Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
2Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
ТенисНа Австралија Опен може да се случи „забрането“ финале, тенисерките ќе играат без знамиња Магда Линет и Арина Сабаленка се пласираа во полуфиналето на Австралија опен.Линет ја победи Каролина Плишкова со 6:3, 7:5, додека Сабаленка ја победи Дона Векиќ со 6:3, 6:2. Тие две тенисерки им се придружија на Викторија Азаренка и Јелена Рибакина, кои претходно обезбедија полуфинале. За финалето Азаренка ќе игра со Рибакина, а Сабаленка со Полјачката Линет, па многу веројатно би можело да се случи две Белорусинки, Азаренка и Сабаленка во сабота да играат во финалето на првиот Грен слем во сезоната. Тоа би значело дека финалето ќе се игра под бели знамиња. Имено, организаторите им дозволија на руските и белоруските тенисери да настапат на Австралија опен, но забранија истакнување на нивните знамиња во сите официјални публикации на турнирот, вклучително и во телевизиските преноси. Според обложувалниците, Азаренка и Сабаленка се фаворити во нивните натпревари и сѐ поизвесно е дека „забранетото“ финале ќе се игра во Мелбурн.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВечерва трето вонредно прскање против комарци во ДрачевоДрачево е најголемото жариште на епидемијата со „западен нил“, барем според досегашните потврдени случаи. Најголема загриженост предизвикуваат токму застоените води кои можат да се забележат на јавните површини тука, токму како што е случајот со овој канал. Тука, има соодветни услови за размножување на комарците кои го пренесуваат вирусот. На состојбата влијае и близината на Маркова река која на делови им нуди слични услови на инсектите, исто како и длабоките одводни канали околу населбата. Жителите на Драчево велат дека и покрај прскањето комарци има. Дел стравуваат и за своето, но повеќе за здравјето на децата, бидејќи знаат за нивните сограѓани кои поради тешка форма на болеста завршија во болница. Дел од граѓаните сметаат дека неоходни се дополнителни мерки за да ги заштитат граѓаните во поризичните области. Во Драчево повторно ќе се прска од копно, потврдуваат од Центарот за јавно здравје. Од Општина Кисела вода велат дека третото прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 до 24:00 часот вечерва, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци, а препораката до граѓаните е во овој период да ги затворат вратите и прозорците од своите домови. Во меѓувреме, од Инфективната клиника за Канал 5 потврдуваат дека има нови пациенти со воспаление на мозокот и мозочните обвивки кои се примени во болница, дел не се од Скопје, но кај нив се уште не е потврден вирусот, па засега остануваат триесетина кај кои со тестови е детектиран „западен нил“. Од нив 20 се хоспитализирани, а петмина се во критична состојба, на респиратор, сите се повозрасни, со хронични болести. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПожарникари цела ноќ спасувале куќи во селата Богомила и Лознани, битолско33 часа непрекинат оган во битолскиот регион во општините Битола, Могила и Новаци. Најтешката битка пожарникарите ја имаа во селата Ивањевци, Новоселани и Лознани. Голема помош во селото Лознани бил младиот Алекснадар Чепиговски од село Ивањевци кој со својот трактор орал директо низ пожарната линија и изгаснал голе дел од пожарот. „Јас со мојот трактор влегов директно во пожарот ја имав и прскалката и почнав да гасам. Бев многу внимателен да не настрадам, но она што можев направив и помогнав“, раскажува Александар Чепиговски село Ивањевци. Тимови од од противпожарната единциа Битола, Кавадарци и Дирекцијата за заштита и спасување, заедно со жителите од селата ги совладаа пожарите. „Пожарите почнаа сите во исто време, може да се дел подмеметнати, дел да се од стрништа. Голема благодарност до жителите кои многу помогнаа со пожарите“, Тони Коњановски градоначалник на Битола. Првиот човек на ДСЗ Стојанче Ангелов објаснува дека вчерашниот ден бил најтежок со пожарите. Активен е пожарот кај скопско Студеничани. „Вчерашниот ден беше најтежок, пожарите во битолско се изгаснати има делови кои се на непристапен терен. Во Студеничани има оган во непристапен терен“, објаснува Ангелов. Едно лице било повредено со изгореници на дланките кое е на домашно лекување. На ниво на цела држава активни се шест пожари, два пожари се под контрола. ДСЗ и ЦУК со апел да се внимава со палење на огнови на отворено, бидејќи е кривично дело. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАХВ ја прогласи водата во Гостивар безбедна за пиењеГостиварци по речиси еден месец голгота, од денеска конечно можат повторно безбедно да пијаат вода од чешмите.Одлуката на Агенцијата за храна и ветеринарство беше соопштена пред малку на прес конференција во Гостивар, а доаѓа откако и последните добиени резултати потврдиле дека водата е микробилошки и бактериолошки исправна. За да ги уверат граѓаните во исправноста, функционерите пиеја вода од јавната чешма пред општината. Во Гостивар е Елизабета Спасеновска Дамјановска. Бети, дали со ова конечно се става крај на кризата во градот? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: АХВ Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook