На 112 години почина најстариот Италијанец, преживеал две војни и две пандемии - Канал 5

На 112 години почина најстариот Италијанец, преживеал две војни и две пандемии

Најстариот маж во Италија, Триполи Џанини, почина денеска на 112-годишна возраст.

На 112 години почина најстариот Италијанец, преживеал две војни и две пандемии

Џанини, чиј прекар е Триполино, починал во својот дом во Сечина, во Тоскана, пишува Гардијан.

Тој бил вториот најстар човек во Европа, по Андре Лудвиг, Французин кој е 75 дена постар.

„Тој веруваше дека е бесмртен. Меѓутоа, во 9 часот и 30 минути наутро почина татко ми Триполи Џанини. Имаше 111 години и 133 дена. Ѝ се придружува на сопругата Тоска, мајка ми, која го чекаше повеќе од 40 години. “, напиша синот на Џанини, Романо на Фејсбук.

Џанини, кој припаѓал на пешадискиот корпус на италијанската армија, е роден во Чечина во 1912 година и преживеал две светски војни и две пандемии.

За време на прославата на неговиот 111 роденден минатиот август, тој рече дека тајните на неговата долговечност се лесни оброци, секогаш придружени со вино, живот без стрес, третирање на секој ден како подарок и е непушач.

Според податоците на италијанската агенција за статистика, во 2023 година во Италија живееле околу 22.000 луѓе над 100 години, што е највисока регистрирана бројка досега.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спортската сала „Борис Трајковски“ и официјално стана „Т Арена“ – доби и сосема нов лик

Од денес, најголемата спортска сала во Македонија, којашто функционира во рамките на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, започнува да работи со ново име,Т арена.

Спортската сала „Борис Трајковски“ и официјално стана „Т Арена“ – доби и сосема нов лик

Почетокот на новата сезона во Т Арена ќе биде одбележан со голем музички настан за сите граѓани, посветен на јубилејот 35 години независна Македонија во рамките на програмата на Владата. На 2-ри септември, Т Арена ќе биде домаќин на концерт на македонски уметници којшто ќе биде реализиран со поддршка од Македонски Телеком.

Според главниот директор на Македонски Телеком,ова стратешко партнерство ќе донесе нова вредност за граѓаните, а од денеска спортската арена стои рамо до рамо со арените во ЛАс Вегас, Атина и Бон.

Директорот на СЦ Борис Трајковски, Даниел Апостолоски вели дека соработката со Македонски Телеком и ребрендирањето ќе донесат многу поволности за посетителите во салата, на спортски и музички настани.

Со почетокот на работата на Т Арена, преку програмата Magenta Moments, корисниците ќе добијат 20% попуст за користење на капацитетите коишто ги нуди СЦ „Борис Трајковски“, како и други поволности и искуства во Т Арена.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетици милиони евра штета претрпел Буџетот преку намалените акцизи и ДДВ мерки

Десетици милиони евра штета претрпел Буџетот преку намалените акцизи и ДДВ мерки кои Владата ги воведе по стартот на војната на Блискиот Исток .

Десетици милиони евра штета претрпел Буџетот преку намалените акцизи и ДДВ мерки

Десетици милиони евра штета претрпел Буџетот преку намалените акцизи и ДДВ мерки кои Владата ги воведе по стартот на војната на Блискиот Исток – но целта била да се одржи ценовната стабилност и да се обезбеди непречно снабување со деривати рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека Владата будно ја следи состојбата.

Цената на нафтата на светските берзи во меѓувреме и натаму се менува од ден во ден, но мицкоски вели иако е рано да се каже, очекува в понеделник цените на дериватите во земјава да се намалат. По последното разгоување на конфликтот и растот на цените на светските берзи, Владата ја намали акцизата кај дизелот и бенизните за 2 односно 1 денари по литар. А во последниве две недели дизелот поскапе за 9,5 денари, а бенизните за 6 денари по литар.

„Јас очекувам веќе во понеделник да имаме надолно нивелирање но она што е важно е дека ние како држава останува со најниски цени... Станува збор за десетици милиони евра не само акцизите туку и ДДВ то но целта беше да одржиме ценовна стабилност и континуирано снабдување... “- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Освен кај горивата се следат и цените на храната но во моментов според надлежните, нема основ за мерки. Мицкоски вели лично правел анализи на цените на храната и тоа за месец јуни 2022 и јуни 2026 та година кои покажале дека инфлацијата осбено во делот на прехрнабените производи била значително пониска годинава.

„Ако тогаш сме имале 14,7 инфлација сега имаме 3,4. Ако тогаш прехранбените производи биле над 15 проценти и тоа бил главниот драјвер сега тие се 2,5 % јас очекувам дополнително стабилизирање во делот јули. Ние ќе продолжиме активно да работиме во насока на зачувување на ценовната стабилност. “- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Инаку и според заводот за статистика во јуни инфлацијата бележи намалување и изнеусваше 3,4%. Минимално намалување во месечните трошоци пресмета и Сојузот на синдикати, чија кошничка месецов иако е над 68илјади денари, бележи намалување во делот кај храната и транспортот од вкупно 156 денари споредбено со минатитот месец.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Законот за „Скопје европска престолнина на културата 2028“ повлечен од собраниска седница

Можни корупциски ризици во предлог законот за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ гледа Антикорупциската комисија.

Законот за „Скопје европска престолнина на културата 2028“ повлечен од собраниска седница

По реакциите на граѓанските организации кои побараа стопирање на законот, антикорупционеритее бараат институциите да обезбедат јасни механизми за контрола, отчетност и спречување на судир на интереси при реализацијата на проектот.

-Доколку законодавецот оцени дека е неопходно донесување на посебно законско решение за реализација на проектот, ДКСК укажува дека истото треба да ги содржи механизмите утврдени со Законот за јавните набавки кои гарантираат интегритет, законитост, транспарентност, економичност и јавна отчетност,- - ДКСК.

Иако предлог законот за спроведување на проектот денеска беше ставен на дневен ред пред пратениците истиот уште на старт беше повлечен.

Од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ велат дека забелешките на организациите биле дадени без да биде прочитан законот затоа ќе следат консултации по што оставаат можност за амандмани.

-По реакции на опозицијата, донесена е одлука на вонредна координација да се повлече од дневен ред. Закопнот постои во собраниска процедура и ќе се разгледува по летните одмори,- изјави Никола Мицевски – ВМРО ДПМНЕ.

Реакции за законот има и од опозициските партии. Од СДСМ обвинуваат дека со вака поставеното решение ќе се заобиколат правилата на јавните набавки и ќе отвори простор за како што велат тендери без контрола.

-Подготвиле закон со кој 21 милион евра јавни пари ќе можат да се трошат без примена на Законот за јавните набавки, без тендер. Преку основање Фондацијата што наводно треба да го реализира проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Со овој закон се создава опасен преседан чија цел е пумпање на парите на граѓаните и богатење на поединци,- изјави – Бисера Костадиновска Стојчевска – СДСМ.

Од плтаформата на граѓански организации за борба против корупцијата, претходно реагираа дека предложеното законско решение овозможува Фондацијата што ќе го спроведува проектот да биде изземена од Законот за јавни набавки и дека тоа отвора сериозен простор за корупциски ризици.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер