На 18 октомври централната прослава на 1000 годишниот јубилеј на Бигорскиот манастир - Канал 5

На 18 октомври централната прослава на 1000 годишниот јубилеј на Бигорскиот манастир

Познат е датумот на централната прослава на јубилејот – 1000 години од формирањето на македонското древно светлиште Бигорски манастир „Свети Јован Крстител". 

На 18 октомври централната прослава на 1000 годишниот јубилеј на Бигорскиот манастир

На верашното заседение на МПЦ-ОА македонските владици одлучија централната прослава да биде на 18 октомври.

На Синодската седница покрај разгледувањето на прашања од тековниот живот на Македонската православна црква – Охридска архиепскопија, по предлог на митрополитот дебарско – кичевски г.Тимотеј, архриереите го одредија 18 октомвмри 2020 година како ден за соборна православа на големиот јублеј на Бигорскиот манастир и на МПЦ-ОА воопшто -1000 години од неговото основање. Освен централната прослава на 18 октомври предвдени се и други манифестации по повод илјадагодишнината за кои јавноста дополнително ќе биде запозната.

Датумот 18 октомвеи како ден за прославата на јублејот претходно беше договорен на средбата на митрополитот дебарско – кичевски г. Тимотеј и игуменот на манастирот архимандрит Партениј, со дел од братството и сестринството.

Покровител на прославата ќе биде претседателот Стево Пендаровски. Прифаќајќи ја поканата од страна на игуменот Партениј да биде покровител, Пендаровски срдечно се заблагодари при посетата на Бигорскиот манастир, на 11 декември.

-Се заблагодарам што ми предложивте да бидам покровител на манифестацијата: илјада години Бигорски манастир, бидејќи овој манастир има значење на столб на нашата духовност. Затоа, оваа покана за мене претставува голема чест. Самото времетраење и опстојување покажува дека станува збор за многу длабок корен, кој ние, денешните припадници, не само на православната вера, туку и сите луѓе кои гравитираат од овој простор, мораат да го почитуваат. Ако не ги почитуваме корените, сигурно нема да имаме ни иднина, рече тогаш шефот на македонската држава.

Бигорскиот манастир, кој е бастион на македонското монаштво, на автентичната словенска култура, јазик, творештво, архитектура и традиција, оваа година го слави својот милениумски континуитет. Основан во 1020 година од првиот Охридски Архиепископ Јован Дебранин. Посветен е на Крстителот Господов, Свети Јован, за кого самиот Господ Исус Христос рекол дека меѓу родените од жена нема поголем од него. /MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот жител на Конго ја прими експерименталната вакцина против опасен вирус

Првиот човек во Демократска Република Конго вчера прими експериментална вакцина против смртоносниот вирус Бундибугио, сој на ебола, објавија Универзитетот во Антверпен и Институтот за тропска медицина, чии тимови учествуваат во теренската работа.

Првиот жител на Конго ја прими експерименталната вакцина против опасен вирус

Станува збор за клиничко испитување кое ќе тестира неколку експериментални вакцини, објави фламанскиот јавен радиодифузер VRT.

Неколку кандидати ќе бидат оценети истовремено во испитувањето.

Во моментов нема одобрена вакцина против најновиот сој на ебола.

„Ова испитување е важен чекор во одговорот на итните потреби на погодените заедници“, рече Стив Ахука-Мундеке, координатор за одговор на ебола во земјата.

Тој рече дека приоритет е да се запре преносот на вирусот и да се спасат животи, а истовремено да се усогласи истражувањето со потребите на тимовите што работат на првите линии.

Берн-Томас Њангва, локалниот директор на Лекари без граници, го нарече „клучен чекор“.

„Соработката со заедниците е од суштинско значење за градење доверба и обезбедување учество во развојот на вакцини што ќе им бидат достапни на оние на кои им се најпотребни“, рече Њангва.

Откако започна епидемијата во мај, вирусот Бундибугио се прошири од ДР Конго во Уганда, Франција и Кенија, а на 20 октомври беше потврден првиот случај во Нигерија.

Ширењето на ебола надвор од Демократска Република Конго ги зголеми загриженостите на здравствените власти за потенцијалот за брзо пренесување на реткиот вирус Бундибугио, кој инфицираше повеќе од 9.000 луѓе и уби повеќе од 4.300.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромен пожар во рускиот град Омск по напад на Украинците (ВИДЕО)

Дронови ја нападнаа хемиската фабрика Омски Каучук во рускиот град Омск во саботата и предизвикаа пожар. 

Огромен пожар во рускиот град Омск по напад на Украинците (ВИДЕО)

Фабриката се наоѓа на приближно 2.500 километри од украинската граница, пишува Украинска правда.

Детали за нападот

Украинската заедница ОСИНТ Ексиленова+ објави видео од нападот, а инцидентот го потврди и гувернерот на Омската област Виталиј Хоценко. Според информациите на аналитичарите, ударот предизвикал голем пожар во индустриската зона на фабриката.

Првите податоци укажуваат на удари во близина на два производни капацитети. „Првичните извештаи засновани на геолокацијата укажуваат на удари во близина на единицата Д-3, каде што се произведува метил терц-бутил етер, и единицата Д-5“, рече тој во соопштението.

Поврзани инциденти

„Украинска правда“ претходно објави дека во саботата наутро била погодена и фабриката „Тољатикаучук“ во градот Тољати во областа Самара. Таму по нападот е забележана експлозија и пожар.

Ден претходно, на 23 октомври, беше нападната главната производствена зграда на фабриката „Протон-Електротекс“ во Орел. Станува збор за погон со целосен производствен циклус кој произведува оптоелектронска опрема и уреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Кардашијан во секси фустан оди во шопинг- минувачите во Рим се чудат (ФОТО)

Ким Кардашијан ги продолжи прославите на својот 46-ти роденден со патување во Италија. 

Ким Кардашијан во секси фустан оди во шопинг- минувачите во Рим се чудат (ФОТО)

По свечената вечера во Лос Анџелес, ријалити ѕвездата отпатува во Рим, каде што нејзиното појавување во фустан со особено длабоко деколте привлече големо внимание од минувачите и фотографите.

Речиси веднаш по семејната прослава во Беверли Хилс, Кардашијан се качи во авион и се упати кон Европа со нејзината мајка, Крис Џенер. Нивната дестинација беше Рим, каде што обиколуваа луксузни бутици, вклучувајќи ја и продавницата за накит „Булгари“, што создаде возбуда кај минувачите и папараците. Иако момчето Луис Хамилтон не ѝ се придружи на патувањето, Кардашијан изгледаше во одлично расположение.

Избор на фустан за обиколка на бутикот

За обиколка на продавниците, таа избра тесен бел макси фустан со плисови на пределот на стомакот и врзување околу вратот. Деколтето беше толку длабоко што мораше да го држи материјалот со рака кога излегуваше од автомобилот за да избегне несреќа пред собраните фотографи.

Изгледот го комплетираше со високи чевли на платформа и црна коса врзана во висока опашка. И Крис Џенер можеше да се види во позадина, како се одлучува за класично розово јакна од Шанел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер