Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
2Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
Таа има 100, а тој 101 година! Во брак се осум децении, а секој петок наутро го прават истото – велат дека токму тоа им го одржува бракот!
2Таа има 100, а тој 101 година! Во брак се осум децении, а секој петок наутро го прават истото – велат дека токму тоа им го одржува бракот!
КултураНа 12 и 13 традиционален концерт за „Василица“ 2022 насловен „VIVA L’OPERA!“„VIVA L’OPERA!“ е наслов на традиционалниот гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ што ќе се одржи в среда и четврток, 12 и 13 јануари 2022, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет. Традицијата востановена пред повеќе од 25 години продолжува, оваа година нашата верна публика ќе има можност да ужива во изведбите на едни од највпечатливите арии, дуети и хорски делници од светски познатите оперски дела од композиторите: Моцарт, Белини, Делиб, Пучини, Верди, Џордано, Леонкавало, Калман, Лехар. Диригенти на концертот ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, режисер: Дејан Прошев, светло дизајн: Нино Митевски, концерт мајстор: Климент Тодороски, хор мајстор: Јасмина Ѓорѓеска. Ќе настапат нашите оперски уметници: Весна Ѓиновска - Илкова (сопран), Сандра Митровска (сопран), Дешира Ахмети – Крлиу (сопран), Наде Талевска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор), Борис Трајанов (баритон), Марјан Јованоски (баритон), Александар Стефаноски (бас). Настапуваат хорот и оркестарот на Национална опера и балетКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВидео: Чудо во Унгарија: Лубеница тешка 84 килограмиБила потребна мала градинарска количка за да се изнесе од стаклената градина.Необична лубеница - вид што не се гледа секој ден - е одгледувана оваа година во унгарското село Медѓесбоџас,на фармата на Тамас Дарвас, една од лубениците достигна неверојатна тежина од 83,95 килограми. Била потребна мала градинарска количка за да се изнесе од стаклената градина. Дарваш одгледува лубеници повеќе од три децении, но неговиот пат кон производството на толку огромни плодови не бил случаен. Сè започнало во 1998 година, кога купил десет семиња во САД. Оттогаш, од година во година, тој ги избирал семињата од најголемите лубеници за да ги користи во наредната сезона. На тој начин, земјоделецот со децении селектирал растенија што даваат сè поголеми плодови. Дарваш претходно објасни дека станува збор за сорта првично развиена во американската сојузна држава Арканзас, специјално за натпревари во одгледување џиновски лубеници. Според неговите претходни изјави, под соодветни услови, поединечни лубеници можат да достигнат тежина и до 150 килограми. Годинешниот резултат е особено значаен за него, бидејќи повеќекратно го надмина неговиот претходен забележителен успех. Во 2023 година, Дарваш го привлече вниманието на јавноста со лубеница тешка 63,25 килограми. Сепак, сега таа граница е поместена за повеќе од 20 килограми. 🍉 A monster watermelon weighing nearly 84 kg was grown in Hungary The giant was grown by farmer Tamás Darvas from the village of Medgyesbodzás, who has been cultivating watermelons for more than 30 years. The fruit is so enormous that carrying it home alone would be quite a… pic.twitter.com/L8uRSNeCFL — NEXTA (@nexta_tv) August 12, 2026 Колку изнесува светскиот рекорд? Иако 84 килограми би биле доволни сериозно да ја оптоварат обичната домашна вага, унгарската лубеница сè уште е далеку од светскиот рекорд. Најголемата официјално регистрирана лубеница во светот тежела дури 159 килограми. Таа била одгледана од Американецот Кристофер Кент од Сејвил, Тенеси, а рекордот бил потврден на 4 октомври 2013 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Илинден со нова мерка за поддршка на најмладитеОпштина Илинден воведува субвенции за првачиња, мерка наменета за помош на семејствата во пресрет на почетокот на учебната година. За таа цел, објавен е Јавен повик за доделување еднократна финансиска помош за семејствата со деца кои во учебната 2026/2027 година ќе го започнат своето основно образование. Со новововедената мерка, секое дете запишано во прво одделение ќе добие еднократна финансиска помош во износ од 3.000 денари. Родителите или старателите кои сакаат да го остварат ова право потребно е да поднесат барање со соодветната документација преку Архивата на Општина Илинден. Деталите за условите, потребните документи и постапката за аплицирање се објавени на официјалната веб-страница на Општината. Новата мерка има за цел да им помогне на семејствата во подготовките за почетокот на учебната година и да обезбеди дополнителна поддршка за најмладите ученици при нивниот прв чекор во образовниот процес. Паралелно со финансиската помош, Општината ќе продолжи и со досегашната практика на обезбедување ранци со училишен прибор за првачињата. Финансиската поддршка е дел од Програмата за финансиска поддршка на жителите на Општина Илинден за 2026 година, преку која се спроведуваат повеќе мерки и активности наменети за поддршка на различни категории граѓани. Линк до повикот: https://ilinden.gov.mk/wp-content/uploads/2026/08/javen-povik-finansiska-pomosh-prvachinja.pdfКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФранција во потрага по пиромани: Уапсени 474 лица за предизвикување пожариВо Франција, од почетокот на јули, 474 лица се уапсени под сомнение дека предизвикале пожари, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на таа земја.Меѓу уапсените има 183 малолетници, односно речиси 39 отсто од вкупниот број, објавија порталите BFM TV и „Фигаро“. На почетокот на август, француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека две третини од апсењата биле поврзани со подметнување пожари. France: 420 arrested, 166 minors, over fires set during the worst wildfire season since WWII. pic.twitter.com/jqqkmUbtOh — Open Source Intel (@Osint613) August 9, 2026 Утрово избувна нов шумски пожар во департманот Ланд во југозападна Франција, каде што синоќа изгореа околу 600 хектари, а околу 500 луѓе беа евакуирани поради приближувањето на пожарот кон населени места. Франција сè уште е зафатена од топлотен бран. За денес се прогнозираат температури од 35 до 38 Целзиусови степени, а на места и до 40, додека ноќите ќе останат многу топли во голем дел од земјата, со температури меѓу 20 и 26 степени.Тагови: пожар Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook