На 3 декември истекува рокот за ЕБОР литературната награда за 2022 - Канал 5

На 3 декември истекува рокот за ЕБОР литературната награда за 2022

До 3 декември е рокот за доставување на дела за Литературната награда 2022 што ја доделува Европската банка за обнова и развој во соработка со Британскиот совет.

На 3 декември истекува рокот за ЕБОР литературната награда за 2022

Делата кои ќе конкурираат треба да се преведени на англиски јазик, објавени за прв пат во периодот од 15 ноември 2020 година до 14 ноември 2021 година, од европски издавач (вклучувајќи ја и Велика Британија), со валиден меѓународен стандарден број на книга (ISBN) и цена во валута на земја од Европската унија.

Првата награда е 20.000 евра, а втората награда 4.000 евра. Наградите подеднакво ќе ги поделат авторот и преведувачот.

Доставените дела мора да се состојат од книги на преведена литературна белетристика (вклучувајќи збир на кратки приказни од еден автор), преведени на англиски јазик и оригинално напишани на било кој јазик, во земја каде ЕБОР има свои активности.

Избрана е и жири комисијата која ќе ги оценува делата. Претседател на комисијата е Лихтих (Toby Lichtig ), а членови се Алекс Кларк (Alex Clark), Борис Дралјик (Boris Dralyuk), и Кетрин Марфи (Kathryn Murphy).

Деталите за пошироко селектираните автори ќе бидат објавени во март 2022 година, а тројцата финалисти во мај 2022 година. Финалистите ќе бидат поканети да учествуваат на церемонијата на доделување на наградите виртуелно или во дирекцијата на ЕБОР во Лондон. Сите ќе бидат поканети да учествуваат на настани поврзани со промоција на оваа награда во Велика Британија, по објавувањето на наградените.

Огласот за наградата беше објавен на 18 ноември годинава. Ова е петта година од воведувањето на ЕБОР Литературната награда. Наградата за првпат е воведена во 2017 година кога англиската публика имаше можност да се запознае со широк спектар на литературни дела од Албанија, Хрватска, Чешка, Грузија, Латвија, Либан, Литванија, Мароко, Полска, Русија, Турција и Узбекистан. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Принцови, принцези, актери, пејачи... Познати личности на финалето на Вимблдон

Финалето на Вимблдон во недела попладне привлече голем број холивудски ѕвезди и британски познати личности од А-листата.

Принцови, принцези, актери, пејачи... Познати личности на финалето на Вимблдон

Сите очи беа насочени кон Централниот терен, каде што Италијанецот Јаник Синер и Германецот Александар Зверев се соочија во напнат судир.

Кралското семејство во преден план

Меѓу многуте познати лица, особено се издвои принцезата од Велс, која блескаше во елегантен зелен фустан.

Таа пристигна на Вимблдон придружувана од своето семејство. Кејт беше придружувана од принцот Вилијам, принцезата Шарлот и принцот Џорџ, додека најмладиот син, принцот Луис, беше отсутен. Принцезата не ја симна насмевката од лицето, навидум невознемирена од моменталниот топлотен бран, додека принцот Џорџ се разладуваше во Кралската ложа со преносен вентилатор.

Принцезата, исто така, го носеше својот „брош Вимблдон“ во препознатливите бои на турнирот.

Мноштво познати лица

На кралското семејство во престижната ложа му се придружија и мноштво други ѕвезди. Актерката Никол Кидман (59) изгледаше шик облечена во бело одело, придружувана од Дама Ана Винтур. Сиена Милер (44) исто така беше видена во Кралската ложа во убав мини-фустан, додека актерите Бен Стилер и Рами Малек се прегрнаа топло по пристигнувањето. Поп-сензацијата Џенифер Лопез (56) ги пленеше погледите во тесна беж-фустан, која го дополни со елегантна шапка и високи потпетици.

Меѓу гламурозните гости беа водителката Тес Дејли (57) со нејзината ќерка Фиби (21), актерките Дејзи Едгар-Џонс (28), Лили Колинс (37) и Мариса Абела, легендарната Твиги (76) и Ники Хилтон (42). Актерот Том Хидлстон (45) избра стилски морнарски костум, Ендру Гарфилд бел костум од Ралф Лорен, а ѕвездата на „Adolescence“ Стивен Греам пристигна со сопругата Хана Волтерс.

Извор: Индекс.хр

Фото: Инстаграм

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„BYD“ подготвува нов „ѕвер“ - ќе чини околу 40.000 евра

„BYD“ подготвува нов луксузен седан „Da Han“, кој ќе им се нуди на клиентите како целосно електричен модел или „plug-in“ хибрид.

„BYD“ подготвува нов „ѕвер“ - ќе чини околу 40.000 евра

Станува збор за автомобил кој користи иста платформа како и теренецот „Da Tang (Great Tang)“, и носи импресивни перформанси и многу брзо полнење на батеријата.

Електричната верзија добива батерија „Blade“ од втора генерација, која, според производителот, овозможува полнење од 10 до 97 проценти за само девет минути. Моделот ќе има управување на задните тркала, како и активна суспензија.

Со должина што е 6,6 сантиметри подолга од стандардниот „Mercedes-Benz S-Class“, „Da Han“ е меѓу најголемите луксузни седани на пазарот.

Основната електрична верзија користи еден електричен мотор сместен на задната оска кој развива 496 КС (370 kW), додека помоќната варијанта со погон на сите тркала има вкупна моќност од дури 764 КС (570 kW).

„BYD“ сè уште не го објави капацитетот на батеријата на електричната верзија, но наведува дека моделот со погон на задните тркала може да помине до 1.008 километри според кинескиот циклус на мерење „CLTC“.

Верзијата со погон на сите тркала има деклариран опсег од 880 километри. Треба да се напомене дека стандардот „CLTC“ дава пооптимистички резултати во споредба со европскиот „WLTP“ циклус.

„Plug-in“ хибридот користи 1,5-литарски турбо бензински мотор со 154 КС во комбинација со електричен мотор со 268 КС. Благодарение на „LFP“ батеријата со капацитет од 54 kWh, овој модел може да помине до 470 километри само на електрична енергија според кинеските мерења.

Според првичните информации, „BYD Da Han“ треба да има почетна цена од околу 41.000 евра.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“

Иранскиот пратеник Алаедин Боруџерди, член на Комитетот за национална безбедност на парламентот, изјави дека Белата куќа „веќе нема да биде безбедна“ за американскиот претседател Доналд Трамп.

„Белата куќа повеќе нема да биде безбедна за Трамп“

Боруџерди нагласи дека одмаздата за атентатот врз поранешниот врховен лидер Али Хамнеи станала „обврска“ за неговите следбеници и „сите слободни луѓе низ целиот свет“.

Тој додаде дека Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и „нивните агенти“ треба да очекуваат „слободните луѓе на светот да ја донесат раката на божествената одмазда“, додавајќи дека „ниту едно место во светот, дури ни Белата куќа, нема да биде безбедно“ за нив.

Тој исто така рече дека одмаздата станала „глобално движење“ наместо „ограничен одговор“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер