На 12 април во МНТ ќе биде отворено јубилејното 10.издание на Танц-фест - Канал 5

На 12 април во МНТ ќе биде отворено јубилејното 10.издание на Танц-фест

Со претставата „Импулс“ на Скопје танцов театар на 12 април на големата сцена на Македонскиот народен театар ќе биде отворен 10.Танц-фест чие мото годинава е „Вкусот на танцот“.

На 12 април во МНТ ќе биде отворено јубилејното 10.издание на Танц-фест
Одлучивме годинава да дадеме предност на македонската современа танцова сцена, рече денеска на прес-конференција уметничкиот директор на Танц-фест Рисима Рисимкин, која истакна дека јубилејното издание го почнуваат со македонска компанија, тоа е Скопје танцовиот театар.

- Со нетрпение ја очекувам реакцијата од публиката бидејќи по 10 години од формирањето на фестивалот ние успеавме да ја создадеме таа комплетна инфраструктура за современ танц, Академијата и Танц театарот кој има поддршка од Министерството за култура, посочи Рисимкин.

Нагласи дека на 12 април ќе се претстават пет кореографи меѓу кои тројца дебитанти, потоа Матеа Киселичка која минатата година дебитираше како кореограф и доби одлични критики и на крајот ќе финишираме со кореографијата на Џенис Бренар, специјална гостинка од Њујорк.

На 13 април во дансинг салата во МКЦ, Beatrix crew ќе ја изведат хип хоп претставата „Издигнување“, а на 14 април првпат во Македонија во дансинг салата во МКЦ ќе се одржи Меѓународен натпревар за млади кореографи.

- Размислувавме каде треба да се движи Фестивалот по 10 години и сметавме дека треба да се направи нешто со кое ќе се одбележи 10 -годишнината и воедно ќе даде нови хоризонти за понатаму. Веќе на првата година имаме кореографи кои се пријавија од Европа и тоа ќе овозможи на тие кои ќе дојдат во Македонија, но и на македонскиот кадар да може да се натпреварува и да провери каде е со сето она што надвор се случува, рече Рисимкин.
Потенцира дека пет од избраните кореографи на натпреварот ќе продолжат на 15 април во големото финале каде ќе бидат доделени награди.

На 16 април на големата сцена на Македонскиот народен театар ќе настапат танчери од Ротердам танцовата академија со „Таленти во движење“. На 22 април Танц-фест продолжува во Битола, каде ќе биде прикажана претставата „Импулс“, а на 24 април ќе настапи Балетот од Косово до „Градина на душите“. На 23 април на сцената Зебра танчери од Beatrix crew ќе ја изведат хип хоп претставата „Издигнување“.

На големата сцена на МНТ, на 25 април Интроденс од Холандија ќе настапи со програмата насловена „Суперстарс“.

Претседателот на жирито на Танц-фест е Самоил Вуерстон, директор на Холанденс фестивалот, а членови се Каролин Дадики од Њујорк, Михаела Виеру од Германија.

Во претпрограмата на Танц-фест на 7-ми, 8-ми и 9 април се одржаа проекции на експериментални филмови во МКЦ. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД

„Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа.

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека досега нема никакво подобрување во односите меѓу Русија и САД, и покрај неговото присуство на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 во американскиот град Атланта, јави ДПА.

„Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа.

„Не треба да се негуваат илузии во врска со договорот за дизел горивото“, додаде тој, осврнувајќи се на договорот меѓу САД и Кремљ за привремено укинување на санкциите, со цел да се овозможи набавка на руско дизел гориво и да се намалат цените на бензинските пумпи.

Лавров изрази незадоволство, наведувајќи дека „суштинските прашања не се решаваат, санкциите остануваат на сила, сите санкции воведени од (поранешниот американски претседател Џо) Бајден продолжуваат да се спроведуваат од страна на актуелната администрација, а се воведуваат и дополнителни санкции за нафтените гиганти ’Лукоил‘ и ’Роснефт‘“, пренесува германската агенција .

Осврнувајќи се на планираните трилатерални разговори меѓу Украина, САД и Русија, Лавров истакна дека преговарачките позиции се јасни.

Според неодамнешните најави од Кремљ, делегациите планирале да се сретнат кон средината на ноември во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, за да ги продолжат разговорите за можно мировно решение, кои беа прекинати со месеци.

Истовремено, Лавров остро го критикуваше својот германски колега Јохан Вадепул, обвинувајќи го за одбегнувањето на министрите на вообичаената заедничка фотографиоја од состанокот.

Министрите за надворешни работи на Г20 ја откажаа заедничката фотографија на учесниците на разговорите во Атланта. Кратко пред почетокот на состанокот, шефот на германската дипломатија изјави дека „нема да има заедничка фотографија на која нашите европски партнери ќе бидат заедно со г-дин Лавров“.

„Јас тоа го нарекувам ’дипломатија на семејни фотографии‘“, рече Лавров. „Ако најважното нешто за нив е како изгледаат на една заедничка фотографија и кој стои до нив, тогаш тоа кажува сè“, пренесе ДПА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одземена дозволата за работа на АЛТА банка во Србија

Извршниот одбор на Народната банка на Србија (НБС) ѝ ја одзеде дозволата за работа на „АЛТА банка“ а.д. Белград. 

Одземена дозволата за работа на АЛТА банка во Србија

Банката е во сопственост на Давор Мацура, кој се смета за близок до Српската напредна странка – партијата на поранешниот претседател Александар Вучиќ, која претрпе пораз на изборите пред една недела.

Од НБС соопштија дека, со судска одлука, за стечаен управник ќе биде назначена Агенцијата за осигурување на депозити, пренесува nova.rs.

Во соопштение за јавноста, Народната банка на Србија наведува дека на оваа одлука ѝ претходеле контроли, преку кои се настојувало работењето на банката да се насочи кон зголемување на ликвидноста.

„Утврдено е дека во изминатиот период финансиската состојба на банката значително се влошила. Постои можност за дополнителен пад на ликвидноста, поради што се загрозени интересите на депонентите на банката“, се вели во соопштението на НБС.

Од централната банка додаваат дека одлуката е донесена со цел заштита на депонентите и зачувување на стабилноста на финансискиот систем, бидејќи се исполнети условите за одземање на дозволата, пропишани со Законот за банки.

Агенцијата за осигурување на депозити треба да обезбеди исплата на осигурените износи во рок од седум работни дена и да им овозможи на клиентите да располагаат со своите средства. Според податоците на НБС, сметката на „Алта банка“ е блокирана уште од 30 октомври.

Непосредно пред објавувањето на одземањето на лиценцата, компанијата „Алта пеј“ (Alta Pay), која работи во рамките на истата групација како и банката, ги известила своите деловни партнери плаќањата да ги вршат преку нејзините сметки во други банки – „Поштанска штедионица“ и ОТП (OTP), пренесува „Време“.

Овој потег бил невообичаелив, бидејќи „Алта пеј“ има сопствен платен промет и сметки, меѓу другото и во „Алта банка“. Компанијата, всушност, дала насоки да се заобиколат нејзините сметки во матичната банка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќај по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено, но по претежно влажни коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. 

Сообраќај по влажни коловози

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) апелира за внимателно возење и прилагодена брзина, особено низ котлините и клисурите каде што постои честа појава на одрони. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања, а на неколку клучни магистрални и регионални правци во тек се активни градежни зафати со посебен сообраќаен режим.

Влажните коловози создаваат дополнителен ризик за возачите кои се движат низ котлините, речните долини и засеците. АМСМ издвојува четири патни правци каде што е потребна исклучителна претпазливост поради одрони од карпи и земја: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер