3Бочварски: Ребалансот е доказ за економската неспособност на власта и сиромаштијата во која живеат граѓаните
Алармантен број на убоди од инсекти: Над 30 луѓе побарале помош на клиника од убоди на оса, пчела, стршлен
1Алармантен број на убоди од инсекти: Над 30 луѓе побарале помош на клиника од убоди на оса, пчела, стршлен
ЖивотНа 28 септември осветување на храмот „Св. цар Константин и царица Елена“ во СкопјеМакедонската православна црква – Охридска архиепископија соопшти дека на 28 септември во 8.30 часот ќе се осветува црквата „Св. Константин и Елена“ што се наоѓа на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје.– По повод осветувањето на велелепниот храм посветен на светите цар Константин и царица Елена, со особена радост ве покануваме да земете литургиско учество во овој свечен и бележит настан, соопштија од МПЦ-ОА. Осветувањето ќе го изврши неговото блаженство, архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи од Црквата. Тагови: МПЦ -ОА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МакедонијаОЈО бара мерки на претпазливост за тројцата насилници 15 дена по крвавиот напад врз детето во ЧентоСкопското обвинителство соопшти дека побарало мерки на претпазливост за тројцата осомничени за нападот врз 14-годишното момче во скопската населба Ченто.Според првичните сознанија, како што соопштија, на 22 јуни осомничените учествувале во насилничките дејствија кон малолетникот, го удирале со тупаници и клоци и му нанеле расекотини со нож по телото. Со предложените мерки им се забранува да го напуштат живеалиштето, да не се доближуваат до местото на настанот, ниту да контактираат со детото и неговите родители... -Во меѓувреме, продолжуваат да се вршат вештачења на пронајдени траги и се преземаат други дејствија за прибирање докази, велат од основно јавно обвинителство Скопје. Иако настанот се случил на 22 јуни, МВР поднесе кривични пријави за против тројцата осомничени дури по 11 дена, откако мајката на детето јавно реагираше дека случајот се води како насилство, а не како потешко дело обид за убиство, и покрај седумте убоди од нож што му биле нанесени. Мотивите за нападот, се уште не се познати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗелен хуман град: Дали Град Скопје ќе ги заштити скопјани или профитите на Титан УСЈЕ?Советникот на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, Марјан Калевски денеска поднесе советничко прашање до Град Скопје во врска со тоа дали Градот Скопје ќе ја исполни својата законска должност и ќе застане на страна на скопјани .Советникот на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, Марјан Калевски денеска поднесе советничко прашање до Град Скопје во врска со тоа дали Градот Скопје ќе ја исполни својата законска должност и ќе застане на страна на скопјани со тоа што ќе достави негативно мислење за обнова на А - интегрираната дозвола на ТИТАН - Усје поради големото загадување што го предизвикува фабриката во согласност со член 100 став (1) од Законот за животната средина. Дополнителна тежина на ова прашање дава фактот што Советот на Град Скопје на својата 5 седница на 25 декември 2025 година едногласно ја усвои иницијативата на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД за дислокација на Цементарница „Усје“ и сите други индустриски загадувачи со заклучок: „Се задолжува градоначалникот на Град Скопје да се обрати до владата за да го разгледа начинот за започнување на постапка за дислокација на Усје и сите големи индустриски загадувачи на соодветни места надвор од скопската котлина согласно Законот за животна средина и Просторниот план на РМ“ Поради сериозноста на состојбата со загадувањето во Скопје, како и засегнатоста на сите скопјани со овој повеќедеценики проблем, побаравме одговорот на прашањето да добиеме во најкус можен рок без да се чека истекот на деловнички утврдениот рок, со цел навремено да ги информираме граѓаните. ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД нема да престане да се бори со сите расположливи средства за заштита на здравјето на граѓаните и животната средина од опасните, животозагрозувачки последици на загадувачката индустрија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБочварски: Ребалансот е доказ за економската неспособност на власта и сиромаштијата во која живеат граѓанитеНа седницата на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот од СДСМ Благој Бочварски, посочи дека ребалансот на Буџетот за 2026 година е уште една потврда за погрешните економски политики на Владата, кои резултираат со повисоки цени.На седницата на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот од СДСМ Благој Бочварски, посочи дека ребалансот на Буџетот за 2026 година е уште една потврда за погрешните економски политики на Владата, кои резултираат со повисоки цени, стагнација на платите, поголем дефицит и зголемен јавен долг. Бочварски посочи дека граѓаните секојдневно ја чувствуваат економската криза преку растот на цените и намалената куповна моќ. „Не може да се даде преодна оценка за буџет на држава каде индустриското производство опаѓа, инфлацијата е речиси двојно поголема од европскиот просек, каде порастот на цените на храната е 8%, на овошјето над 16%, пијалаци над 10%“, рече Бочварски. Тој посочи дека животот станува сè поскап, додека Владата не презема мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните. „Потрошувачката кошничка расте од месец во месец и дојде веќе до 70.000 денари или три минимални плати, а од друга страна имаме минимална плата којашто за првпат после седум години стагнира“, рече Бочварски, додавајќи дека залудни се обидите на Владата на граѓаните да им презентира розева слика за реалната состојба во државата. Пратеникот Бочварски, посочи дека економските показатели покажуваат дека Владата нема исполнето ниту едно од клучните економски ветувања, а тоа се потврдува и со предложениот ребаланс. „Ветивте силен раст и развој - го нема. Ветивте повисоки плати - ги нема. Ветивте намален јавен долг - тој се зголеми за 2,5 милијарди евра. Ветивте дефицит под 3%, а денес имаме 4,1%. Ветивте високо ниво на странски инвестиции, а тие уште првата година паднаа за 60%. Ветивте зголемување на субвенциите за земјоделците, а во реалноста тие се намалија“, рече Бочварски. Притоа, тој порача дека ребалансот е директна последица на нереалното планирање на буџетот и потфрлањето во наплатата на приходите. „Буџетот не издржа ниту до средината на оваа година. Има потфрлање во приходите кои нема да можат да ја следат расходната страна од буџетот која пак хронично троши повеќе отколку што може да собере од нашата економија. Со овој ребаланс се потврдува дека буџетот не издржа ниту до средината на оваа година“, рече Бочварски. Воедно, Бочварски додаде дека приходната страна на буџетот е нереално проектирана, со што власта повторно се обидува да направи економска манипулација. „Проектирате зголемување на приходната страна за 4,6 милијарди денари, а имаме потфрлање на приходите од неверојатни 240 милиони евра. Од планираните 375 милијарди денари, на половина од годината се собрани околу 170 милијарди, додека за втората половина се очекуваат 210 милијарди денари. Ова е нова економска манипулација. Од погрешни претпоставки не можат да излезат точни резултати“, рече Бочварски. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07