На АП Криволак примопредадени новите артилериски системи „боран“ и нови униформи за Армијата - Канал 5

На АП Криволак примопредадени новите артилериски системи „боран“ и нови униформи за Армијата

-Ова е историски ден за Армијата и Министерството за одбрана, рече Мисајловски, на армискиот полигон Криволак, каде официјално беа примопредадени новите артилериски системи „боран“ и нови униформи за Армијата.

На АП Криволак примопредадени новите артилериски системи „боран“ и нови униформи за Армијата

На армискиот полигон „Криволак“, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски заедно со амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој присуствуваа на артилериско гаѓање со новите артилериски системи „боран“, набавени во рамки на процесот за модернизација и опремување на Армијата. На „Криволак“ беше презентирана и новата униформа за припадниците на Армијата, набавена во рамки на договорот за воено-финансиска соработка со сојузничка Турција.

-Ова е историски ден за Армијата и Министерството за одбрана, рече Мисајловски, на армискиот полигон Криволак, каде официјално беа примопредадени новите артилериски системи „боран“ и нови униформи за Армијата.

Тој посочи дека Министерството ги дава на располагање на Армијата новите хаубици „боран“, а можеше да се види и нивното тестирање и официјално ставање во употреба.

-Имаме навистина еден многу добар стратешки партнер, пријателската братска Турција, затоа се заблагодарувам на амбасадорот, аташето, но и на Министерството за одбрана на Турција и на Владата на Турција, бидејќи со ова покажуваме дека навистина сме поблиску и поблиску за многу убави работи во иднина. Почестите средби и заедничката комуникација, покажуваат какви проекти заеднички можеме да имаме. Верувам дека во иднина ќе имаме уште многу големи проекти, истакна министерот.

Тој се осврна и на новите четири илјади пара комплетна униформа, од заедничкиот билатерален договор што е потпишан со Турција, вреден преку два ипол милиони долари, кои директно ќе бидат дадени за Министерството за одбрана, за Армијата.

-Ова се само дел од работите. Очекуваме набрзо да стигнат над 3.500 комплети чизми од Турција. Во наредниот период и дополнителни работи, како снајпери за нашите специјални сили, но исто така и неоклопни возила. Ова се многу, многу заеднички проекти, рече министерот.

Во своето обраќање началникот на Генералштабот на Армијата рече дека дека во исклучително краток период од само три месеци по пристигнувањето на новите хаубици „боран“, нашите војници ја демонстрираа способноста и професионализмот што ја красат Армијата. Денес тие не само што ја потврдија својата подготвеност, туку ја презентираа и тактичката моќ и прецизност на новите огнени капацитети што и стојат на располагање на Армијата.

-Искрена благодарност до нашиот стратешки партнер Република Туркије, братската и долгорочна поддршка. Нашето партнерство е доказ дека вистинските пријателства се градат врз доверба, заемна почит и заеднички цели. Денешната соработка е уште една потврда на нашата заедничка посветеност кон мирот, стабилноста и безбедноста и дома, преку јакнење на нашите капацитети, и во меѓународните мисии каде што стоиме рамо до рамо, бранејќи го светскиот мир, подвлече Лафчиски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3600 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890  кубни метри отпад од диви депонии

Во истиот период се отстранети 890 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 220 кубни метри отпад од диви депонии.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 26 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 12, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше еко-предавања за правилно постапување со отпадот во ООУ „Круме Кепески“ во општината Кисела Вода.

Со едукативните активности беа опфатени вкупно 90 ученици од шестите одделенија во училиштето, а нашите најмлади сограѓани беа запознати на кој начин правилно да го одлагаат комуналниот отпад, како и за придобивките од неговата примарна селекција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела

Единствено во периодот на власт на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се ,,испраа“ пари дојдени од Венецуела.

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела

Според информациите во јавноста, првата транша од овие трансакции изнесувала 110 милиони евра, додека вкупниот износ на средствата што требало да бидат префрлени преку Еуростандард банка достигнувал неверојатни 1,6 милијарди евра.

Дополнително, во рамки на оваа шема се споменува македонска фирма која за значителна сума купувала вештачко ѓубриво од компанија од Белорусија, земја каде што со години владее Лукашенко, прв другар на рускиот претседател Путин. Средствата потоа биле префрлени на сметка во Србија, каде што потоа, по барање на обвинителството, биле замрзнати.

Тоа се држави, чии олигарси кои во матичните земји се гонат за криминал, од Владата на СДС во Македонија добиваа пасоши, тендери, па дури и дупови се кроеја по нивна мерка.

И, според фројдовската логика на актуелното раководство на СДС, тогашната власт на Заев и Филипче, биле директно вклучени во овие трансакции, по шема од Венецуела, преку Белорусија, Русија и Србија.

Дополнително, остануваат отворени прашањата за кредитирањето на фирмите поврзани со семејството Заеви и нивните деловни партнери од страна на Еуростандард банка. Фирми како „Сара инженеринг“, поврзана со Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“ кои зеле милионски кредити од Еуростандард банка, а потоа не ги враќале.

Овие примери доволно зборуваат дека изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се СДС, Венко Филипче и Зоран Заев.

Македонија не смее да биде држава во која политичката моќ служи за заштита на сомнителни бизнис-интереси и кога тогаш, ќе одговараат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш

Сега кога Савески преку медиумите доби „зелено светло“ од шефот Мицкоски дека може да почне да работи, нека почне токму од Мицкоски и од гувернерот Трајко Славески.

СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите  мора да се испитаат веднаш

Нека го испита секој можен аспект од влезот на Алта банка во Македонија, сомнителниот капитал, одлуките, кој одобрил и зошто.

Нека утврди што разговарале и договарале со Вучиќ.

Што договарале со Мацура?

Обвинител не смее да чека телефонски повик. Ниту наредба од собраниска говорница или од телевизија.

Токму ваквото однесување ја разјадува независноста на

правосудството и целосно ја руши довербата кај граѓаните.

Потоа следуваат катастрофални оценки во извештајот на Европската комисија.

Независно обвинителство не чека, не работи по сигнал од премиерот, не чека туку постапува.

Бараме веднаш да се обезбедат и испитаат сметките, трансакциите и целокупната документација на Алта банка.

Обвинителството и полицијата да ја известат јавноста за утврдените наоди.

Тоа мора да се направи пред какво било преземање. Продажбата којашто ја договара Мицкоски не смее да стане покритие за заташкување на случајот и избегнување одговорност.

Савески, отворете истрага за Мицкоски, Славески и за сите инволвирани во носењето на Алта банка, обезбедете ги доказите, испитајте ги трансакциите, повикајте ги инволвираните.

Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер