3Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија
ЗабаваНа бејзбол натпревар направија пародија на „уловените љубовници“- сите хистерично се смеат (ВИДЕО)Концертот на популарниот бенд Coldplay во Бостон требаше да биде вечер на уживање во музика и забава, но за еден директор и неговата колешка, се претвори во вистински кошмар кој набрзо стана вирален.Имено, за време на настапот на стадионот Жилет, камерата снимила двајца луѓе, Енди Бајрон, извршен директор на софтверската компанија Astronomer, и Кристин Кабот, главен директор за човечки ресурси. Двојката била фатена во прегратка, а набрзо се покажало дека Кристин не е негова сопруга, што предизвика глобален скандал. @instaagraace trouble in paradise?? 👀 #coldplay #boston #coldplayconcert #kisscam #fyp ♬ original sound - grace Пародија била прикажана на спортскиот терен Оваа малку срамна сцена набрзо стана вирална, а сите коментирале и го споделувале видеото. Не требало долго време за да се појават бројни пародии кои ги насмеале корисниците на социјалните мрежи. На натпреварот помеѓу Филаделфија Филис и Лос Анџелес Анџелс, маскотата на Филис, Фили Фанатик, решила да направи своја пародија на виралниот момент „бакнување на камера“. Фили Фанатикот бил „фатен“ на камера како разменува нежности со својата партнерка, а нивните срамежливи обиди да го сокријат тоа предизвикале лавина од смеа кај гледачите. Погледнете го урнебесниот момент. Local CEO caught CHEATING at Phillies game?! pic.twitter.com/jRqeyb8Bzu — Philadelphia Phillies (@Phillies) July 19, 2025 Маж во публиката кој го држеше знакот „Ова е мојата сопруга“ насмеа многу луѓе. Камерата го фати како ја прегрнува и го држи транспарентот високо, за да нема забуна. Компанијата исто така реагираше Но, виралните моменти на интернет не се секогаш без последици. Како што почнаа да кружат гласини за ова видео, софтверската компанија Астрономер, чии вработени беа снимени, започна официјална истрага за да ја разјасни ситуацијата. „Астрономер останува верен на вредностите и културата што нè водат од нејзиното основање. Од нашите лидери се очекува да постават стандарди во однесувањето и одговорноста“, се вели во соопштението на компанијата. „Одборот започна формална истрага за ова прашање и наскоро ќе споделиме дополнителни информации.“ Lol this is hilarious. The Phillies had a kiss cam and had the Phillie Phanatic re-enact the Coldplay affair😂pic.twitter.com/0HDlr7feGF — Greg Price (@greg_price11) July 19, 2025 Бајрон на отсуство И додека Бајрон, кој е привремено отстранет од функцијата извршен директор, сè уште не дал јавна изјава, последиците се веќе сериозни: неговата сопруга, Меган Кериган Бајрон, го отстрани неговото презиме од своите профили на социјалните мрежи, а потоа ги деактивираше сметките.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваЌе реагира ли сега официјална Атина? Мајк Тајсон во улога на Александар МакедонскиПоранешниот професионален боксер Мајк Тајсот се пошегува со помош на вештачка интелигенција.Тој на Фејсбук објави фотографија генерирана со ВИ, на која тој е прикажан како Александар Македонски. Во описот на фотографијата стои „Mikesander The Great“. Тагови: Мајк Тајсон Александар Македонски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?Построги казни за злоупотреба на службената положба и овластување, повторно посебно кривично дело за злоупотреби при јавните набавки, но и нови инкриминации.Новиот предлог-Кривичен законик предвидува значителни промени во казнената политика за корупциските дела. За основниот облик на злоупотреба се предлага затвор од шест месеци до пет години, а за прибавена значителна имотна корист или предизвикана значителна штета – од четири до 15 години. Посебно се враќа и делото за злоупотреби при јавните набавки или договори за јавно приватно партнерство. Ако е прибавена поголема корист или предизвикана поголема штета, казната може да достигне до десет години, а за значителна корист или штета – до 15 години затвор. Според поранешната врховна судијка Вера Коцо, построгите казни можат да придонесат за поголема казнивост и враќање на довербата во правосудниот систем. -Сметам дека овие измени во однос на злоупотребата на службената положба и во однос на постапката за јавни набавки секако ќе имаат свој голем допринос во однос на казнивоста за овие кривични дела. Меѓутоа, секако дека зголемувањето на казната, со оглед на сите случувања во нашата држава, ќе имаат голем одраз во однос на довербата на граѓаните во правосудниот систем. Бидејќи она што се случи во 2023 година со намалувањето на казните за сторителите на одредени кривични дела на многу ниско ниво, допринесоа да довербата кај граѓаните падне, бидејќи тие кривични дела на некој начин застареа и сторителите останаа неказнети. – Вера Коцо – Поранешен судија Токму измените од 2023 година кои предизвикаа негативни реакции во јавност ја променија казнената политика кога дојде и до застарување на многу предмети од висока корупција. Тогаш за најтешкиот облик на злоупотреба казната од три до 20 години беше намалена на една до пет години, а беше избришано и посебното дело за злоупотреби при јавните набавки. Во јануари годинава следуваше корекција, со зголемување