КултураНа 21 ноември во НОБ балетскиот спектакл во два чина „Госпоѓа Бовари“Балетскиот спектакл во два чина „Госпоѓа Бовари“ ќе се изведе на 21 ноември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет.На 21 ноември со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата ја потпишува Виктор Ишчук од Украина, кој со прецизен и суптилен современ израз го доловува духот на 19 век и емотивната комплексност на главниот лик. Музичката подлога е составена од дела на Камиј Сен-Санс, Морис Равел, Жил Масне, Феликс Менделсон и Георг Фридрих Хендл, со сценографија и костимографија на Андреј Злобин и Гана Ипатиева (Украина). Светло-дизајнот е на Милчо Александров, концерт-мајстор е Климент Тодороски, пијанист – Андреја Наунов, а менаџер на проектот е Киро Павлов. Во главната улога на Ема Бовари ќе настапи примабалерината Марија Кичевска Шокаровска, во улогата на Шарл Бовари, Франциско Хименез Руиз и Балаж Лочеи како Рудолф Буланже, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. „Госпоѓа Бовари“ ја претставува сложената психологија на главниот лик преку балет, музика и сценска уметност. Со внимателно избрани музички партитури и динамична кореографија, постановката ја доловува борбата на Ема Бовари меѓу личните желби и општествените ограничувања. Секоја сцена е внимателно дизајнирана да ја истакне емоционалната длабочина, визуелниот сјај и современиот пристап кон класичната приказна, создавајќи незаборавно сценско искуство.Тагови: Националната опера и балет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево и многу топло со мала до умерена локална облачностСпоред Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
ХороскопДневен хороскоп за 7. август 2026 година Дневен хороскоп за петок, 7. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Борбениот дух не ве напушта и подготвени сте да урнете некои пречки за да стигнете до нечие срце. Кариера Некогаш ви е тешко , а и самите не знаете зошто.Потпрете се на интуицијата за да дојдете до одговорот. Здравје и совет Играте на сигурно. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашите заслуги во запознавање на саканата личност се поголми отколку оние на другата страна. Затоа ќе го диктирате темпото. Кариера Ќе помислите како сега работата ви оди полесно и колку тоа е добро. Уживајте во опуштеноста. Здравје и совет Чувствителност на бубрезите. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе ве водат чувствата и интуицијата.Нема да згрешите.Ќе знаете на време што треба да правите. Кариера Продолжува конструктивниот период во кој воспоставувате се подобри контакти и ја зацврстувате деловната соработка. Здравје и совет Имате право да се опуштите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете распнати меѓу желбата да излезете на весело и бучно место и потребата да уживате во тишината и интимноста на домот. Кариера Во се што ќе работите ќе има момент на таинственост, дискреција или фина креативност.Тоа ќе ви биде важно. Здравје и совет Применете ги теориите во животот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Следува благо подобрување во вашиот приватен живот, а најмногу ќе ве израдува засилувањето на довербата. Кариера Вработените во мали приватни фирми ќе најдат начин како да работат поквалитетно и ќе ја подобрат соработката со партнерите. Здравје и совет Прошетајте на воздух и разбистрете ги мислите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе се обидете послободно да ги изразувате вашите чувства, но тоа не е гаранција дека другата страна ќе ве разбере. Кариера Пред вас е интересен деловен ден м во кој ќе мислите дека може да направите се што ќе посакате. Здравје и совет Опуштете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Потребата за доминација во односот ќе биде силна, но ќе знаете на време да ја спуштите топката. Тоа ќе биде паметно. Кариера Понекогаш мислите дека сте тркачки коњ , па од време на време ќе се обидете да ги занемарите помалку важните работи. Здравје и совет Се задоволувате само со најдоброто. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денеска ѕвездите ќе ве водат кон љубов , среќа и мир. Многумина ќе увидат дека токму тоа им е потребно. Кариера Вашиот труд дава резултаи , што нема да ве спречи секој слободен момент денеска да го поминете во безделничење. Здравје и совет Продолжете така. Овен 21.3-20.4. Љубов Со по,ош ма фантазија ќе успеете да воспоставите каков- таков однос со партнерот.Не е совршено , но засега не е ни лошо. Кариера Не барајте игла во сено.Добро е вака како што е .Кога би се барала ваша грешка , би се нашло доста. Здравје и совет Вежбајте јога. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во право се оние кои велат дека сте убави и привлечни.Тоа е резултат на здравиот живот и птошетките на свеж воздух. Кариера Ако имате чувство дека некој на работа постојано ве анализира, ќе му простите и се ќе свртите на шега. Здравје и совет Имате право во одлуките. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Мали семејни проблеми поврзани со минатото ќе бараат од вас зголемен ангажман. Кариера Ќе го слушате вашиот внатрешен глас , кој ќе ви биде безгрешен водич кон развојот на кариерата. Здравје и совет Барате нови идеали. Рак 22.6-22.7. Љубов Нежност и сентименталност ќе бидат обележје на денот.Оние кои се сами вројатно ќе страдаат од силен копнеж. Кариера Ќе размислувате за луѓето од работа кои не си ја вршат работата со ист ентузијазам како вие. Ќе се прашувате зошто е тоа така. Здравје и совет Не инсистирајте сѐ да биде по ваше.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаСтојанче Ангелов во „Вести плус“Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Стојанче АнгеловКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook