На 75 години решил да си го исполни животнит сон и да вози над 320км/час (ВИДЕО)

Максималното ограничување на брзината на јавните патишта е 130 km/h во повеќето земји, но сепак многу сопственици сакаат да имаат дотеран суперспортски автомобил.

Еден од нив е и Бери Бигвуд од Јужна Африка. Тој е горд сопственик на Nissan GT-R од 2012 година, еден од најдобрите суперспортски автомобили досега. Сепак, решил да го наштима, па автомобилот го испратил во Велика Британија во 2015 година.

V6 сега има волумен од 4,1 литри, а по модификациите се врти до 8000 вртежи во минута. Нови се и турбините, а автомобилот може да работи и на етанол. Поради огромната моќност се работело и на менувачот. На крајот се проценува дека моторот има околу 1200 КС.

Во меѓувреме, автомобилот е модифициран, па Nissan го декласира Bugatti во трката за забрзување. Сепак, Бигвуд никогаш немал шанса да тестира колку е навистина брз Nissan. „Не се тркам, но понекогаш правам дрски работи“, признава тој.

Затоа, сега одлучил да вози 800 километри до аеродромот Апингтон, каде што ќе може да го тестира автомобилот и да го вози преку 320 километри на час на писта долга речиси пет километри. Насмевката на неговото лице кажува сѐ.


Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер