На 52 години облече бикини и ги воодушеви сите: Изгледаш како да имаш 16 години! (фото)

Британската актерка Елизабет Харли, месец октомври го поминува на егзотична локација, каде што ужива во сонцето и брановите.

Како изгледа нејзиниот совршен ден, ни покажа на својот Инстаграм профил кога објави фотографии од плажа.


Hot pink & orange- my favourite colour combo 😘😘@elizabethhurleybeach @ooreethirah

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1) on


Нејзиниот изглед во тесните бикини повторно покренаа лавина коментари на интернет, а фановите останаа без зборови кога ја видоа во вакво издание.

Со прекрасен ден и облини од кои ги истакнуваат тесните бикини. Елизабет изгледа како некоја тинејџерка.


New bikini @elizabethhurleybeach @ooresorts 😘😘

A post shared by Elizabeth Hurley (@elizabethhurley1) on


Колку оваа слика им се допаднаа на фановите говори и фактот што фотографијата набрзо имаше повеќе од 40.000 лајкови, како и мноштво коментари.



„Уште си секси“, „Божице“, „Убавина која не знае за години“, „Изгледаш како да имаш 16 години“ – беа некои од коментарите.

Анчелоти: Ѓулер ќе биде клучен играч на Реал

 Турскиот талент Арда Ѓулер следната сезона ќе биде меѓу носителите на играта на Реал Мадрид, најави тренерот на Кралскиот клуб, Карло Анчелоти.

Деветнаесетгодишниот Ѓулер прв пат се најде во почетниот состав во Ла Лига и го постигна својот втор гол во дресот на Реал Мадрид во вчерашната победа од 1-0 на гостувањето против Реал Сосиедад.

Според информациите, турскиот играч за врска е незадоволен од малата минутажа што ја добива и размислува да ја смени клупската средина како позајмен фудбалер во новата сезона, но Анчелоти во него гледа еден од клучните играчи во новата сезона.

„Арда ќе биде многу важен играч за нас во иднина и нема сомнеж дека ќе остане тука следната година. Тој е многу млад, но малку по малку учи каква е неговата улога во овој тим. Тој постигна повеќе голови отколку што одигра натпревари. Тоа е талент“, рече Анчелоти.

Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време

До крајот на денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне, особено во северозападните делови ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. 

Ќе дува слаб ветер од јужен правец, информираат од УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд.

Од УХМР известуваат дека следува период на сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи се очекува кон средината на следната седмица.

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала ги погоди островите Огасавара во југозападна Јапонија.

Според соопштението на Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), земјотресот се случил во 17:36 часот по локално време. Потресот е регистриран на длабочина од 540 километри.

Островите Огасавара, локално познати како „Острови Бонин“, се наоѓаат на 1.000 километри југоисточно од Токио, главниот град на Јапонија, и 1.600 километри северозападно од островот Гуам во западниот Пацифик.

притисни ентер