на казната до осум години и повторно воведување на одредбата за јавните набавки. Но, Европската комисија во јулскиот извештај оцени дека овие измени не ги отстраниле целосно последиците од 2023 година. Предупреди на стеснетиот опфат на делото и на пократките рокови за застарување, кои оставаат помалку време за истрага и гонење на сложени корупциски предмети. Коцо очекува новите решенија да спречат повторување на ваквите последици, но посочува дека законот нема да важи за делата сторени пред неговото донесување. -Па, со овие измени сега секако дека ќе се избегнат оние случувања во 2023 година, затоа што на некој начин, нели, ќе се потенцира казнивоста за овие така значајни кривични дела во системот на нашата држава. Меѓутоа, морам да кажам дека важноста на законот ќе биде од неговото донесување. Што значи, законот сè уште не е донесен и не може да се применува кога не е донесен на оние кривични дела кои се сторени пред неговото донесување. - Вера Коцо – Поранешен судија Меѓу другите новини е и новото кривично дело за загрозување на стабилноста на банкарскиот систем, за кое се предлага затвор од една до пет години. Освен новиот КЗ и ЗКП, во Брисел на разгледување се пратени и други законски решенија поврзани со Реформската агенда. Премиерот Мицкоски денеска изјави дека очекува клучните закони да бидат усвоени во предвидениот рок, односно до декември, кога, како што најави, треба да биде завршена и реализацијата на реформската агенда. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУвид во Каменик, Кисела Вода: Се гради секундарна водоводна мрежа, резервоар и препумпна станица Со оваа инвестиција трајно се обезбедува сигурно и квалитетно водоснабдување за домаќинствата и индустриските капацитети во овој дел од општината.Денеска, претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, извршија увид во градежните активности за подобрување на системот за водоснабдување во населба Каменик, проект со кој конечно се решава еден од најгорливите, долгогодишни проблеми на граѓаните. Со оваа инвестиција трајно се обезбедува сигурно и квалитетно водоснабдување за домаќинствата и индустриските капацитети во овој дел од општината. Општина Кисела Вода реализира градба на нов резервоар и секундарна водоводна мрежа во должина од 4,2 километри, во вредност од 27.525.735,60 денари. Проектот во целост се заокружува со уште една клучна фаза : изградбата на препумпна станица која се финансирана и спроведува од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. - Денеска извршивме увид во градежните активности за подобрување на системот за водоснабдување во населба Каменик, со што конечно ставаме крај на децениските проблеми на нашите сограѓани. Преку овој капитален проект, Општина Кисела Вода гради нов резервоар и секундарна водоводна мрежа во должина од 4,2 километри, во вредност од 27.525.735,60 денари. Она што го заокружува целокупниот систем е изградбата на препумпната станица од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. Досегашната постоечка мрежа беше правена со самопридонес од жителите пред многу години и беше целосно надвор од технички стандарди, што предизвикуваше секојдневен недостиг на вода и слаб притисок, особено во летниот период. Со овој проект решаваме проблем и за десетиците индустриски капацитети во оваа зона на Кисела Вода. Голема благодарност до претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, до Владата, како и до Министерството за животна средина и просторно планирање за огромната поддршка во реализацијата на капиталните проекти. Нивното денешно присуство е потврда дека централната и локалната власт силно и здружено стојат зад секој чекор што го подобрува квалитетот на животот. Ова значи подобра инфраструктура, силни бизниси, локален економски развој и најважно- услови младите да останат и да ја градат својата иднина овде-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска. -Како што вчера најавив, проект по проект ќе ги завршуваме, но и проект по проект оние коишто не се почнати, ги започнуваме. Како што кажа и градоначалничката Стаменкоска Трајкоска, станува збор за проект каде што имаме јасна соработка меѓу Владата и Општина Кисела Вода. Оваа инвестиција е од огромно значење за овој дел од Кисела Вода, бидејќи со неа конечно го затвораме деценискиот проблем со недостатокот на вода за пиење. Работиме плански. Откако ќе заврши изградбата на подземната инфраструктура, следен чекор е комплетно асфалтирање на овој потег. Потребите на граѓаните се јасни, а нашата цел како Влада е да одговориме на нив согласно можностите, што верувам дека го покажуваме и досега. Сакам да изразам благодарност до градоначалничката, до советниците кои што ја поддржуваат работата, до пратениците во македонското Собрание, до колегите од Владата, до Министерството за животна средина и просторно планирање. Како што кажав, ова е заеднички проект и добро е што ја има оваа синергија на терен и се прават вакви проекти, а а ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да договараме на она што се потреби на граѓаните -изјави претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски.Тагови: Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00