На 57 годишна возраст почина Брајан Рендал, долгогодишниот партнер на Сандра Булок - Канал 5

На 57 годишна возраст почина Брајан Рендал, долгогодишниот партнер на Сандра Булок

Долгогодишниот партнер на холивудската актерска ѕвезда Сандра Булок, Брајан Рандал, почина на 57-годишна возраст по тригодишна приватна битка со АЛС, пренесоа медиумите.

На 57 годишна возраст почина Брајан Рендал, долгогодишниот партнер на Сандра Булок

Холивудската актерка првпат го запозна Брајан - модел кој стана фотограф - во 2015 година, откако тој го фотографираше роденденот на нејзиниот син Луис, пишува Дејли мејл.

Тоа се случи пет години по нејзиниот неуреден развод од Џеси Џејмс.

Сандра и Брајант последен пат заедно во јавноста беа видени во јули 2020на приватна забава.

- Со голема тага споделуваме што на 5 август мирно почина Брајан Рендал по тригодишна битка со АЛС - сподели неговото семејство со PEOPLE.

Инаку, ALS или амиотрофична латерална склероза е прогресивна невродегенеративна болест која ги зафаќа нервните клетки во мозокот и 'рбетниот мозок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија - народот не се прашува

Антимон. Дата-центри за провизии. За народот - загадена вода и скапа струја.

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија - народот не се прашува

Мицкоски договорил. Инвеститорот го знае.

Локацијата ја знае. Знае кој ќе ја увезува струјата. Знае кој ќе го копа антимонот. Ги знае своите провизии.

Народот не знае ништо.

Единаесет недели граѓаните на Гостивар се без извештај за водата. Над педесет места во државата без јасен извештај со месеци.

Месеци без име кој ги отру Лепенец и Вардар.

Има нови случаи на починати од западнонилска треска поради неадекватна превенција.

Извештаите за водата се кријат. Треската се игнорира. Човекот плаќа.

Мицкоски со Адамовиќ, Лазаревиќ и Божиновска ја продаваат струјата и тераат бизниси со броила.

Милиони од граѓаните во приватни џебови.

Криминалот и корупцијата цветаат.

Обвинителството не мрда со прст за труењата во Гостивар, за тепањето млади во Ново Село, за десетици пријави за криминални тендери. Работи по телефон на арамијата.

Договорил приватни дата-центри. Хардвер за туѓа дигитализација. Струјата што тој ќе ја увезува ќе ја платат граѓаните поскапо отколку денеска.

Цевка нема. Електрана на гас што би ги хранела серверите нема. Има увоз. Има сметка.

Договорил рудник за антимон. Добил помалку отколку што дал за Дејвид Гета. Пет милиони долари за дупка.

5,53 милиони евра народни од Лотарија за диџеј.

Земјата евтина. Концертот скап.

Две недели екскурзија. Околу педесет души на народен грб. Платени лобистички куќи за состаноци за сликање. На Фејсбук објавува не постоечки средби со највисоки функционери - некој од придружбата снима од страна додека арамијата „случајно“ ги запознава во хотелски фоајеа.

Ходник со Рубио го продава како самит. Раскопчан. Раце во џебови. Часовници од шеесет илјади евра и костими од десетина илјади евра.

Народот не се прашува за ништо. Арамијата Мицкоски е „институција“ - сам одлучува за иднината на граѓаните.

Водата ја крие. Струјата ја продава. Во буџетот нема пари, повторно ребаланс и нови задолжувања.

Арамијата ја полни својата каса, сè се прелева.

Ова не е влада туку распродажба.

Земјата не е негова. Земјата е на народот. Доаѓа време кога ќе ја врати. И кога бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви преиоди, свежо и ветровито. 

Денес променливо облачно со сончеви периоди

Во западните планинските региони ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието повремено силен северен ветер со брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 16 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, свежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степена.

До крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и свежо време со ниски утрински температури. Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота повторно се очекуваат врнежи од дожд, локално пообилни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петар Арсовски, Ѓулистана Марковска и Раби Седрак во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Петар Арсовски, Ѓулистана Марковска и Раби Седрак.

притисни ентер