ООУ„Димитар Македонски“ во населба Лисиче од 1 септември воведува едносменска настава од VI до IX одделение
2ООУ„Димитар Македонски“ во населба Лисиче од 1 септември воведува едносменска настава од VI до IX одделение
МакедонијаНа барање на МНР остварена средба со претставник на амбасадата на АлбанијаНа барање на македонското минстерство за надворешни работи вчера била остварена средба со претставник на амбасадата на Република Албанија во земјава, велат од МНР.Во духот на пријателските односи меѓу двете земји, соседи и нато сојузници на средбата беше побарана официјална информација од албанските власти во врска со настанот што се случи на граничниот премин Ќафасан, при кој на државјани на нашата земја не им бил дозволен влез во Република Албанија, информираа од МНР. Од ВРЕДИ побараа официјален одговор од Тирана откако на 8 јули пратениците Беким Ќоку и Аднан Азизи, како и заменик-генералниот секретар на владата Хасим Муртезани биле задржани еден час на Ќафасан, а граничните власти на едно лице од придружбтата не му дозволиле влез. По ова целата група македонски политичари, во знак на протест, се вратила назад. Во објава на социјалните мрежи пратеникот Ќоку се сомнева дека причина за ваквиот потег е неговата поддршка за протестите против владата во Албанија Од албанската полиција тврдат дека забраната за влез била за тоа лице а не за пратениците на ВРЕДИ. Се огласи и спикерот Гаши, кој во духот на како што вели добрососедските и братски односи, очекува Тирана целосно да го расчисти случајот со задржувањето на пратениците.Тагови: МНР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо 2.720.000 денари Општина Ѓорче Петров ќе поддржи проекти од областа на културата во 2026 годинаОпштина Ѓорче Петров продолжува со континуирана поддршка на културата, обезбедувајќи 2.720.000 денари за реализација на проекти од областа на културата, преку Јавниот повик за финансирање на културни програми и иницијативи.Со овие средства ќе се реализира богата и разновидна културна програма во текот на 2026 година, која ќе понуди содржини наменети за сите генерации и ќе придонесе за збогатување на културниот живот во општината. Во рамки на програмата се предвидени концерти под отворено небо, театарски претстави, кино под отворено небо, изложби, креативни работилници, базари, фестивалски содржини и други културни настани што ќе ги оживеат јавните простори и ќе создадат нови можности за дружење, творештво и културно изразување. Општина Ѓорче Петров останува посветена на создавање динамична културна сцена и поддршка на иницијативи што ја поттикнуваат креативноста, го негуваат културното наследство и придонесуваат за поквалитетен јавен живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаООУ„Димитар Македонски“ во населба Лисиче од 1 септември воведува едносменска настава од VI до IX одделениеЛетниот распуст се користи за уредување и адаптација на училиштето, со цел учениците новата учебна година да ја започнат во подобри, посовремени и поквалитетни услови.Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности во ООУ „Димитар Македонски“ во населба Лисиче, каде што интензивно се работи на создавање услови за воведување на едносменска настава од 1 септември, согласно со насоките и препораките на Министерството за образование и наука. Летниот распуст се користи за уредување и адаптација на училиштето, со цел учениците новата учебна година да ја започнат во подобри, посовремени и поквалитетни услови. Според новата организација на наставата, учениците од VI до IX одделение ќе посетуваат настава во прва смена, учениците од I до III одделение ќе бидат опфатени со целодневна настава, додека учениците од IV и V одделение ќе ротираат во прва и втора смена. Со воведувањето на едносменската настава се создаваат услови за поквалитетен воспитно-образовен процес, подобри резултати во учењето, поголема вклученост на учениците во спортски, културни и воннаставни активности, како и за поорганизирано извршување на училишните обврски со поддршка од наставниците. Воедно, овој модел овозможува постабилен дневен ритам и повеќе квалитетно време за семејството. Општина Аеродром веќе успешно го имплементираше моделот на едносменска настава во ООУ „Александар Македонски“, а со воведувањето и во ООУ „Димитар Македонски“ продолжува со реализација на заложбите за унапредување на условите за образование во сите основни училишта на својата територија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАЛука Дончиќ ги носи Лејкерси во Словенија на тренинг-камп Еден од најдобрите светски кошаркари, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Словенецот Лука Дончиќ уште еднаш ќе покаже дека е лидер не само на теренот, туку и надвор од него.Словенечката суперѕвезда одлучи да биде домаќин на целиот тим на Лос Анџелес Лејкерс во својот роден град, каде што екипата ќе допатува во август на четиридневни подготовки. По заминувањето на Леброн Џејмс во Филаделфија, се очекува Дончиќ да стане централна фигура на франшизата од Лос Анџелес во претстојните сезони. Словенецот веќе ја прифати новата одговорност, а еден од првите чекори ќе биде зајакнување на односите со соиграчите преку дружење и мини-камп во Љубљана. Како што пренесува ESPN, престојот на Лејкерс во Словенија нема да биде фокусиран само на кошарката. Покрај тренинзите, се очекува тимот на Џеј-Џеј Редик да учествува во активности како голф, како и да посети атрактивни локации во околината на словенечкиот главен град. Дончиќ и претходно покажа колку му е важна хемијата во тимот. Минатата година, тој организираше посебен собир за своите соиграчи во Порше Центарот во Јужна Калифорнија, каде што играчите имаа можност да изберат луксузни автомобили и да ги тестираат на патеката по тренингот. Лејкерси влегуваат во новата сезона со големи очекувања, откако ја завршија претходната сезона на четвртото место во Западната конференција со резултат од 53-29.Тагови: Лука Дончиќ НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook