрпени и дека е можно и неопходно да се постигне договор со Техеран, кој е наш стратешки партнер“, рече Ушаков. Тој додаде дека Русија ја потврдила својата подготвеност да продолжи да помага во наоѓањето политички и дипломатски решенија за иранското прашање.Тагови: кремљ украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
ЗдравјеСЗО: Топлотните бранови можат да го зголемат ризикот од предвремено породување за 26%Ризикот од предвремено породување значително се зголемува кога бремените жени се изложени на топлотни бранови, предупреди Светската здравствена организација (СЗО) во извештајот објавен денес.СЗО се повикува на студија од 2024 година, објавена во научното списание „Nature“, која укажува дека изложеноста на топлотни бранови може да го зголеми ризикот од предвремено породување за дури 26 отсто. Истата студија покажува дека изложеноста на екстремни горештини за време на бременоста, исто така, го зголемува ризикот од мртвороденост, вродени аномалии кај новороденчињата и гестациски дијабетес – форма на дијабетес што се јавува за време на бременоста. Според податоците на СЗО, доенчињата во 2024 година биле изложени на топлотни бранови речиси пет пати почесто отколку децата родени помеѓу 1986 и 2005 година. „На глобално ниво, се проценува дека 1,5 милијарди деца се изложени на топлотни бранови кои стануваат сè почести, подолготрајни или поинтензивни“, се наведува во извештајот. Што им советува СЗО на бремените жени? Светската здравствена организација препорачува бремените жени да внесуваат доволно течности за време на периоди со екстремни горештини, по потреба да ги ладат вратот и стапалата со влажни крпи и – секогаш кога е можно – да ги планираат своите активности за постудените делови од денот. СЗО, исто така, ги повикува здравствените власти да воспостават системи за рано предупредување за екстремни горештини и да преземат дополнителни мерки за подобро информирање на семејствата за потенцијалните ризици. Во извештајот се предупредува дека здравствените системи мора да се подготват за обезбедување грижа за поголем број бремени жени и доенчиња, бидејќи бројот на денови со екстремно високи температури е во пораст. СЗО исто така ја нагласува потребата од собирање повеќе податоци на сите нивоа, што ќе им овозможи на властите попрецизно да проценат кои здравствени ризици се зголемуваат и во која мера. Фото: ВИ Извор: Индекс.хрТагови: СЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22