МакедонијаНа 22 септември ќе биде објавена пресудата за онкологот Мери ПешевскаВо понеделник на 22 септември ќе се донесе пресуда за докторката од Клиниката за онкологија и радиотерапија Мери Пешевска поврзано со случајот „Онкологија“ за делото несовесно лекување на пациенти. Обвинателката Ана Гоговска Јакимовска во завршниот збор објасни дека обвинетата изразила искрено признание и каење без да ја порекне кривичната одговорност и тоа е позитивно за неа. „Тоа е дека последиците од дејствијата е што кај седум пациенти дошло до нарушување на здравјето. Како онколог имала зголемена должност на внимание, како и тоа дека неовластениот пристап и користење на факсимилот се случувало во континуитет. Имајќи ги предвид сите околности и признание на вина ЈО предлага Судот да ја прогласи за виновна и казни согласно закон“,-Ана Гоговска Јакимовска Јавен обвинител. Обвинетата Мери Пешевска објасни дека таа две децении е доктор кој спасил многу животи, но и дека нејзината лекомисленост и доверба во колегите а пред се во директорот Нино Васев не се посмневала дека нејзиниот факисмил и лозинка од комјутерскиот систем биле на располагање за да се наштети на пациент. „Јас сум го дала или оставила корисничкото име и лозинка во амбуланта, а факсимелиот на шалтер се со цел пациентите навремено да завршат со терапија и да се вратат дома. Никогаш не сум помислила дека тоа ќе биде злоупотребено од страна на доктори онколози како што било случај сега. Ваквата состојба и пракса била присутна не само на нашата клиниката, туку на целиот комплекс. Досега сме имале почит кон колегите и оттука јас од мојата небрежност и невниманието сум ги ставила своите лични податоци на располагање и истите биле злоупотребени“,--д-р Мери Пешевска доктор на Клиника за онкологија и радиотерапија. Тоа што ги споделила со друг доктор своите лични податоци и факсимил Пешевска немала намера или корист, туку цел да им помогне на пациентите. Тоа што некој ги злоупотребил треба да одговара за тоа, изјави одбраната на Пешевска, адвокатот Китановски . Обвинететите Нино Васев, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, двајцата вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија негираа вина. Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба. Тагови: Клиниката за онкологија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПо верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтотПо тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени - се проверува состојбата на асфалтот.Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење. Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци. Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар. Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.Тагови: Бугарија сообраќаен хаос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВиткоф и Кушнер на средба со Путин во МоскваПретставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин. Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров. Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници. Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев. По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.Тагови: Владимир Путин САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИскра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинителДенеска пред Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook